You are on page 1of 13

Универзитет „Св.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ во Скопје

Факултет за електротехника и информациски технологии

Упатство
за лабораториски вежби по предметот
ЕЛЕКТРИЧНИ МАШИНИ
И ТРАНСФОРМАТОРИ

Скопје, 2021
2

ПРЕДГОВОР
Важен дел од наставата по електрични машини и трансформатори се и лабораториските
вежби. Лабораториските вежби се одржуваат во групи од по неколку студенти, на соодветни
работни места за секоја вежба.

Целта на лабораториските вежби е практична проверка на теоретските знаења и


запознавање со лабораторискиот метод на работа. Покрај тоа, се добива и определена
самостојност и сигурност при ракувањето со мерните инструменти и опрема, а се стекнува и
искуство при испитувањето на електричните генератори и трансформатори.

Ова упатство е предвидено како подготвителен материјал за лабораториски вежби, и


истото е поделено на два дела: I дел –енергетски трансформатори и II дел -електрични машини.

За секоја вежба дадено е: цел на вежбата, опис на проблемот и методологија, шема за


изведување на испитувањата и задача на вежбата. Редните броеви на сликите и табелите за секоја
вежба се посебни.

Наставник Крсте Најденкоски, редовен професор


Соработник Иван Темелковски, асистент
Фонд на часови 3+1+1

Име и презиме _________________________________________

Број на индекс ________________


3

Лабораториска вежба број 2


Обид на празен од и обид куса врска на
трифазен трансформатор

ВНИМАНИЕ!

При работа со оваа опрема може да се воспостави контакт со високи вредности


на напонот. Од тие причини, никогаш немојте да поврзувате кога
напојувањето е вклучено! По завршувањето на секоја мерна постапка,
напојувањето треба да се исклучи!

▪ Цел на вежбата
Од обидите на празен од и на куса врска на трансформаторот, се добиваат
податоци, врз чија основа може да се определат многу важни параметри за проценка
на квалитетот на трансформаторот, како што се струјата на празен од, напонот на куса
врска, загубите на моќност во трансформаторот, а исто така се определуваат и
параметрите на еквивалентната шема, со чија помош, пак, може да се определат и
работните карактеристики на трансформаторот. На тој начин, овие карактеристики
можат да се определат со употреба на индиректен метод, според шемата прикажана
на слика 1.

▪ Податоци за испитуваниот објект


Податоците за испитуваниот трансформатор, отчитани од неговата натписна плочка се
следниве:

Шема Up Us Inp Ins Uk S f


/ [V] [V] [A] [A] [%] [VA] [Hz]
50

▪ Опис на мерната постапка


Со цел да се овозможи напојување на целата мерна опрема на лабораториската
маса, како и на трифазниот регулационен трансформатор, пред да се започне со
мерењата, потребно е да се вклучи прекинувачот, така што се притиска на старт-
копчето коешто се наоѓа на разводната кутија којашто, пак, е стационирана во
горниот лев агол од масата.
4

W W
K3

B
A C

a c
K4
S b

T
K2

Слика 2.1 Шема за изведување на обидот на празен од и обидот на куса врска на


трифазен трансформатор

I Обид на празен од

Празен од на трансформаторот е таков режим на работа кога примарната намотка е


приклучена на мрежен напон U1 со фреквенција f, а секундарната намотка е отворена. Од
причина што мерењата при обидот на празен од, посакувано е да се направат при помали
вредности на напонот, за ова испитување, се избира нископонската страна на
трансформаторот.

Така, откако ќе се вклучи напојувањето, со притискање на старт-тастерот, St2, се


остварува затворањето на прекинувачот, K2, со што веќе станува јасно дека мерењата ќе
се одвиваат на нисконапонската страна, како што, впрочем, може да се воочи и од шемата
којашто е прикажана на слика 1. Потоа, со притискањето на старт-тастерот, St1, т.е. по
затворањето на прекинувачот, K1, напонот од трифазниот регулационен трансформатор
се доведува кон испитуваниот трифазен трансформатор.

