You are on page 1of 122

 

 
 
ВАСИЛИЈА ШАРАЦ 

 
ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА 
КОМПАТИБИЛНОСТ 
 
 

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Василија Шарац

ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА КОМПАТИБИЛНОСТ

Штип, 2017

1
Василија Шарац
ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА КОМПАТИБИЛНОСТ
Aвтор:
Проф. д-р Василија Шарац

ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА КОМПАТИБИЛНОСТ
/ Учебник/

Рецензенти:
Проф. д-р Влатко Чингоски
Проф. д-р Сашо Гелев

Лектор:
Славица Манчева

Техничко уредување:
Василија Шарац

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

537.8:621.31-021.29(075.8)

ШАРАЦ, Василија
Електромагнетна компатибилност [Електронски извор] / Василија
Шарац. - Штип : Универзитет "Гоце Делчев", Електротехнички факултет, 2017

Начин на пристап (URL): https://e-lib.ugd.edu.mk/naslovna.php. -

Текст во PDF формат, содржи 113 стр., илустр.. - Наслов преземен


од екранот. - Опис на изворот на ден 16.02.2017. - Биографски
податоци: стр. 113. - Библиографија: стр. 112

ISBN 978-608-244-377-5

а) Електромагнетика - Електрични постројки - Компатибилност -


Високошколски учебници
COBISS.MK-ID 102743050
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

Василија Шарац

ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА КОМПАТИБИЛНОСТ

Штип, 2017
ПРЕДГОВОР

Учебникот „Електромагнетна компатибилност“ е наменет за студентите од трета година


на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ како надополна на
материјалот кој се изучува во склоп на областа електромагнетика, но и за сите читатели кои ги
интересира спомената област. Учебникот има за цел да го доближи поимот на
електромагнетна компатибилност до читателите, објаснет преку бројни примери од
електронска па сè до електроенергетска опрема. За таа цел учебникот е поделен во десет
глави. Во првите шест глави се разработени основните поимo од електромагнетика и
електромагнетна компатибилност. Седмата глава е посветена на мерките кои треба да се
преземат за да се овозможи електромагнетна компатибилност кај уредите и системите. Осмата
глава дава преглед на примери на електромагнетна некомпатибилност кои може да се сретнат
во секојдневниот живот. Деветата глава е посветена на квалитетот на електричната енергија и
објаснети се основните поими кои го дефинираат квалитетот на електричната енергија.
Последната, десетта глава е посветена на електромагнетната компатибилност кај
електромоторни погони и истите се разгледани од аспект на уреди кои се извор на
електромагнетни пречки, но и како уреди кои се подложни на електромагнетни пречки.
Учебникот дава и препораки и искуства од областа на електромагнетна компатибилност
кои се базираат на препораки и искуства од голем број на земји во светот и кои во голем број
на случаи се потврдени и со експерименти. Доколку истите помогнат и во решавањето на
секојдневните инженерски проблеми, неговата цел е во голем обем исполнета.

Од авторот,

Штип, ноември 2016.


СОДРЖИНА

1. ВОВЕД 2
1.1 Практични примери од областа на електромагнетната компатибилност 2
1.1.1. Електромагнетна компатибилност кај преносните далеководи 2
1.1.2. Електромагнетна компатибилност кај прекинувачи и релиња 4
1.1.3. Електромагнетна комаптибилност кај телефонска опрема 4
1.1.4. Интегрираните кола 4
1.2. Конзервација на фреквентиот спектар 4
1.3. Електромагнетна компатибилност во телекомуникации 5
2. НАПОН, СТРУЈА И ПОЛИЊА ОД АСПЕКТ НА ЕМК 6
2.1. Јачина на електричното поле 7
2.2.Електромагнетни полиња 11
2.3.Влијанија кои ги предизвикуваат електричните полиња и нивна пресметка 13
2.4 Магнетни полиња 13
2.4.1.Влијанија предизвикани од магнетните полиња 13
2.4.2.Пресметка на јачината на магнетното поле од моножилни и повеќежилни кабли 14
2.5. Магнетни полиња од дистрибутивни трансформатори 15
2.6. Магнетни полиња од тенки проводници 16
2.7. Магнетни полиња од четири проводника 16
3. ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ БРАНОВИ И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ 17
3.1. Влијанија на електромагнетните бранови 20
4. ЕЛЕМЕНТАРНИ ДИПОЛИ 23
4.1. Претворување на растојанијата зa пресметка на електрични полиња 27
4.2. Импеданси на полето 28
5. АНТЕНИ И НИВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ 28
5.1. Ефективна површина на антената, ефективна висина, отпорност на зарачењето 29
5.2. Изведување на равенството за радар 31
5.3. Проценка на јачина на полето од антени со отвори 31
5.4. Густина на моќноста и јачина на полето во област на оддалеченото поле 32
5.5. Моќност на зрачењето и јачината на електричното поле во областа на блиското поле 33
6. МОДЕЛ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ ПРЕЧКИ 33
6.1. Галванско поврзување 36
6.1.1. Мерки за намалување на пречките при галванско поврзување 37
6.2. Капацитивно поврзување 37
6.2.1. Мерки за намалување на капацитивните врски 39
6.3. Индуктивни врски 39
6.4. Магнетно раздвојување 41
6.5. Дефинирање на ефективната взаемна индуктивност кај повеќежилен кабел 42
6.6. Мерки за намалување на индуктивните врски 43
6.7. Електромагнетни врски 44
6.7.1. Мерки за намалување на електромагнетните врски 44
6.7.2. /2 –модел на електромагнетни врски 45
7. МЕРКИ ЗА ЗАПАЗУВАЊЕ НА ЕМК 47
7.1. Карактеристики на заземјувањето 48
7.2. Карактериситики на оклопувањето (поставување на екран) 49
7.3. Каблирање 49
7.3.1. Каблирање во рамки на еден систем 50
7.4. Филтрирање
7.4.1 Butterworth-ов филтер 51
7.4.2. Butterworth-ов нископропусен филтер 53
7.4.3. Процедура за дефинирање на филтерот 54
7.4.4. Загуби кај филтри поради вметнато коло 55
7.5. Оклопување како мерка за заштита од електрични полиња 56
7.6. Оклопување како мерка за заштита од магнетни полиња 57
7.6.1. Заштита од статички електромагнетни полиња и полиња со ниска фреквенција 58
7.6.1.1. Влијание на отворите врз заштитата на металните оклопи (екрани) 58
7.6.1.2. Екрани со двојни ѕидови 60
7.6.1.3. Компензациона намотка 60
7.6.1.4. Некои упатства за дефинирање на куќиштата на заштитните екрани 62
7.6.2. Заштита од магненти полиња со средна фреквеција 62
7.7. Теорија на заштита со екрани според Schelkunoff 64
7.8. Растурања, отвори, резонанци кај отворите 66
7.8.1 Sniffer-методот (200-500 kHz) – тест за пронаоѓање на слаби контакти 66
7.8.2. Тест на истекување (400 MHz-1GHz), тест за да се пронајдат отвори 66
7.9. Електромагненти растурања, продирања на сигналот 67
7.9.1. Оклопи со мрежа 67
7.9.2. Плоча со отвори 68
7.10. Придушување кај брановод 70
7.10.1 Пригушување на бранот земајќи ги во предвид загубите поради несовпаѓање
на бранот 71
7.10.2 Резонанција при ниски фреквенции, резонанции кај отвори 71
7.11. Поврзување со кабли и преносна импеданса на кабелот 72
7.11.1. Поврзување кабел со антена 72
7.11.2. Поврзување кабел со кабел 73
7.11.3. Поврзувања со неупредени и упредени кабли со два проводника 73
7.11.4. Поврзување со оклопени кабли 74
7.11.4.1. Анализа на поврзувањето (влезот) во кабелот 74
7.11.4.2. Преносната импеданса на кабелот 77
7.11.4.3. Преносната импеданса на кабелот за хомогена цевка 77
8. ПРИМЕРИ ЗА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА НЕКОМПАТИБИЛНОСТ 79
9. КВАЛИТЕТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 80
9.1. Параметри на квалитетот на напонот 80
9.2. Негативно повратно влијание на потрошувачите врз мрежата 83
9.3. Меѓународни норми и препораки од областа на квалитет на електрична енергија 86
10. ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА КОМПАТИБИЛНОСТ ВО ЕЛЕКТРОМОТОРНИ ПОГОНИ 88
10.1. Модел на пречки во електромоторни погони 89
10.2. Механизам за поврзување 90
10.3 Математички модел на пречките 94
10.4 Електромоторните погони како извор на пречки 97
10.4.1 Галвански пречки генерирани од еднонасочни погони напојувани од преобразувач
и контрамерки за нивно намалување 97
10.4.2. Галвански пречки генерирани од преобразувачи со еднонасочно меѓуколо, и
мерки за нивно намалување 99
10.4.3. Галвански пречки генерирани од инвертор и мерки за нивно намалување 101
10.4.4. Пречки кои потекнуваат од инверторот 105
10.4.5. Пречки кои се зрачат од дигитално управувани електромоторни погони 107
10.5. Електромоторните погони како уреди подложни на пречки 107
10.5.1 Галвански пречки, мерки за нивно намалување 107
10.6. Капацитивни пречки, мерки за нивно намалување 108
10.7. Индуктивни пречки и мерки за нивно намалување 110
10.8.Препораки за електромагнетна компатибилност 111

ЛИТЕРАТУРА 112
 
 

1. ВOВЕД

Различни апарати како радио и телевизиските станици, комуникационите предаватели


и другите радарски и навигациони уреди зрачат електромагнетна енергија во тек на својата
нормална работа. Ваквите видови на електромагнетно зрачење не се случајни. Многу уреди
како системите за палење на автомобилите и опремата за управување на процесите која се
користи во секојдневниот живот исто така зрачат електромагнетна енергија иако ова зрачење
не е важен дел од секојдневата работа на овие уреди. Електромагнетната околина која се
создава од овие извори на зрачење кои се намерни или случајни, во случај кога се доволно
јаки, создаваат пречки во работата на многу електрични и електронски системи.
Електромагнетна пречка е секоја електромагнетна појава која може да ја деградира
работата на уред, опрема или систем. Електромагнетната пречка по својата природа може да
биде електромагнетен шум или несакан сигнал или промена во самиот медиум на простирање
на електромагнетните бранови. Понекогаш доаѓа до заменување на поимите на
електромагнетна пречка и радиофрекветна пречка. Радиофрекветна пречка претставува
деградација на приемот на саканиот сигнал како резултат на нарушување на фреквенцијата.
Да разгледаме како електромагнетната пречка патува од својот извор кон приемникот кој може
да биде уред, опрема или систем. Го користиме терминот приемник за уредот кој ја прима
електромагнетната пречка. На сл. 1.1 се дадени примери на различни механизми преку кои
електромагнетната пречка патува од својот извор кон приемникот. Тие механизми се следните:
- Директна радијација од изворот кон приемникот (патека 1);
- Директна радијација од изворот која ја прима енергетскиот кабел или сигнално
контролниот кабел кој е поврзан за приемникот и која стигнува до приемникот преку
проводниот пат (патека 2);
- Електромагнетна пречка која се зрачи од енергетски, сигнален или контролен кабел на
страната на изворот (патека 3);
- Електромагнетна пречка која директно се спроведува од изворот кон приемникот
преку заедничките електрични кабли за напојување или преку заедничките
сигнално/контролни кабли (патека 4);
-Електромагнетни пречки кои се пренесуваат преку различни
енергетски/сигнални/контролни кабли кои се поврзани за изворот и приемникот.

Сл. 1.1 Механизам на пренесување на електромагнетните пречки

Основни механизми на пренесување на електромагнетните пречки од изворот кон приемникот


се радијација и проведување. Електромагнетната пречка може да влијае врз нормалната или
задоволителната работа на приемникот. Доколку електромагнетната пречка е над
толерантното ниво приемникот не може да ја реализира својата работа на задоволителен
начин. Способноста на приемникот (уред, опрема или систем) да функционира
задоволително во електромагнетната околина без да во исто време внесе недозволени

2
 
 

електромагнетни пречки кон било кој друг уред/опрема/систем кој се наоѓа во истата
електромагнетна околина се нарекува електромагнетна компатибилност.

1.1 Практични примери од областа на електромагнетната компатибилност


Денес се користат голем број на уреди кои генерираат електромагнетни пречки и нивниот број
е многу поголем споредено со педесетина години наназад. Нивата разноликост и број сè
повеќе се зголемува. Развојот на полупроводничката технологија и електронските кола со
голем степен на интегрираност овозможија дизајнирање и работа на електронски кола и
системи кои работат со многу мала потрошувачка на моќност и со многу мали сигнали. Овие
уреди имаат многу пониско ниво на толеранција на електромагнетни пречки и се предмет на
пречки при работата или прегорување. Електромагнетните пречки се појавуваат на многу нови
начини и во многу нови ситуации. Некои од тие искуства и практични примери се дадени
подолу.

1.1.1 Електромагнетна компатибилност кај преносните далеководи


Високонапонските далеководи се извор на електрични и магнетни полиња во нивна непосредна
близина. Ваквите далеководи вообичаено се наоѓаат под напон од над 100 kV и струи од 100 А.
На слика 2.2. е прикажана расределбата на електричното поле на ниво на земја под 525 кV
далековод кој се наоѓа на висина од 10 м. Од сл. 1.3 се гледа дека има електрично поле со
голем интензитет не само веднаш под самиот далековод, туку исто така и на некоја
оддалеченост од неговиот центар. Во табела 2.1 се дадени вредностите на електричното поле
под различни високонапонски далеководи.

Слика 1.2 Јачина на електричното поле под 525 кV далековод

Табела 1.1 Јачина на електричното поле под високонапонски далековод

Јачина на
Системски напон
електричното поле
kV  kV m
123 1 2
245 23
420 56
800 10  12
1200 15  17

Проводниците на далеководите може многу лесно да ги примаат електромагнетните пречки кои


потекнуваат од молњите или громовите. Напојните линии во индустријата или домовите може
да содржат транзиентни напони кои се резултат на процесите на отворање или затварање на
прекинувачите, вклучување на големи оптоварувања итн. Ваквите транзиентни напони се
доволно големи да влијаат врз работата на компјутерите и многу други уреди кои припаѓаат на
информационата технологија. Соодветно, треба да се преземаат одредени мерки на
претпазливост при проектирањето на напојната инсталација на компјутерите.

3
 
 

1.1.2 Електромагнетна компатибилност кај прекинувачи и релиња


Електричните празнења кои се поврзани со операциите на вклучување или
исклучување на електричните прекинувачи или релињата во телефонските линии може да
предизвикаат електромагнетни пречки. Ова претставува секојдневен проблем во телефонските
кола или радиотелескопите и друга осетлива опрема каде што се ракува со исклучително ниски
сигнали.

1.1.3 Електромагнетна комаптибилност кај телефонска опрема


Јачината на електричните полиња во близината на телефонска опрема, особено онаа
кој што е сместена во телефонската централа е многу важна бидејќи ваквата опрема бара
јачината на електричните полиња да биде ограничена на 1 V/m. Студија којашто е спроведена
во САД покажала дека има голем процент на телефонски централи во чија близина јачината на
електричните полиња е блиску до граничната вредност. Скоро две децении подоцна Индија се
судрила со сличен проблем каде телефонската опрема била подложна на електромагненти
пречки од телевизиските станици кои се наоѓале во близина. Со цел да се надминат овие
проблеми биле дизајнирани специјални филтри кои биле вградени во опремата. Телевизиските
предаватели, уредите за навигација, радиото и телевизијата како и големите индустриски
постројки се извори на електромагненти зрачења. Интензитетот на електромагнетните зрачења
зависи од многу фактори како што се: работната фреквенција, излезната моќност и различните
мерки кои се преземаат со цел да се ограничи електромагнетното зрачење.

1.1.4. Интегрираните кола

Интегрираните кола, кои денес се користат во голем број на инструменти или уреди,
често страдаат од електромагнетни пречки. Во екстремни случаи овие пречки може да ги
прегорат ваквите уреди. Во дигиталните електрични кола, електромагнетните пречки може да
ја зголемат грешката во битовите или да предизвикаат грешки во работата на колото. Во случај
на аналогни кола ваквите електромагненти влијанија може да предизвикаат намалена работа
на колото или системите. Од сето ова може да се заклучи дека електромагнетните влијанија и
електромагнетната компатибилност е еден мултидимензионален проблем кој бара постојано
внимание при проектирањето и користењето на електричните и електронските уреди, а
особено внимание треба да му се посвети во доменот на комуникациите и управувањето.

1.2. Конзервација на фреквентиот спектар

Електромагнетната компатибилност има особено значење во областа на спектарот на


фреквенции на електромагнетното зрачење. Електромагнетниот спектар има свои природни
граници и во услови на сè поголеми побарувања, различни даватели на телекомуникациски
услуги се принудени да го делат фрекветниот спектар со другите корисници. Различните
даватели на телекомуникациски услуги работат на точно одредени фреквенции или фрекветни
распони. Основните параметри на приемникот и предавателот кои влијаат на
електромагнетната компатибилност и искористувањето на спектарот се дадени во Табела 1.2.

Табела 1.2 Параметрите на предавателот и приемникот кои влијаат на ЕМК

Предавател излезната моќност


фреквенцијата
широчината на спектарот
емисијата надвор од спектарот
Приемник чувствителност
селективност
одбивање на сликата
одбивање на соседниот канал

Познато е дека различни предаватели емитираат зрачења кои се надвор од соодветниот


фрекветен распон. Ваквите емисии се резултат на процесите на модулација. Емисиите надвор
од соодветниот распон резултираат да трансмитерот користи еден поширок фрекветен распон
отколку што е дозволено. Слично основни параметри во проектирањето на приемниците се
осетливоста и селективноста. Ефикасноста на приемникот се мери со можноста да ја предаде
влезната радио фреквенција во излезна фреквенција. Параметрите и на предавателот и на

4
 
 

приемникот се значајни во намалувањето на електромагнетните пречки и во обезбедувањето


на ефикасното користење на фрекветниот спектар. Ова подразбира да предавателот и
соодветниот приемник мора да работата во блиска координација. Хармонизиран дизајн на
предавателот и соодветниот приемник обезбедува користење на минимален фрекветен
распон. Главно параметри на кои треба да се внимава при користењето на спектарот на
електромагнетното зрачење се дадени во Табела 1.3. При користењето на електромагнетниот
спектар покрај користењето на доделената фреквенција исто така важен параметар е и
времето на користење на доделената фреквенција. Еден фреквентен канал може да биде
користен од повеќе корисници доколку се знае дека истиот не е во тек на целото време
користен од само еден корисник. Исто така, треба да се земе во предвид дека јачината на
полето опаѓа како се зголемува растојанието од предавателот.

Табела 1.3 Главни параметри во заедничко користење на фрекветниот спектар

Користење на спектарот фреквенција/опсег на фреквенција


време
растојание/област

Какво ќе биде опаѓањето на јачината на полето зависи од методот на простирање на полето и


засилувањето и начинот на радијација на антената. Над некои растојанија (оддалечености),
електромагнетното поле станува премногу слабо за да може да се детектира или да изврши
некаква пречка на некој друг давател на комуникациски услуги. Значи над тоа безбедно
растојание истата фреквенција може да му се додели на друг корисник.

1.3 Електромагнетна компатибилност во телекомуникации


Развојот на современото општество придонесува за сè поголем развој на
телекомуникациските услуги во текот на изминативе децении. Ове е директна последица на
развојот на информатичката технологија, односно развојот на компјутерските мрежи и
размената на информации која се одвива преку нив. Користењето на мобилната телефонија
придонесе да се постават уште поголеми барања во однос на искористување на
електромагнетниот спектар и тоа е прикажано на слика 1.3.

Слика 1.3. Барања во однос на фрекветниот спектар во тек на времето

Брзиот развој на телкомуникациските услуги доведува до зголемени побарувања во однос на


дополнителни комуникациски канали. Ова доведе да се бараат решенија во насока на
компримирање на информациите, нови шеми на модулација, ефикасно разделување на
фрекветни канали и нови приоди во архитектурата на комуникационите системи и нивната
организација. Во Табела 1.4 се дадени неколку технологии кои се корисни во реализацијата на
концептот на конзервација на спектарот на електромагнетното зрачење.

5
 
 

Табела 1.4 Конзервација на фрекветниот спектар во комуникациските услуги


Приод Технологија на реализација
Компресија на распонот Кодирање на дигиталниот говор
(компресија на информација) Алгоритми за процесирање на говорот
Ефективна модулација Кодирање на канали
Поблиски растојанија помеѓу каналите Намалување на широчината на каналот
Системска архитектура Подобрување на стабилноста на фреквенцијата
Повторно користење на исти фреквентните
канали

Техниките за компресија на информациите зависат од принципот на внимателно одбирање на


битовите од информациите и отстранувањето на редундантните битови, а со самото тоа
намалување на широчината на распонот кој е потребен за пренесување на информацијата.
Компресијата на дигиталниот говор која користи различни шеми на кодирање е еден пример на
развој кој оди во таа насока. Различните шеми на модулација имаат различни барања во однос
на широчината на фрекветниот спектар и на максималните дозволени нивоа на пречки. Затоа
развојот на шемите за модулација, особено дигиталните шеми на модулација каде оптимален
број на информации може да бидат спакувани во даден фреквентен распон е од особено
значење. Развојот на технологијата придонесе до појава на стабилни извори на фреквенција со
што се намалија потенцијалните пречки на соседните канали и се овозможи ефикасно
одвојување на одредените фреквентни канали и нивно користење. Еден вниматело изработен
план за повторно користење на одредени фреквенции за одредени географски подрачја и
соодветен дизајн на архитектурата и организација на системите за мобилна телефонија се
клучни компоненти во концептот на ефикасно користење на фреквентниот спектар. Во
планирањето и имплементацијата на доделувањето на фреквентниот спектар и неговото
искористување, исто така од голема важност е земањето во предвид на електромагнетната
компатибилност.

2. НАПОН, СТРУЈА И ПОЛИЊА ОД АСПЕКТ НА ЕМК

Со цел да се постигне ЕМК на одреден уред или систем, потребно е да бидат


преземени неколку мерки. Во овие мерки спаѓа изгледот и архитектурата на струјното коло,
штампаната плочка, поврзувањето на опремата па сè до упатствата за конструкција на целиот
систем. Под мерки кои треба да се преземат од аспект на ЕМК се: заземјувањето,
филтрирањето и оклопувањето на каблите како и планирањето и поставувањето на уредите во
склоп на еден систем. Голем број на поединечни и честопати засебно изолирани мерки може
да се доведат во заемна врска доколку се земаат во предвид некои основни постулати од
електромагнетиката:
Електричните оптоварувања создаваат електрично поле. Електричното поле создава
сила со која делува на други електрични оптоварувања и оваа сила предизвикува слободните
оптоварувања да може да се движат.
Подвижните електрични оптоварувања (струја) создаваат магнетно поле. Магнетните
полиња од друга страна создаваат сила со која делуваат на подвижните електрични полнежи.
Временски променливите полиња кои се резултат на временски променливите струи создаваат
сила со која делуваат на електричните полнежи кои се наоѓаат во мирување. Оваа појава се
нарекува индукција и предизвикува создавање на индуциран напон.
Временските и просторните промени на електричните и магнетните полиња се
поврзани едни со други. Временски променливите полиња се простираат како електромагненти
бранови.
Со цел да се елиминираат одредени електромагненти пречки се применуваат следниве
методи:
- Струите мора да се пригушат.
- Струите мора да се намалат така што нивното влијание врз другите системи е
занемарливо.
- Потребно е да се воспостават дополнителни струи кои ќе создадат полиња кои ги
компензираат почетните полиња.

6
 
 

Почетните разгледувања во однос на електромагнетната компатибилност започнуваат


со елементарен електричен полнеж. Елементарниот полнеж има количество електричество од
-1.609·10-19 C. Бидејќи елементарниот електричен полнеж е многу мал може да се смета дека
акумулација од вакви 106 единечни електрични полнежи претставува точкаст полнеж Q. Масата
на елементарниот полнеж или електрон е 9.14·10-31 kg.
Помеѓу два точкести полнежи постои сила која е дефинирана со следниот вектор:
 Q1  Q2 
F  er (2.1)
4    r 2
Ако полнежите се разноимени, силата помеѓу полнежите е привлечна. Од друга страна ако
полнежите се истоимени силата е одбивна. Ако едниот полнеж се означи како пробен-полнеж и
ако силата која е дефинирана со равенството (2.1) се подели со пробниот полнеж се добива
нова големина јачина на електричното поле:

 F Q1 
E   er (2.2)
Q2 4    r 2

2.1 Јачина на електричното поле

Јачина на електричното поле е сила на единечен стационарен полнеж. Ако во


просторот е присутно електричното поле одредени сили делуваат врз полнежот и
предизвикуваат негово поместување.
За да се одвојат два електрични полнежи на едно одредено растојание потребно е да
делува одредена сила. Со други зборови, потребна е една одредна количина на енергија.
Поместувањето на електричниот полнеж во насока на векторот на електричното поле доведува
до зголемување на енергијата. Со доведување во корелација на енергијата и пробниот полнеж
се добива електричниот потенцијал. Разликата во потенцијали (пренесувањето од положба 1
во положба 2) помеѓу две точки се нарекува напон. Затоа може да сметаме дека напонот е
единица мерка за работниот потенцијал на дадено поле. Во однос на ЕМК доколку се поврзе
напонски извор помеѓу две елeктроди, електричните оптоварувања на електродите и на
металните делови се поместуваат сè додека на секоја електрода и на секој метален дел не
се добие еднаков потенцијал. Тагентата на векторот на јачината на електричното поле
на металната површина е еднаква на нула.
Ако напонот е променлив (да претпоставиме синусен временски променлив напон) кој го
менува својот поларитет од позитивен во негативен, електричните оптоварувања треба да ја
следат оваа промена на поларитетот. На сите електроди и метални делови на кои имаме
придвижување на полнежите доаѓа до течење на струја. Ако промената на напонот е многу
брза, можно е да полнежите не бидат во состојба да ја следат оваа промена (промена од
стационарен режим при спора промена на полето во режим на промена на полето со поголеми
фреквенции).
Секое движење на електричните оптоварувања се нарекува струја. Ако во една секунда
низ електричен проводник со одреден пресек протекуваат 6.3·1018 електрони, тогаш сметаме
дека е дефинирана струја од 1 А. Единечните електрични полнежи имаат соодветен поларитет
кој предизвикува привлекување или одбивање на другите полнежи. Дополнително имаме
појава на втора сила која делува на подвижните полнежи:
 
  
F  q vB (2.3)
каде: – q е електричен полнеж што се движи со брзина v
B - магнетна индукција, предивикана од друга струја
Електричната струја создава магнетно поле кое лесно може да биде претворено во магнетна
индукција кога станува збор за немагнетни материјали со користење на релацијата B    H .
Јачината на магнетното поле може да се пресмета со користење на Амперовиот закон:

 H  ds  I (2.4)
Во однос на ЕМК, критична особина е што секоја струја произведува магнетно поле, кое како
последица предизвикува сила која делува на подвижните електрични полнежи. Само
комплетни метални оклопи со целосно симетрична конструкција немаат електрично или
магнетно поле во својата околина.
За да се пренесе електрична енергија или информација од едно место на друго по
електромагнетен пат, потребни се напони и струи. Затоа на ниту еден начин не може да се
избегне постоењето на електрични и магнетни полиња. Во тој смисол, задачата на ЕМК не е да

7
 
 

ги елеминира напоните и струите туку да обезбеди дефинирани места и патеки за нив така да
нивниот ефект на другите електрични кола биде многу мал.
Ако напонот од едно струјно коло или затворена контура се подели со струјата која
протекува низ нив се добива импедансата на колото или контурата во една одредена точка.
Импедансата се состои од реален и имагинарен дел. Реалниот дел ги дава загубите во колото.
Имагинарниот дел може да биде капацитивен и да станува сè помал со зголемување на
фреквенцијата или индуктивен и да станува сè поголем со зголемување на фреквенцијата.
Струјата секогаш ќе протекува по патека со најмала отпорност. Ако станува збор за
комплексна имеданса тогаш струјата ќе протекува по патеката на најмала импеданса.
Оваа едноставна теорема има важно значење во областа на ЕМК. Ако се појават
електромагнетни пречки и ако е познат изворот на пречките тогаш мора да биде пронајдена
патеката на протекување на струјата која ги предизвикува електромагнетните пречки. Ако се
земе во предвид дека струјата ја користи патеката со најмала импеданса се намалува задачата
да се најде патеката на течење на струјата. При ова разгледување не треба да бидат земени
во предвид сако дискретните елементи од струјното коло, туку мора да се земе во предвид
дека може да има постоење на струјни патеки кои се затвараат преку растурните електричните
или магнетните полиња. Уште повеќе што овие растурни електрични и магнетни полиња имаат
некоја ефективна импеданса која треба да биде земена во предвид во анализата.
Следниот пример може да го илустрира однесувањето на струјата: 10 cm над проводна
рамнина (која има одредени загуби) поставен е цилиндричен проводник (направен од бакар) со
вкупна должина од 1,2 m и радиус од 1 m. Проводникот на едниот крај е свиткан под агол од
90º (слика 4.1). Поврзан е напонски извор на левиот крај од жицата помеѓу жицата и рамнината,
и напонскиот извор има импеданса од 50 . Десниот крај од жицата е директно поврзан со
проводната рамнина. На слика 4.2 е прикажана струјата која протекува на површината од
поставената проводна плоча за следниве фреквенции 1 kHz, 10 kHz, 100 kHz и 1 MHz. При
фреквенција од 1 kHz струјата протекува низ проводната плоча по патека која дирекно ги
спојува двете крајни точки на проводникот. При фреквенција од 10 kHz струјата е привлечена
повеќе кон проводникот и протекува по патека која го следи проводникот, додека при 100 кHz
скоро целата струја ја следи патеката на жицата. Ако се земе во предвид сопствената
индуктивност се претпоставува дека секоја друга патека освен таа низ која што протекува
струјата има поголема индуктивност.

