You are on page 1of 3

Трансформатор

Трансформатор — електричен уред кој ја претвора електричната


енергија со променливо поле од едно коло во друго, без никакви
подвижни делови. Трансформаторот се состои од две (или повеќ е)
намотки или една намотка со повеќ е изводи. Трансформаторите се
користат да го зголемуваат или намалуваат напонот, да го менуваат
отпорот, или да обезбедат електрична изолација помеѓу колата.

Трансформаторот е еден од наједноставните електрични уреди.


Неговиот основен дизајн, материјалите и принципите малку се
промениле во последните 100 години, но сепак дизајнот и материјалот
на трансформаторот продолжуваат да се унапредуваат.
Трансформаторите се значајни за пренесување на електрична енергија
со висок напон кој обезбедува заштеда во текот на преносот на поголема
далечина.

Најпростите трансформатори се составени од две намотки- примар и


секундар. Наизменичната струја која тече низ намотките на примарот
создава магнетен флукс кој, преку јадрото, предизвикува индукција во
намотките на секундарот.

Главната примена на трансформаторите е за снабдување на енергија од


електричните централи, преку преносната мрежа, до крајните
потрошувачи. При овој пренос, енергијата претрпува неколку
трансформации во т.н. трафостаници.

Видови трансформатори

Според намената постојат мноштво од најразлични видови


трансформатори, од кои најважни се следниве:

 Енергетски трансформатори за пренос и распределба


(дистрибуција) на електрична енергија во еден ЕЕС при различни
напони и струи. Во зависност од намената и местото на
приклучување во ЕЕС, може да бидат: блок–трансформатори,
трансформатори за пренос со напон над 500 kV и дистрибутивни
трансформатори
 Автотрансформатори за прилагодување на напонот во релативно
мали граници, при поврзување на ЕЕС со различни напонски нивоа,
за континуална регулација на напонот, или за пуштање во работа
на мотори за наизменична струја;
 Исправувачки трансформатори, неопходен составен дел на
статичките енергетски преобразувачи, и тоа пред сè на:
исправувачите за преобразување на наизменичната струја во
еднонасочна, и изменувачите, во кои преобразувањето е во
обратна насока т.е. еднонасочната струја се преобразува во
наизменична;
 Испитни трансформатори за високонапонски испитувања на
различни уреди;
 Специјални енергетски трансформатори, како што се
трансформаторите за заварување или за напојување на печки во
електротермиските металуршки постројки;
 Мерни трансформатори, за вклучување во различни мерни шеми
за мерење на напони и струи ва ЕЕС, според тоа разликуваме
напонски и струјни мерни трансформатори;
 Микротрансформатори, за примена во радио, видео, аудио и
електронските уреди;

Постојат многу други специјални видови трансформатори

Номинални големини

Сите големини со кои се определува номиналниот режим на работа се


номинални големини. Номинален режим на работа на трансформаторот
е режим кој е дефиниран со податоците наведени на плочката
(табличка) од производителот, која мора да биде цврсто и трајно
фиксирана на видливо место. Под номинални големини се
подразбираат:

 Број на фази;

 Номинална моќ ност е моќ носта во киловолт-ампери(kVA, кВА) и се


однесува на моќ носта на секундарните (излезни) краеви од
трансформаторот;
 Номинален примарен напон, во kV или [V], е напонот на кој се
приклучува влезната намотка на трансформаторот;
 Номинален секундарен напон, во [kV] или [V], е напонот на
краевите на излезната намотка во празен од на трансформаторот,
при номинален напон на краевите на примарната намотка;
 Номинални струи на трансформаторот, примарна и секундарна,
обично во [A], што соодветствуваат на номиналната моќ ност и
номиналните напони, примарен и секундарен соодветно;
 Номинална фреквенција е фреквенцијата со која работи
трансформаторот и вообичаено, за наши услови е f=50 [Hz];

 Шема и група на соединување на намотките кај повеќ ефазните


трансформатори;
 Напон на куса врска, обично во % или неговата релативна
вредност, кој ги определува падовите на напон во намотките на
оптоварениот трансформатор;

Може да се наведат и други дополнителни податоци во зависност од


трансформаторот.

Примената на трансформаторите е мошне широка, почнувајќ и од пренос


и дистрибуција на електрична енергија, потоа преку трансформација на
напони и струи во разни индустриски постројки, до примена во
радиотехниката, техника на врски, автоматика, телемеханика, мерна
техника, итн. Во зависност од областа на примена и намената на
трансформаторот, номиналната моќ ност и напоните се движат во многу
широки граници: од неколку [V], па сè до неколку стотини [kV]. Денес,
најголемите трансформатори се со моќ ности од ред на големина
неколку илјади [MVA] и за напони од 400 [kV].

You might also like