Притоа, се вклучуваат и универзалните инструменти (тип: ISKRA), со што истите


стануваат достапни за манипулација. Од главното мени (Main menu) се селектира полето
Мeasurements, а откако ќе се притисне OK, се отвора можност да се пристапи до една
од следниве опции: Present value, Alarms и Demo cycling. Се избира Present value, а
потоа се притиска OK, при што на екранот се прикажува листа од сите големини коишто
може да се измерат: напон (voltage), струја (current), моќност (power), фактор на моќност
и агол на моќност (PF & PA), фреквенција (frequency), средна вредност на одредена
големина за даден временски интервал (MD values), како и вкупна хармониска
дисторзија (THD), а овозможен е и целосен преглед на сите големини истовремено
(overview), онака како што е прикажано на слика 2.

Треба да се напомене дека, од причина што станува збор за трифазен


трансформатор, при мерење на струјата и напонот, овозможен е преглед на вредностите
5

на струите што протекуваат низ секоја од фазните намотки, како и на сите линиските
напони што се приложуваат помеѓу секои две фазни намотки.

Слика 2.2 Приказ на дел од големините коишто може да се измерат со


универзалниот инструмент ISKRA MC 330

Мерењето започнува, така што со помош на регулациониот трансформатор (RT),


вредноста на напонот што се приложува на нисконапонската страна на испитуваниот
трансформатор, се нагодува да изнесува U1=5 [V]. Со универзалниот инструмент, W, се
отчитуваат сите измерени големини при оваа вредност на напонот (дадени во табела 1),
кои, потоа, се внесуваат во табелата 1. Мерењата продолжуваат, така што, со помош на
регулациониот трансформатор, вредноста на доведениот напон на нисконапонската
намотка се менува до 40 [V], со чекор од 5 [V], при што веднаш се забележуваат и сите
останати големини коишто се мерат.
На крај, со притискање на стоп-тастерот, Sp1, се исклучува напојувањето на
нисконапонската намотка, како и прекинувачот K2, кој претходно бил вклучен.

ИЗМЕРЕНО
U12 U23 U31 I1 I2 I3 P0 Q S cosφ0
[V] [V] [V] [mA] [mA] [mA] [W] [var] [VA] [/]

Табела 2.1 Обид на празен од (отчитани вредности за секундарната страна)


6

ПРЕСМЕТАНО
U0 I0 pcu10 pFe Ia1 Ia2 Ia3
[V] [A] [W] [W] [A] [A] [A]

Табела 2.2 Обид на празен од (пресметани вредности за секундарната страна)

Напонот на празен од U10 се определува како средна вредност од трите измерени линиски
напони, т.е.:

U ab0 + U bc0 + U ca0


U10 =
3 [V]

Струјата на празен од, пак, се пресметува како средна вредност од трите фазни струи,
т.е.:

Ia 0 + I b0 + Ic0
I10 =
3 [A]

Задача: Врз основа на измерените и пресметаните вредности, да се нацртаат


карактеристиките на празен од на трансформаторот:

P0 = f (U 10 ); I10 = f (U 10 ); cos  0 = f (U 10 )

Општиот изглед на овие карактеристики е прикажан на сл.3

P 0 [W]
I0
I0 [A]
cos0
PCu

PFe

cos0

U 1n U0
sl. 2. Karakteristiki na prazen od
Слика 2.3 Карактеристики на празен од
7

Врз основа на податоците добиени од обидот на празен од, се определуваат и неколку


карактеристични големини коишто се дадени во продолжение, како и параметрите на
еквивалентната шема.

❖ Струја на празен од

Номиналната струја на празен од на трансформаторот I10n претставува струјата којашто


трансформаторот ја зема од мрежа при номинален доведен напон U1on. Оваа струја може да се
определи со мерење или, пак, да се отчита од карактеристиката I10=f(U10) при U10=U10n (сл.3.).

