You are on page 1of 9

Лабораториска вежба број 5

Општи одлики на трифазен асинхрон мотор

ВНИМАНИЕ!

При работа со оваа опрема може да се воспостави контакт со високи вредности


на напонот. Од тие причини, никогаш немојте да поврзувате кога
напојувањето е вклучено! По завршувањето на секоја мерна постапка,
напојувањето треба да се исклучи!

 Цел на вежбата

Целта на оваа вежба е експериментално определување на некои од општите одлики на


трифазниот асинхрон мотор. Притоа, определени ќе бидат: хомологните краеви на трифазната
намотка, активните отпори на фазните намотки, коефициентите на трансформација на напоните
и на струите на асинхрониот мотор со намотан ротор, како и брзината на вртење на роторот
преку фреквенцијата на лизгањето.

 Податоци за испитуваниот објект

Податоците за испитуваниот трифазен асинхрон мотор, коишто се отчитани од


натписната плочка на истиот, се внесуваат во следнава табела:

Тип U I f P cosn Urot Irot nn заштита


/ [V] [A] [Hz] [W] [1] [V] [A] [min-1] -
ZP6/6 380 8 50 3500 0,8 100 23 1450 IP33
Табела 5.1 Податоци за испитуваниот објект

 Шема на обидот и постапка при испитувањето

I. Определување на активниот отпор


Потребно е да се знаат вредностите на активните отпори на фазните намотки, со цел да
може да се пресметаат загубите на моќност во намотките, да се определи падот на напонот, како
и да се нацрта еквивалентна шема на машината. Експериментално се определува омскиот отпор,
т.е. отпорноста на намотката при протекување еднонасочна струја. Омскиот отпор може да се
измери со прецизен омметар или, пак, да се определи со U/I-методот. Во вториот случај, како
извор на електрична енергија се употребува акумулаторска батерија.
Ако сите шест краја на фазните намотки се изведени на приклучна плочка, тогаш се мери
омскиот отпор на секоја фаза посебно. Меѓутоа, ако ѕвездиштето на трифазната намотка е
изведено во машината, а на приклучната кутија се изведени само три краја, во овој случај се
мери отпорот на две фазни намотки, односно линискиот отпор, додека отпорот на секоја фазна
намотка може да се пресмета. На сл.1, прикажана е принципиелната шема за мерење на омскиот
отпор на трифазна намотка којашто е поврзана во ѕвезда, според U/I-методот.

U= U=

K1 K1

R A R A
K2 K2
V V

A B C

rB

rA rC c b a

ra rc

rb

Слика 5.1 Шема за мерење на омскиот отпор на трифазна намотка

Постапката на мерењето е следна:

Откако претходно ќе се провери дали предотпорникот R е на максимална положба, се


затвора прекинувачот К1. Со намалување на отпорноста на предотпорникот R, се зголемува
вредноста на струјата. Откако струјата ќе постигне константна вредност (што се контролира со
амперметарот), се затвора прекинувачот К 2, при што се отчитуваат вредностите на напонот и на
струјата. Со цел да се постигне зголемена точност, вообичаено, се вршат од три до четири
мерења при различни вредности на струјата и на напонот, почнувајќи од вредност на струјата
која изнесува околу 5%, па сè до 20% од номиналната струја што протекува низ испитуваната
намотка. Ако вредностите на отпорите се различни, тогаш се зема нивната средна аритметичка
вредност. За поголема прецизност, важно е мерењата да се вршат брзо, со што испитуваната
намотка не би се загреала, поради што нејзината отпорност расте.

По извршеното мерење, со помош на предотпорникот R, струјата се намалува на


минимална вредност. Потоа, прво се отвора прекинувачот К 2, па прекинувачот К1. Со ваквиот
редослед на отворања на прекинувачите се штити волтметарот од превисоките индуцирани
напони, кои се индуцираат во испитуваната намотка со отворање на прекинувачот К1 при брзи
промени на струјата, односно на магнетниот флукс, и тоа од некоја воспоставена вредност до
нула.

Резултатите од мерењата се внесуваат во табела 2.

