You are on page 1of 2

Домашни задачи по предметот Режими на работа на ЕЕС“ учебна 2020/2021

ДОМАШНА ЗАДАЧА БР. 3


На сликата 1 e прикажан еден ЕЕС во кој што постои само еден потрошувач приклучен
во јазелот E кој се напојува преку високонапонската мрежа составена од водовите B–E, D–E
и B–D чиишто должини се прикажани на сликата. Во системот постојат два генератори
поврзани со преносната мрежа преку блок трансформаторите Т1 и Т2.
Сите водови имаат исти надолжните параметри коишто изнесуваат: r = 0,031 /km,
x = 0,327 /km и b = 3,48 S/km, додека максимално дозволената привидна моќност изнесува
Smax = 1200 MVA.
Трансформаторите1 T1 и Т2 ги имаат следните номинални податоци: Sn = 400 MVA,
U1n = 400 kV, U2n = 15,75 kV, uk = 11%, PCu = 600 kW. Чекорот на регулација на напонот на
високонапонската намотка изнесува 1,5 %, а трансформаторите работат со преносен однос
еднаков на 1 p.u. (регулационата преклопка е позиција 0).
Податоците за генераторите се дадени во табелата 1.
Моќноста на потрошувачот која што на сликата изнесува (400 + j250) MVA треба да се
помножи со коефициентот k кој што за секој студент е различен и е даден во табелата 2. Освен
тоа, со истиот коефициент треба да се помножи и активната моќност на генераторот во јазелот
A. Тоа значи дека студентот бр.1 треба да работи со моќност на потрошувачот од
0,5.(400 + j250) = (200 + j125) MVA и со активна моќност од 110 MW за генераторот во јазелот
А итн.
(400 + j250) MVA

km
80
80 km

50 km
B D

T1 T2
A C
PA = 220 MW G G UC = 1,02 p.u.
UA = 1,03 p.u.

Слика 1. Еднополна шема на ЕЕС

Табела 1. Податоци за генераторите


Јазел Pmin(MW) Pmax(MW) a (€/h) b (€/MWh) c (€/MW2h) Qmin(MW) Qmax(MW)
А 0 1000 100 20 0,10 0 500
C 0 1000 100 15 0,12 0 500

1
При внесувањето на податоците на трансформаторите секогаш како втор јазел да се пишува јазелот во којшто
се наоѓа регулационата преклопка, а тоа е јазелот со повисокиот номинален напон.

1
Домашни задачи по предметот Режими на работа на ЕЕС“ учебна 2020/2021

Tабела 2. Вредност на коефициентот k


Бр. Презиме и име k Бр. Презиме и име k
1 Андонов Војдан 0,70 9 Стаматовска Ангела 1,10
2 Вељковиќ Стефан 0,75 10 Цубалевска Бојана 1,15
3 Гетов Костадин 0,80 11 Завкова Мери 1,20
4 Ѓурчиновска Теодора 0,85 12 Јанков Бојан 1,25
5 Исмајљи Вјолца 0,90 13 Наневска Пепита 1,30
6 Коца Мурат 0,95 14 Трајков Драган 1,35
7 Милојковска Марија 1,00 15 Тренчевски Христијан 1,40
8 Плеушкоски Димитар 1,05 16 1,45

Поаѓајќи од основниот работен режим на системот, со примена на програмата NRPF.xlsm и


користење на Excel за внесување на податоците за системот, да се решат следните проблеми
(при тоа да се смета дека секој проблем е независен и промените во режимот на работа кои се
прават кај него не треба да се земаат предвид кај останатите проблеми):

1. Да се пресметаат напонските прилики во системот и да се провери дали има превисоки


или прениски напони, при тоа да се смета дека дозволениот опсег на менување на
напоните е 0,95-1,05 p.u. Потоа, да се земе дека трансформаторите можат да го менуваат
својот преносен однос во опсегот 10  1,5% и да се одреди позицијата на преклопките
на двата трансформатори така што напонот во јазелот E да биде приближно еднаков на
1 p.u.
2. Да се одреди реактивната моќност на кондензаторот кој што треба да се постави во
јазелот E така што неговиот напон да стане еднаков на 1 p.u. Да се одреди ефектот на
овој кондензатор врз оптовареноста на водовите и вкупните загуби на активна моќност
во системот.
3. Во системот се додава уште еден вод паралелен со водот D–Е кој што има исти
параметри како него. Да се одреди ефектот на новододадениот вод врз напонот на
јазелот E и врз вкупните загуби на активна моќност.
4. Поради одржување на водот D–Е тој е исклучена од погон. Дали во тој случај работниот
режим во системот е прифатлив? За колку се зголемуваат загубите на активна моќност
во тој случај?

Потребно е да се изработи извештај во кој ќе бидат претставени резултатите од


претходно дефинираните анализи. Документот треба да содржи:
- Влезни податоци за разгледуваната мрежа;
- Информација за тоа каква анализа се прави и какви сценарија се резгледуваат (за секој
дел посебно);
- Табели со бараните резултати (напони, оптоварености на гранки, загуби на моќност и
сл.);
- Коментари на добиените резултати.

You might also like