Струјата на празен од се изразува во проценти од номиналната струја којашто протекува


низ примарната намотка на трансформаторот, т.е.:

I 10 n
I 10 n (%) =  100
I 1n [%]
Струјата I10n [%], која изнесува од 0,3 до 10% од номиналната струја, има поголеми
вредности за магнетни кола коишто се изработени од трансформаторски лимови со послаб
квалитет, како и кај трансформаторите кои имаат помали моќности.

❖ Загуби на моќност во празен од

Моќноста P0, која трансформаторот ја зема од мрежа, претставува збир од загубите на


моќност во примарните намотки и загубите на моќност во магнетното коло, т.е.:

P0 = PCu10 + PFe [W]

Загубите на моќност во примарната намотка изнесуваат:

PCu10 = 3·r1·I102 [W]

каде со r1 [] е означен отпорот по фаза на примарната намотка, при температура којашто е малку
поголема од температурата на амбиентот. Во текот на обидот на празен од, примарната намотка
се загрева, така што нејзината температура е поголема од температурата на амбиентот, меѓутоа
многу помала од температурата којашто се јавува при номиналното оптоварување на
трансформаторот. Овој отпор треба да се измери веднаш по завршувањето на обидот на празен
од.

Загубите на моќност во магнетното коло коишто се пропорционални со квадратот на


напонот U10, се определени со равенката: PFe = P0 - PCu10 [W]

❖ Параметри на гранката на магнетизирање на еквивалентната шема на


трансформаторот

Импедансата на празен од може да се определи според релацијата:

U1n
Z0 = [] ; Z 0 = ( r1 + rm ) + j( x 1 + x m ) = Z1 + Z m
3  I 0n
каде: r1 - активен отпор по фаза на примарната намотка;

x1 - реактанса на растурање на примарната намотка;


8

rm - еквивалентен активен отпор на гранката на магнетизирање;

xm - еквивалентна реактанса на гранката на магнетизирање.

Импедансата на примарната намотка: Z1 = r1 + jx 1 , има многу помала вредност од


импедансата на гранката на матнетизирање: Z m = rm + jx m , така што во прва апроксимација
може да се земе дека важи: Z 0  Z m .

Со занемарување на отпорот r1 (кој има многу помала вредност од реактансата на


растурање), се занемаруваат загубите во бакарот на примарната намотка кои, пак, се значително
помали од загубите во магнетното коло. Измерената моќност во празен од се зема дека е еднаква
на загубите на моќност во магнетно коло, односно во железото, т.е.: P0 = PFe

Ако се изрази преку параметрите на електричното коло, и ако се занемарат загубите на


моќност во примарната намотка, моќноста на празен од изнесува: P0n  PFen = 3  rm  I 0n 2

P0n
Според тоа, еквивалентниот отпор на гранката на магнетизирање изнесува: rm =
3  I 0n 2
[].

Со занемарување на реактансата на растурање x1 (која е многу помала од реактансата


xm), се занемарува растурниот флукс на примарната намотка во режимот на празен од ф10, кој е
многу помал од главниот магнетен флукс фm. Реактансата на гранката на магнетизирање, според

тоа, изнесува: x m = Z 0 − rm [].


2 2

На овој начин се определуваат параметрите rm и xm на еквивалентнта шема на гранката


на магнетизирање.

II Обид на куса врска

Куса врска на трансформаторот е таков режим на работа, кога краевите на секундарната


намотка се врзуваат кусо, а примарната намотка се приклучува на напон на куса врска U1k.
Доколку е исполнет условот: U1k=U1n, струите на куса врска низ примарната и низ секундарната
намотка ќе достигнат вредности коишто се од десет- до дваесетпати поголеми од номиналната
струја, што во некои случаи би довело до оштетување на трансформаторот. Поради тоа, обидот
на куса врска се изведува при снижен напон на куса врска: U1k<U1n, при што струјата на куса
врска нема да ја надмине номиналната струја на трасформаторот.