Слика 2.1 Свиткан проводник над проводна плоча

Слика 2.2 Струја во плочата а) 1 kHz б) 10 kHz в) 100 kHz г) 1 MHz

8
 
 

Следниот пример треба да го покаже ефектот на концетрација на полето. На слика 2.3 се


прикажани два проводника со отпорност од 240 , каде што проводникот по кој се враќа
струјата е поврзан со земја на двата свои краја и формира контура која е врзана за земјата.
Параметрите се така избрани да отпорноста на контурата која е врзана за земја е 1/10 од
отпорноста на проводникот по кој се враќа струјата. Ако се приклучи еднонасочен напон на
двата краја на проводникот се покажува дека 91 % од вкупната струја протекува преку земјата а
само 9 % од вкупната струја се враќа преку проводникот кој е наменет за враќање на струјата.
Ако се земе во предвид дека проводноста на двата проводника  е 57·106 S/m следниве
параметри на мрежата може да се пресметаат:

Сл. 2.3 Два проводника каде проводникот кој ја враќа струјата е поврзан за земја

Отпорноста на проводникот која ја враќа струјата се пресметува од:


lR
RR   22.3 m (2.5)
    rR2
Отпорноста на затворената контура врзана со земја е:

lM
RM   2.23 m (2.6)
    rM2
Индуктивноста по метар на линијата составена од двата проводника е:
 d
L'ZL   ln ZL  0.8 H m (2.7)
 rZL
Капацитивноста по метар на линијата составена од двата проводника е:
 
'
C ZL   13.9 pF m (2.8)
d
ln ZL
rZL
Сопствената индуктивност на затворената контура врзана со земја:
  l MS d MS
LMS   ln  2.13 H (2.9)
 rZL  rMS
Заемната индуктивност помеѓу двата проводника и затворената контура врзана со земја:

9
 
 

  l ZW d L'  l
M   ln ZL  ZL ZW  0.4 H (2.10)
2 rZL 2
На слика 4.4 се дадени струите I 0 , I R и I M во зависност од фреквенцијата. На сликите а), в)
и е) е даден фреквентен распон од 100 Hz до 20 kHz додека на останатите потслики б), г) и е) е
даден распон од 100 Hz до 5 kHz.

Сл. 2.4. Однесување на струите во двата проводника

Разгледувањето на однесувањето на струите IM и IR од слика 2.4 како функција од


фреквенцијата доведува до следниве заклучоци:

- При фреквенција од 0 Hz, струјата која се враќа низ вториот проводник се дели во
зависност од придружената отпорност. 91 % од струјата која се враќа протекува низ
затворената контура која е поврзана со земја, а само 9 % протекува низ проводникот кој е
наменет за враќање на струјата.
- Со зголемување на фреквенцијата индуктивниот дел од контурата која е поврзана со
земја станува се поголем. При фреквенција од 1.7 kHz тој ја достигнува вредноста на
отпорноста на проводникот по кој се враќа струјата   LMS  R R . Значителен дел од струјата
што се враќа протекува низ проводникот за враќање на струјата.
- Со понатамошно зголемување на фреквенцијата индуктивната отпорност на
затворената контура врзана со земја станува се поголема. Како резултат на тоа целокупната
струја што се враќа протекува низ проводникот кој е наменет за тоа. Но како резултат на
постоењето на меѓусебната индуктивност помеѓу двата проводника и затворената контура
врзана со земја ќе дојде до протекување на струја низ затворената контура врзана со земја.
Следствено, струјата која се мери низ вториот проводник, се намалува и изнесува:
 M 
I R  I 0  1   (2.11)
 L MS 

10
 
 

Во контурата која е врзана за земја протекува струја I MS  I 0  M LMS  , односно протекува


струја од 0,8 mA и таа струја е главен извор на радијација, односно електромагнетни пречки. За
да се намали оваа радијација на електромагнетни пречки потребно е да се намали
меѓусебната индуктивност М помеѓу двата проводника и контурата врзана за земја. Тоа се
постигнува со упредување на двата проводника. За да се зголеми сопствената индуктивност на
контурата врзана со земја а со тоа и да се намали струјата која протекува низ нејзе потребно е
да се зголеми должината на контурата но тоа е услов кој е контрадикторен со правилото за
минимизирање на контурата поврзана со земја со цел да се намали должината на врските и
големината на зрачењето.

2.2. Електромагнетни полиња

Електромагнетните полиња по математички пат се дефинирани со помош на четирите


Максвелови равенки. Изразени во интегрална форма тие се:
Амперовиот закон на затворена контура:
     
 H  ds   J  dA  t  D  dA  I L  IV (2.12)
S A A
Гаусовиот закон:
 
  dA     dV  Q
D
A V
(2.13)

Фарадевиот закон за индукција:


    
 E  ds   t  B  dA   t (2.14)
S A
 
  dA  0
B
A
(2.15)


H

- јачина на магнетното поле
J - густина на струјата

D - вектор на електричната индукција или вектор на електричното поместување
I L - струја низ проводникот
I V - струја на електричното поместување
 - густина на електричните полнежи
Q - електричен полнеж

E - јачина на електричното поле
B - магнетна индукција
 - магнетен флукс

ds - бескрајно мал елемент од контура A , (рав. 2.12) и (2.15).
Четирите Максвелови равенки во интегрална форма може да бидат објаснети на следниов
начин:
- Рав. (2.12): Интеграл по затворена контура на јачината на магнетното поле е еднаков
на струјата која е затворена со таа контура, при што струјата е претставена со збирот на
струите од проводникот и од струјата од електричното поместување низ површината која е
затворена со контурата.
- Рав. (2.13): Интеграл од векторот на електричното поместување низ една затворена
површина е еднаков на електричното оптоварување кое е затворено со таа површина.
- Рав. (2.14): Затворениот интеграл на јачината на електричното поле е еднаков на
негативниот извод од магнетниот флукс низ површината која е затворена со таа контура.
- Рав. (2.15): Интегралот на магнетниот флукс низ една затворена површина е секогаш
нула.
Равенството (2.15) е попознато во следнава форма:

11
 
 


ui   (2.16)
t

каде u i - индуциран напон.


Кога се разгледуваат проблеми кои се однесуваат на електромагнетна некомпатибилност
треба да се забележи дека индуцираниот напон даден со равенството (2.16) е важечко
поедноставување на равенството (2.14) само во случај кога контурата која ја затвора дадената
површина е отворена во една точка. Во таа точка на контурата може да се измери производот

E  ds . Ако контурата има два отвори тогаш надворешното коло го определува напонот кој ќе
се појави на отворите. Ако контурата е затворена (кусо врзана) мора да се создаде индуцирана
струја, која ако се занемари отпорноста на контурата, создава магнетен флукс кој е еднаков на
почетниот флукс. Треба да се напомене дека Максвеловите равенки кои ја формираат
основата на електромагнетиката, не користат експлицитно напони и струи.
Eлектромагнетните полиња да се поделат на следниот начин:
а) Статички полиња (кои не зависат од времето, и нема струја)
Максвеловите равенки се редуцираат и го добиваат следниот облик:

 H  ds  0

   ds 0
E

 D  dA     dV
A
 
 B  dA  0
A
(2.17)

Примена: Во високонапонската технологија, влијание на напонот и на оптоварувањата,


предвидување на капацитивности, оклопување од статички електрични и магнетни полиња.
б) Стационарни полиња (нема временска зависност, но се појавуваат струи)
  
 H  ds   J  dA   I (2.18)
A
Равенството 2.19 го дава Амперовиот закон во неговиот најпрост облик.
Примена: Предвидување на магнетните полиња, пресметка на сопствената и заемната
индуктивност.

в) Квази стационарни полиња (временска зависнот со B , појава на струи)
    
 E  ds   t  B  dA   t (2.19)
A
Примена: Во теоријата на скин ефект, пригушување на виорните струи

г) Високо-фреквентни полиња (комплетниот сет на Максвелови равенки)

Примена: Зрачење на електромагнетни бранови, електромагнетно поврзување, теорија на


антена.

Електричните полиња разгледувани од аспект на ЕМК се полиња кои се создадени од


стационарни електрични полнежи. Ако полнежите се движат со многу мала брзина така што
магнетниот ефект може да се занемари или ако се движат само неколку електрични честици
(како резултат на постоење на полиња со големи импеданси) тогаш полињата кои се создадени
од овие полнежи се временски непроменливи, и од аспект на ЕМК може да се третираат како
електрични полиња. Во фреквентниот домен, границата помеѓу статички и не-статички
електрични полиња се зима при должина на системот од l   10 , l е најголемата димензија
на системот кој се разгледува и λ е брановата должина. Електромагнетна некомпатибилност
при 16 2/3 Hz, 50 Hz или 400 Hz е резултат на електрична некомпатибилност (капацитивни
влијанија) или магнетна некомпатибилност (индуктивни влијанија, директни или индиректни
влијанија на магнентните полиња).

12
 
 

2.3. Влијанија кои ги предизвикуваат електричните полиња и нивна пресметка

Како што е објаснето во претходните глави, електромагнетните појави се резултат на


постоење на електрични оптоварувања. Помеѓу електричните оптоварувања се појавува сила.
Полнежите со ист поларитет се одбиваат едни од други додека полнежите со различен
поларитет се привлекуваат. Оваа појава е поврзана со јачината на електричното поле Е и со
векторот на електричното поместување D. Векторот на јачината на електричното поле во
одредена точка од просторот се опишува како сила која дејствува на полнеж. Електрично поле
со јачина од 1 V/m се однесува на сила од 1 N која дејствува на полнеж од 1 C. Насоката на
векторот ја дефинира насоката на силата. Секој слободен полнеж ќе се движи се додека
силата која делува не стане нула или самите механички услови не дозволуваат негово
понатамошно поместување. Не е возможно постоење на електрично поле во внатрешноста на
еден совршен проводник и не постои тангенцијалната компонента на полето на неговата
површина. Затоа сметаме дека условот E tan  0 , мора да биде исполнет. Ако се земе во
предвид законитоста дека на границата на две површини важи:
E tan 1  E tan 2 (2.20)
Каде
E tan  0 (2.21)
Тогаш, стануваат видливи многу врски и електрични појави.
Многу практични проблеми кои се занимаваат со третманот на електричните полиња не бараат
предвидување на распределбата на потенцијалот (или распределбата на електричното поле)
ако е позната распределбата на полнежите. Во многу случаи треба да се реши инверзниот
проблем, да се најде распределбата на полнежите која води до распределбата на
потенцијалот. Од распределбата на полнежите може да се предвиди распределбата на
потенцијалот и последователно распределбата на електричното поле.

2.4 Магнетни полиња

Секое протекување на струја предизвикува создавање на магнетно поле во околниот простор


каде протекува струјата. Од аспект на ЕМК таквото поле се нарекува магненто растурно поле.
Со цел да се преземаат соодветни мерки во однос на растурните магненти полиња, истите
треба да бидат познати, предвидливи или на одреден приближен начин да се определат.

2.4.1. Влијанија предизвикани од магнетните полиња

Влијанијата од страна на магнетните полиња може да се поделат на:

а) директни влијанија: на пример несакано отклонување на сноп од електрони како резултат на


делување на сила
 
  
F  q vB (2.22)
б) индиректни влијанија: индуцирање на напони и струи согласно законот за електромагнетна
индукција

ui   (2.23)
t
За разлика од влијанието кое е дадено под точка а) каде појавата зависи од амплитудата на
магнетното поле, појавата која е опишана под точка б) е дополнително зависна од времето.
Постои широк спектар на влијанија на ниско фреквентните магненти полиња врз
работата на компјутерите и овде ќе бидат напоменати некои од нив:
- Видливо движење на точките од сликата на монтирот како резултат на променливи магнетни
полиња од 2 A/m.
- Менување на бојата на мониторот, како резултат на јачина на магнетно поле од 20 A/m.
- Пречки за време на читањето или запишувањето на податоците на медиум за меморирање-
како резултат на јачина на магнетно поле од 500 A/m.
- Несакано индуцирање на напон во струните кола предизвикано од 50 Hz полиња.
- Промена на информацијата која е запишана на медиумот за меморирање како резултат на
магнетно поле поголемо од 5000 A/m.

13
 
 

Во овој контекст, интересно е да се напомене дека е можно да се предвидат големи растурни


магненти полиња кои потекнуваат од електричните водови на трамваите и другите електрични
уреди со помош на користење на компјутер или телевизор. Тие овозможуваат предвидување
на насоката и амплитудата на полето со задоволителна точност. Ако е позната амплитудата и
насоката на полето можно е да се открие и неговиот извор.
Пример:
Видливи, многу мали движење на сликатa сe резултат на јачина на полето 1 до 2 A/m.
Несакани движења, отколонувања на сликата се резултат на јачина на полето
10 до 20 A/m.
Согласно равенството (2.23) силата која дејствува на еден електричен полнеж е
пропорционална на полнежот, неговата брзина, и амплитудата на магнетното поле. Оваа сила
делува нормално на брзината и насоката на силниците на магнетното поле. Ако се земе во
предвид работата на катодната цевка со која електорните се емитираат од неа и како сноп
паѓаат на екранот, возможни се три различни случаи (слика 6.1) кои се прикажани со голем број
на поедноставувања. Интересно е да се забележи дека полето кое е паралено на катодната
цевка предизвикува пречки во сликата кои се во форма на спирала.

Сл. 2.5. Влијанието на ниско фреквентни полиња врз работата на мониторите

2.4.2 Пресметка на јачината на магнетното поле од моножилни и повеќежилни кабли

Една од најзначајните формули од аспект на ЕМК е:


I
H  (2.24)
2   r
Со оваа формула е дефинирана јачината на магнетнот поле кое е резултат на бескрајно долг
проводник низ кој протекува струја I . Јачината на полето е во  -насока и е нормална на
радиус векторот од струјата до дадената точка. Полето е нормално и на оската на
проводникот. Насоката на полето може да се определи со правилото на десна завртка

Сл. 2.6. Амперов закон за бескрajно долг проводник со струја I

б) Ако имаме два проводника кои се поставени паралелно еден во однос на друг на растојание
d , тогаш полето на растојание r , каде r е значително поголемо отколку растојанието помеѓу
проводниците може да се пресмета со:
I d
H  (2.25)
2   r 2
каде полето опаѓа со квадратот од растојанието од проводниците.

в) со поставување на проводниците по следниот распоред: проводник која ја проведува


струјата напред-назад-назад-напред се добива следнава формула:
2 I d2
H  (2.26)
2   r3
при што јачината на полето опаѓа со трети степен на растојанието. Истата зависност на
јачината на полето од растојанието се добива ако проводниците се поставени во два слоја: во
првиот слој се наоѓа проводник кој ја проведува струјата напред-назад, и во вториот слој назад-

14
 
 

напред. Ако систем од два проводника (проводник кој проведува струјата напред и назад) се
постават над земја се добива истата формула за јачината на магнетното поле.
4
г) За да се добие зависност 1 r , треба да се користат осум проводника (4 ја проведуваат
струјата во една насока а 4 во спротивната додека доколку се користат 16 проводника се
добива зависност 1 r5 .

Сл. 2.7. Пресметка на јачината на магнетното поле при различен распоред на проводниците

2.5 Магнетни полиња од дистрибутивни трансформатори

Од аспект на ЕМК значаен извор на електромагнетни полиња се среднонапонските


трансформатори кои вршат трансформација на напонот од 10 или 6 kV на напон на напојување
за домашен развод 400/230 V. Во текот на дизајнирањето и проектирањето потребно е да се
предвидат растурните електромагнетни полиња. Среднонапонските дистрибутивни
трансформатори во многу случаи се инсталираат во подрумите на станбените и деловните
објекти. Пред употребата на компјутерите и телевизорите овие електромагненти полиња од
дистрибутивните трансформатори не претставуваа опасност по здравјето на луѓето. Со
зголемената употреба на електронските уреди, а посебно ЛЦД мониторите има се поголема
појава на електромагнетни пречки. Со цел да се најдат електричните полиња кои се зрачат од
дистрибутивните трансформатори во сува изведба изведена е формула за нивна пресметка
која се базира на многубројни мерења.

u % Pn kVA  0.5m 


2
H max  H 0.5  k    (2.27)
6% 630kVA  r m 
H 0.5 - амплитуда на магнетното поле на растојание 0,5 m на растојание од трансформаторот.
u k - напонот на куса врска специфициран во %.
Pn - номинална моќност на трансформаторот во kVA
r - растојание од површината на трансформаторот во m.

15
 
 

Доколку нема извршени мерења на вредноста на параметарот H0.5 може да се изврши


апроксимација на вредноста на полето од 100 A/m.
На пример, трансформатор со номинална моќност од 200 kVA и напон на куса врска од
6 %, создва магнетно поле од 2 A/m на растојание од 2,5 m од него. Ако ова се спореди со
вредностите на магнетните полиња кои предизвикуваат пречки во работата на компјутерите,
дадени во точка 2.4.1 се гледа дека ваквото електромагненто поле има влијание врз сликата на
мониторот на компјутерот. Кога се користи равенството (2.27) треба да сe води сметка дека во
многу случаи треба да се земе во предвид и влијанието на собирниците на кои е поврзан
трансформаторот, при што тие може да бидат извор и на многу појаки електромагнетни
полиња. Затоа во многу случаи собирниците се инсталираат на подот на просторите наместо
во горниот дел (таванот).

2.6 Магнетни полиња од тенки проводници

Со цел да ја добиеме формулата за пресметка на магнетните полиња од тенки долги


проводници ќе го разгледаме примерот на долга права жица која е поставена по должина на y
оската од некоја почетна точка y=0 до некоја крајна точка y=a, при што низ нејзе протекува
струја I и во просторот на xy рамнината се создава магнетно поле кое може да се пресмета од
следново равенство:

 I  ya y  
e
H   (2.28)
4    x  x 2   y  a 2 x  x 2  y 2 
z
 
Овде магнетното поле е претставено како комплексна величина. Преку користење на
равенството (2.28) и со одредени трансформации на координати, возможно е да се пресметаат
магнетните полиња од произволно поставени тенки проводници. На тој начин може да се
пресметаат магнетните полиња од единечни електроди, намотки или упредени кабли. Уште
повеќе, може да се изврши пресметка на магнетните полиња при произволна поставеност и
комбинација на горенаведените елементи.

2.7. Магнетни полиња од четири проводника

Со цел уште еднаш да се нагласи важноста на распоредот на фазите, ќе разгледаме


пример на две посебни просторни распределби на четири проводника (слика 2.8).

Сл. 2.8. Четири проводника поставени во состојба на компензација и некомпензација


на полето

Избрано е проводниците да бидат со со должина од 100 m, при што треба да се определи


полето на растојание од 50 m во насока по должината на проводниците и на радиус од r=1m до
r=10 m, каде r е растојание нормално на оската на проводниците. Растојанието помеѓу секој од
проводниците е d=5 mm, и низ нив протекува струја од I=1000 A. Добиените резултати за
вредноста на електромагнетното поле во двата случаи се претставени на Слика 2.9. Се
покажува дека во првиот случај магнетното поле опаѓа со 1/r3, додека во вториот случај истото
опаѓа со 1/r2.

16
 
 

Сл. 2.9. Магнетното поле при различно поставување на четири проводника

Со цел да се намалат меѓусебните електромагнетни влијанија на два проводника кои се


наоѓаат во еден кабел, или влијанието кои го има еден двожилен кабел врз надворешната
околина се врши испреплетување на жиците една со друга. Кај вака упредените проводници се
дефинира радиус на јадрото. Радиус на јадрото е геометриското растојание од центарот на
упредените проводници до оската на единечниот проводник.

3. ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ БРАНОВИ И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Електромагнетните полиња од аспект на ЕМК, се полиња кај кои компонентата на


јачината на електричното поле Е и на јачината на магнетното поле H не може да се
разгледуваат независно една од друга, туку треба да се разгледуваат како меѓусебно зависни
полиња кои создаваат електромагнетен бран кој е резултат на еден извор на поле и на една
екситација којa предизвикува создавање на поле. Во вакуум електромагнетното поле се
простира со брзина на светлоста c0  3  10 8 m s . Во диелектрична средина брзината на
простирање на електромагнетните полиња е намалена со квадратниот корен на релативната
диелектрична константа:
c0
v (3.1)
r
Ако се земе во предвид простирањето на електромагнетниот бран во еден кабел, јасно е дека
истиот не се простира со брзина на светлоста, туку со значително помала брзина. За
стандарден лабораториски кабел може да се смета дека εr=2.25. На тој начин брзината на
простирање на електромагнетниот бран е намалена на v=(2/3)·c0. Значи во една наносекунда
електромагнетниот бран поминува растојание од околу 20 cm кај еден стандарден
лабораториски кабел. Намалување на брзината на простирање значи дека и брановата
должина на бранот во кабелот е намалена.
Електромагнетниот бран претставува временски и просторно променлива големина. На
слика 3.1 е претставена амплитудата на бранот како функција од времето за истиот
електромагнетен бран за две различни позиции (просторно изместување на бранот).

17
 
 

Сл. 3.1. Амплитудата на електромагнетниот бран како функција од времето за две


различни просторни поместувања
2  t
z  0 : at   A  cos  A  cos 2  f  t  A  cos t (3.2)
T
z  z1 : a1 t   A  cos  t    (3.3)
z   v
  1 : v f  ;  (3.4)
v 2 f
Бранот кој се простира од z=0 до z=z1, ја постигнува својата максимална вредност во положба
z1, значи со извесно закаснување споредено со положбата z=0. Сите појави кај бранот кој
тргнува од положба z1 се изместени (доцнат) во однос на појавите кај бранот кој тргнува во
позиција z=0. Со еден збор вториот бран е фазно поместен во однос на првиот.

Сл. 3.2. Електромагнетниот бран како функција од просторното изместување, времето


е параметар

Фазната константа се дефинира од:

2 
 k  (3.5)
 v
За бранот кој се движи во насока на +z оската може да се изведе следново равенство:

a t   A  cost    z    (3.6)

При што комплексниот претставник на вака дадената периодична временски и просторно


променлива големина е даден со:

at   A  e j t    z  - без придушување (3.7)

at   A  e   z  e j t    z  - со придушување (3.8)

Бранот кој се движи во насока на –z оската може да се претстави со следниве равенства:


a t   A  cost    z    (3.9)

at   A  e j t    z  - без придушување (3.10)

at   A  e  z  e j t    z  - со придушување (3.11)

18
 
 


Електромагнетниот бран се опишува преку векторот на јачината на електричното поле
 E и
/или векторот на јачината на магнетното поле H . Бранот има насока на простирање која е
нормална на насоката на простирање на двата претходно споменати вектори на јачина на
електричното и магнетното поле. Векторот на простирањето на електромагнетнито бран е
 
наречен Поинтингов вектор S , и е даден со векторскиот производ на векторите E и H.
  
S  EH (3.12)
Ако се разгледува еден електромагнетен бран кој се движи во радијална насока r, може да се
види дека овој бран ги има само компонентите E и H  и равенството (3.12) може да се
поедностави на следниов начин:
S r  E  H  (3.13)
Кај оддалечените полиња на една антена E и H  се во фаза и нивниот однос е приближно
377 :
Е
Г0   377  (3.14)
H
Оваа вредност уште се нарекува импеданса на слободен простор (возух) Г 0 . Во подрачја на
блиски електромагнетни полиња до антената (или изворот на електромагнетно зрачење)
вообичаено доминира една компонента на полињата во електромагнетниот бран. Ако

доминира компонентата на полето Е (на пример во близината на Херцовиот дипол), полето се

нарекува “поле со голема импеданса“, додека ако преовладува компонентата на полето H
 
полето се нарекува “поле со мала имеданса“. Кај полиња во близина на антената Е и H не се
во фаза што резултира со импеданса на електромагнетниот бран во комплексна форма.
Електромагнетните бранови се делат во однос на заедничката проводна рамнина на:

а) Хоризонтално поларизирани бранови (слика 3.3)


Е - векторот лежи во рамнината на одбивање

б) Вертикално поларизирани бранови (слика 3.4)


H - векторот лежи во рамнината на одбивање

в) Елиптично поларизирани бранови


Е - векторот се состои од две или три заемно нормални компоненти со различни фази.
На сл. 3.3 е прикажан хоризонтално поларизиран електромагнетен бран кој паѓа на метален
ѕид под агол  и од кој е целосно одбиен (рефлектиран).

Сл. 3.3 Одбивање на рамнински бран од метален ѕид (бран со хоризонтална


поларизација)

Доколку се мери електромагнетно поле со хоризонтална поларизација над рамнината на


прекршување треба да се претпостави дека постои одбивање на бранот при што првиот
максимум на јачината на електричното поле може да се детектира при

19
 
 


hmax  (3.15)
4  cos 
Ако имаме простирање на вертикано поларизиран бран за една попрецизна анaлиза Е-
векторот треба да се разложи на хоризонтална компонента, кој мора да биде 0 Е tan  0  и
вертикална компонента, која станува двојно поголема во насоката на одбивање.