Измерено на температура a (20 оC) Пресметано на 75 оC


rAB rBC rCA rA rB rC rA rB rC

[] [] [] [] [] [] [] [] []


Статор Статор

Ротор Ротор

Табела 5.2 Определување на активниот отпор

Познато е дека омскиот отпор се определува според изразот:

U
ra 
I
Измерениот отпор меѓу два краја на трифазната намотка поврзана во ѕвезда, претставува
линиски отпор, т.е. отпор на две фазни намотки:

rABa  rAa  rBa


rBCa  rBa  rCa
rCAa  rCa  rAa

Со решавање на овие равенки, се определува отпорот на секоја фазна намотка, според


релациите:

1
rAa  (rABa  rCAa  rBCa )
2
1
rBa  (rBCa  rABa  rCAa )
2
1
rCa  (rCAa  rBCa  rABa )
2
Бидејќи фазните намотки се симетрични, нивните отпорности речиси се еднакви. Во тој
случај, лесно е да се определи средната аритметичка вредност на линискиот отпор:

1
rSra  (rABa  rBCa  rCAa )
3
Потоа, може да се определи и отпорот на секоја од фазните намотки:

1
r fa  rAa  rBa  rCa   rSra
2

Омските отпори на фазните намотки се измерени при амбиентална температура a, која
треба да се мери едновремено со мерењата на отпорите. Очигледно е дека, за температурата на
намотката да биде иста со температурата на амбиентот, намотката мора да биде исклучена од
напон најмалку три-четири часа за малите машини, и многу подолго време за големи машини,
со што внатрешната температура на машината би се изедначила со температурата на амбиентот.

Измерениот отпор на амбиентална температура a, потоа, се пресметува на


пресметковната температура, која се зема да изнесува 75 0C, според изразот:

r75o C  ra
310

235  a
Активниот отпор на намотката, кога низ неа протекува наизменична струја, има
поголема вредност од омскиот отпор поради потиснувањето на струјата, односно поради
појавата на скин-ефектот. Кај елетричните машини за наизменична струја со индустриска
фреквенција од 50 Hz, се зема дека активниот отпор на намотката е поголем од омскиот за околу
5% до 10%, односно:

r75o C  1,05  1,10r75o C

II. Определување на коефициентот на трансформација


Коефициентот на трансформација на напонот и на струјата може експериментално да се
определи само кај асинхроните машини со намотан ротор.

Коефициентот на трансформација на напоните се пресметува како:

E1 k w1 W1
ke  
E2 k w 2 W2
Коефициентот на трансформација на струите, пак, може да се пресмета како:

I1 m  k W
ki   1 w1 1
I 2 m2  k w2  W2

каде:

kw1; kw2 - коефициенти на намотување на стaторската, односно на роторската намотка;

W1, W2 - број на навивки по фаза на статорската, односно на роторската намотка;

m1, m2 - број на фази на стaторската, односно на роторската намотка.


Вообичаено, кај асинхрони машини со намотан ротор, важи условот:

m1 = m2,

така што: ke = ki

Наједноставно, но со доволна точност, коефициентот на трансформација на асинхрона


машина со намотан ротор, експериментално може да се определи слично како и кај
трансформаторите. Преку регулационен трансформатор, кон намотката на статорот се
приложува напон U1 кој се мери со волтметар V1 (слика 2), додека, пак, намотката на роторот е
отворена, односно на нејзините краеви е приклучен волтметар V2, со кој се мери индуцираниот
напон U20, со помош на волтметарска преклопка. Според тоа, јасно е дека асинхроната машина,
всушност, работи како трансформатор во празен од.

Слика 5.2 Шема за определување на коефициентот на трансформација

Вртвливото магнетно поле на статорот индуцира напони во секоја од неговите фазни


намотки, како и во секоја неподвижна фазна намотка на роторот, дадени со изразите:

E1  4,44  f  k w1  W1   m ,
E2  4,44  f  k w2  W2   m .
Ако се занемари падот на напонот во намотката на статорот, Z1I0, индуцираниот напон
Е1 ќе биде приближно еднаков на доведениот напон во празен од, односно:

U10  E1

Како резултат на тоа што намотката на роторот е отворена, следува дека важи:

U 20  E2

Според тоа, за коефициентот на трансформација на напонот, се добива:

E1 U 10
ke  
E 2 U 20

Постапката за определување на коефициентот на трансформација на напоните е дадена


во продолжение. Така, по нагодувањето на регулациониот трансформатор во нулта положба, се
затвора прекинувачот К. Со регулациониот трансформатор се зголемува напонот, така што
неговата вредност ќе биде за околу 5% поголема од номиналниот напон, при што се отчитуваат
покажувањата на волтметрите V1 и V2, се разбира, при сите три положби на напонската
преклопка. За поголема точност, најчесто се вршат од три до четири мерења, со зголемување на
напонот за околу 5%, а резултатите од мерењата се внесуваат во табелата 3. Доколку за различни
вредности на напонот, се добијат различни вредности на коефициентот на трансформација - се
зема нивната средна вредност.

Ако доведениот напон U10 значително се зголеми, поради зголемувањето на струјата на


празен од I0 , односно падот на напонот Z1 I0, индуцираниот напон Е1 значително би отстапувал
од доведениот напон, па и грешката при определувањето на коефициентот на трансформација
би била поголема.

Со волтметрите V1 и V2 се мерат линиските напони меѓу стегалките на статорската и на


роторската намотка. Фазниот напон се пресметува како средна вредност од измерените линиски
напони.