Со цел испитувањето да продолжи непосредно, веднаш откако ќе се исклучи


напојувањето на нисконапонската намотка на трансформаторот, со притискање на старт-
тастерот, St3, се остварува затворањето на прекинувачот, K4, односно на прекинувачот,
K3, соодветно, со што веќе станува јасно дека мерењата ќе се одвиваат на
високонапонската страна, како што, впрочем, може да се воочи и од шемата којашто е
прикажана на слика 1. Потоа, со притискањето на старт-тастерот, St1, т.е. по затворањето
на прекинувачот, K1, напонот од трифазниот регулационен трансформатор се доведува
кон испитуваниот трифазен трансформатор. Како резултат на тоа што струите на куса
9

врска достигнуваат вредности кои се десетпати, па дури и дваесетпати поголеми од


номиналната струја на трансформаторот, обидот на куса врска се изведува при снижен
напон. Токму затоа, тоа претставува и дополнителна причина, што при овој обид,
посоодветно е да се напојува високонапонската страна на трансформаторот, додека
кусата врска се остварува на нисконапонската страна, земајќи ги предвид и мерните
подрачја на инструментот кој се употребува при мерната постапка.

Мерењето започнува, така што со помош на регулациониот трансформатор (RT),


вредноста на напонот што се приложува на високонапонската страна на испитуваниот
трансформатор, се нагодува да изнесува U1=5 [V]. На ист начин како и претходно, со
универзалниот инструмент, W, се отчитуваат сите измерени големини при оваа вредност
на напонот (дадени во табела 3), кои, потоа, се внесуваат во табелата 3. Мерењата
продолжуваат, така што, со помош на регулациониот трансформатор, вредноста на
доведениот напон на високонапонската намотка се менува до 45 [V], со чекор од 5 [V],
при што веднаш се забележуваат и сите останати големини коишто се мерат. На крај, со
притискање на стоп-тастерот, Sp1, се исклучува напојувањето на високонапонската
намотка, како и прекинувачот K3, oдносно K4, кој претходно бил вклучен.

Tреба да се напомене дека, со цел да не дојде до оштетување на трансформаторот,


за времето додека е вклучен прекинувачот K1, неопходно е да постои блокада помеѓу
прекинувачот, К2, и прекинувачите, K3 и K4, односно неопходно е да се оневозможи
вклучувањето на прекинувачот, K2, додека се вклучени прекинувачите, K3 и K4, и
обратно.

ИЗМЕРЕНО
U12k U23k U31k I1k I2k I3k Pk Qk Sk cosφk
[V] [V] [V] [A] [A] [A] [W] [var] [VA] [/]

Табела 2.3 Обид на куса врска (отчитани вредности за примарната страна)

Напонот и струјата на куса врска, се пресметуваат според изразите:

U ABk + U BCk + U CAk I Ak + I Bk + I Ck


U1k = ; I1k =
3 3

ПРЕСМЕТАНО
10

Uk Ik Ia1k Ia2k Ia3k


[V] [A] [A] [A] [A]

Табела 2.4 Обид на куса врска (пресметани вредности за примарната страна)

Јасно е дека во режимот на куса врска важи: U2k=0. Во овој режим како и во режимот на
празен од, секундарната моќност на трансформаторот е еднаква на нула: S2k=0. Од обидот на куса
врск, може експериментално да се определат примарните големини, т.е. моќноста P1k = Pk, како
и струјата I1k=Ik, во функција од доведениот напон U1k при константна фреквенција f.

Задача: Врз основа на измерените и пресметаните вредности, да се нацртаат


карактеристиките на куса врска на трансформаторот:

Pk= ƒ(U1k) ; I1k= ƒ(U1k) ; cosk= ƒ(U1k)

Општиот изглед на овие карактеристики е прикажан на сл.4.

P k [W]
Ik [A] Pk
cosk Ik

I1n

cosk

U1kn Uk
sl. 3. Karakteristiki na kusa vrska
Слика 2.4 Карактеристики на куса врска

Карактеристичните големини кои се определуваат врз основа на обидот на куса врска се


следниве: напон на куса врска, моќност на куса врска и параметри на еквивалентна шема.
11

❖ Напон на куса врска

По дефиниција, напонот на куса врска на трансформаторот е всушност доведениот напон


на примарната намотка U1kn, при што струјата на куса врска е еднаква на номиналната струја
I1k=I1n.