Слика 3.4 Одбивање на рамнинскиот бран од метален ѕид (бран со вертикална


поларизација)

3.1. Влијанија на електромагнетните бранови

Ако еден електромагнетен бран падне на една метална, совршено проводна површина,
се формира одбиен електромагнетен бран. На површината на совршено проводната рамнина
тангенцијалната компонента на векторот на јачината на електричното поле мора да биде нула,
бидејќи во спротивен случај доаѓа до протекување на голема површинска струја. Затоа за
пресметување на високофреквентните електромагнетни полиња воглавно се користи дека важи
граничниот услов да тангецијалната компонента на векторот на јачината на електричното поле
е нула, односно E tan  0 .
Електромагнетниот бран во оддалеченото поле од антената може да се смета за
 
рамнински електромагнетен бран при што векторите
 E и H се нормално ориентирани еден во
однос на друг и се исто така нормални на S , и нормално ориентирани на насоката на
 
простирање на бранот. Ако E и H се во фаза, нивниот однос е Г 0  377 . Значи

електромагнетен бран со S  2.65mW / m 2 има јачина на електричното поле од:
 
E  S  Г0  1V m (3.16)
и јачина на магнетното поле од:
 
 E S 1
H    A m  2.65 mA m (3.17)
0 0 377

Ако електромагнетниот бран падне на еден метален ѕид, тој од него целосно се одбива.
Јачината на електричното поле во одбиениот бран (или попрецизно хоризонталната
компонента на векторот на јачината на електричното поле) E R може да се пресмета со
користење на коефициентот за рефлексија на електричното поле.
Гm  Г0
rE  (3.18)
Гm  Г0
Односно:

20
 
 

E R  rE  E E (3.19)
Со E E е дадена јачината на електричното поле на бранот кој паѓа на металната површина
додека m е карактеристична импеданса на средината и за металниот ѕид се пресметува од:

 1
Г m  1  j    1  j   (3.20)
2k k d
Каде   2f е кружната фреквенција,  - пермеабилноста, k - проводноста, d -
длабочината на скин ефектот. На пример за бакар и фреквенција од 10 kHz, се пресметува
многу мала импеданса од m  (1  j )  26.3  .
За многу мали вредности на m равенството (3.18) добива поедноставена форма:
2  Гm
rE  1  (3.21)
Г0
што води до коефициент на рефлексија изразен во комплексна форма како:

2 2
rE  1  j (3.22)
k  d  Г0 k  d  Г0
Амплитудата на јачината на електричното поле на одбиениот бран е дадена со
E R  rE  E E . Земајќи EE  1 V m и фреквенција од 10 kHz се добива
E R  0.99999986 V m . Овој резултат покажува дека е точно тврдењето за целосно
одбивање на електромагнетниот бран од една метална површина. Но сепак при ставањето на
различни метални екрани со цел да се намали влијанието на електромагнетните бранови од
соседните уреди во близина, треба да се земе во предвид дека може да се случи да еден мал
дел од бранот навлезе низ металниот оклоп. Согласно може да се изведат следниве
заклучоци:
- Ако електромагнетен бран паѓа на еден метален ѕид, скоро целосно ќе биде одбиен
од страна на ѕидот;
- Тангенцијалната компонента на векторот на јачината на електричното поле е речиси
нула на металната површина.
Со цел да се добие тангенцијалната компонента на векторот на јачината на
електричното поле нула, мора да има протекување на струи низ површината на металниот ѕид
кои создаваат едно компензационо електрично поле кое заедно со полето кое е резултат на
електромагнетниот бран кој паѓа на одредена метална површина резултира со вкупна јачина на
електричното поле нула.
Ако се разгледува една електрична инсталација која се наоѓа над метална рамнина,
граничниот услов E tan  0 може да биде исполнет ако замислиме една виртуелна огледална
слика на истата инсталација под металната рамнина (принцип на огледало). На сл. 3.5 е
претставено струјното коло и неговата огледална слика. Може да се види дека струјата во
насока на z оската создава огледални струи исто така во насока на +z оската, додека струите
во насока на x и y оската имаат спротивни насоки.

Сл. 3.5. Проводна контура над метална површина и нејзината огледална слика

21
 
 

Кога се анализираат електрични кола над заедничка проводна рамнина со користење на


огледални слики, се смета дека физичките полиња постојат само во половина од просторот и
дека зрачат само во половина од просторот и затоа може да се заклучи дека:
Капацитивноста на прачка над проводна површина е двојно поголема од
капацитивноста на прачка во слободен простор со двојно поголема должина и со точка на
напојување во центарот на прачката.
Индуктивноста на контурата над проводната рамнина има двојно помала вредност од
еквивалентната контура во слободниот простор.
 2 дипол во слободниот простор има двојна отпорност на зрачење 73.2 
споредено со  4 монопол над проводната рамнина 36.6 
Главниот приод при разгледувањето на огледалниот принцип дозволува да се извршат
следниве пресметувања на:
а) нормалната компонента на електричното поле на рамнината;
б) следствено, распоредот на полнежите на рамнината;
в) тангенцијалната компонента на магнетното поле на рамнината;
г) следствено, површинската струја на рамнината.
Идејата дека полето кое паѓа на една рамнина произведува компензирачко поле помага при
разбирањето на електромагнетните полиња и врски. Ако се разгледува една антена во форма
на прачка која е поставена во електромагнетно поле со својата оска паралелна на насоката на
јачината на електричното поле. Станува јасно дека имаме течење на струјата низ прачката која
го компензира полето кое е над металната површина (паѓа на неа) па така резултантното поле
е нула во секоја точка од површината и во секое време.
Главно можеме да заклучиме дека електромагнетното поле влијае на околната средина на
следниот начин:
- Создава електрични струи на металните површини;
- Резултат на овие струи е напон кој може да се детектира;
- Електромагнетното поле е носител на електромагнетна моќност и на енергија;
- Електричната компонента на електромагнетното поле води до густина на дисипацијата;
(загубите) на електричната енергија во рамките на еден диелектричен материјал кој
има загуби.
Но, може да се примени и еден реципрочен приод при кој важи дека:
- Ако струја со висока фреквенција протекува на површината на метално тело, доаѓа до
зрачење на електромагненто поле од површината;
- Ако металната структура е возбудена со напон со висока фреквенција тогаш доаѓа до
создавање на струи со висока фреквенција.
Овој реципрочен приод доведува до следното:
- Влезната имеданса на антената е иста кога работи како предаватели и како приемник;
- Дијаграмот на антената е ист и за случај на зрачење и за случај на примање.
Електромагнентите полиња може да се определат аналитички од Максвеловите равенки само
во случај на едноставен распоред на електричните кола. Во реален случај определувањето на
електромагнетните полиња се врши со одредени апроксимации и користење на соодветни
компјутерски програми.

4. ЕЛЕМЕНТАРНИ ДИПОЛИ

Наједноставната антена е Херцовиот дипол. Нејзина основна карактеристика е


нејзината должина да е многу мала споредена со брановата должина на електромагнетното
поле кое го зрачи. Ако се разгледува еден таков дипол со мала должина, струјата е
дефинирана како константна за сите положби во диполот, но истата временски се менува по
синусен закон. Електричните полнежи се акумулираат на краевите од диполот. Соодветно се
создаваат два вида на оптоварување со различен поларитет кои постојано се реакумулираат.

22
 
 

Сл. 3.6 Приказ на оптоварувањето на Херцовиот дипол, Т=период на една синусна осцилација

Помеѓу полнежите се појавуваат силниците на магнетното поле и се појавува зрачење на


електромагнетното поле во околниот простор. Херцовиот дипол може да се еквивалентира со
кратка прачка со две крајни плочи. На диполот му се доведува екситација преку врска која се
остварува на средина од прачката.

Сл. 4.1 Практична реализација на Херцовиот дипол

Наредна доста едноставна конфигурација е струјна контура, каде радиусот на контурата е


многу мал споредено со брановата должина на зрачењето. Во контурата протекува струја која
просторно е непроменлива но се менува со тек на времето. Струјата создава виртуелен
магнетен дипол, односно струјата создава магнетно поле кое се простира во околниот простор
како електромагнетен бран. На сл. 3.8 е преставена насоката и ознаката на компонентите во
соодветните координатни системи кои се користат за одредување на компонените на
електричното и магнетното поле од Херцовиот дипол и магнетниот дипол.

Сл.4.2 Ориентација на електричниот и магнетниот дипол

За Херцовиот дипол може да се изведат следниве равенства во комплексна форма:

2r         
2 3
Iˆ  l    j 
E   e  sin   
 j     (4.1)
2   2  r   2  r  2  r  

23
 
 

2r
2  Iˆ  l    j       
2 3

Er   e  cos     j   (4.2)
 2   2  r   2  r  
2r
Iˆ  l   j   
2
 
H  e   sin  
   j  (4.3)
2  2  r 

2  r 

Со делење на E  и H  се добива импедансата на зрачењето (импеданса на бранот) на
Херцовиот дипол:

      2 
  j    1
E  2  r   2  r  
ГW   Г0  (4.4)
H   
  j
 2  r 

Г0  (4.5)

За магнетниот дипол се изведуваат следниве равенства:

2r  2
    
3 j 3
2   sin      
H   Iˆ  R 2  e      j   (4.6)
 2  r  2  r   2  r 
3
   
2r
4 3 j   
3
  
2
H r  Iˆ  R 2  e   cos     j 

  (4.7)
3
  2  r   2  r  
2r
2 3  j      
2

2
E  Iˆ  R   e  sin    j   (4.8)
 3   2  r  2  r  
  
1 j  
 E  2  r 
W   0  (4.9)
H    2   
1     j 
  2r   2r 
На сл. 3.9 се претставени импедансите на полето за двата елементарни диполи како функција
од односот r  2  . Импедансата на полето на Херцовиот дипол во блиското поле (поле
блиску до изворот) е значително поголема отколку импедансата 0  377  . Импедансата на
магнетниот дипол е значително помала од 0 во блиското поле. Полето кое се создава од
Херцовиот дипол се нарекува поле со висока импеданса, а полето од магнетниот дипол се
нарекува поле со мала импеданса.

24
 
 

Сл. 4.3. Импедансата на полето од елементарни диполи како функција од растојанието

Во временскиот домен за елементарни диполи важат следниве равенства:

Херцов дипол:
       r       r  
3 2
Iˆ  l   
E t     sin     sin 
  t  
   cos   t    (4.10)

2   2  r  2  r    v    2  r    v  
  
2  Iˆ  l       2
  r    
2
  r  
Er t     cos    cos   t        sin   t    (4.11)
2   2  r    v    2  r    v  
 
Iˆ  l        r    
2
  r  
H  t    sin    sin     t        cos    t    (4.12)
2  2  r   v    2  r    v  

Магнетен дипол:
2 3    3     r    
2
  r  
H t   Iˆ  R 2   sin       cos
    t   
     sin   t    (4.13)
3  2  r  2  r    v    2  r    v  
   3   r  
2
4 3   r    
H r t   Iˆ  R 2  3  cos     cos    t        sin    t    (4.14)
  2  r    v    2  r    v  
    r  
2
2 2
3
   r    
E t   I  R  3 
ˆ  sin    cos    t        sin     t    (4.15)
   2  r   v    2  r    v  
Важна особина која се поврзува со равенките на полето е растојанието r  r0   2 . Тоа
растојание се нарекува растојание на транзиција. За растојанија r кои се значително помали
од r0 (во близина на диполот, полиња во близина на диполот), во изразот за полето се важни

25
 
 

само членовите r0 r 3 и r0 r  . За оддалечените полиња треба да се земат во предвид


2

само членовите каде полето зависи линеарно од r0 r .


Затоа при сите понатамошни разгледувања точката на премин (транзиција) од блиско поле во
оддалечено поле е врзана за растојанието r0   2 . Задоцнувањето на полето (временското
задоцнување помеѓу причината и последицата која е предизвикана од причината) се земаат во
предвид само во оддалечените полиња.
Сумарно за Херцовиот дипол важат следниве равенства:
За блиски полиња:
Iˆ  l  
3
   
E   j   sin     (4.16)
2   2  r 
2  Iˆ  l  
3
   
Er   j   cos     (4.17)
2   2  r 
Iˆ  l  
2
  
H   sin     (4.18)
  2  r 
2

E   
W     j0    (4.19)
H  2  r 

Оддалечените полиња:
2 r
Iˆ  l    j  
E  j  e  sin   (4.20)
2  2  r
Er  0 (4.21)
2 r
Iˆ  l   j
 
H  j e  sin   (4.22)
 2 2  r
W  0 (4.23)

Слично, за магнетниот дипол може да се смета дека важат следните апроксимации:

Блиско поле:
3 3
2   
H  Iˆ  R 2   sin    (4.24)
3  2  r 
3
4 3   
H r  Iˆ  R 2   cos    (4.25)
3  2  r 
3
2 3    
E   j  Iˆ  R 2    sin     (4.26)
3   2  r 
 E  2  r 
W   j0     (4.27)
H   
Оддалечено поле:

3 2 r
2 j 
H  Iˆ  R 2  e   sin  (4.28)
3 2  r
Hr  0 (4.29)

26
 
 

2 r
2 2 3 j  
E  Iˆ  R  e    sin   (4.30)
 3  2  r
 E
W   0 (4.31)
H

4.1 Претворување на растојанијата зa пресметка на електрични полиња

За време на мерењето на електромагнетното поле често е потребно да се изврши


претворување на растојанијата. На пример едно електрично поле е измерено на растојание 3
m од изворот. Но, од одредени причини потребно е да се знае полето на растојание од 10 m.
Значи се поставува прашање колкава е јачината на полето на растојание r1 ако е позната
вредноста на полето на растојание r2 ?
Равенките кои се однесуваат за елементарни диполи покажуваат дека главните
компоненти на полето (Е за Херцовиот дипол и H за магнетното поле зависат од r0 r 3 ,
r0 r 2 r0 r  . При еден поригорозен приод, може да се претпостави дека имаме зависност
и
на полето со r0 r  до точка r  r0 , а после во таа точка имаме зависност на полето со
3

r0 r  .
Процедура за претворување на растојанието:

1) За фреквенцијата која нè интересира растојанието r0 се пресметува од:


 c0
r0   (4.32)
2 2  f
2) Ако двете точки (растојанија) припаѓаат на блиските полиња r1  r2  претворувањето се
врши со 1 r3 :
r23
E1  E 2  (4.33)
r13
3) Ако двете точки се во оддалеченото поле, претворувањето се врши со 1 r :
r2
E1  E 2  (4.34)
r1
4) Ако едната точка е лоцирана во оддалеченото поле r2  а втората точка во блиското поле
r1  , претворувањето се врши со помош на равенството:
3
r   r0 
E1  E 2   2     (4.35)
 r1   r1 
Пример 4.1 На растојание од r2  20 m од електричен извор е измерено електрично поле со
јачина од E 2  80 dBV m со фреквенција f  3 MHz . Која јачина на електричното поле може
да се пресмета на растојание од r1  3 m од изворот.

Решение: Фреквенција од f  3 MHz соодветствува со точка на премин r0  15.9 m .


Следствено r2 е во оддалеченото поле и r1 е во поблиското поле. Со користење на
равенството (3.55) се добива:

27
 
 

3
 20   15.9 
E1  10 mV m      1.873 V m  125.4 dBV m (4.36)
 15.9   3 
4.2 Импеданси на полето

На слика 4.3 се претставени импедансите на полето од равенствата (4.4) и (4.9). Интересно е


да се забележи дека постои област во близина на точката на премин, каде импедансата на
Херцовиот дипол е помала од импедансата на магнетниот дипол и е помала од 377 . Исто
така постои област каде импедансата на магнетниот дипол е поголема од импедансата на
Херцовиот дипол и е поголема од 377 . И полињата со голема импеданса и полињата со мала
импеданса имаат импеданса на полето W  0  377  од точката r r0  1 . Со намалување
на растојанието импедансата на полето за полињата со големи импеданси се зголемува
согласно:
r0
W   0 (4.37)
r
И импедансата на полето за полињата со мали импеданси се намалува согласно:
r
W   0 (4.38)
r0
Од познавањето на импедансите на полињата можат да се извлечат следниве заклучоци:
Ако е познат изворот на зрачење (линеарна антена, прачка или струјна контура), можно е да се
направи конверзија помеѓу електричните и магнетните компоненти на полето.
Ако не е познат изворот на зрачењето, можно е да се предвиди неговата природа со мерење
на двете компоненти Е и H. Ако се познати карактеристиките на изворот може да се преземат
соодветни мерки за заштита од зрачењето.

5. АНТЕНИ И НИВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ

Честопати од интерес е проучувањето на однесувањето на антените (отпорноста на


зрачењето, ефективната должина на антената и јачината на полето во насока на главниот
сноп) кои имаат различна структура од претставените диполи. Во Табела 5.1 се дадени
најчесто застапените линеарни антени и нивните карактеристични вредности.
Карактеристичните параметри на антените се дадени во Табела 5.1.

Насоченоста на антената D односно нејзиното засилување Gk се дефинирани со:

Или поинаку кажано, насоченоста (усмереноста) на антената е максималната јачина на


зрачењето поделена со зрачењето на изотропно радијационо тело со иста вкупна моќност на
зрачење. Ако во оддалеченото поле на антената е избрано фиксно растојaние тогаш
насочениста може да биде објаснета на следниов начин: Насоченоста ни го покажува факторот
со кој моќноста која се зрачи од антената мора да биде помножена за да се користат изразите
за антена која зрачи изотропно или антена која има еднаков интензитет на зрачењето во сите
правци.
Засилувањето на антената се изразува во dB. Релацијата

Gk  10  log D (5.1)
важи во случај кога може да се занемарат загубите во антената.

28
 
 

Табела 5.1. Карактеристики на антените

Јачина на
Ефективн полето во
а Ефективн насока на
Отпорност на
Распеделба Насочено површин а висина главниот
Антена зрачењето R во
на струите ст а на сноп Е во
Ω (оми)
на антената V/m, I во А, P
антената во W и r во
m.
Изотропна 2 5.48
антена
- 1 - -  P
4 r

Херцов 2 L2 60  I L
дипол
1.5 1.5  L 80    2
 r
4 2
Кратка 
антена на 2 h2 120 I h
проводна
3 3 h 160    2
r
4 2
рамнина
Краток 
дипол без 2 L L2 30  I L
капацитет
1.5 1.5  20   2   r
4 2 2
на врвот
Кратка
антена на 
2 h h2 60  I h
проводна 3 3 40   2   r
рамнина 16 2 2
без товар
 2- 2  I
1.64 1.64  73,1 60 
дипол 4  r
 4-
монополн 2  I
3.28 3.28  36,6 60 
а 16 2 r
проводна
рамнина
Мала 4 2  F 2
2 2  F 2 FI
контура во 80   2  120
- 1.5 1.5  4 2  r
слободен 4 
простор
Целобран 2 I
ов дипол
2.41 2.41  - 199,1 120 
4 r

5.1 Ефективна површина на антената, ефективна висина, отпорност на зарачењето

Ефективната површина на антената кој го прима сигналот Aw помножена со


густината на моќноста на местото каде е инсталирана антената:
1 1 E2
S EH   (5.2)
2 2 0
(Каде 0 е импеданса на полето, E и H се максимални вредности на јачината на
електричното и магнетното поле)
ја дава моќноста, која во суштина претставува моќноста која се предава на антената приемник
и се пресметува од:

29
 
 

1 1 E2
Pmax   E  H  Aw    Aw (5.3)
2 2 0
Максимална потрошувачка на моќност се постигнува ако влезната импеданса на приемникот е
еднаква на коњугирано комплексната вредност на импедансата на антената.
Ефективната висина на антената l w е замислена величина која помножена со јачината
на полето на местото каде е инсталирана антената го дава напонот на антената при отворено
коло.
U L  lw  E (5.4)
Отпорноста на зрачењето Rr кај една антена која нема загуби е еднаква на реалниот
дел од влезната импеданса на антената. Може да се смета дека има својствата на една
отпорност кој може да припаѓа на било која произволна електрична компонента.
1 ˆ
Pmax   I  Rr (5.5)
2
Каде Iˆ = максимална вредност на струјата на напојување кој предизвикува зрачење.
Во општт случај, за една антена еквивалентното коло може да се прикаже во следниот облик.

Сл. 5.1 Еквивалентно коло на антената приемник

Z A - импеданса во точката на напојување, влезна импеданса


Z E - влезна импеданса на приемникот
Ако се претпостави дека максималната моќност Pmax која е на располагање од страна на
антената приемник се добива, ако влезната импеданса од приемникот Z E е комплексно

коњугиран број Z E  Z A
*

од импедансата на антената во точката на напојување. Тогаш
може да се добие релацијата која ја поврзува ефективната површина на антената,
ефективната висина на антената и отпорноста на зрачењето.

l w2  0
Aw  (5.6)
4  Rr
Јачина на полето во насока на главниот сноп на зрачењето:

Насока на главниот сноп, е насока во која антената произведува најголема јачина на полето во
област на оддалеченото поле. За антените кои се во форма на прачка (шипка) оваа насока е
насоката која е нормална на оската на антената. За антени во вид на затворени контури,
насока на главниот сноп е во насока на површината на контурата (нормално на векторот на
затворената контура).

Неколку забелешки во однос на предвидување на l w и Rr :


Параметрите l w и Rr може да се изведат од равенствата за елементарниот дипол. Во случај
на централно напојувана линеарна антена струјата низ антената може да се апроксимира со
следново равенство:
2  l 
I z   I 0  sin   z  (5.7)
 2 

30
 
 

(антената е поставена во насока на z оската и се напојува во точка z  0 ).

Пресметката на струјата низ антената може да биде изведена на следниот начин. Ако се
разгледува еден краток сегмент dz со константна струја согласно равенството (5.7), тогаш
сите претпоставки кои се однесуваа на Херцовиот дипол се исполнети и е потребно само да се
соберат елементарните делови dz со помош на интеграција. Со користење на овој метод може
да се добие отпорноста на зрачењето Rr .
Густината на моќноста која се зрачи во оддалеченото поле помножена со бескрајно мал
елемент од површината се интегрира по површината на сферата. Ако овој резултат се подели
со квадратот на струјата во точката на напојување се добива отпорноста на зрачењето.
 
 S  dA
сфера
Rr  (5.8)
I2
5.2 Изведување на равенството за радар

Со користење на резултатот за ефективната површина на антената може да се изведе


равенството за радар. Познавањето на равенството за радар овозможува предвидување на
потенцијалот за создавање на пречки од страна на изворот кон одреден електричен уред.
На растојание r една изотропна антена произведува густина на зрачењето
Pab  
S  e  S Si  er (5.9)
4  r 2

Ако антената има засилување G S во насока на главниот сноп се добива густина на зрачењето
од:
Pab  G S
SS  (5.10)
4  r 2
Ако втора антена со ефективна површина на антената AE се инсталира на растојание r,
максималната моќност која се прима од страна на втората антена може да се пресмета со:
Pab  G S
P Empf  S S  AE   AE (5.11)
4  r 2
Со користење на релацијата
2
AE  G E  (5.12)
4
Се добива:
2
  
PEmpf  Pab  G S  G E    (5.13)
 4  r 
5.3 Проценка на јачина на полето од антени со отвори

Досега беа разгледувани линеарни антени (антени каде главната градба се состои од
линиски елементи, прачки, жици или кабли). Често треба да се изврши пресметка на полето кое
се добива од антени кои имаат отвори. Проценка на вредноста на јачината на полето во област
на оддалеченото поле е релативно едноставна ако се знае засилувањето на антената или
ширината на снопот кај неа. Многу потешко е да се предвиди јачината на полето во област која
се нарекува - област на формирање на снопот. Тоа е област каде преку суперпозиција на
поединачните зраци се формира радарскиот сноп. Во следните точки се дадени равенставата
кои овозможуваат приближна пресметка на зрачењето во областа на блиското поле кај антени
со отвори. Општо, кога се разгледува една антена треба да се прави разлика помеѓу областа
на блиското поле, која се нарекува Фреснелова област за антените кои имаат отвори и областа
на оддалеченото поле која се нарекува Фраунхоферова област. Фраунхоферовата област е
област во која веќе е формиран снопот и кај која имаме намалување на снопот со зависност
1 r . Во Фреснеловата област може да се забележи појава на пречки кои имаат свои
максимуми и минимуми.

31
 
 

5.4. Густина на моќноста и јачина на полето во област на оддалеченото поле

Во област на оддалеченото поле каде векторите на електричното и магнетното поле се


заемно нормални и имаат исти фазни агли, густината на моќноста S (амплитудата на
Поинтиговиот вектор) е дадена со:

S  E  H  E 2 0 (5.14)
Каде E и H се ефективни вредности на електричното и магнетното поле и 0  377  .
Ова равенство важи до растојанија од антената
2  D2
r0  (5.15)

D = дијаметар на кружна антена со отвори
 = бранова должина
Следствено, дијаметорот D мора да биде поголем од брановата должина. Растојанието r0 е
растојание на премин.
За еден изотропен сферичен радијатор, кој емитира моќност P , густината на моќноста во
оддалеченото поле е:
P
Si  (5.16)
4  r 2
За една антена со засилување G равенството се модифицира во форма:
P G
S (5.17)
4  r 2
Равенството кое ја дава јачината на електричното поле во област на оддалеченото поле е
дадена со:
5.5
E  PW   G V m (5.18)
r m
Во нормални случаи засилувањето на антената G е познaто. Доколку истото не е познато
може да се пресмета од геометриската површина на антената. Засилувањето G зависи од
ефективната површина на антената и брановата должина на сигналот кој се зрачи:

4  Ae
G (5.19)
2
Ефективната површина на антената Ae е помала од геометриската површина A на антена со
отвори. Односот помеѓу ефективната површина Ae и геометриската површина се нарекува
коефициент на полезно дејство :
Ae    A (5.20)
Следствено засилувањето е дадено со:
4  A
G   (5.21)
2
За кружна антена геометриската површина е дадена со:
  D2
A (5.22)
4
Кога имаме елиптични антени со дијагонали La и Lb површината A може да се пресмета со
следново равенство:
  La  Lb
A (5.23)
4
Единствена препрека во ваквото сметање на јачината на електричното поле претставува
познавањето на коефициентот на полезно дејство на антената. Доколку се нема на

32
 
 

располагање други податоци може да се смета дека антената има коефициент на полезно
дејство   1 .

5.5. Моќност на зрачењето и јачината на електричното поле во областа на блиското поле

Областа на блиското поле кај антени со отвори се протега од растојание r , каде r  D , сè до


точката на премин r0 . Точката на премин се пресметува од:
r0  2.55  A  (5.24)
За точката на премин, моќноста на зрачењето се пресметува од:

P G
S0  (5.25)
4  r02
Со користење на ова равенство се добива моќноста S n во областа на блиското поле:
 2 2 
S n  26.1  S 0  1   sin w  2  1  cosw (5.26)
 w w 
 r
Каде w  и x .
8x r0
Функцијата од равенството (5.26) добива максимална вредност за x  0.1 што одговара на
r  0.1  r0 . Максималната вредност на моќноста е S n  41.3  S 0 .
Ако се бара вредноста на јачината на електричното поле таа се пресметува од:
E n  S n  0 (5.27)
при што равенството (5.27) ја дава ефективната вредност на јачината на електричното поле.
На слика 5.2 е прикажана моќноста во однос на S 0 . Распределбата на моќноста на зрачењето
е добиена со користење на равенствата (5.26) и (5.27).