На тој начин, за намотката на статорот важи:

U 10 
1
U AB  U BC  U CA 
3 3

Додека, пак, за намотката на роторот, се добива:

U 20 
1
U ab  U bc  U ca 
3 3

Доколку сите три линиски напони на статорската, односно на роторската намотка се


меѓусебно еднакви, тогаш фазниот напон ќе се добие кога линискиот напон ќе се подели со 3
. Во овој случај, коефициентот на трансформација на напонот може да се определи преку
односот на линиските напони, т.е.:

ke = U1l / U2l
Измерено Пресметано
UAB UBC UCA Uab Ubc Uca U10 U20 ke
[V] [V] [V] [V] [V] [V] [V] [V] /

Табела 5.3 Определување на коефициентот на трансформација

III. Мерење на брзината на вртење на роторот


Брзината на вртење на роторот може да се измери со механички тахометар, со стробоскоп
или, пак, може да се одреди индиректно преку фреквенцијата на лизгањето. Додека првите две
методи се применуваат за кој било електричен мотор, определувањето на брзината на роторот
преку фреквенцијата на лизгањето е применливо само кај асинхроните мотори.

Фреквенцијата на индуцираните напони и струи во роторската намотка изнесува:

f2 = s·f1

каде:

n1  n
s - лизгање на роторот, односно релативна брзина на вртење на роторот во
n
однос на вртливото магнетно поле;

60 f
n1  - синхрона брзина, односно брзината на вртливото магнетно поле во однос на
p
статорот;

f 1 [s 1 ] - фреквенција на доведениот напон на статорот;

p - број на парови полови на асинхрониот мотор.

При номинално оптоварување, лизгањето на асинхрониот мотор изнесува: sn


(0,020,08), а кога моторот работи во празен од лизгањето има уште помала вредност. Според
тоа, при индустриска фреквенција од f1=50 Hz, фреквенцијата на лизгањето ќе биде f2 (14) Hz,
што може да биде регистрирано со соодветни мерни инструменти. Ако се определи
фреквенцијата на лизгањето, f2, тогаш лизгањето може да се пресмета како:

f2
s
f1

Потоа, брзината на вртење на роторот се пресметува според изразот:

n  1  s   n1 [врт./сек.]
Според тоа, точноста на определувањето на брзината на вртење на роторот n ќе зависи
од точноста на определувањето на фреквенцијата. Фреквенцијата на лизгањето може релативно
едноставно да се определи кај асинхроните мотори со намотан ротор, така што се регистрира
падот на напонот на прстените, или, пак, преку струјата што протекува низ роторската намотка
преку вграден шант, како што е шематски прикажано на сл.3. За да се заштитат инструментите,
при залетувањето на асинхрониот мотор, тастерот T мора да биде отворен. По залетувањето на
асинхрониот мотор, може да се пристапи кон определувањето на фреквенцијата на лизгањето со
притискање на тастерот T, односно со мерење на падот на напон на прстените на роторот.

Ако мерните инструменти се изведени со подвижни калеми, тогаш јасно е дека тие треба
да имаат нула на средината. За една полна промена на индуцираниот напон или, пак, на струјата
во роторската намотка, односно за еден период Т, стрелката на инструментот ќе направи едно
свртување кон десно и едно кон лево. Ако со N се означи бројот на свртувањата, на пример, кон
десно, за минато време t [s], кое се мери со хронометар, се разбира, од моментот кога почнуваат
да се бројат свртувањата на стрелката на инструментот, тогаш за фреквенцијата на лизгањето се
добива:

f2 
N
Hz 
t

f2 N
Така, за лизгањето се добива следнава релација: s  
f1 50  t

Ако инструментот е изведен со меко железо, за еден период, стрелката на инструментот


свртува двапати кон десно. Ако со N е означен бројот на свртувањата на стрелката кон десно за
некое време t [s], за фреквенцијата на лизгањето се добива:

f2 
N
Hz  ;
2t

f2 N
Додека, пак, лизгањето: s  
f1 100  t

За поголема точност се вршат од три до четири мерења. Брзината n е средна вредност од


измерените големини.

За мерење на брзината на вртење на роторот, вообичаено, се употребуваат стробоскоп и


тахометар. Во табелата 4 се внесуваат резултатите од мерењата, како и пресметаните големини.

Измерено Пресметано
U ntahom. N T f2 s n
[V] [врт./мин.] [број] [s] [Hz] / [врт./мин.]

Tабела 5.4 Определување на брзината на вртење на роторот на асинхрониот мотор


U~

R.T.

B
A C
AM
3~
a c
b mV
T

Слика 5.3 Мерење на брзината на вртење на роторот на асинхрон мотор

You might also like