Напонот U1kn може да се определи во текот на мерната постапка, ако се нагоди да е


исполнет условот: I1k = I1n, или, пак, може да се отчита од карактеристиката на куса врска Ik= ƒ(Uk)
при I1k = I1n.

Напонот на куса врска се изразува во проценти во однос на номиналниот напон, т.е.:

U 1kn
uk = 100 [%]
U 1n
Во зависност од конструкцијата на трансформаторот, напонот на куса врска изнесува
uk(513%)U1n.. Трансформаторите кои имаат поголем напон на куса врска имаат релативно
поголема импеданса, т.е. поголем активен, а посебно поголем индуктивен отпор.
Трансформаторите кои имаат поголем напон на куса врска uk имаат релативно помала струја на
куса врска, која, пак, настанува кога е исполнет условот: U1k = U1n. Струјата на куса врска е
определена со изразот:

100
I kn =  In
u k (%)
Вредноста на напонот на куса врска uk (%), како една од главните карактеристични
големини, секогаш е означена на натписната плочка на трансформаторот.

Ако два (или повеќе) трансформатори се вклучени да работат во паралела, вкупното


оптоварување се распределува обратнопропорционално од напоните на куса врска, т.е. во однос
на неговата номинална моќност, повеќе ќе биде оптоварен трансоформаторот кој има помал
напон на куса врска uk (%).

❖ Моќност на куса врска

Моќноста Pk која трансформаторот ја зема од мрежата во режимот на кусата врска, се


троши за покривање на загубите на моќност на кусата врска во трансформаторот, односно:

Pk  PCu1 + PCu 2 = 3  r1  I 12 + 3  r2  I 2 2

Загубите во намотките на трансформаторот при номинално оптоварување, за I1n и I2n,


можат да се измерат ако се нагоди да биде исполнет условот: I1k = I1n, или, пак, да се отчитаат од
карактеристиката на кусата врска Pk=ƒ(U1k) при U1k=U1kn, односно I1k = I1n.

❖ Параметри на гранката на оптоварување на еквивалентната шема


12

Импедансата на куса врска изнесува:

U 1kn
Zk =
3  I 1n
Моќноста на куса врска Pk :

Pk = 3·rk·I12

Отпорот: rk = r1 +r2' , претставува еквивалентен отпор по фаза на трансформаторот,


односно тој е активниот отпор на кусата врска на трансформаторот. Овој отпор, според тоа, може
Pkn
да се пресмета врз основа на мерењата во режимот на куса врска, т.е.: rk = .
3  I 1n 2

Ако отпорите r1 и r2 не се определени во текот на претходните мерења, врз основа на


пресметаниот отпор rk, можно е да се определи приближната вредност на овие отпори. Бидејќи е

исполнет условот: r1  r2 , тогаш важи: r1 = r2 =
rk
.
2

Притоа: r2' = K122 r2 - сведен отпор од секундарната намотка кон примарната намотка;

K12 = W1/W2, односно K21 = W2 / W1 =1 / К12 - коефициенти на трансформација.

Реактансата на куса врска изнесува: x k = Z k − rk


2 2

Оваа реактанса е еднаква на: x k = x 1 + x  2 

каде :

x1 - реактанса на растурање на примарната намотка;

x2' = К122 x2 - рекатанса на растурање на секуднарна намотка, сведена кон примарната
намотка;

Реактансите x1 и x2 имаат приближно еднакви вредности, така што тие можат да се
пресметаат како:

x 1 = x  2  =
xk
2
Во табелата 5, се внесуваат измерените и пресметаните податоци за параметрите на
еквивалентната шема, чијашто шема е прикажана на сликата 5.

’ ’
Uk Zk Rk r1 r2 Xk x1 x Rm Xm
[%]         

Табела 2.5 Параметри на еквивалентната шема


13

Слика 2.5 Параметри на еквивалентната шема

You might also like