Слика 5.2 Моќноста на зрачењето од антената како функција од растојанието

6. МОДЕЛ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ ПРЕЧКИ

Моделот со кој се прикажуваат електромагнетните пречки и влијанија се состои од:


изворот на пречки, врските, и објектот кој ги трпи дадените пречки. Таков еден модел е
прикажан на сл. 6.1 и воедно прикажани се и мерките кои се преземаат за да се намалат
пречките.

33
 
 

Сл. 6.1 Модел на електромагнетни пречки

Преносот на електромагнетните пречки од изворот до објектот кој ги трпи може да се одвива


преку:
Галванските врски (преку заеднички импеданси);
Капацитивни врски (со помош на електричното поле);
Индуктивни врски (со помош на магнетното поле);
Електромагнетни врски.
Физички, секое поврзување е резултат на постоење на електромагнетно поле. Доколку се бара
изворот на пречки во врските, тогаш е добро да се употреби методот на елиминација каде што
најпрво се земаат во предвид сите можни врски помеѓу елементите како извор на пречки, а
потоа чекор по чекор се врши елиминација сè додека моделот не се намали до точка каде
останува да бидат анализирани само неколку врски.

За таа цел ќе биде изложена процедура за елиминација на пречките која се состои од неколку
чекори:
Прв чекор: Кога се анализира појавата на електромагнетни пречки, најчесто е познат
ефектот кој го предизвикуваат тие пречки. Задачата се состои во детектирање на точката на
влез на сигналот на пречка. Сигналот на пречка може да стигне до електронските уреди, кои се
многу подложни на пречки преку напојувањето, сигналните линии, сензорите и актуaторите или
може да биде резултат на директно зрачење. Решението често може да се добие ако се
примени постапката на постепено исклучување (пример пречки кои потекнуваат од изворот на
напојување може да се елиминираaт доколку уредот се напојува од батерија или пречките кои
се резултат на електромагнетното зрачење може да се елиминира ако уредот е оклопен).
Користењето на генератор кој дава повеќекратни импулси со одредена стрмнина е често
користен метод за истражување на пречките кај електронските кола, особено при
пронаоѓањето на влезот на пречката во колото.
Втор чекор: Ако пречката е добро дефинирана, постојано се јавува или се
репродуцира, вториот чекор е да се најде изворот на пречката. Во ваков случај кога имаме
извор кој емитира константна електромагнетна пречка и се познати ефектите кои таа пречка ги
предизвикува, наоѓањето на изворот на зрачењето не одзема многу време. Многу потешко е да
се најде изворот на пречката кај извори кои повремено емитуваат пречки. Уредите кои вршат
следење на напојувањето помагаат во голема мера во изнаоѓањето на изворот на повремени
пречки.

34
 
 

Трет чекор: Ако е пронајден изворот на пречки, потребно е да се извршат одредени


истражувања во однос на врските. Ова се однесува во случај да објектот кој е подложен на
пречки има задоволителен имунитет во однос на пречки според атестите за истиот и изворот
на пречката произведува сигнал кој ги надминува граничните вредности. Ако се појавуваат
одредени некомпатибилности може да се смета дека има одредени грешки во каблирањето
или заземјувањето.
Со цел да се илустрира овој модел ќе бидат разгледани три случаи на пречки кои ќе
бидат разгледани преку моделот на пречки и ќе се разгледаат можните патеки каде има појава
на пречки.
Пример 6.1 (Проблем во изворот на зрачењето): Забележан е проблем во еден голем
сметачки центар за процесирање на податоци каде биле сместени 25 компјутерски монитори.
Биле забележани пречки во сликата на екраните во еден точно одреден агол во собата.
Објект кој е подложен на пречки: На мониторите имало појава на слика која трепери и имало
појава на одредени замаглени линии. Појава на вакви електромагнетни пречки е резултат на
влијание на несакани ниско-фреквентни магнетни полиња со голема амплитуда. После
извршените мерења е утврдено присуство на магнетно поле со фреквенција 50 Hz и амплитуда
од 3 до 6 A/m.
Извор на пречки: Ниско-фреквентни магнетни полиња со ваква амплитуда се резултат на
несиметрични струи. Тие може да се произведуваат од среднонапонските трансформатори.
Заклучено е, дека можен извор на пречки може да биде неутралниот проводник помеѓу двете
згради. Пронајдено е постоење на кабел за напојување на системот за разладување во
подрумската просторија под сметачкиот центар. За да може да се произведе поле со јачина од
3 до 6 A/m потребно е протекување на струја од 30 A низ неутралниот проводник. После
извршените мерења утврдено е протекување на струја од 35 А, односно констатирано е дека
извор на електромагнетните пречки е одредена грешка во уредот за разладување.

Пример 6.2 (Проблем кај објектот подложен на пречки): Во една оперска куќа забележани
се повремени пречки во комплетното осветлување (во траење од 2 дена и со фреквенција на
појава еднаш месечно). Осветлувањето е управувано од систем за управување кај кој е
константирано дека има проблеми.
Објект кој е подложен на пречки: После визуелна инспекција утврдена е грешка во системот за
програмирање на осветлувањето. Системот се состoел од голем број лизгачки потенциометри
и е претпоставено дека тие се причина за грешката. Според визуелната проверка аналогните
лизгачки потенциометри (регулатори) не биле добро оклопени.
Извор на пречки: Во текот на еднодневното истражување не бил утврден изворот на пречки.
Патека на пречките: Претпоставено е дека има директно зрачење врз аналогниот
управувачки систем.
Дијагноза: со користење на соодветна мерна опрема утврдено е дека недоволната имуност на
контролниот систем била причина за пречки во осветлувањето.

Пример 6.3 (Проблеми во врските): Забележани се пречки при приемот на ниско-фреквентни


сигнали кај една подморница. Утврдено е дека пречките не зависеле од длабочината на која се
наоѓала подморницата.
Објект кој е подложен на пречки: При прием на ниско-фреквентни сигнали во распон од 20 до
50 kHz, утврдено е присуство на сигнали во распон од 4 kHz, кој највероватно потекнувале од
самите системи кои се вградени во подморницата.
Извор на пречки: Утврдено е дека статичкиот преобразувач кој имал саатна фреквенција од 4
kHz е извор на пречки. Исклучувањето на преобразувачот кое придонело до исчезнување на
пречките ја потврдило претпоставката.
Патека на пречките (врски): Според ЕМК стандардите, сите кабли кои излегуваат од
одредена просторија треба да се заземјени во точката на поминување со специјална кабелска
врска. Утврдено е постоење на слаба врска (заземјување) во една одредена точка која
предизвикала емитирање на сигнал од подморницата кон околната средина и истиот тој сигнал
е детектиран од страна на приемникот за многу ниски фреквенции.
Пречките кои се јавуваат во области на пониски фреквенции (до 1 MHz), ако се занемарат
пречките од радио сигналите, причината за нивното појавување дека е најчесто резултат на
недоволно или погрешно заземјување.
Пречки кај електронските кола во распон на средни фреквенции (од 1 до 100 MHz) се јавуваат
во близина на јаки радио станици. Објектот кој е подложен на пречки мора да имал кабли со
бранова должина ( / 4 ,  / 2) , кои се јавуваат како антени за прием. Ако се зголемува

35
 
 

фреквенцијата (над 100 MHz) потребно е да се земат во предвид поголем број на аспекти во
градбата и заземјувањето со цел да се намали емисијата на пречки и да се подобри
имунитетот. Кај дигиталните кола се јавуваат пречки од сигнали кои се проведуваат низ
проводници (транзиентни сигнали поради вклучување и исклучување на одредени уреди, струи
на куса врска во паралелните далеководи, напони од атмосферски празнење и струи).
Зголемено ниво на пречки над 1 до 5 MHz укажува на неправилно филтрирање или погрешна
инсталација на филтри. Со цел да се постигне успех во областа на ЕМК потребно е да се знае
апсолутната висина или амплитудата на сигналот на пречка и да се развие чувствителност на
истиот. Амплитуди на полето од 1 до 10 V/m за пренос на радио сигнали и од 1 до 10 μV/m за
сигнали кои се примаат се сметаат за нормални. Исто така потребно е одредено знаење за
подложноста на електронските кола на транзиентни сигнали кои предизвикуваат пречки.
Приближно тие вредности се следни:
1 kV импулсен напон за брзи транзиентни промени на напонот (поворка од импулси) и
1 kV импулсен напон за напонски бранови (единечен импулс со голема енергија каде челото на
бранот има времетраење од 1 s ) и
4 – 8 kV импулсен напон за електростатски празнења.
На слика 6.2 е прикажан графикот на несиметричен импулсен напон кој може да се појави во
ниско напонските напојувања. Графикот е прикажан како функција од наднапоните, односно
покажува колку наднапони со амплитуда u  uˆ се појавуваат во време од 1000 часа. Според
оваа слика, во една ниско напонска мрежа можно е да се случи да има повеќе од 90 импулси
во тек на 1000 часа со амплитуда поголема од 1 kV.

Сл.6.2. Несиметрични над-напони во нисконапонското напојување, прикажани како честота на


појавување на наднапоните H u  û 1000 часа

6.1 Галванско поврзување

Галванска врска помеѓу две сигнални кола (Сл. 6.2) се појавува ако сигналните струи течат низ
заедничката импеданса. Како резултат на падот на напонот на заедничката импеданса,
информацијата се пренесува од едно коло на друго. Заедничката импеданса може да биде
резултат на: заеднички референтен проводник или несиметрични системи со заедничко
заземјување.

Сл. 6.3. Принцип на галванско поврзување

36
 
 

Напон на пречки во колото кое ги трпи пречките се појавува за Z k  Z i  Z L и тогаш


U1
U2  Zk (6.1)
Z i  ZL
Примерот на слика 6.3 покажува дали и кога галванските врски може да претставуваат
проблем. Од овој пример може да се заклучи дека во системи каде има галванско поврзување
нема да се јават проблеми во однос на електромагнетни пречки само ако:
 Ако на изворите на пречки, вклучувајќи ги надворешните извори, се изврши
соодветна проценка.
 Односот помеѓу сигналот и шумот е доволно голем.
 При надградување на колото или системот се зема во предвид постоењето на
галванските врски.
Импедансата која ја создава галванската врска Z k  се состои од активен и индуктивен дел.
Z k  R  jL (6.2)
Активната отпорност воглавно создава пречки со помали фреквенции и со мали амплитуди на
сигналот (видео сигнали, колата на микрофоните, соларните системи). Со зголемување на
фреквенцијата и со зголемување на косината на импулсите, индуктивниот дел од импедансата
Z k се јавува се повеќе како извор на пречки.

6.1.1. Мерки за намалување на пречките при галванско поврзување

Мерки за намалување на пречките при галванско поврзување се:


1. Одвојување на заземјувањето за дигиталните сигнали, аналогните, напојувањето,
2. Ограничување на импедансите на врски,
3. Галванско раздвојување,
4. Изработка на референтен проводник со мала импеданса (користење на референтна
рамнина)
Галванско раздвојување може да се постигне со користење на:
1. Електромехнаички принципи (релеи)
2. Електромагнетни принципи (трансформатор)
3. Електрооптички принципи (оптички концетратор, оптички кабли)
Намалување на импедансите на врските со цел да се добие една конструкција со мала
импеданса се постигнува за активната отпорност R  со:
1. Доволно голем напречен пресек на жицата
2. Со премин со мала импеданса кај местата на врзување, односно точките на
поврзување
За индуктивниот дел L  :
1. со кабли со мали должини,
2. напречни пресеци со голема широчина во однос на дебелината (најмалку 5:1),
3. мали растојанија помеѓу проводникот кој ја проведува струјата во насока напред и
назад.
Референтен проводник со мала импеданса (проводник кој е врзан за земја) се добива со
заменување на референтниот проводник со референтна рамнина. Во еден поголем систем
сите метални делови треба да се поврзани за референтниот систем и доколку тоа е возможно
поврзувањето треба да биде повеќекратно.

6.2 Капацитивно поврзување

Имаме појава на капцитивно поврзување ако поврзувањето се одвива воглавно преку


електрично поле.

Предуслови за пречки кои потекнуваат од капацитивни врски се:


1. Извор на пречки со нагли осцилации во напонот (проводникот 1 над рамнина).

37
 
 

2. Објект подложен на пречки со голема импеданса (проводникот 2 над земја на слика


6.4).

Сл. 6.4 Капацитивно поврзување

Ако се вовeде параметарот a , како растојание помеѓу проводникот 1 и проводникот 2, и a '


како растојание помеѓу проводникот 1 и огледалниот проводник во однос на проводникот 2, се
добиваат следниве парцијални капацитивности:
2  h2 a'
ln  ln
r2 a
C10  2    l  (6.3)
2  h1 2  h2 a'
ln  ln  ln 2
r1 r2 a
2  h1 a'
ln  ln
r1 a
C 20  2    l  (6.4)
2  h1 2  h2 a'
ln  ln  ln 2
r1 r2 a
a'
ln
C12  2    l  a (6.5)
2  h1 2  h2 a'
ln  ln  ln 2
r1 r2 a
Електричните и геометриските параметри од овој пример се:
U 1  1 V , f  1 kHz,
h1  10 cm, h2  10 cm, d  25 cm
r1  r2  6 mm.
Од овие податоци следниве капацитивности по единица должина се пресметани:
C '10  14.8 pF m ,
C ' 20  14.8 pF m ,
C '12  1.222 pF m ,
Ако се земе во предвид дека има линија долга 10 m за фреквенција од f  1 kHz, се добива:
Z 10  Z 20   j  1.08 M,
Z 12   j  14.2 M.
Ако краевите на вториот проводник се врзат накусо се добива струја на куса врска:
I k   j  U 1    C12   j  70 nA.
Параметарот 1  j    C12  ја дава внатрешната импеданса на изворот. Ако линијата е
оптоварена со отпорност R L  1 k , струјата која протекува низ товарот е скоро иста со

38
 
 

струјата на куса врска која е пресметана претходно. Напонот на оптоварувањето станува многу
мал, и тогаш:
U 2 L  I k  RL   j  U 1    C12  RL   j  70 V .
Доколку постојат капацитивни врски многу брзо доаѓа до појава на напон на пречки.
Внатрешната импеданса на изворот на електрични пречки, која се пресметува од соодветната
придружна капацитивност (во многу случаи од капацитивноста помеѓу проводникот кој го носи
напонот и сигналната линија (проводник) која се наоѓа во неговото поле) е многу голема. Ова
резултира со значителни напони на пречки во струјните кола кои се одликуваат со голема
импеданса.

6.2.1. Мерки за намалување на капацитивните врски

За намалување на капацитивните врски се користат следниве мерки:


1. Изворот на пречки и објектот кој ги трпи пречките треба да бидат конструирани и
инсталирани во склоп на системот така да капацитивните врски се многу мали. Тоа
значи: да се има максимално можно растојание помеѓу уредите, користење на
природни оклопи, изработка на компактна конструкција на поединечните уреди.
2. Изворот и објектот кој ги трпи пречките треба да бидат околопени.
3. Проблемите кои се јавуваат како резултат на постоењето на капацитивните врски кај
каблите може да се решат со симетричен распоред на поедините проводници.
На слика 6.5 е претставен распоред на четири проводника кои припаѓаат на две струјни
кола. Ако односот на напоните помеѓу 1 и 1’ преку C12 ' и C1' 2 ' е еднаков со односот на
напоните преку C12 и C1' 2 не доаѓа до појава на напон на пречки (кој е резултат на
капацитивните врски) во системот означен со 22’. Или во поопшта форма овој услов е
задоволен ако:
C12' : C1'2'  C12 : C1'2 (6.6)
4. Амплитудата и стрмината на промените на напонот во склоп на системот кој
произведува пречки треба да се држат на што пониско ниво.
5. Системот кој е подложен на пречки треба да биде така направен да има импеданса
што е можно помала.

Сл. 6.5 Распоред на четирите проводниците кои припаѓаат на две различни кола

6.3 Индуктивни врски

Индуктивните врски го опишуваат преносот на сигналот од еден систем на друг преку


магнетното поле. Било која електрична опрема низ која протекува временски променлива
струја, може да се смета за потенцијален извор на пречки. Конкретно, енергетските кабли кои
одат до електричните машини, уредите во кои има тиристори, самиот дистрибутивен систем,
лифтовите итн., се сметаат за потенцијален извор на пречки. Предуслови за да има појава на
индуктивни врски се:
1. Извор на пречки со големи, нагли промени или временски променливи струи (колото 1
од сл. 6.6).

39
 
 

2. Приемникот на пречките кој се состои од проводна контура, каде магнетниот флукс од


изворот може да индуцира напон на пречки (колото 2 од сл. 6.6).

Сл. 6.6 Индуктивни врски помеѓу двете сигнални кола

На отворените краеви на втората контура се добива напон на отворено коло:


di12 d
u L 2   M 12    12 (6.7)
dt dt
Ако се земат во предвид синусните временски променливи големини равенството (6.7) може да
се напише во форма:
U L 2   j    M 12  I 1 (6.8)
Ако втората контура е затворена, доаѓа до протекување на струја на куса врска која е воглавно
ограничена со надворешното оптоварување ( Z 2 од слика 6.6). Ако надворешното
оптоварување Z 2 е приближно еднакво на нула, тогаш струјата е определена од сопствената
индуктивност на второто коло ( Z self  R  j    L2 , R  активниот дел, L2  сопствената
индуктивност). Ако се занемари влијанието на второто коло врз првото и за фреквенции за кои
важи дека   L2  R , се добива една многу важна равенка од аспект на ЕМК.
j    M 12  I 1 M 12
I2    I1 (6.9)
j    L2 L2
Равенството (6.9) покажува дека струјата I 2 во втората контурата (вобичаено тоа започнува
при фреквенции од 1 kHz ) е еднаква на струјата I 1 во контурата која се наоѓа во нејзина
близина помножена со односот на заемната индуктивност M 12 и сопствената индуктивност
L2 .
Ако треба да биде земено во предвид влијанието на втората контура врз првата,
потребно е да се анализира колото кое е претставено на сл. 6.7. Ако се земе во предвид дека
изворот на напојување е со синусен променлив напон може да се изведат следниве равенства:
U 0  I 1  Z1  I 2  j    M 12 ,
(6.10)
0  I 2  Z 2  I 1  j    M 21  I 2  Z 2  I 1  j    M 12 ,

40
 
 

Сл. 6.7 Шематска престава на затворените струјни контури од слика 6.6


Од равенството (6.10) се добива:

U 0  j    M 12 U j    M 12
I2   0 2 (6.11)
  M 12  Z 1  Z 2 Z 1   M 122
2 2
Z2
Z1
Ако се претпостави дека Z 2  0 тоа значи дека се смета дека имедансата Z 2 се состои
главно од индуктивниот дел. Тогаш може да се напише:

U0 j    M 12
I2   2 (6.12)
Z 1   M 122
 j    L2
Z1
Од равенството (6.12) може да се види дека во споредба со равенството (6.9), влијанието на
второто струјно коло врз првото може да се занемари ако е исполнет условот:

 2  M 12
2
 Z1    L2 (6.13)
што може да се претпостави дека е скоро во сите случаи на ЕМК.

6.4. Магнетно раздвојување

Ако имаме два пара на проводници кои се поставени паралелно како што е прикажано на сл.
6.8 а) и б) тогаш може да се изведе равенството (6.14) за взаемната индуктивност на двата
пара на проводници.
l s s
M 12   0   ln 14 23 (6.14)
2 s13  s 24

Сл. 6.8. Распоред на два пара на проводници кои се индуктивно поврзани

Оваа формула важи за било кој распоред на два пара од проводници од кој секој е составен од
по два паралелно поставeни проводника. Ако проводниците се поставени симетрично како што
е прикажано на слика 6.8 б) има едно оптимално магнетно поврзување. Магнетно раздвојување
може да се постигне ако колото 3-4 се заротира за 90º (Слика 6.8 а)). Електрично раздвојување
се постигнува ако капацитивностите C13 и C 23 станат еднакви, исто како што капацитивностите

41
 
 

C14 и C 24 стануваат еднакви. Воопштено, може да се каже дека за секој распоред на


проводниците при кој важи дека:

s14 : s13  s 24 : s 23 (6.15)

се постигнува магнетно раздвојување.

Сл. 6.9 Магнетно раздвојување

Поголема стабилност се постигнува во механички и електричен смисол ако колото 3-4 се


помести кон лево се до точка во која доаѓа до формирање на симетричен распоред од четири
проводника како што е прикажано на Слика 6.9. Ако вака распределените четири проводника
се упредат се јавува едно електромагнетно раздвојување во однос на околината како и
меѓусебно електрично и магнетно раздвојување.

6.5. Дефинирање на ефективната взаемната индуктивност кај повеќежилен кабел

Кога се разгледуваат врските кои се јавуваат кај трифазните големини, можно е да се


дефинира ефективната взаемна индуктивност на еден трифазен систем. Овој параметар го
зема во предвид фазното однесување на струите во склоп на еден одреден геометриски
распоред. За да се објасни погоре наведенотo се разгледува еден распоред на проводниците
кој е даден на слика 6.10

Сл. 6.10 Дефинирање на ефективна заемна индуктивност при одреден распоред на трифазни
променливи големини

На сл. 6.10 делот од колото каде се чувствува влијанието на кабелот, односно влијанието на
струите кои протекуваат низ неговите проводници е површината помеѓу оклопот на кабелот и
блиската рамнина која се зема дека е на потенцијал на маса.
Заемната индуктивност може да се определи за секоја фаза, и тоа води до следново
равенство:
U i   j    M 1  I 0  j    M 2  I 0  e j120  j    M 3  I 0  e j 240
 
(6.16)
Со преуредување на равенството (6.16) се добива:

U i   j    I 0  M 1  M 2  e j120  M 3  e j 240
 
 (6.17)

42
 
 

кое води до следната дефиниција:


 
M eff  M 1  M 2  e j120  M 3  e j 240 (6.18)
Со земање во предвид на релацијата:
 3 j 240 3
e j120  0.5  j  и e  0.5  j  (6.19)
2 2
Се доаѓа до следново решение:
1 1 3 3
M eff  M 1  M2  M3  j  M2  j M3 
2 2 2 2 (6.20)
ј
 М  М  М  М1  М 2  М1  М 3  М 2  М 3  е
1
2 2
2
2
3
Односно
3 M2  3 M3
  arctan (6.21)
2  M1  M 2  M 3
Ако нè интересира максималната вредност на напонот кој делува во контурата, односно
површината помеѓу кабелот и рамнината пресметката се намалува, односно се сведува на
одредување на апсолутната вредност на заемната индуктивност.
Индуцираниот напон е даден со:
U i    I 0  М 12  М 22  М 32  М 1  М 2  М 1  М 3  М 2  М 3 (6.22)
Ефективната заемна индуктивност може да се дефинира за сите случаи каде се знаат фазните
поместувања во изворот на пречки и соодветно може да се земат во предвид при пресметките
на заемните индуктивности. На сл. 6.11 е даден пример за примена на ефективната заемна
индуктивност кај два пара на упредени жици.

Сл. 6.11 Пример за дефинирање на ефективната заемна индуктивност за r  10 cm ,


S1  1 m , S 2  0,5 m , радиус на јадрото за двете упредени жици RS  1 cm

6.6 Мерки за намалување на индуктивните врски

Следниве мерки се преземаат со цел да се постигне намалување на индуктивните врски:

43
 
 

1) Намалување на површините на проводните струјни кола, односно затворените


проводни контури и/или зголемување на растојанијата помеѓу изворот на пречки и
објектот кој ги трпи пречките.
2) Магнетно раздвојување преку воспоставување на симетричен распоред на
проводниците.
3) Упредување на јадрата на проводниците, при што се избегнува иста должина на
упредување за проводници кои се поставуваат (инсталираат) во паралела.
4) Да се избегнува инсталирање во паралела на два кабли кои се подложни на взаемно
влијание и се осетливи на надворешните влијанија.
5) Да се држи амплитудата и стрмнината на промените на струјата мала во
дистрибутивните системи.
6) Конструкцијата на објектот кој е подложен на пречки да е со мала импеданса.
7) Примена на, по потреба, изработени оклопи.

6.7 Електромагнетни врски

По дефиниција, секоја врска која е резултат на протекување на струја или воспоставување на


напон се нарекува електромагнетна врска или електромагнетно поврзување. Со цел да се
поедностават заемните електромагнетни врски во овој дел е опишан процес на поврзување во
кој димензиите на системот не се повеќе мали споредено со брановата должина. Преминот
помеѓу стационарна и високофрекветна област е l   10 , каде l е најголемата геометриска
димензија на системот кој се разгледува.
Ако геометриските димензии се поголеми од  10 на фреквенцијата која ја
разгледувамe, ќе се појават одредени појави како што се фазните разлики во одредениот
фреквентен распон, кој не може да се занемарат. Значи не може да се земе повеќе во предвид
дека имаме едновременост на електромагнетните влијанија. Следствено не може да се
воспостави општа процедура која треба да се следи за утврдување на електромагнетните
влијанија. Од аспект на анализа која е потребна за процена на ЕМК и точноста која се бара во
рамките на ЕМК може да се добијат одредни резултати со користење на теоријата на антена.
Најпрво, може да се направат одреден претпоставки за да се одговорат следниве прашања:
 Дали постои вистинска опасност што е резултат на заемното влијание преку
електромагнетнот поле или не?
 Дали може да се јават пречки во радио приемот како резултат на влијанија од
електронски уреди?
 Дали радиозрачењето од одредена лиценцирана радиостаница може да предзвика
проблеми во работата на електронските уреди?

При користењето на теоријата на антена е разгледан примерот на елементарни диполи кои


може да бида претставени со  2 антена во случај кога работи како предавател и како
приемник на зрачењето. Претпоставките и релациите кои се изведени за оддалеченото поле
важат за случај кога растојанијата се поголеми од  2 . Во подрачјето помеѓу  10 и  2 се
користи  2 моделот и статичкиот модел.

6.7.1 Мерки за намалување на електромагнетните врски

Електричните и магнетните врски се само специјални случаи на електромагненто


поврзување. Местото на премин од електрична и магнетна врска кон електромагнетна врска е
специфицрано да биде l   10 ( l  најголемата геометриска димензија,   бранова
должина на фреквенцијата која се разгледува или бранова должина на највисоката
фреквенција која се разгледува). Како последица на тоа, мерките за намалување на
електромагнетните врски и влијанија може да се дефинираат попрецизно и тие вклучуваат:

1.) Компактна конструкција на уредите.


2.) Симетрично пренесување на сигналите.

44
 
 

3.) Заземјување на уредите со ленти за заземјување кои се пократки од  10 .


4.) Оклопување на изворот на зрачењето и оклопување на објектот кој може да биде
подложен на зрачење.
5.) Во куќиштата на оклопите да се избегнува правење на отвори или дупки .
6.) Ако е нопходно да се има отвор во куќиштето на оклопот тогаш тој треба да има
максимална ширина од /10.
7.) Филтрирање на напонот на напојување
8.) Поместување на првата резонантна точка на системот кон области на поголеми
фреквенции со примена на повеќекратно заземјување.
9.) Електронски уред (поставен во метално куќиште) треба да има само една точка на влез
за напојувањето и сигналите кои влегуват и излегуваат од него, со цел да се избегне
појава на високофреквентни струи на куќиштето.
10) Оклопувањето на каблите и поврзувањето према потенцијал на земја треба секогаш
да се прави на надворешната страна на уредот.

6.7.2  2 – модел на електромагнетни врски

Моделот на антена претставен како  2 модел ги има следниве карактеристики:


1. Жица (кабел, линија на пренос на сигнали, тенка електрода) која има должина еднаква
на  2 , има влезна импеданса во централната точка на жицата кој се состои само од
реалниот дел и е еднаква на 73.1  .
Z in  73.1  j 0 
2. Жицата која што има должина од  2 е добар радијатор на електромагнетно зрачење
а исто така и ефективен приемник или антена за прием.
3. Ефективната должина на  2 антената е дадена со:

lw  (6.23)

4. Ефективната површина на антената е дадена со:
2
Aw  1.64  (8.24)
4
5.  2 антената често се користи како референтна антена, во однос на која се пресметува
засилувањето на другите антени.  2 антената има засилување од 1.64 (фактор) кој се
користи како однос за една изотропна антена. Во англо-американските земји релацијата во
однос на  2 антената е претставена со кратенката ERP ( ERP  ефективна моќност на
зрачењето). Ако предавателот заедно со својата антена има ефективна моќност на зрачење од
1 kW, тогаш може да се заклучи дека јачината на полето кое се произведува во насока на
главниот сноп е еднакво на вредноста која се произведува од  2 радијатор кој се напојува со
1 kW. Ако антената има дополнително засилување од 6 dB (фактор 4) тоа значи дека реалната
влезна моќност на антената изнесува 250 W. Ако се одбере една антена која зрачи изотропно
како референтна антена, засилувањето на антената кој нè интересира е поголемо за вредноста
на засилувањето на  2 радијаторот. Така во равенството (6.25) индексот i во равенката на
засилувањето означува дека една антена која зрачи изотропно е земена да биде референтна
антена. Следствено:
Gi  G 2  2.15dB (6.25)
Понекогаш индексoт i се користи до вредноста dB . Со цел да се дефинира референцата во
однос на една антена која зрачи изотропно, се дефинира изразот EIRP ( EIRP 
еквивалентно изотропно зрачење). Односот помеѓу величните ERP и EIRP е даден со:
EIRP  1.64  ERP (6.26)

45
 
 

6. Ако се изведуваат граничните вредности за електромагненти пречки вообичаено се


користи  2 антена за претварање од вредности на јачината на полето во напони и струи и
обратно.

Пример 6.4 Ако имаме јачина на полето од 100 mV/m на местото каде е поставена  2 антена
со фреквенција на зрачење од 100 MHz напонот на отвореното коло е даден со равенството
U L  lw  E (6.27)
Ако се земе во превид дека ефективната висина на  2 l w    и ако се
антена е дадена со
земе во предвид дека брановата должина може да се пресмета како:   c 0 f , каде
c0  3  10 8 m s .
се добива следново равенство:
3
U L  100  10 3  V m  95.5 mV

Приемникот прима одредена зрачење со моќност според равенството:
1 1 E2
Pmax   E  H  Aw    Aw (6.28)
2 2 0
Ако се земе во предвид дека јачината на електричното поле може да се изрази како:
U L 
E (6.29)

Додека ефективната површина на антената може да се изрази како:
2
Aw  1.64  (6.30)
4
Тогаш за приемникот кој е подесен на импеданса 73.1  , моќноста која ја прима е дадена со:
2
U
Pmax  L
 31.2 W (6.31)
4  73.1
Пример 6.5. Треба да се разгледа следниот случај на појава на електромагнетни пречки.
Електрична контролна единица работи со саатна фреквенција од 20 MHz. Петтиот хармоник
(100 MHz) произведува несиметрична струја на пречка од 1 mA во линијата на напојување. На
растојание од 30 m, е инсталирана FM антена која има засилување од Gi  8 dB (споредено
со една изотропна антена). На страната на приемникот е потребно да се измери напон од 10
V за да нема појава на пречки.
Прашање: Дали се очекува на страната на FM приемот да има појава на пречки?

Анализа на проблемот.

1. Фреквенција f  100 MHz соодветствува на бранова должина од 3 m ако се земе во


предвид равенството   c0 f .
2. Линијата (кабелот) за напојување може да се разгледува како  2 радијатор.
Следствено влезната импеданса е Z  73.1 .
3. Моќноста која што се зрачи е дадена со Pab  I  Z  73 W .
2

4. Ако се проектира оваа моќност на една сферична површина со радиус R  30 m се


добива моќноста на зрачењето како:
E2 Pab Pab 73  10 6  W 
S       6.45 nW m 2
 Asphere 4  R 2 2
4  30  m  2

46
 
 

5.  2 радијатор има засилување од Gi  2.15 dB . Тоа води до зрачење во насока на


главниот сноп на растојание од 30 m S mainbeam  1 nW m 2 . Зрачење од 10 nW m 2
V  mV
соодветствува на јачина на полето од E    S mainbeam  377  10 8    2 .
m m
6. На средина на  2 антената која служи за прием на зрачењето со земање во предвид
на равенството U L  l w  E каде l w    се пресметува напон на отворено коло

 3m  mV 
UL  E  2  m   1.9 mV
 3.14158
7.  2 антената е заменета со Yagi-антена која има засилување во однос на изотропната
антена од Gi  8 dB . Ова соодветствува на засилување од G 2  5.85 dB во однос
на  2 диполот. Следствено се добива напонот на отворено коло кај Yagi-антена како :
5.85

U Y  U L  10 20
 1.9 mV  1.95  U Y  3.7mV
8. За приемникот се изведува следново еквивалентно коло

9. Ако се земе дека Z Yagi  Z priemnik  50  , тогаш се појавува напон на пречки на


страната на приемникот од U int  2 mV . Бидејќи овој измерен напон е поголем од
напонот 10 V на страната на приемникот се појавуваат електромагнетни пречки.

Сл. 6.12. Еквивалентно струјно коло за приемникот

Следниве мерки треба да бидат преземени за да се намалат пречките:


 Да се користи метално куќиште за контролната единица.
 Да се користи филтер во напојната линија.

7. МЕРКИ ЗА ЗАПАЗУВАЊЕ НА ЕМК

Мерки за запазување на ЕМК се сите мерки кои се превземаат во рамките на еден


систем со цел да се направи еден компатибилен систем од голем број на уреди со познати или
непознати карактеристики од аспект на ЕМК. Во однос на ЕМК постојат одредени стандарди,
при што стандардите кои се користат за цивилни цели се воглавно стандарди кои се
однесуваат на поединечни уреди. Но кога секој од овие уреди се користи во рамките на еден
поголем систем може да дојде до појава на одредени проблеми од аспект на ЕМК. На пример,
импедансите на напојните линии не мора да бидат усогласени со соодветните стандарди,
импедансите се временски променливи параметри, каблите кои се користат кај уредите за
тестирање се различни од каблите во самиот систем во однос на должините, и сето тоа може
да предизвика одредени капацитивни оптоварувања кои може да доведат до сосема различно
однесување на поединачните уреди од аспект на ЕМК. Затоа мора да се дефинираат одредени
правила од аспект на ЕМК кои се однесуваат на целиот систем. Во тие правила спаѓаат:
 Заземјување
 Оклопување

47
 
 

 Каблирање
 Филтрирање
Воените стандарди ги специфицираат барањата кои се поставуваат кај самите уреди но исто
така и барањата кои се поставуваат во однос на комплетниот систем. Тука ќе ги наведеме
германските стандарди:
 VG 95 374 дел 2
 VG 95 374 дел 4
Стандардот VG 95 374 дел 2 опишува кои мерки треба да се преземат додека се плaнира еден
систем од аспект на ЕМК, додека стандардот VG 95 374 дел 4 специфицира како да се
применат наведените мерки. Некој од главните мерки (правила) за запазување на ЕМК на
системот ќе бидат објаснети подоле.
Заземјување: Заземјување претставува поврзување на куќиштето, референтниот проводник
или одредена метална структура за референтен потенцијал (потенцијалот на земјата).
Според VDE 847 T2 референтниот потенцијал (маса) за електричните уреди се состои од
одредна целина на сите метални делови поврзани помеѓу себе при што се формира
електрична проводна патека со што се формира референтен потенцијал.
Оклопување: Оклопувањето претставува електромагнетно раздвојување на две просторни
подрачја со цел да се елиминираат или намалат несаканите поврзувања помеѓу двете подрачја
кои припаѓаат на различна електромагнетна околина. Во ЕМК смисол, оклопувањето
подразбира метални бариери. Ефективноста и квалитетот на оклопувањето зависат од: типот
на полето кое треба да се намали, материјалот кој се користи за оклопот, конструкцијата на
оклопот, неговата интегрираност, протекувањата кои настануваат низ него и фреквенцијата
која се разгледува.
Каблирање: Каблирањето претставува систем од метални проводници за едно насочено
водење на електричната енергија и електричните сигнали. Од аспект на ЕМК, каблирањето се
состои од тоа каков е оклопот на каблите и кои се точките на прицврстување на кабелот кон
уредот. Тука исто така се разгледува простирањето на саканите сигнали и елиминација или
редукција на несаканите сигнали кои се емитираат кон надворешната средина. Оклопите на
каблите без никаков исклучок треба да бидат поврзани на маса на двата свои краја.
Филтрирање: Под филтрирање се подразбираат мерки за раздвојување на сигналите кои се
проведуваат и кои припаѓаат на две различни просторни подрачја. Од аспект на ЕМК,
филтрирањето подразбира мерки за намалување на сигналите кои се проведуваат. Тие мерки
подразбираат електрична и механичка конструкција на филтерски елементи, и заземјување на
куќиштето на филтрите. Филтрите од аспект на ЕМК се конструираат како LC комбинации,
освен во специјални случаи. Исто така треба да се разбере дека филтрите се реактивни уреди
и во нормален случај не вршат претворање на електричната енергија во топлина. Тие се
наменети да се однесуваат како идеално отворено коло или идеална куса врска во однос на
несаканите фреквенции. Слабеењето на сигналот кај филтерот е резултат на загубите во
самиот филтер. Кај еден добар филтер овие загуби треба да бидат што е можно поголеми за
сигналот на пречки и што е можно помали за саканиот сигнал.

7.1 Карактеристики на заземјувањето

Според VG 95 375 дел 6, потенцијал на земја се формира од сите метални делови на


еден систем, инсталациите и уредите кои се поврзани со користење на електрични
проводници, кои обезбедуваат референтен потенцијал (потенцијал на земја).

Електричните/електронските уреди треба да бидат заземјени за металната подлога на


следниот начин:

За димензии   10 - заземјувањето се врши само во една точка


За димензии   10 - заземјувањето се врши на неколку места (во зависност од конструкцијата
и видот на уредот).
Како дополнение металните делови на неелектричните уреди исто така треба да бидат
вклучени во системот на заземјување. При тоа треба да се запазат следниве својства:
 Приближување кон еден систем на заземјување во форма на рамнина
 Намалување на ефектот на зрачењето на пасивните радијатори
 Намалување на разликите на потенцијалите
 Избегнување на создавање на високо-фрекветна корона

48
 
 

 Ако станува збор за струјните кола кои се дел од напојувањето, не е неопходно да


се заземјат проводниците низ кои протекуваат работните струи. Ако од одредени
причини се бара заземјување на трифазните системи низ кои протекуваат
временски променливи струи, заземјувањето може да се изврши во една точка.
 За фреквенции f  100 kHz и за симетричен пренос на сигнали, дозволено е само
симетрични точки да бидат заземјети. При несиметричен пренос на сигнали,
референтниот проводник се заземјува само во една точка.
 За фреквенции f  100 kHz и пренос на импулсни сигнали (дигитални сигнали)
заземјувањето треба да се врши со помош на референтна рамнина.
 Кога се заземјуваат поголеми уреди со помош на ленти за заземјување, лентите за
заземјување треба да имаат однос на должината L кон ширината B помал од 5
L B  5 .
 Со цел да се утврди квалитетот на заземјувањето може да се измери отпорноста со
помош на еднонасочен напон - R DC . Доколку се добие вредност R DC  10 m
помеѓу уредот и земјата, се смета дека се исполнети барањата.

7.2 Карактеристики на оклопувањето (поставување на екран)

Оклопувањето ги подразбира сите мерки кои се преземаат за да се намали


електричното, магнетното и електромагнетнот поле во одреден волумен ограничен со
димензиите на оклопот.
При ова треба да се земат во предвид следниве карактериситики на оклопите:
 Лесно може да се постигне заштита со помош на оклоп во однос на електричните
полиња. Оклопувањето може да се изврши со користење на тенки проводни фолии.
При тоа треба да се избегнува течење, односно продирање на полето во оклопот.
 Потешко може да се постигне заштита од магнентите полиња со користење на оклопи.
Кутии кои се изработени од метал со голема дебелина и висока пермеабилност треба
да се користа како заштита од статички магненти полиња. При тоа колку е помал
волуменот на кутијата толку е поголем ефектот на заштита кој се постигнува. Заштитни
кутии со дебели ѕидови со голема проводност се користат за заштита од магнетни
полиња со ниска фреквенција. При што, колку е поголем волуменот толку е поголем
ефектот на заштита кој се постигнува.
 Не е од голем значај видот на материјалот кој се користи кога е потребно да се
постигне заштита од високофрекветни полиња. Материјалот кој се кориси во вид на
тенки слоеви игра улога само од аспект на заштита на животната средина.
Истекувањата на магнетните полиња надвор од оклопот влијаат врз основните својства
на оклопот и како такви треба да се избегнуваат.
 Квалитетот на екраните кои се користат кај каблите е претставен со преносната
импеданса на кабелот. Колку е помала преносната импеданса на кабелот толку се
постигнува поголема заштита со помош на екранот.

7.3 Каблирање

Каблите и електричните водови се во взаемна врска со електромагнетната околина. Во


околината на каблите доаѓа до создавање на електромагнетно поле како резултат на
пренесување на електрична енергија или сигнали. Полињата кои се генерираат имаат вредност
нула само во случај на комплетно симетрични коаксијални кабли кои имаат цврст оклоп. Од
друга страна, каблите ги апсорбираат сигналите од околината и преку нив ги проведуваат до
електричните уреди.

7.3.1 Каблирање во рамки на еден систем

49
 
 

Во рамките на еден систем каблите се групираат во различни категории во зависност


од сигналите кои ги пренесуваат. Сите кабли кои припаѓаат на една иста категорија имаат исти
или слични својста од апсект на ЕМК. Тие може да се многу осетливи, осетливи, или
индиферентни во однос на колата во кои се поврзани. Не постојат големи ризици од аспект на
ЕМК, доколку каблите кои припаѓаат на една иста категориjа се постваат во една иста кабелска
траса (канал), блиску еден до друг. Во табела 7.1. е прикажана поделбата на каблите во пет
категории од аспект на ЕМК. Растојанијата кои треба да се запазат при паралелното
положување на каблите кои припаѓаат на различна категорија се прикажани во табела 7.1.
Сите растојанија во споменатата табела се дадени во метри.

Табела 7.1 Растојанија во метри за паралелно положување на различни кабли


Категорија 1 2 3 4 5

1 0.1 0.1 0.1 0.1

2 0.1 0.1 0.1 0.1

3 0.1 0.1 0.1 0.2

4 0.1 0.1 0.1 0.2

5 0.1 0.1 0.2 0.2

Табела 7.2 Дефинирање на каблите во различни категории


Пример за:
Категорија на Тип на
кабел Посакуван Ефект на кабел
Типична примена
сигнал шум
12 до 1000 V Кабли за напојување,
1. Неосетлив,
DC 50, 60, Тесен опсег, контролни кабли, кабли за
предизвикува Упреден
400 Hz, тесен широк опсег осветлување, кабли за
пречки
опсег алармни системи
Телекомуникациони Упреден,
2. Неосетлив, не
До 115 V, RF, кабли, контролни и оклопен,
предизвикува -
тесен опсег сигнални кабли, кабли за упреден и
пречки
носечки фреквенции оклопен
Кабли за мали сигнали,
3. Осетлив, не До 15 V, MF,
телекомуникациони и Оклопен или
предизвикува широк опсег, Широк опсег
информациони кабли за коаксијален
пречки до 115 V, LF
пренесување на импулси
4. Многу 0,1 µV до 500 Антенски кабли за прием,
осетлив, не mV, DC, RF, Тесен опсег, телекомуникациони и Оклопен или
предизвикува HF, тесен широк опсег информациони кабли, коаксијален
пречки опсег радарски кабли
5. Неосетлив, не 10 до 1000 V, Кабли за специјална
предизвикува RF, HF, тесен Тесен опсег намена, антенски кабли Коаксијален
пречки опсег за пренос
Кабел за пренос/прием,
6. Специјални Тесен опсег, кабли за преобразувачи
- -
кабли широк опсег (без филтри), кабли за
микрофони

За специјалните кабли треба при нивно положување да се направи поединечна анализа за


секој случај посебно.

7.4 Филтрирање
Филтрирањето од аспект на ЕМК, се состои од сите мерки кои се преземаат за да се
намалат сигналите кои се проведуваат. Тоа подразбира електрична и механичка конструкција
на филтерски елементи, заземјување на куќиштето на филтерот, и активно оптоварување на

50
 
 

жиците. При тоa се постигнуваат одредени гранични вредности во однос на напојувањето и во


однос на линиите. Филтерските кола имаат задача да обезбедат да не биде загрозена
ефективноста на оклопите во смисол на заштитната улога на куќиштата на различните
електрични уреди. Еден пример за користење на филтри е следниов. Утврдено е присуство на
јак радио сигнал во линијата за напојување. Линијата за напојување го пренесува сигналот до
областа која е заштитена со оклоп. Значи се утврдува присуство на пречка во област која е
заштитена преку зрачењето на пречката од линиите за напојување. Со цел да се
елиминираоваа патека на пренесување на несакан сигнал, сите жици кои влегуваат во областа
под оклопот мора да бидат подложени на филтрирање. При тоа треба да се внимава на
фреквенцијата на саканиот сигнал при примена на филтерските кола. За стандарни апликации
како (линии за напојување, телефонски линии, ниско-фреквентни сигнални линии) постојат
готови филтри кои како такви се употребуваат. Во одредени специјални случаи потребно е да
се дизајнираат филтрите за одредената апликации. Во наредните точки ќе биде прикажана
анализа на филтерско коло со Butterworth-ов филтер и неговите карактеристики.

7.4.1. Butterworth-ов филтер

Butterworth-овиот филтер го добил своето име по пронаоѓачот, кој во својата прва


публикација каде го претставил филтерот тврдел дека еден идеален филтер не само што
треба комплетно да ги одбива сите несакани фреквенции туку исто така треба да има
подеднаква осетливост и на сите сакани фреквенции. Тој покажал дека еден ниско пропусен
филтер може да биде направен со фреквенција на отсекување нормализирана на 1 радијан во
секунда и неговото засилување е дефинирано како:

1
G    (7.1)
1   2n
Каде  е кружна фреквенција во радијани во секунда и n e бројот на реактивни елементи
(полови на функцијата) во еден филтер. Фреквентниот одговор на овој филтер е без било какви
скокови во опсегот на фреквенции кои ги пропушта а во запирното подрачје се приближува кон
нула.

Сл. 7.1 Бодеови диаграми на Butterworth-ов филтер

51
 
 

Едноставен Butterworth филтер од трет ред е прикажан на слика 7.2. Филтерот прикажан на
слика 7.2 станува Butterworth филтер со фреквенција на отсекување  C  1 rad s кога ги има
следниве параметри: C 2  4 3 F , R4  1  , L1  3 2 H и L1  1 2 H .

Сл. 7.2 Butterworth-ов филтер од трет ред

Ако се замени импедансата на кондензаторите со 1 Cs а импедансата на индуктивноста со Ls


се добива преносната функција на филтерот:
vout s  1
H s    (7.2)
vin s  1  2 s  2 s 2  2 s 3

Амплитудата на преносната функција ја дава амплитуднатa карактеристика односно


засилувањето дефинирано како:

1
G 2    H  j  
2
(7.3)
1 6
Фазната карактеристика е дадена со равенството:

    argH  j  (7.4)

Со заменување на секој кондензатор со индуктивитет и секој индуктивитет со


кондензатор се добива високопропусен Butterworth-ов филтер. Butterworth-ов филтер кој
пропушта одреден опсег се добива со поврзување на кондензатор во серија со секој
индуктивитет, и индуктивитет во паралела со секој кондензатор за да се формира резонантно
коло. Вредноста на секоја нова компонента мора да биде така избрана да формира резонантно
коло со веќе постоечката компонента при фреквенцијата која се разгледува. Добивање на
филтер кој запира одреден фреквентен опсег се постигнува со поставување на кондензатор во
паралела со секој индуктивитет и поставување на индуктивитет во серија со секој постoечки
кондензатор при што вредноста на секоја нова компонента мора да биде таква да зедно со
постоечката формира едно резонантно коло.
Засилувањето G   на Butterworth нископропусен филтер од n -ти ред е дадено преку
преносната функција:

G02
G    H  j  
2 2
(7.5)
2n
 
1   
 c 
Каде
n - го претставува редот на филтерот,
 C - е граничната фреквенција (фреквенција наотсекување),
G0 - DC засилување (засилување при фреквенција нула).

52
 
 

Кога n тежи кон бесконечност сите фреквенции кои се помали од C се пропуштаат со


засилување G0, додека сите фреквенции кои се поголеми од C се потиснуваат.

Сл. 7.3 Амплитудна какактеристика на нископропусен Butterworth-ов филтер, ред на филтерот


од 1 до 5 и гранична фреквенција  0  1 , косината на карактеристиките е 20n dB декада

7.4.2. Butterworth-ов нископропусен филтер

Преносната функција на Butterworth нископропусен филтер   k   


g0 нормализирана на
   g 0 =1, е дадена со:

U 2 s  1
N     K (7.6)
U 1 s  a0  a1  s  a 2  s 2    a n  s n

Каде s  j   , додека n го дава редот на ниско пропусниот филтер

Коефицинетите на преносната функција се специфицирани во Табела 7.3

Табела 7.3 Коефициенти на ниско-пропусен Butterworth филтер


n a0 a1 a2 a3 a4 a5 a6
1 1 1
2 1 2 1
3 1 2 2 1
4 1 2.613 3.414 2.613 1
5 1 3.236 5.236 5.236 3.236 1
6 1 3.864 7.464 9.141 7.464 3.864 1

Од преносната функција нормализираната амплитуда на филтерот е дадена со:

1
N    K (7.7)
2n
  
1  
 
 g0 

53
 
 

K е фактор на нормализација кој во понатамошното разгледување се зема дека е еден.


Пример 7.1 Да се предвиди редот n на Butterworth-овиот филтерот ако излезниот напон при
  2   g 0 треба да биде помал од 1% од влезниот напон или U out  0.01  U in  .

Со користење на равенството 7.7 и со заменување К=1 се добива:

N   2   g 0   10  2 
1
(7.8)
1  2 2n
Од равенството (7.8) се добива:

1  2 2 n  10 4 , 2 2 n  10 4 ,
2
2  n  log 2  4, n   6.64,
log 2
n7 (7.9)

Амплитудно-фреквентната зависност на ниско пропусниот Butterworth-ов филтер е дадена на


слика 7.4. Карактеристична фреквенција е граничната фреквенција претставена преку кружната
фреквенција  g 0 . При оваа фреквенција доаѓа до намалување на амплитудата од вредност 1

на вредност 1 2.

Сл. 7.4 Амплитудно-фреквентна карактеристика на преносната функција на Butterworth-ов


филтерот за K  1

7.4.3. Процедура за дефинирање на филтерот

Процедурата за дефинирање на филтерот во едно струјно коло се состои од следниве чекори:

1. Предвидување на потребната амплитудна карактеристика и следствено на редот на


филтерот.
2. Селекција на колото: во општ случај, секој дополнителен независен реактивен елемент
води до зголемување на редот на филтерот за 1.
3. Пресметка на нормализираните елементи R0i , C0i , L0i  .
4. Претварање на параметрите на филтерот кои се поврзани со фреквенцијата g0 во

вредности на параметрите кои се поврзани со критичната кружна фреквенција g .


За претварањето на параметрите на филтерот во однос на фреквенциите важат следниве
равенства:
Ri  R0i (7.10)

C 0i. L
Ci  , Li  0i (7.11)
B B
Индексот 0 ги означува вредностите на нормализираниот ниско-пропусен филтер.

54
 
 

g
B е односот на вистинската гранична фреквенција и нормализиранта гранична
g0
фреквенција. Доколку сакаме еден ниско-пропусен филтер (LP) да се замени со високо-
пропусен филтер (HP) со гранична фреквенција  g , сите индуктивности (Рав. (7.12)) треба да
се заменат со капацитивности според равенството (7.13) и сите капaцитивности (7.16) треба да
се заменат со индуктивности според равенството (7.17) од Табела 7.4.

7.4.4. Загуби кај филтри поради вметнато коло

Загубите кај филтрите поради вметнато коло во филтерот се резултат на


пригушувањето на хармониците на напонот од повисок ред кога одреден елемент за
потиснување или коло, се вметнува помеѓу изворот на пречки (високо-фреквентен генератор) и
објектот кој ги трпи пречките (оптоварувањето). Изворот има дефинирана излезна импеданса
Z 0 ( Z 0 вообичаено се зема дека е 50  ). И оптоварувањето има импеданса Z 0 (Слика 7.5).
Тогаш загубите поради ова вметнато коло се дадени со:
U0
a E  20  log10 dB (7.12)
2 U a
U 0 - напон на отворено коло на изворот
U a - пад на напон на објектот кај кој се јавуваат пречки

Сл. 7.5 Елемент за потиснување помеѓу изворот на пречки и објектот кој ги трпи пречките

Табела 7.4 Претворување на ниско-пропусен филтер (LP) во високо-пропусен филтер (HP) и


појасен филтер (BP)

55
 
 

Основните кола на ниско-пропусни филтри се дадени во Табела 7.5. Важно е да се забележи


дека ако изворот на пречки е со мала импеданса (пример тиристор), филтерот треба во
почетниот дел од колото да има индуктивност со цел да се зголеми внатрешната индуктивност
на изворот на пречки.

Табела 7.5 Основни кола на ниско-пропусни филтри


Ризик од
ZG   ZL Обичен филтер Подобрен филтер засилување
на сигналот

  Не

0 0 Не

   

0  Да

 0 Да

   

7.5. Оклопување како мерка за заштита од електрични полиња

Во однос на електричните полиња многу лесно може да се направат екрани (оклопи) со


чија помош може да се оствари заштита од електрични полиња. Силниците на електричното
поле започнуваат и завршуваат на електричните оптоварувања. Значи потребно е да
електричните оптоварувања бидат така распределени да може да се оствари заштита со
екрани. Овој принцип е демонстриран на слика 7.6 каде се поставени две плочи во
електростатско поле и е прикажана распределбата на оптоварувањата на двете плочи. На
слика 7.6 а) се гледа дека распределбата на полнежите на плочите нема никакво влијание врз
полето, додека на слика 7.6 б) може да се забележи дека поленежите, односно нивниот
поларитет има компензирачко дејство врз полето и како последица на тоа нема никакво
електрично поле помеѓу двете плочи.

Сл.7.6 Правење на екран за заштита од електричното поле со помош на две плочи

Во многу случаи се покажува дека поставување на плочи како заштита од електричното поле
претставува скапо решение. Затоа се прават екрани од шипки. Една таква конструкција на
екран за заштита од влијанието на електричното поле е прикажана на Слика 7.7.

56
 
 

Сл. 7.7 Заштита од електрични полиња со екран во форма на решетка

Пригушувањето (слабеењето) на електричното поле со една вака решетка е дадено со:

2  s
a s  20  log (7.21)
h
h  ln
2  R

Ова формула и вредноста добиена со нејзе важи за една централна точка во средината на
екранот.
Една комора со решеткаст екран ги има следниве параметри:
Висина: 2 s  2m,
Радиус на шипките: R  2mm,
Големина на мрежата: h  10cm.
Има ефикасност на заштита од 29,6 dB според (7.21).
При заштита од електрични полиња со еден ваков екран треба да се земат во предвид и
следниве услови:
- Сите пресечни точки на жиците (полугите) треба да се заземјат.
- Мора да постои електрична врска помеѓу горниот и долниот дел од ваквиот екран.

7.6. Оклопување како мерка за заштита од магненти полиња

За разлика од електричните полиња многу потешко се постигнува заштита со екрани во


однос на магнетните полиња особено ако станува збор за ниско-фрекветни магнетни полиња
или статички магнетни полиња. За таа цел, уште во текот на планирањето на системот треба
да се определи местото на различните уреди или сензори во рамките на еден систем.
Местоположбата треба да е така дефинирана за да се намали ефектот односно влијанието на
ниско-фреквентните полиња (полиња кои потекнуваа од зрачењата на монитори, микрофони,
видео уреди). Исто така треба да се пресметаат растојанијата кои се појавуваат помеѓу
изворот на пречки и уредот кој ги трпи пречките. Според тоа заштита со помош на екрани во
однос на магнетните полиња може да се подели на следниве групи:

а) статички и полиња со ниски фреквенции


б) полиња со средна фреквенција – користење на својството на скин ефект
в) полиња со високи фреквенции- екранизирање и заштита со помош на одбивање и
апсорпција (примена на тероијата на Schelkunoff).

57
 
 

7.6.1. Заштита од статички електромагненти полиња и полиња со ниска фреквенција

При екранизирање и заштита од магненти полиња со многу ниски фреквенции (DC, полиња
кои се зрачат од железницата и се со фреквенција 16 2/5 Hz, и полиња кои се зрачат од
електричното напојување) се користи принципот на проведување на магнетното поле низ
одреден магнетен материјал. Магнетното поле се насочува во околината на областа која се
штити од него. Согласно погоре наведеното може да се заклучи дека ќе важат следниве
правила:
- Колку е поголема пермеабилноста на магнетниот материјал, толку се постигнува
поголем ефект на заштита од магнетното поле.
- Колку материјалот на екранот е со поголема дебелина толку се постигнува поголем
ефект на заштита.
- Колку е помал волуменот на областа која се штити од влијанието на магнетното поле
толку се постигнува поголем ефект на заштита.
За еден цилиндер кој се состои од материјал со релативна магнетна пермеабилност r и има
внатрешен радиус R , додека дебелината на материјалот е дадена со t , се изведува следново
равенство за вредноста на слабеењето на магнетното поле:
H    t 
a s  20  log a   20  log1  r  (7.22)
 Hi   2 R 
Во најголемиот број случаи ова равенство се апроксимира со:
  t 
a s  20  log r  (7.23)
 2 R 
На слика 7.8 е прикажан еден цилиндер кој служи како заштита на еден монитор. Вака
прикажаниот пример го разработува најлошиот можен случај , бидејќи дијагоналата на
мониторот е одбрано да биде и радиус на цилиндарот за заштита, при што треба да се има во
предвид дека колку е поголем волуменот на екранот, толку е помал неговиот ефект на заштита
од магнетните полиња.

Сл. 7.8 Заштита на монитор од магненти полиња со помош на метален цилиндер

7.6.1.1. Влијание на отворите врз заштита на металните окопи (екрани)

Со цел да се овозможи ракување и работа со различните електронски уреди кои се


заштитени со метални екрани неопходно е да постојат одредени отвори преку кои може да се
пристапи до уредите (пример ако станува збор за монитор на компјутер кој е ставен во метален
екран). Во тој случај се поставува прашање во однос на влијанието на отворот врз заштитната
улога на екранот. Направена е една пресметка на ефикасноста на екранот и истата е
претставена на слика 7.9. Претпоставено е дека пригушувањето кое е резултат на материјалот

58
 
 

е многу поголемо од измерените вредности. На сликата е претставен факторот на


пригушување кој е претворен во пригушување изразено во dB со користење на as=20 log S. Ако
се зема во предвид и влијанието на материјалот и влијанието на отворите тогаш треба да се
изврши линеарно собирање.

Сл. 7.9. Влијание на отворите кај цилиндерот

Пример 7.2 Треба да се предвиди ефикасноста на заштита на екранот во кој е поставен


монитор со дијагонала - D од 17 инчи. Екранот е направен од метал со  r  20000 и со
дебелина од 2 mm . Заштита треба да се постигне во однос на магнетно поле кое е нормално
во однос на екранот. Се разгледуваат две конфигурации: метална кутија кој е затворена од
сите страни (случај а) и кутија која е комплетно отворена од предната страна. Се пресметува
ефикасноста на заштитата во точка на полето кој е на растојание од 10 cm од предната плоча
(случај б).

а) Со користење на равенството 7.23 каде се заменува t  2 mm , R  0,216 m што одговара


на D 2 изразено во m се добива a s  39 dB .
б) Од дијаграмот на слика 7.9, се отчитува за x D  0.23 каде x  0,1 m , а D  0,45 m се
добива S  15 . Со замена S  15 во a s  20  log S се добива a sM  23,5 dB . Се заклучува
дека при една комплетно затворена кутија пригушувањето е поголемо за 16 dB . Вкупното
пригушување може да се пресмета како:
  aS a
 SM 
a Sg 
 20  log 10 20  10 20  (7.24)
 
 
Односно
  23.5 
39

a Sg  20  log10 20  10 20   22.2 dB (7.25)
 

59
 
 

7.6.1.2. Екрани со двојни ѕидови

Ако станува збор за екрани (оклопи, куќишта) кои се прават со двојни ѕидови тогаш може да се
користи следнава формула:

 2 
a S  20  log S1  S 2   (7.26)
 R2 
каде
R2 е внатрешниот радиус на надворешниот цилиндар
S1 и S 2 се факторите на заштита при користење на единечни екрани
 е воздушниот сјај помеѓу поединечните екрани

При изведувањето на равенството (7.26) е земено дека воздушниот зјај  е значително помал
од внатрешниот радиус R2 на надворешниот цилиндар.

Пример 7.3 Треба да се спореди ефикасноста на заштита на една кутија (екран) со двојни
ѕидови (конструирана во вид на цилиндер) со единечен екран со соодветна дебелина.
 r  25000, t1  1 mm, R1  25 cm, R2  30 cm .
Параметри на екранот со двојни ѕидови се:
Параметрите на екранот со единечни ѕидови се:  r  25000, t  2 mm, R  25 cm .

Со земање во предвид на равенството (7.24) и замена на содветните параметри  r  25000 ,


t  1 mm , R1  25 cm се добива a s1  33.979 односно со замена на оваа вредност во
a s1  20  log S се добива факторот на заштита S1  51 . Со замена на  r  25000 , t  1 mm ,
R2  30 cm се добива a s 2  32.3 dB односно со замена на оваа вредност во a s 2  20  log S
се добива факторот на заштита S 2  43 и замена на факторите S1 и S 2 во (7.26) се добива
вкупна заштита од a s  57 dB . Ако станува збор за екран со единечни ѕидови со замена на
 r  25000 , t  2 mm , R  25 cm во (10.15) се добива а s  40 dB .
Следствено радиусот R2 треба да се зголеми додека воздушниот сјај (растојанието помеѓу
двата цилиндри) треба да остане 5 cm ( R1  R  55 cm ). Земајќи го ова во предвид и
следејќи ја истата постапка како во претходниот случај се добива: S1  23,7 ; S 2  21,8 ;
a s , двоен ѕид  38,7 dB и a s , единичен ѕид  33,3 dB .

7.6.1.3 Компензациони намотка

Компензационите намотки се користат исто така за намалување на магнетни полиња со


ниска фреквенција. Компензационите намотки го мерат тридимензионалното поле и
произведуваат соодветно компензирачко поле. На слика 7.10 (десно) е претставена опрема
која се користи за компензација на магнетните полиња и која може комерцијално да се купи
додека на слика 7.10 (лево) е претставена кутија која е направена од mu-метал. Mu-метал е
легура од никел и железо (приближно 77 % никел, 16 % железо, 5 % бакар и 2 % хром или
молидбен) и е позната по својата висока пермеабилност. Оваа висока пермеабилност го прави
mu-металот доста ефикасен екран (заштита) од статички и ниско фреквенти магнетни полиња
кои не може да се пригушат со други методи. Релативната пермеабилност на оваа легура
изнесува 80.000-100.000 и е многу поголема од обичното железо или челик. Има ниска
магнетна изотропност и магнетострикција. Се одликува со мали хистерезисни загуби. Лесно се

60
 
 

оформува во саканиот облик и се користи за правење на екрани. Високата пермеабилност на


оваа легура обезбедува патека за магнетниот флукс со мал магнетeн отпор што и допринесува
за нејзината главна употреба како магнетен екран од статички и ниско фрекветни магненти
полиња. Екраните кои се направени од оваа легура обезбедуваат заштита на тој начин што не
го блокираат магнетното поле туку обезбедуваат патека за поминување на силниците на
магнетното поле околу областа која се штити. Ефективноста од ваквата заштита се намалува
со намалување на пермеабилноста на легурата, при што пермеабилноста се намалува при
мали јачини на полето и како резултат на заситувањето на магнетниот материјал. Затоа
екраните кои се изработуваат од mu-метал главно се изработуваат како повеќекратни екрани,
еден поставен во друг, при што секој од овие екрани успешно го намалува полето внатре во
областа која ја штити. Компензационата намотка доста добро ги компензира магнетните
полиња со фреквенција 16 2/3 Hz и 50Hz се до полиња со јачина од 20 A/m. Исто така е
утврдено дека се постигнува задоволителна компензација во однос на мегненти полиња кои
потекнуваат од еден единстевн извор. Ако во околина се наоѓа повеќе од еден извор на
електромагненти пречки (пример во фабрика во која работат независно еден од друг неколку
уреди за заварување) подобро е да се користи кутија од mu-метал.

Сл. 7.10 Mu-метална кутија и компензациона намотка за намалување на


магнетните полиња
а) Лево: празна mu-метална кутија, десно - компензациона намотка,
б) Mu-метална кутија со монитор
в) Компензациона намотка со монитор

7.6.1.4. Некои упатства за дефинирање на куќиштата на заштитните екрани

Формулите кои се презентирани за заштитата која се постигнува со екраните (куќиштата)


подразбира дека пермеабилноста е константна, дека немаме заситување дури и при многу јаки
полиња. Во реалноста ова е сосема така. Се наметнуваат следниве препораки извлечени од
искуствата во однос на кутиите за заштита и економичното димензионирање на куќиштата со
цел заштита од нискофреквентни магненти полиња:

61
 
 

1. За пречки од магненти полиња кои се помали од 2 A m , челична кутија со


 r  200 прекриена со аморфен амтеријал со голема пермеабилност треба да ја
обезбеди потребанта заштита.
2. За пречки од магнетни полиња H tat од 2 A m до 40 A m се користи mu-метална
кутија со дебелина t каде

H tat A m  Diagonal cm


t mm  (7.27)
1000
3. За пречки од магнетни полиња со јачина од 40 A m до 100 A m треба да се
користи куќиште до двојни ѕидови со димензии кои се добиени од равенството (7.26).

4. За магнети полиња со јачини поголеми од 100 A m треба да се направи кутија каде


надворешниот екран ќе биде направен од магнетен материјал.

5. За попрецизни пресметки треба да се земе во превид дека магнетното поле до


растојание еднакво на дијаметарот (2R, двојниот радиус) треба да се проведува низ
материјалот од кој е направен екранот. Ова е илустрирано со Слика 7.11.

Сл. 7.11. Концетрација на магнентиот флукс низ магнетниот проводник

7.6.2. Заштита од магнетни полиња со средна фреквенција

Со цел да се обезбеди заштита од еднонасочни магненти полиња, екранизирачкиот


ефект се постигнува пренасочување на магнетното поле. Временски променливите магнетни
полиња индуцираат напони во металните материјали. Ако овие напони на своите краеви кусо
се врзат се добиваат индуцирани струи со насока и фаза која настојува да ги компензира
почетните полиња. Со цел да се обезбеди протекување на овие компензациони струи на
примерот кој е прикажан на слика 7.12 се прикажани две плочи кои се поврзани една со друга
со цел да се добие екранизирачки ефект.
 = аголна фреквенција = 2  f
k - проводност
 - пермеабилност
1
k j      k  1  j  
d
0
K k s

Сл. 7.12 Две паралелни плочи кои обезбедуваат заштита од временски променливи магненти
полиња

62
 
 

Равенствата кои се дадени (7.28) - (7.32) може да се земат како готови.

Две паралелни плочи кои обезбедуваат заштита од временски променливи магнетни


полиња

 = аголна фреквенција = 2  f
k - проводност
 - пермеабилност
1
k j        1  j  
d
0
K k s

Hi 1
 (7.28)
H a cosh k  t  K  sinh k  t

Ha
a S  20  log (7.29)
Hi

Шуплива сфера којa овозможува заштита од магнетни полиња

Hi 1
 (7.30)
Ha 1  2
cosh k  t    K    sinh k  t
3  K

Ha
a S  20  log (7.31)
Hi

0
K k R

Шуплив цилиндар со странично (периферно) магненто поле

Hi 1
 (7.32)
Ha 1  1
cosh k    K    sinh k  t
2  K

63
 
 

Шуплив цилиндар со подолжно магненто поле

Hi 1
 (7.33)
Ha 1
cosh k  t   K  sinh k  t
2

7.7 Теоријата на заштита со екрани според Schelkunoff

Теоријата на заштита со екрани според Schelkunoff се базира на концептот на


импеданси. Кога еден електромагнетен бран паѓа на еден метален екран, самиот
електромагнетен бран има одредена импеданса a која е дефинирана со растојанието помеѓу
изворот на бранот и екранот. Самиот екран има импеданса m која зависи од електричните
параметри и фреквенцијата. На границата помеѓу ѕидот и воздухот се појавува одбивање како
резултат на разликата на импедансите a и m . Еден дел од бранот навлегува во материјалот
и се пригушува и фазно изместува согласно теоријата за скин ефектот. Уште едно одбивање на
бранот се појавува на втората граница помеѓу двете средини што е повторно последица на
различните импеданси. Еден дел од бранот се одбива, а еден дел од бранот излегува надвор.
За оној дел од бранот кој е повторно одбиен, процесот се повторува со ослабување на бранот,
фазно изместување, одбивање итн.
Ако бранот кој паѓа е дефиниран со јачината на електричното поле од 1 V/m, вкупната
јачина на електричното поле кое излегува од другата страна на ѕидот се пресметува според
равенството (7.34). Полето кои поминува низ ѕидот tw V/m и е резултат на влезното поле со
јачина од 1 V/m е дадено со:
1
t w  t am  t ma  e t  (7.34)
1  r  e  2t
2
ma
Па следствено ефикасноста на екранот (заштитата) е дадена со:

1
a S  20  log (7.35)
tw
Параметрите кои фигурираат во равенството (10.26) се добиваат од:

64
 
 

2  m
t am  (7.36)
a  m
2  a
t ma  (7.37)
a  m
a  m
rma  (7.38)
a  m
  f 
m  1  j   (7.39)

  j        j      (7.40)

Вредноста на a зависи од типот на изворот и растојанието помеѓу изворот и заштитниот


екран.
Еден електричен извор (прачка или дипол) кој произведува поле со голема вредност на
имедансата , има импеданса на бранот која е дадена со:

j   r v
1
v j   r
a  377  (7.41)
j   r
1
v
Еден магнетен извор (струјна јамка), кој произведува поле со мала импеданса, има импеданса
на бранот која е дадена со:
2
 r  r 
j  
v  v 
a  377  2
 (7.42)
 r  r 
1 j   
v  v 
каде 2  f е кружна фреквенција, v  c0  3  108 , r - е растојание помеѓу изворот и ѕидот.
На сл. 7.13 се дадени кривите кои ја дефинираат ефикасноста на заштита на бакарот.

Сл. 7.12 Криви на ефикасност на заштита од електромагнетни полиња кај бакарот

65
 
 

Интересно е да се напомене дека постои еден мал распон на фреквенции во кој ефикасноста
на заштитата од електрични полиња е помала од ефикасноста на заштита од магнетни
полиња. Импедансата на полето кај електричните полиња во еден мал фреквентен распон
станува помала од импедансата на магнетните полиња. Ова резултира со подобро совпаѓање
помеѓу импедансата на бранот кој паѓа и имедансата на екранот. Затоа при тие фреквенции
има поголемо навлегување на полето во материјалот.

7.8. Растурања, отвори, резонанци кај отворите

Постојат голем број на техники кои се применуваат за заштита од стационарни магненти


полиња па сè до димензионирање на заштита (екрани) кои се применуваат во опсези на работа
на радардската техника. При тоа важат некои основни постулати и тоа:

1. Отворите значително влијаат врз целокупната ефикасност на металните екрани со


дебелина поголема од 1 mm.
2. Недоволните (малите) вредности на факторот на заштита на заштитните екрани во
опсег на мали фреквенции најчесто се резултат на одредени проблеми поврзани со
проводноста. Тоа може да биде резултат на слаби контакти помеѓу заштитните плочи,
кородирани контакти, заварени делови кои се со различна проводност во однос на
плочите.
3. Малите вредности на факторот на заштита на екраните во опсег на поголеми
фреквенции вообичаено се последица на постоење на отвори.
4. Ако е неопходно да има одредени отвори кои се потребни за вентилација тогаш во
однос на една одредена површина многу подобро е да се користат поголем број на
мали отвори отколку еден голем отвор.
За да се утврди колку дадениот екран е ефикасен во однсо на заштита, доволно е да се
провери заштитата која се постигнува со него при две различни фреквенции. Во продолжени ќе
бидат прикажани одредени методи кои се користат за откривање на слаби контакти и отвори во
екранот.

7.8.1. Sniffer-методот (200-500 kHz) – тест за пронаоѓање на слаби контакти

Една кружна антена низ која протекува HF- струја (200-500 kHz) е поставена окулу еден
екран. Во однос на екранот потребно е да се проверат сите поврзувања и сите евентуални
растурања на полето во ѕидовите кои дозволуваат сигналот да помине низ ѕидот на екранот.
Проверките се вршат со помош на сензор. Овој метод може да се примени и со растегнување
на една жица дијагонално помеѓу два краја од собата низ која протекува струја. Сите
истекувања се проверуваат надвор од просторот кој е ограден со екранот. Една намотка со
површина од приближно 10 mm2, инсталирана на прачка од 2 до 3 m се користи како антена за
прием на електромагнетните бранови кои истекуваат надвор од површината која е заштитена
со екранот.

7.8.2. Тест на истекување (400 MHz-1 GHz), тест за да се пронајдат отвори

Во околината на екранот се наоѓа електромагненто поле со фреквенција од 400 MHz


кое го произведува антена погодна за таафреквенција. Полето се мери во неколку точки во
областа која е заштитена со екранот. Со мерење на полето во само неколку точки се добива
претстава дали со поставениот екран се постигнува задоволителна ефикасност во однос на
заштита од електромагнетнот поле. Доколу постои некој отвор кој не може да се забележи со
визуелна инспекција, неговот барање и изнаоѓање може да одземе многу време. Во просторот
кој се штити со екранот се поставува извор на висока фреквенција. Постепено, зрачењето се
намалува до точка при која што еден многу осетлив приемник може да регистрира поле надвор
од областа која се штити. После тоа интензитетот на зрачењето се зголемува постепено се
додека не се детектира сигнал надвор од областа која се штити. Полето се забележува во
близина на отворот.

66
 
 

7.9. Електромагненти растурања, продирање на сигналот

7.9.1 Оклопи со мрежа

Равенството (7.21) кое се користи при заштита од електрични полиња може да се


искористи за заштита од електрични полиња со фреквенции 16 2/3 и 50 Hz.
Мрежните екрани често се користат како алтернатива во однос на полните екрани за заштита
од електромагненти полиња.

Сл. 7.13. Проценка на ефектот на заштита од екран во форма на мрежа

При примена на екрани во форма на мрежа проценката на ефектот на заштита се врши со


формулата:

 2
a s  2010 log  dB (7.43)
 h 
Пример 7.4: Потребно е да се пресмета ефикасноста на заштита на екран изработен како
мрежа со   10 S m во однос на магнетни полиња кои предизвикуваат пречки и се со ниска
7

фреквенција. Растојанието од изворот до екранот за заштита е 1 m и параметрите на мрежата


се R  0.5 mm и h  50 mm . Потребно е да се разгледаат неколку случаи:

а) Разгледување на распон h   100

Се пресметува дебелината на жицата според формулата


2  R 2
t equ  (7.44)
h
t equ  0.0314 mm

Се смета дека ова дебелина на жицата е еднаква со длабочината на продирање на скин


ефектот кој се пресметува со формулата:

2  
  503 (7.45)
2  f    0   r  r  f

Каде:

67
 
 

 - специфичниот електричен отпор на материјалот и е еднаков на реципрочната вредност од


проводноста  односно важи равенството:  1  . Бидејќи станува збор за материјал со
голема проводност се зема дека  r  1 .
Со замена на соодветните вредности во равенството (7.45) се добива фреквенцијата f=25,6
kHz. Со замена на добиената фреквенција во равенството λ=c0/f каде c0=3·108се добива =11,7
односно се добива ефикасноста на заштитата како:

188.6 2  r
a S  20  log  (7.46)
RS 
1
RS  (7.47)
  t equ
Равенството (7.46) е добиено по експериментален пат. Со користење на (7.46) се добива
ефикасност на заштита од 90 dB .

б) Се разгледува распон  100  h   2

За h   2 (фреквенција од 3 MHz ) се добива ефикасност на заштита од a S  0 dB .

7.9.2 Плоча со отвори

Во некои случаи како заштита од електромагнетни полиња се користи метална плоча со


отвори, која се користи како алтернатива на мрежестите екрани. Ваквиот вид на оклопи е
корисен таму каде што се користи класична метода за разладување на електронските кола.

Сл. 7.14 Плоча со отвори

За една плоча со правоаголен облик со висина h и широчина D се добива:


D  hb (7.48)
N - вкупниот број на отвори во плочата
Ефикасноста на заштита од ниско-фреквентни магнетни полиња е дадена во литература со
равенството
32  t  D g 3 
a S dB    4  20  log 
 (7.49)
g  N 
при што соодветните големини кои фигурираат во равенството (7.49) се дадени на сл. 10.14.
Равенството (10.41) покажува дека ефикасноста на заштита кај ваквите видови плочи е
независна од фреквенцијата. Првиот член од равенството (7.49) го претставува пригушувањето
на еден брановод со правоаголен облик под критичната фреквенција (гранична фреквенција).
Вториот и третиот член во равенството (7.49) ги претставуваат загубите поради одбивање.
Оваа равенство може да се применува до фреквенции кои се пониски од 1/10 од граничната
фреквенција на индивидуалните отвори. За брановоди со кружен напречен пресек граничната
фреквенција е дадена со:

68
 
 

c0
f crit  (7.50)
1.71  b
b - внатрешен дијаметар на брановодот со кружен напречен пресек.

Пример 7.5 Перфорирана плоча со дебелина t  1.6 mm е фиксирана за алуминиумска кутија


со помош на заптивка. Приемник кој работи во распон од 30 MHz до 250 MHz е инсталиран
внатре во кутијата.

Површина на плочата: h'b'  48  35 cm 2


Перфорирана површина: h  b  40  30 cm 2
Површина на единечниот отвор: g  6 mm
Растојание помеѓу двата отвори: g ' 25 mm

Треба да се предвиди ефикасноста на заштита за 250 MHz и за поле со мала имеданса. Со


користење на равенството:

D  h  b  40  30 cm  34.6 cm,
D g  57.7,
t g  0.27.
Се добива ефикасноста на заштитата согласно (7.49):
 57.7 3 
a S dB   32  0.27  4  20  log   71.4 dB (7.51)
 221 
7.10. Пригушување кај брановод

Ако се користи брановод доста под неговата критична или гранична фреквенција
( f  0,1 f crit , f crit  f g ) , полињата кои навлегуваат во брановодот ќе се пригушуваат
експоненцијално (при простирање во насока на z оската):
E  z 2   E  z1   e  z
(7.52)
Полиња кои имаат бранова должина    g (критична бранова должина) или фреквенција
f  f g (критична фреквенција, гранична фреквенција) се пригушуваат пропорционално со
односот помеѓу длабочината и широчинатана брановодот.
За еден брановод со правоаголен облик каде a  b ( a, b = се димензии на пресекот) и за
фреквенција под граничната фреквенција се добива:

2
 
      2    (7.53)
b
2 2 2
2  f  fg  2  f g  2   
     1      1   1 (7.54)
c0    
 f   f   g
каде  g  2  b односно f g  c0 2  b
Пригушувањето во dB на брановодот може да се изрази:
E1
a S  20  log  20  log e 1  8.686    l , l  z (7.55)
E2
2
2  fg 
a S  8.686   l  f     1 dB (7.56)
c f 
 

69
 
 

За вредности на фреквенцијата f  f g пригушувањето станува нула. За f  f g или


   g коренот може да се занемари и пригушувањето може да се апроксимира со:
l
a S  27  (7.57)
b
Пригушувањето кое се постигнува со различни типови на брановоди е прикажано на Сл. 7.15.

(7.58)

(7.59)

(7.60)

Сл.7.15 Пригушувањето во брановодот за различни типови на брановоди

Изразите кои се изведени за пригушувањето кај брановодите го прикажуваат само


пригушувањето на полето внатре во брановодот. Може да се каже дека се зема во предвид
само пригшувањето кое е резултат на апсорпцијата додека пригушувањето кое е резултат на
одбивањето се занемарува. Но погоре дадените равенства се применуваат кога треба да се
процени влијанието на неелектрични врски кои треба да се инсталираат во зоната која се
штити.

7.10.1 Пригушување на бранот земајќи ги во предвид загубите поради несовпаѓање на


бранот

Равенството (7.58) ја дава проценката на ефикасноста на заштита за правоаголен


брановод кој ги зема во предвид и загубите поради одбивање.

 L f    L  D
a s dB   100  20  log    20  log1  ln    30  (7.61)
 mm MHz    S  L
Ова равенство е специфицирано за распон каде L   2 . Параметрите кои се дадени во
равенството (10.50) може да се видат на слика 10.16

Сл. 7.16 Отвор во рамки на заштитниот екран

Ако се разгледува секој дел од равенството посебно се доаѓа до следниве заклучоци:

70
 
 

 L f 
100  20 10 log   (7.62)
 mm MHz 
Овој дел од равенството го претставува одбиениот дел на оддалеченото поле земјаќи го во
предвид несовпаѓањето помеѓу импедансата на бранот Г0 и импедансата на површината Гloch.
  L 
20 10 log1  ln   (7.63)
  S 
Овој дел од равенството го претставува обликот на отворот
D
30  (7.64)
L
Овој дел од равенството го претствува пригушувањето на брановодот.

Пример 7.6 Треба да се пресмета пригушувањето на оддалеченото поле при фреквенција


f  100 MHz за отвор со димензии L  10 cm, S  3 cm, и D  5 cm .

Спoред равенството (7.61) се добива пригушување од 41,9 dB.

Сумарно може да се изведат следните заклучоци доклку се користи заштита од магненти


полиња со помош на екрани кај брановоди:
1. Ако е потребно да во екранот (оклопот) има отвор за пренесување на непроводен
медиум (воздух под притисок, оптички кабел, осовина од синтетички материјал и сл.),
пригушувањата се пресметуваат согласно равенките (7.55) - (7.60).
2. Ако е потребно да има отвор за прегледност, сервисирање или ракување и ако
брановодот е со значителна висина, равенството (7.58) кое се користи за пресметување
на пригушувањето на брановодот вклучувајќи ги и загубите поради несовпаѓањето на
импедансата на бранот треба да се земе во предвид при пресметките.
3. Ако два или повеќе отвори (број n) се наоѓаат еден до друг за пресметка на
пригушувањето на брановодот треба да е користи равенството за единечен отвор.
Влијанието збирно на сите отвори се зема во предвид со равенството:
a sges  a SE  20 10 log n (7.65)
4. Ако има голем број на отвори (кои се користат за вентилација или за осветлување) за
пресметка на пригушувањето треба да се користи равенството (7.49). Алтернативно може да се
користи равенството (7.43) во областа на ниски фреквенции.

7.10.2 Резонанција при ниски фреквенции, резонанции кај отвори


7.10.2.1 Резонанции при ниски фреквенции
Ако заштитната кутија не е хомогена може да дојде до резонанца при ниски
фреквенции. При нееднакво фазно изместување на брановите кои се пренесуваат од една на
друга страна или пренесувањето на бранот по две различни патеки може да доведе до негово
суперпонирање. Ваква ситуација се случува доколку еден дел од бранот поминува низ
материјалот а другиот низ воздушниот зјај (Сл. 7.17).

Сл. 7.17 Простирање по две различни патеки

Ако се претпостави дека фазното изместување како резултат на материјалот се јавува според
тероијата на скин ефект и ако бранот низ воздушниот зјај не трпи значително фазно
изместување тогаш се случува суперпозиција на внатрешната страна на екранот. Првата

71
 
 

резонантна фреквенција соодветствува на фазно изместување кое изнесува 180º. Теоретски,


резонанца се случува при секој непарен множител од 180º.
Најмалата резонантна фреквенција се јавува при   t   (180º поместување).

  f    4.39  10 4
e jt  e j  e jt   fr   (7.66)
t 2     t mm
2
 r   r

Пример 7.7 Потребно е да е најде најмалата резонантна фреквенција за екран направен од 0,8
mm челични плоча и 0,8 mm алуминиумска плоча.
Al : t  0.8mm,  r  0.60,  r  1  f r  114 kHz
Fe : t  0.8mm,  r  0.175,  r  1000  f r  392 Hz

7.11. Поврзување со кабли и преносна импеданса на кабелот

Поимот поврзување со кабли подразбира водење на електромагнетниот сигнал во


кабел, поврзувањето надвор од кабелот и поврзување од еден спрема друг кабел. Во оваа
точка ќе бидат прикажани неколку едноставни поврзувања со кабел при што во сите примери
се земени коаксијални кабли.

Сл. 7.18 Модел на поле кое паѓа на кабелот

На слика 7.8 е прикажано електромагненто поле од некој надворешен извор кое паѓа на еден
кабел и предизвикува несакани сигнали на пречки на влезот и излезот од кабелот.

7.11.1 Поврзување кабел со антена

Сл. 7.19. Модел на поврзување на кабелот до антената

72
 
 

Саканиот сигнал и неговите хармоници во кабелот за врска кај една антена предизвикуваат
генерирање на електромагнетно поле. Овој сигнал го прима антена и истиот се суперпонира со
саканиот сигнал во рамки на приемникот.

7.11.2 Поврзување кабел со кабел

Овој модел претставува комбинација од двата претходни модела. Саканиот сигнал и


неговите хармоници во еден кабел за врска произведуваат електромагнетно поле. Ова поле во
еден друг кабел предизвикува сигнал на пречка во влезното и излезното коло кое е поврзано
со тој кабел. Моделот е претставен на слика 7.20.

Слика 7.20. Поврзување на кабел со кабел

7.11.3 Поврзувања со неупредени и упредени кабли со два проводника

Во овој дел се разгледува поврзувањето со кабли кое се однесува на неоклопени и


оклопени кабли и преносни линии. Кај неоклопените кабли може да се направи понатамошна
поделба на упредени и неупредени. Неупредениот кабел може да сесмета за специјален случај
на упреден кабел каде должината на навивката е безгранична. Во контекст на упредените
кабли дадено е и објаснувањето на поимите радиус на јадрото и должина на навивката.
Радиус на јадрото е растојанието од оската на кабелот до кругот на кој се поставени
оските на поединечните проводници.
Должина на навивката е должина на кабелот над која единечното јадро ротира за 360º
окулу оската на кабелот.

Колку е помал радиусот на јадрото и колку е помала должината на навивката кај упредениот
кабел толку е помало влијанието на кабелот при ниски фреквенции.
Кога се разгледува поврзувањето со кабел потребно е да се разгледаат два фреквентни
распона.

1. Ниско-фреквентен распон каде должината на кабелот L е електрички кратка (L<0,1, λ


е брановата доложина на фреквенцијата f која се разгледува).
2. Високо-фреквентен распон.

На слика 7.21 е даден еден упреден кабел кој е поставен во хомогено синусно магненто поле.

Сл. 7.21 Поглед одозгора на упреден кабел кој е поставен во хомогено магнетно поле

73
 
 

Знаците плус и минус се разгледуваат од аспект на областа на упредениот кабел каде има
влијание магнетното поле. Ови знаци укажуваат дека насоката нормална на областа која е под
влијание на полето се ротира за 180º на секоја половина од намотката. Тоа значи дека за
парен број на вакви области, магнетното поле нема да има влијание врз кабелот. Слично при
непарен број, магнетното поле ќе има најголемо влијание и доколку е позната вредноста на
магнетната индукција влијанието на магнетното поле може да се пресмета со:
U i    l nav  rcentar  B (7.67)
l nav - должина на навивката
Rcenter - радиус од оската на жицата до средната оска на единечните жици (јадра).

7.11.4 Поврзување со оклопени кабли

Поврзувањето, односно влезот во кабелот како и излезот од него се опишуваат преку


преносната импеданса на кабелот Z ' r .

7.11.4.1 Анализа на поврзувањето (влезот) во кабелот

Анализата на поврзувањето на влезот од кабелот се изведува на следниот начин


1. Се претпоставува вредноста на струјата на надворешниот екран од кабелот.
2. Се поставува подолжно внатре во кабелот напонски извор:
dU l   I l   Z ' r dl (7.68)
3. Се пресметуваат процесите внатре во кабелот за случај на дистрибуирани извори

1. Предвидување на струјата I на надворешната страна на кабелот

а) Во услови на ниски фреквенции

- Електрично поле
Напонот кој се јавува од жицата према земја се апроксимира, односно приближно
добива преку множење на висината на жицата h со јачината на полето E на местото
каде е поставена жицата.

Сл. 7.22 Модел на електрично поврзување

Во случај кога двата краја на жицата се поврзани за земја, доаѓа до протекување на


капацитивна струја со еднаков износ на левата и десната страна на кабелот. Ако само едната
страна е поврзана за земја вкупната струја протекува само во таа насока
2    l
I    C  E  h, C (7.69)
2h
ln
R
- Магнетно поле
Напонот кој предизвикува протекување на струја на слика 7.22 е дефиниран со
електромагнетна индукција.

Сл. 7.23 Модел на магненто поврзување

74
 
 

Ако има куса врска на краевите од овој напон односно затворено коло , доаѓа до протекување
на струја чија големина е ограничена со импедансата на надворешното коло
Z  R  j    L . Во распон на многу ниски фреквенции, струјата е ограничена од активната
отпорностR . При средни фреквенции индуктивниот дел   L ја ограничува струјата:
 hl  H  l 2h
I , L  ln (7.70)
L 2 R
- Индуктивно поврзување помеѓу две линии
Струјата во контурата 1 која е претставена на сл. 7.24 произведува магнетен флукс кој во
контурата 2 индуцира напон. Кога краевите на контурата 2 се кусо врзани доаѓа до
протекување на струја. Во овој случај импедансата на второто коло ја ограничува струјата. Во
услови на многу ниски фреквенции отпорноста на втората контура ја дефинира струјата која
протекува низ нејзе. Во услови на ниски и средни фреквенции сопствената индуктивност ја
определува големината на струјата.

Сл. 7.24 модел на индуктивно поврзување помеѓу две линии

Ако се занемари влијанието на втората контура врз првата се добиваат следниве равенства во
однос на струјата низ површината на втората контура.
d  r2 2  h2  h1 2
ln
M d  r2 2  h2  h1 2
I 2  I1   I1  (7.71)
L2 2  h2
ln
r2
(l1  l 2  l , h1 , h2 , d  l ) (7.72)

- Во услови на високи фреквенции

На слика 7.25 е прикажан модел на кабел кој е поставен во близина на антена. Струјата која
протекува низ десната страна на кабелот е приокажана на слика 7.26

Сл.7.25. Влијание на антена врз кабел поставен во нејзина близина

75
 
 

Сл. 7.26 Струјата низ десната страна на кабелот

- Подолжни напонски извори


Откако се определени струите на површината на екранот на кабелот, потребно е да се
постават подолжни напоски извори во струјното коло кое се наоѓа под влијание на пречки. За
таа цел се користи постапка во неколку чекори која е прикажана на слика 7.27.

Сл. 7.27. Модел на кабелот преку струјата во екранот и напонот помеѓу јадрото и
екранот

Струите од I 1 до I 5 на слика а) соодветствуваат на струите на екранот, кои може да


пресметаат за секоја одредена позиција. Следствено напонот на отворено коло за колото
односно контурата која се наоѓа под влијание на пречки се пресметува од:
dU i  Z T'  I  z   dz (7.73)
При една нумеричка пресметка, бескрајно малите извори d U i стануваат одредени конечни
напонски извори U i . На тој начин наместо интегрирање се извршува сумирање. При
пресметка на напонот се користи преносната импеданса на кабелот Z T' .Преносната

76
 
 

импеданса на кабелот се добива од струјата низ екранот на кебелот и напонот помеѓу


проводникот на кабелот и екранот на кабелот.
Во фаза на дизајнирање на одреден систем ако треба да се изврши проценка на влијанието на
одредена пречка врз одреден дел од кабелот, односно напонот кој ќе се индуцира во кабелот
како несакана пречка се користи следнава процедура.
- Се одредува должината на кабелот која е под влијание на одредена пречка
- Се одредува струјата I која ќе протече низ екранот на кабелот (вредности кои се
измерени или предвидени).
- Се користи преносната импеданса на кабелот во пресметките и притоа може да се земе
дека Z T'  10 M m за фреквентен распон до 1 MHz и Z T'  10 M m  f MHz  за
распон над 1 MHz .
'
- Се пресметува напонот во кабелот како: U  I  Z T  l

Пример 7.8. За l  5 m, f  2 MHz, I  100 mA, се добива U  10 V .

7.11.4.2. Преносната импеданса на кабелот

Врската помеѓу процесите во рамки на кабелот и електромагнетните сигнали во


надворешната околина се опишуваат преку преносната импеданса на кабелот. Дефиницијата
'
за преносната импеданса на кабелот е дадена на слика 7.28 . Z T е комплексна величина и има
'
димензија  m . Z T е мерка за ефикасноста на заштита на екранот на кабелот и тоа колку е
'
помала Z T , се постигнува толку поголема ефикасност на заштита. Пресметката се врши
според равенството (7.74)

' dU 1
ZT   (7.74)
dl I l 

Сл. 7.28. Шема која ја покажува дефиницијата за преносната импеданса на кабелот

7.11.4.3. Преносната импеданса на кабелот за хомогена цевка

Теоретски може да се изведе равенството за преносната импеданса на кабелот кој е во


вид на хомогена цевка, односно кабел кој има цврст надоврешен оклоп. Исто така на сл. 7.29 е
претставена промената на преносната импеданса на кабелот за кабел направен како бакарна
цевка со дебелина t=0.1 mm и внатрешен радиус од 3 mm. Амплитудата на ваквата преносна
импеданса опаѓа експоненцијално додека фазата е негативна и се намалува со фреквенцијата.
За вака дадената преносна импеданса на кабелот (7.75) важи: t<<R.

k
Z 'T  (7.75)
2  R    sinh k  t

77
 
 

k
1  j  ; d  1
(7.76)
d fk

Сл. 7.28. Хомогена цевкa ако реплика на околопен кабел

Сл.7.29. Промена на преносната импеданса на кабелот за бакарен кабел со внатрешен радиус,


R=3mm, дебелина на надворешната обвивка t=0.1 mm

За еден перфориран кабел преносната импеданса е дадена со

2 p  r0
Z T'   j   0  (7.77)
3 2
R
При што се покажува дека е подобро да има кај кабелот поголем број на мали отвори одошто
мал број на големи отвори.

Индуктивноста на отворот се пресметува од:


2 p  r0
L'T   0  (7.78)
3 2
R
п –степен на перформација
n-број на отвори по метар

n  r02
p
2 R

78
 
 

Сл. 7.30. Модел на перфориран кабел

Пример 7.9. Отвор со радиус r0  0.05 mm заедно со внатрешниот радиус на цевка со R  3


mm и степен на перфорација p  0.417 mm m дава индусктивност од L'T  0.6 nH m .
Можно е да се изведе и зависноста помеѓу ефикасноста на заштитата a s и преносната
импеданса на кабелот:
 f  0 1 
a s  20  log  '  (7.79)
 2 ZT 

f   0  20S
a

Z 
'
T e (7.80)
2

8. ПРИМЕРИ ЗА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА НЕКОМПАТИБИЛНОСТ

Областа на примери на електромагнетна некомпатибилност е доста широка и го


опфаќа целиот спектар на електрични, магнетни и електромагнетни ефекти. Во оваа точка ќе
бидат изнесени некои примери на електромагнетна некомпатибилност.

Пример 8.1. Во март 1998 при тестирање на нов систем на дигитална телевизија во
телевизиска станица во Тексас истовремено регистрирани се проблеми во блиската болница
односно во работата на нејзиниот телеметриски систем. Причина за ваквата електромагнетна
некомпатибилност била користењето на истиот фреквентен опсег од страна на телевизиската
станица и системот за телеметриско мерење.

Пример 8.2. Човек кој носел слушно апаратче имал вибрации и проблеми со него при
влегување во просторија која имала нов систем за осветлување со зголемена ефикасност.
Причина за проблемите била што слушното апаратче го засилувало сигналот од 27 kHz кој се
емитирал од новиот систем за осветлување.

Пример 8.3. Може да дојде до појава на електромагнетни пречки и во случај на користење на


мобилни дигитални телефони доколку се носат во џебови кај лица кои имаат вградено
пејсмејкер и тоа доколку се носат во близина на местото каде е вграден пејсмејкерот.

Пример 8.4. Мониторите во една контролна соба кои служеле за следење и управување со
трамваите покажувале треперење на сликата. Причина за ваквите пречки била расклопна
опрема која се наоѓала во близина на мониторите и во која протекувале струи од 4 kА при
фреквенција од 16 2/3 Hz. Решение на ова е заштита на мониторите со куќишта со двојни
ѕидови изработени од mu-метал.

Пример 8.5. Во една компјутерска соба е забележано движење на сликата на мониторите во


одредени делови од собата. Причина за овие пречки бил дефект во системот на загревање кој
доведувал до протекување на струи од 30 А према земја.

Пример 8.6. Забележани се проблеми и престанок на работата на компјутери кои биле


сместени во контролна соба која служела за управување со процесот на топење на алуминиум.
Причина за овие пречки е струја која се добивала од исправувачот кој бил сместен под
контролната соба која имала амплитуда од 120 kA. На тој начин во компјутерската соба се

79
 
 

измерени јачини на полето од 500 A/m. Со зголемување на растојанието помеѓу каблите кои
пренесуваат големи јачини на струите и компјутерите се постигнало отклонување на пречките.

Пример 8.7. Во една продавница на телевизиска опрема во одредено време и на одреден зид
се забележани изобличувања на сликата на телевизорот. Причина за овие пречки била
одредена медицинска према која се користела во соседната ординација.

Пример 8.8. Забележани се движење на сликата на мониторот кој бил поставен во близина на
прозор. Најблиската трамвајска линија била на 200 m одалеченост од просторијата. Изворот на
пречки е лоциран под тротарот во близина на просторијата каде на длабочина од 80 cm бил
поставен кабел за напојување во случај на нужда и работел во моментот кога се регистрирани
пречките.

9. КВАЛИТЕТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Отварањето на пазарот на електрична енергија допринесе истата да стане предмет на


тргување одосно роба која мора да задоволува одредени критериуми за квалитет. Директивата
85/ЕЕЕ од 25. јули 1985 г. ја дефинира електричната енергија како роба која е предмет на
тргување. Таа може да се дефинира со три основни атрибути: доверливост, расположивост и
квалитет. Квалитетот на електричната енергија во одредена точка на електроенергетскиот
систем се споредува со референтните технички параметри. Референтните вредности на
техничките параметри се определуваат врз основа на повеќегодишно искуство во однос на
анализа на состојбите во електроенергетските мрежи (различни нормативи и препораки).
Бројот на параметрите на квалитетот на електрична енергија се зголемува со развој на
техниката пред се како резултат на развојот и разновдиноста на потрошувачите кои се врзани
за електричната мрежа. На сл. 9.1 е даден развојот на потрошувачите на електрична енергија
кој наметнува зголемување на бројот на праметри кои се следат во однос на квалитетот на
електрична енергија.

Вредност на напон + облик на напонот + постојаност на


и фреквенција напонот

активни потрошувачи потрошувачи управувани со микропроцесорки управувани


полупроводнички елементи потрошувачи

Сл. 9.1. Развој на потрошувачите на електрична енергија

Најголем број на пречки во однос на квалитетот на електричната енергија се предизвикани од


работата на самите потрошувачи. Одговорни за квалитетот на електричната енергија во
одредена точка од мрежата се испорачателот на електричната енергија како и самите купувачи
на истата. Одржувањето на квалитетот на електричната енергија во одредена точка е обврска
на испорачателот на електричната енергија. Испорачателот оваа задача ја извршува со
ограничување на негативното повратно влијание на потрошувачите врз мрежата. Секој купувач
на електрична енергиа е обврзан негативното повратно влијание на своите потрошувачи
(ињектирање на виши хармоници, превземање на реактивна моќност, несиметрични товари) да
ги сведе на пропишани (однапред договорени) гранични вредности.

9.1. Параметри на квалитетот на напонот

Техничките карактеристики на електричната енергија кој се испорачува на купувачот се


оценуваат преку напонот на напојување односно преку следниве параметри:
- фреквенцијата на напонот на мрежата
- амплитудата на напонот
- промените на напонот (одстапувања)
- треперење на напонот (фликер)

80
 
 

- напонски пропади
- краткотрајни прекини на напонот
- подолги прекини на напонот
- повремни мрежни пренапони помеѓу фазните проводници и земјата
- импулсни пренапони помеѓу фазните проводници и земјата
- несиметрија на напонот
- напони од виши хармоници
- напони од меѓухармоници
- сигнални напони

Мрежната фреквенција е дефинрана како број на промени на напонскиот бран во одреден


временски интервал. Во најголемиот дел на европски земји фреквенцијата е 50 Hz.
Амплитудата на напонот е дефинирана како ефективна вреднст на напонот на местото на
предавање на електричната енергија. Промените на напонот се одстапувања на напонот од
номиналната вредност. Најчесто се предизвикани од промената на оптоварувањето. Таков
пример е прикажан на сл. 9.2.

Сл. 9.2 Отстапувања на напонот

Треперења на напонот се осцилации на големината на напонот кои се повторуваат , а се


забележуваат затоа што предизвикуваат видливо треперење на осветлувањето (сл. 9.3).

Сл. 9.3. Треперење на напонот (фликер)

81
 
 

Напонски пропад е дефиниран како повремено намалување на вредноста на напонот под


однапред зададена одредена граница (90 % до 1 % Un) и е претставен на сл. 9.4.

Сл. 9.4. Напонски пропад

Прекини на напонот е состојба при која нема напон (амплитудата на напонот е под 1% Un)

Сл. 9.5. Прекин на напон

Пренапон е состојба при која големината на напонот пораснува над однапред зададена
граница (110 % Un).

Сл. 9.6. Пренапон

Импулсен пренапон (транзиентен) е високофрекветна промена на напонот во траење


помало од еден период.

82
 
 

Несиметрија на напонот е состојба во која напоните во трифазниот систем се


разликуваат меѓу себе по големина или фазен агол (фазниот агол помеѓу две фази не е 120
степени).

Сл. 9.7. Несиметрија на напонот


Напонски хармоници се синусни напони со фреквенција која е повеќекратник од
основната фреквенција, а со амплитуда помала од амплитудата на основниот напон
(основниот хармоник).

Сл. 9.8. Напонски хармоници

Идеално гледано, брановите форми на струјата и напонот се совршени синусоиди. Но


заради се поголемата популарност на електронските и останатите нелинеарни оптоварувања ,
ови бранови облици често пати стануваат изобличени. Отстапувањето од совршен синусен
бран може да се претстави со хармоници – синусни компоненти чија фреквенција е
повеќекратник од основната фреквенција. За да се определи нивото на изобличување се
користи поимот вкупно хармоничко изобличување (THD- total harmonic distortion) поим кој го
означува изобличувањето како процент од основниот бран (чист синусен облик) на струјата или
напонот.
Напонските меѓухармоници се синусни напони со фреквенција која не е цел
повеќекратник од основната фреквенција. Напонска сигнализација се напони суперпонирани на
основниот напонски бран , а се користат за управување со потрошувачите и опремата.

9.2. Негативно повратно влијание на потрошувачите врз мрежата

Различни видови на потрошувачи генерираат различни негативни повратни влијанија врз


мрежата. Во Табела 9.1 се прикажани причините за појава на негативни повратни влијанија врз
напојната мрежа како и последиците кои тие ги предизвикуваат во истата.

83
 
 

Табела 9.1. Повратно влијание на потрошувачите врз напојната мрежа

Последица Причина
Фликер Електролачни печки, тргање во работа на мотори
со големи моќности, постројки за валање,
ветрогенератори
Несиметрија Лошо симетрирање на оптоварувањето во
нисконапонската мрежа
Напонски ТВ уреди, фуоресцентно осветлување,
храмоници канцелариска опрема, клима уреди, електролачни
печки, ветрогенератори
Напонски Електролачни печки
меѓухармоници

Уредите од енергетска електроника генерираат карактеристичен спектар на хармоници во


зависност од топологијата на самиот преобразувач. Бројот на импулси во излезниот напон од
преобразувачот е број на несимултании комутации на вентитлите. Најголемиот број на
преобразувачи се конструираат така да се елиминираат парните хармоници во стационарна
состојба на работа на преобразувачот. Парните хармоници воглавно се присутни за време на
динамичките преодни состојби. На сл. 9.9.а) е претставен 6-пулсниот излезен напон од
преобразувач во мостна врска (инвертор) додека на сл. 9.9 б) е прикажан спектарот на
хармоници во излезниот напон на преобразувачот.

(а) 6-пулсен напон (б) хармониски состав на 6-пулсен напон

Сл. 9.9 Излезен напон од 6-пулсен преобразувач и неговиот хармониски спектар

На сл. 9.10.а) е претставен 12-пулсниот излезен напон од преобразувач во мостна врска


(инвертор) додека на сл. 9.9 б) е прикажан спектарот на хармоници во излезниот напон на
преобразувачот.

(а) 12-пулсен напон (б) хармониски состав на 12-пулсен напон

Сл. 9.10. Излезен напон од 12-пулсен преобразувач и неговиот хармониски спектар

84
 
 

Струјните хармоници се проблем кој предизвикува зголемување на загубите во компонентите


на електроенергетскиот систем. Трансформаторите се посебно осетливи на тој проблем , па
нивната моќност на трансформација може да опадне и за 50 % кога напојуваат оптоварувања
со изразени изобличувања на струјата (THD над 100 %). Оптоварувањата со многу изобличен
бранов облик на струјата исто така имаат мал фактор на моќност., поради што ангажираат
поголема моќност во електроенергетскиот систем и може да бидат извор на преоптоварување.
Управуваните електромоторни погони често имаат вкупен фактор на моќност 0.65 заради
големото струјно изобличување. Факторот на моќност може да се зголеми на 0.85 со
користење на пригушница. Пригушницата го ограничува зголемувањето на струјата и го
намалува струјниот THD. Покрај тоа струјните хармоници може да го изобличат напонскиот
бран и да предизвикаат напонски хармоници. Напонските изобличувања влијаат не само врз
електорнските уреди туку и врз електричните мотори и кондензаторски батерии. Кај
електричните мотори инверзните хармоници (5, 7, 17) , наречени така затоа што создаваат
вртливо електромагнетно поле кое е спротивно од магнентото поле на основната фреквенција,
може да предизвикаат не само загревање туку и механички осцилации во погонот мотор-
оптоварување. Еднофазните нелинеарни оптоварувања како на пример компјутерите
генерираат непарни хармоници (3,5,7, 9 итн..). Во еднофазните системи се јавуваат проблеми
со третиот хармоник и неговите непарни повеќекратници (9, 15 итн.). Овие хармоници се
собираат наместо да се поништуваат во неутралниот проводник кај трифазните системи. Ова
може да предзвика преоптоварување на неутралниот проводник доколку истиот не е
проектиран за таков вид на оптоварување. Дополнително ваквите хармоници предизвикуваат
кружни струи во намотката на трансформаторот врзана во триаголник. Кога овие хармоници
преку неутралниот проводник ќе дојдат со трансформаторот се затвараат во примарната
намотка (триаголник) каде што кружат. Како резултат на тоа се јавува загревање на
трансформаторот, слично на она кај несиметрични трифазни струи. Една од карактеристиките
на струјните хармоници е и висок вршен фактор. Вршен фактор кај произволен бранов облик е
односот на максималната и ефективната вредност на бранот. Кај совршен синусен бран ова
вредност е 1,414. Вредност која е различна од 1,414 покажува изобличување на бранот.
Типично е за изобличените стрјуни бранови да имаат вршен фактор поголем од 1,414 (сл. 9.11)
а изобличените напонски бранови да имаат помал од 1,4.14.

Сл. 9.11. Типичен бранов облик на струјата за еднофазни нелинеарни товари со електронско
напојување

На сл. 9.12 е прикажан обликот на напонот кај дистрибутивен трансформатор оптоварен со 50


% од номиналната моќност преку еднофазен исправувач. Не прикажаната слика може да се
види т.н. ефект на „испреглан“ врв.

Сл. 9.12. Бранов облик на напојувањето при еднофазен товар со 50 % од номиналната моќност

85
 
 

И при ваков бранов облик на напонот како на сл. 9.10 поголемиот дел од модерните
електронски уреди ќе работат без проблем. Меѓутоа големината на хармониците може да
предизвика големо напрегање на компонентите , особено на кондензаторите кои се приклучени
директно на напојувањето. Ако се работи за мешано еднофазно и тирфазно оптоварување кое
е приклучено на нисконапонска мрежа некои хармоници како период и седмиот се фазно
изместени за 180 и се поништуваат. Понекогаш овој податок може да биде од важност иако
нема сигурност дека ваквата опрема ќе биде истовремено користена, на пример кај
канцелариски простории кои се блиску до ограничувањето за петтиот и седмиот хармоник
заради големиот број на еднофазни компјутерски товари, вградувањето на управлив
електромоторен погон нема да го влоши нивото на петиот и седмиот хармоник туку може дури
и да го намали. Негативни појави кои се предизвикани од присуството на вишите хармоници во
мрежата се: паралелна резонација, зголемување на загубите и дополнително загревање,
преоптоварување на неутралниот проводник и намалување на точноста на мерење на мерните
уреди. Вишите хармоници влијаат и врз трансформаторот и вршат смалување на неговата
расположлива моќност заради дополнителните загуби кои ги предизвикуваат. Ова влијание на
вишите хармоници врз работата на трансформаторот се опишува со К-факторот кој се
пресметува според:
n
K  I h2  h 2
h 1
Каде Ih е струја на h-тиот хармоник , h-редот на вишиот хармоник. Стандардни вредности на К-
факторот ce: 4, 9, 13, 20, 30, 40, 50. Зависност на К-факторот од процентот на оптоварување е
дадена на сл. 9.12.

Сл. 9.12. К-фактор и неговото влијание врз оптовареноста на трансформаторот

Покрај уредите кои припаѓаат на енергетската електроника и ветрогенераторите


влијаат повратно врз електроенергетската мрежа. Нивното повратно влијание врз мрежата се
гледа во појава на динамичка промена на напонот (фликер), транзиентни напони кои се
предизвикани од вклучување на ветрогенераторите на мрежа како и инјектирање на виши
хармоници во мрежата. Често има појава на зголемување на напонот на местот каде што е
приклучен ветрогенераторот. Динамичките промени на напонот или фликер се предизвикани од
турбуленциите на ветерот и овие појави се поизразени кај ветрогенераторите со константна
брзина на вртење.

9.3. Меѓународни норми и препораки од областа на квалитет на електрична енергија

Неколку меѓународни стандарди го дефинираат квалитетот на електричната енергија и


тоа: EN 50160:1999-карактеристиките на напонот во јавните дистрибутивни електроенергетски
мрежи, ЕН 61000-3-6: 1996 – проценка на границите на емисија за товари кои внесуваат
изоблучувања на напонот во среднонапнските и високонапонските мрежи, IEC 61000-3-7: 1996-
проценка на границите на емисија за променливи товари, IEC 519-1992-препораки и барања за
управување со хармоници во електрични мрежи.
Стандардот EN 50160 ги дефинира теничките карактеристики на напонот во
дистрибутивната мрежа до напонско ниво од 35 kV при нормален работен режим. Периодот на

86
 
 

мерење на напонот е седум дена , и во текот на тој период се следат поедините параметри на
напонот. Мерниот исечок е десет минутен за најголемиот дел од параметрите кои се следат, со
исклучок на фреквенцијата која се следи во интервал од десет секунди и сигналниот напон кој
се следи во интервал од три секунди. Се пропишуваат границите на параметрите кои мора да
бидат задоволени внатре во 95 % од периодот на мерењето, додека во останатите 5 % на
случаи границите на параметрите се пошироки или воопшто не се пропишани. Овој стандард е
на сила во поголемиот дел на европските земји. Техничките параметри на напонот кои се
анализираат во EN 50160 се: мрежната фреквенција, големината на мрежниот напон, брзите
промени на напонот, треперењето на напонот (фликер), напонските пропради, прекини во
напојувањето (краткотрајни и долготрајни), повремени пренапони помеѓу фазните проводници
и земјата, преодни пренапони помеѓу фазните проводници и земјата, несиметрија на напонот,
напони на меѓухармониците и сигналните напони кои се суперпонираат на напонот на
напојување.
Согласно EN 50160 номиналната фреквенција е 50 Hz. При номинални работни услови
10-секундна вредност на фреквенцијата мора да биде во следниот распон: 50 Hz1% (od 49,5
Hz до 50,5 Hz) во текот на 95 % од седмицата, а 50 Hz -6/+4 % во текот на 5 % од седмицата.
При номинални работни услови, не земајќи ги во предвид прекинувањата на напонот,
95 % од просечната вредност на десет минутните ефективни вредности на напонот на
напојување во текот на секоја интервал во седмицата мора да биде во опсег Un10 % a
преостанатите 5 % во разгледуваната седмица, промената на напонот мора да биде во
границите Un -15/+10 %.
Согласно EN 50160 во текот на десетминутниот период се определува краткотрајната
вредност на треперењето Pst (st-краткотрајно треперење). Врз основа на 12 последователни
вредности на Pst се пресметува долгорочната јачина на треперењето (lt-долготрајна вредност)
која во текот на временскиот исечок од два часа се пресметува според равенката:
12 Psti3
Plt  3  (9.1)
i 1 12
При нормални работни услови долгорочната јачина на треперењето мора да биде Plt 1 во 95
% од разгледуваната седмица.
Согласно погореспоменатиот стандард под пропад на напон се смета пад на напонот
во граници од 1 % до 90 % Un. Истиот стандард не го дефинира бројот на дозволени пропади
во текот на една седмица, туку се дава оценка дека нивната честота се менува на годишно
ниво, во зависност од разгледуваната точка во мрежата. Очекуваниот број на пропади на
напонот може при нормални услови да биде помеѓу неколку десетици до илјада. Поголемиот
дел од пропадите се со траење пократко од 1 s, а со длабочина помала од 60 %.
Под прекини на напонот се подразбира намалување на напонот под 1 % од
номиналната вредност. При нормални работни услови кратките прекини на напонот на
напојување (во времетраење помало од 3 минути) се појавуваат со честота од неколку
десетици до повеќе стотици прекиди годишно. Времетраењето на околку 70 % на кратките
прекини на напојувањето треба да биде пократко од 1 секунда. За подолготрајни прекини
(подолги од 3 минути) не може да се утврдат границите во однос на учестеноста и
треперењето, бидејќи тие вообичаено се предизвикани од надворешни настани, кои
испорачателот на електричната енергија не може да ги предвиди. Во текот на една година
вакви подолготрајни прекиди може да има помалку од 10, но и повеќе од 50.
Пренапоните се регистрираат штом вредноста на напонот ја прејде горната граница од
Un+ 10%. Во среднонапонските мрежи со круто или полукруто заземјети ѕвездишта,
пренапоните по правило не надминуваат 1,7 Un, додека во мрежите со незаземјети ѕвездишта
пренапоните воглавно не надминуваат 2 Un. Во нисконапонските мрежи не треба да се
очекуваат пренапони поголеми од 6 kV (краткотрајни пренапони – транзиенти пренесени во
среднонапонските мрежи по пат капацитивни врски). Овој стандард не дава граници за
пренапоните.
Во однос на вишите хармоници овој стандард дефинира дека 95 % од десетминутните
просечни вредности на вкупното хармоничко изобличување (THD) на напонот на напојување се
пресметува од сите хармоници (до 40-ти виш хармоник) према равенката 9.2 и истата не смее
да надминува 8 %.
40
2
U i
i 2
THDU %   100% (9.2)
U1

87
 
 

При нормални работни услови 95 % од десетминутните просечни ефективни вредности на


напонот на секој поединечен виш хармоник не смеат во разгледуваниот пеирод да ги надминат
вредностите кои се прикажани во табелата 9.2.

Табела 9.2 Дозволени вредности на хармониците на напонот на местото на предавање до 25-


тиотхармоник, во проценти од Un

Непарни виши хармоници Парни виши хармоници


Не се повеќекратник од Повеќекратник од бројот 3 Ред на Граница [%]
бројот 3 хармоникот
Ред на Граница [%] Ред на Граница [%] Ред на Граница [%]
хармоникот хармоникот хармоникот
5 6,0 3 5,0 2 2,0
7 5,0 9 1,5 4 1,0
11 3,5 15 0,5 6….24 0,5
13 3,0 21 0,5
17 2,0
19 1,5
23 1,5
25 1,5

Во однос на несиметријата на напонот во нормални работни услови 95 % од десетминутниот


просек на односот на ефективните вредности на инверзната и директната компонента на
напонот не смее во внатрешноста на секој интервал да надминува 2 %. Кај сигналниот напон
има крива на ограничување на големината на напонот во зависност од фреквенцијата на
сигналниот напон. Се разгледуваат вредностите од три секунди.
Дозволените отстапувања на напонот во однос на нисконапонската опрема според
Information Technology Industry Council (ITIC) се дадени на сл. 9.13.

Сл. 9.13. Препорачани отстапувања на напонот кај нисконапонските уреди

Денес постојат голем број на уреди за мерење на параметрите на квалитетот на електричната


енергија што се сведува на мерење на напонот и струјата. Така добиените податоци минуваат
низ аналогно дигитално преобразување и одат во работната меморија од каде се праќаат во
процесорот кој делумно или целносно ги обработува. Обработените податоци се меморираат
во флеш меморија и преку комуникациските канали се испраќаат до базата на податоци.
Меморираните податоци може да се префрлат на комјутер каде што може по потреба
дополнително да се обработуваат преку соодветна програмска подршка.

10. ЕЛЕКТРОМАГНЕТНА КОМПАТИБИЛНОСТ ВО ЕЛЕКТРОМОТОРНИ ПОГОНИ

Ризикот за повремени застои во работата на електричните уреди како резултат на


електромагнетни пречки се повеќе се зголемува во текот на последните години. Тоа најмногу е
резултат на две причини:

88
 
 

1. Бројот и енергијата на потенцијалните извори на електромагненти пречки се зголемува како


резултат на:
- зголемувањето на бројот на електронските уреди и следствено бројот на изворите на
пречки.
- зголемувањето на бројот на електричните уреди кои користат енергетска електроника,
а со тоа се зголемува и енергијата на изворот на електромагнетни пречки.
- зголемувањето на прекинувачката фреквенција на електронските компоненти.
2. Бројот и осетливоста на потенцијалните уреди кои се подложни на пречки се зголемува
бидејќи:
- потрошувачката на електрична енергија кај електрониката која служи за процесирање
на сигнали се зголемува и следствено стануваат повеќе подложни на пречки и
- бројот на микропорцесорки управуваните дигитални системи се повеќе се зголемува и
една единствена грешка може да доведе до состојба на грешка на целиот систем. Како
резултат на тоа електромагнетната компатибилност има за цел да:
- се справи со случајните електромагнетни пречки помеѓу електричните и електронските
уреди и компоннети
- ги проучи механизмите на работа на самите пречки
-дефинира мерки за да се сведат на минимум ненамерните пречки и истите да не
доведат до состојба на грешка.

Сл. 10.1. Електромагнетна пречка

Имајќи во предвид дека електромагнетната компатибилност ја дефинира способноста на


електричниот уред да нормално функционира во една електромагнетна околина и има за цел
да ги намали нивоата на емисија на електромагненти пречки до граница при која другите
електрични уреди не се значително оневзможени во својата работа, може да се предвидат
некои мерки за да се избегне појава на електромагнетна некомпатибилност:
- да се намали нивот на емисија на пречки од изворот на пречките
- да се зголеми отпорноста (имунитетот) на уредите кои се подложни на пречки
- да се прекине врската на преносот на пречките

10.1. Модел на пречки во електромоторни погони

Моделот на пречки ги дефинира:


- електричните уреди кои се разгледуваат како извор на пречки или како уреди кои се
подложни на пречки
- патеката на преносот на пречките или интерфејсот на пренос на пречките
Изворот на пречки емитира електромагнетни нарушувања. Тие се пренесуваат до уредот кој е
подоложен на пречки преку нивната меѓусебна врска. Електромагнетните пречки се несакан
електромагнентен ефект. Ако интерфејсот за пренос на пречките е во самиот уред, тогаш ова
се нарекува внатрешен интерфејс на системот. Интерфејсот помеѓу два уреди се нарекува
надворешен интерфејс на системот (сл. 10.2)

Сл. 10.2. Модел на пречки кај електромоторни погони

89
 
 

Внатрешните интерфејси се проектирани под критичните граници за електромагнетна


компатибилност од страна на производителот. Влијанието на надворешните интерфејси се
чуствува кога електричните уреди се поврзани заедно и се манифестира во текот на
пуштањето во работа или за време на работата на машината или целата постријка. За да се
избегнат грешки при работењето треба да се превземат потребните мерки за да се обезбеди
надворешниот интерфејс да не го достигне нивото на пречки кое се однесува за поврзаните
уреди. За да се избегнат скапите и комплексни работи за време на пуштањето во работа , се
препорачува да се земе во предвид електромагнетната компатибилност уште при
проектирањето на електромоторниот погон. Модерните електромоторни погони се
карактеризираат со многу брзи полпроводнички електронски компоненти и микропоцесори со
голема брзина. Како резултат на тоа, брзата промена во струите и напоните како и брзите
промени во електричното и магнетното коло може да влијаат врз функцијата на
електромоторниот погон или врз останатите електрични или електронски уреди.
Електромоторните погони се потенцијален извор на пречки во системите за автоматизација.
Електромоторните погони исто така имаат големи можности за процесирање на дигитални и
аналогни сигнали. Тие комуницираат со надредените контролери и другите уреди во погонот со
користење на аналогни и дигитални сигнали како и магистрали за пренос на податоци.
Следствено електромоторните погони се подложни на електромагнетни пречки. Од аспект на
електромагнентна компатибилност, електромоторните погони се истовремено и извор на
пречки и објекти кои се подложни на пречки (сл. 10.3).

Сл. 10.3. Електромоторните погони како објекти подложни на пречки и како извор на пречки

10.2. Механизам за поврзување

Механизмот за поврзување дава увид во начинот на кој пречките се пренесуваат од


изворот кон објектот кој е подложен на пречки. Механизмот за поврзувањето е илустриран на
сл. 10.4.
Потребно е да се прави разлика помеѓу механизам за поврзување каде пречките се
пренесуваат по пат на спроведување и механизам за поврзување каде пречките се
пренесуваат по пат по пат на радијација односно зрачење. Пречките кои се спроведуваат, се
простираат во рамките на заедничко струјно коло, додека пречките кои се зрачат можат да се
простираат помеѓу галвански изолирани системи.

90
 
 

Сл. 10.4. Класификација на механизмите за поврзување

Галванско поврзување има кај струјните кола кои имаат заеднички напонски извори и
заеднички спроводници. Примерот кој е прикажан на сл. 10.5 јасно ги илустрира опишаните
односи.

Сл. 10.5. Галванска врска

Напон Uz се јавува на импедансата на проводникот Z и е резултат на струјата I1 во уредот 1. Со


користење на Киркоховиот закон за напони, напонот на напојување U2 за уредот 2 е:

U2  UB U z (10.1)
Струјата I1 предизвикува пад на напонот на напојување за уредот 2, односно напон U2 . Ова
намалување на напон е поголемо ако
 струјата е поголема
 е поголема промената на струјата di1 dt за струјата I1 и
 е поголема импедансата на проводникот Z

Индуктивните поврзувања (спреги) се резултат на промената на мегнетното поле во текот на


времето (сл. 10.6). Секој проводник кој спроведува струја е опкружен со магнетно поле. Ова
магненнто поле ги опфаќа и соседните струјни кола. Ако струјата I1, која што протекува низ
прoводникот се менува во текот на време, променливото магнентно поле индуцира напон Uind
во соседните струјни кола. Овој индуциран напон се суперпонира на напонот на напојување U2.
Кај импеданса на товарот, резултантниот напон кој се појавува е:
U sum  U 2  U ind (10.2)

91
 
 

Сл. 10.6. Индуктивна спрега

Ако Z2 е влезна импеданса на мерниот уред, измерениот напон U2 ќе биде изобличен од страна
на суперпонираниот напон на пречка.
Индуцираниот напон Uind е поголема ако:
 е поголема промената на струјата di1/dt кај I1 и
 се поголеми индуктивните спреги помеѓу проводникот и колото кое е подложно на
пречки.
Капацитивните поврзувања се резултат на промената на електричното поле во тек на време.

Сл. 10.7. Капацитивна спрега

Проводникот означен со 1 кој има напон на своите краеви е опкружен со електрично поле. Ова
електрично поле го опфаќа и соседниот проводник 2. Ако се промени потенцијалот на краевите
на проводникот 1, се менува и електричното поле. Ова резултира со зголемување или
намалување на електричните оптоварувања во проводникот 2 што понатаму резултира со
струја во колото бр. 2 која е резултат на промената на падот на напонот Vsum и импедансата Z2.

U sum  U 2  U cap (10.3)

Ако Z2 би била влезна импеданса на мерниот уред, измерениот напон U2 би бил изобличен од
страна на суперпонираниот напон од пречката.
Во принцип, капацитвна спрега или врска може да се појави помеѓу два проводника во
едно електрично коло.
Напонот Ucap е поголем ако
 е поголема промената dU1/dt во напонот U1 и
 е поголемо капацитивното поврзување помеѓу проводниците 1 и 2.

92
 
 

Поврзувањата преку електромагнетно зрачење се предизвикани од електромагнетни бранови.


Електромагнетните бранови се зрачат од струјно коло (сл. 10.8) и се шират низ просторот со
брзина на светлината. Тие се карактеризираат со јачина на електричното и магнетното поле.
Двете компоненти се цврсто поврзани една со друга. Променливото магненто поле
предизвикува променливо електрично поле кое исто така предизивикува променливо магнетно
поле. Со користење на овој механизам, бранот се простира низ просторот.

Сл. 10.8 Пречки предизвикани од електромагнетно зрачење

Електромагнетните бранови се резултат на силни промени или во магнетното или во


електричното поле во тек на времето. Уредите кои придонесуваат за создавање на овие
полиња или реагираат на нив се познати како диполи или антени.
Магнентниот дипол е резултат на временски проемнлива струја која тече низ
магнетниот дипол или проводната контура. Ако диполот е подложен на временски променливо
магнентно поле од друг извор , овој дипол може да функционира како приемник. Во овој случај,
магнентото поле индуцира напон во диполот. Колку е поголема површината на диполот или на
проводната контура, толку е помала фреквенцијата на сигналите кои се зрачат или се примаат
Променливо електрично поле се создава како резултат на временски проемнлив напон
на електричниот дипол или на прав проводник. Овој дипол може да функционира и како
приемник, ако е подложен на временски променливо електрично поле од различен извор. Во
овој случај електричното поле влијае врз движењето на полнежите во диполот. Колку е подолг
диполот или колку е поправ проводникот, толку е помала фреквенцијата на сигналите кои може
да се зрачат или примаат.
Електромагнетнотo зрачење има потекло од променливите магнетни и електрични
полиња и е поврзано со индуктивните и капацитивни механизми на врски. Секогаш кога има
индуктивни/капацитивни спреги и електромагнетно зрачење, истото може да се дефинира врз
основа на растојанието помеѓу изворот на пречки и уредот кој е подложен на пречки. Треба да
се прави разлика помеѓу:
 блиското поле
 одалеченото поле
Дефиницијата за блиското и одалеченото поле се базира на брановата должина  на сигналот
на пречка S. Сигналот на пречка S како функција од растојанието x е дединиран со:

S  S max  sin( x  2 /  ) (10.4)

Сл. 10.9. Бранова должина на сигналот на пречка

93
 
 

За растојанија x кои се многу поголеми од /2 -ови растојанија се сметаат за оддалечено поле.
Во одалечените полиња (сл. 10.10) пречките се предизивикани од електромагнетните зрачења.

Сл. 10.10. Разлика помеѓу индуктивни и капацитивни спреги и електромагнетно зрачење

Со користење на равенството
c  f  (10.5)
Каде c е брзина на светлината (300.000.000,0 m/s)
f- фреквенција
- бранова должина

и врз основа на погоре дадениот дијаграм, може да се дефинира разликата помеѓу блиското и
одалеченото поле како функција од фреквенцијата на сигналот на пречка.
Со анализа на електричниот спектар на пречките кај електромоторните погони може да
се дојде до следните заклучоци:
 пречките од линиската и импулсната фреквенција кои потекнуваат од енергетскиот дел
се под 100 kHz и се простираат во блиското поле (индуктивна и капацитивна врска).
 Пречките кои се резултат на микропроцесорски управуваните електромоторни погони
се во распон од MHz, што резултира со електромагнетни пречки во оддалеченото поле.

10.3 Математички модел на пречките

Пречките се појавуваат периодично или се случајни. Во зависност од обликот на


сигналот понатаму тие се класифицираат како:
- пречки во тесен опсег на фреквенции кои имаат тесен распон на фреквенции. Таков
вид на пречки имаат радио предавателите.
- пречки во поширок опсег на фреквенции кои имаат широк распон на фреквенции.
Пример уреди од напојни уреди од енергетска електроника , куси врски во напојувањето,
енергетски преобразувачи, електростатски празнења, молњи итн..

Сл. 10.11. Класификација на пречките во зависност од обликот на сигналот

94
 
 

Брановите форми на пречките се различни и многу ретко тие се блиски до идеален синусен
облик. Со цел да се опишат овие несинусни пречки и да се предвидат нивните ефекти, со
помош на Фуриева анализа вистинските променливи се разложуваат на нивните синусни
компоненти. Сумата на компонентите овозможува да се добијат оригиналните променливи
големини.
Математичката трансформација која ја овозможува оваа декомпозиција се нарекува
Фуриеова трансформација. Следнава формула е основа на Фуриеовата трансформација:

A 
f t   0   An cosn1t   Bn sin n1t  (10.6)
2 n 1
Каде f(t) е периодична функција која се анализира
А0 е коефициент на еднонасочната компонента
Аn е коефициент на синусните компоненти
Bn е коефициент на косинусните компоненти
1 е аглова фреквенција на основната фреквенција и 1=2/Т
n е цел број, множител на основната фреквенција
Т период на основната фреквенција од f(t)

Комбинирањето на синусните и косинусните компоненти од една фреквенција резултира со


следнава формула:

C0 
f t     C n cosn1t   n  (10.7)
2 n 1

Орегиналниот сигнал f(t) се разложува на:


- константен член C0/2
- основна фреквенција 1 и амплитуда C1
- и хармоници со фреквенција n1 и амплитуди Cn

Резултатите од Фуреовата анализа може да се претстават графички со користење на


фреквентен одзив кој ги содржи амплитудниот и фазниот одзив.
- амплитудниот одзив ја прикажува амплитудата Cn како функција од фреквенцијата и
хармониците.
- фазниот одзив го прикажува поместувањето во тек на времето на n-тиот хармоник во
однос на поминувањето низ нула на основната фреквенција. Фазниот одзив вообичаено
има помало значење и не се разгледува.

Фреквентниот одзив на пречка е во суштина нејзиниот опис во фреквентниот домен.


Фреквентниот одзив дава јасна слика која фреквенција го прави сигналот на пречка. Постојат
соодветни софтверски програми кои можат да го прикажат фреквентниот одзив на даден
сигнал на персонален компјутер или осцилоскоп.

Пример: Сигнал со квадратна форма се разгледува со помош на Фуриевоа анализа. Фуриовата


низа за функцијата f(t) е дадена со:

4 1 1 1 
f (t )  sin 1t   sin 31t   51t   71t   ... (10.8)
 3 5 7 
Резултатите се дадени на следниве дијаграми:

95
 
 

Сл. 10.12. Амплитуден и фазен одзив на правоаголен сигнал

Како што може да се види од сл. 10.11 за правоаголен сигнал се присутни само непарните
хармоници кои се намалуваат значително со зголемување на фреквенцијата. Во овој случај
може да се игнорираат компонентите кои се со многу висока фреквенција во сигналот на
пречка.
Со сумирање на индивидуалните фреквентни компоненти за да се реконструира
орегиналниот сигнал се добива формата на сигналот на сл. 10.13.
Со постепено додавање на повисоките фреквенции може да се види како се реконструира
првобитната квадратна форма на сигналот.

Сл. 10.13. Реконструкција на правоаголниот сигнал од неговите фреквентни компоненти

Кога еднаш пречката ќе се разложи на нејзините фреквентни компоненти, може да се увидат


нејзините математички карактеристики (сл.10.14). Овие карактеристики се користат за
дефинирање на граничните вредности во соодветните стандарди.

Сл. 10.14. Карактеристики во фреквентниот домен

Слични карактеристики може да се изведат од анализата на временскиот домен на пречката


(сл. 10.15).

96
 
 

Сл.10.15. Карактеристики во временски домен

Кога се разгледува електромагнетната компатибилност , пречките кои се појавуваат, често


покриваат многу голем амплитуден распон. За да може соодветно да се претстават овие
вредности, нивото на сигналот се изразува во dB (децибели). Тие се дефинирани на следниот
начин:

Табела. 10. 1. Дефиниција на нивоата на сигналот за напони и моќности


Големина Формула Единица
напон u=20log10U dB или dB (V) за абсолутни
вредности (Vо=1)
моќност p=10log10P dB или dB (W) за абсолутни
вредности (Pо=1)
Примери за претворување за напонот (апроксимативни)

Табела 10.2. Примери за претворување на напонот (апроксимативни)


Вредност во dB(V) Вредност во V
заокружена
10 dB (V) 3V
20 dB (V) 10 V
30 dB (V) 31 V
40 dB (V) 100 V
50 dB (V) 316 V
60 dB (V) 1000 V
80 dB (V) 10.000 V
100 dB (V) 100.000 V

10.4 Електромоторните погони како извор на пречки

10.4.1 Галвански пречки генерирани од еднонасочни погони напојувани од преобразувач


и контрамерки за нивно намалување

Специјален вид на пречки кои се предизвикани од контролерите, а особено од


енергетските преобразувачи се пречките во водовите или линиски пречки. Линиски пречки се
сите видови на пречки кон напојната мрежа што резултираат со девијации (отстапувања) на
амплитудата, фреквенцијата и обликот на напонот на напојување и брановите форми на
струјата. Линиските пречки резултираат со изобличување на линискиот напон кој веќе ја нема
идеалната синусна форма во точката на поврзување. Вакви пречки настануваат низ
галванските врски. Кога се зборува за линиски пречки, само пречките во распон до 2 kHz се
земаат во предвид. Пречките над овој фреквентен распон вообичаено се нарекуваат
радиопречки.
Едно поедноставено коло на напојување и преобразувач е претставено на Сл. 10.16 со
цел да го појасни механизмот на создавање на пречки од напојните линии. Напонот на
напојување се добива од генератор и се пренесува до точката на спој преку трансформатори и
кабли. Индуктивностите и активните отпори на генераторот, каблите и трансформаторите се
комбинираат заедно и се претставени како збирна импеданса ZN. Во точката на поврзување и

97
 
 

преобразувачот и неговата линиска преигушница се поврзани во паралела. Заради


поедноставување, преобразувачот е претставен како уред кој работи само во еден кавдрант.

Сл. 10.16.Поедноставено струјно коло на напојување и поврзан преобразувач

Кога тиристорите ќе се вклучат, арматурната струја комутира од фазата која моментално води
на ново вклучената фаза. Тоа значи дека струјата преминува од едната фаза на следната.
Како резултат на индуктивноста на кабелот, порастот и паѓањето на струјата во фазите е
континуиран. За време на процесот на комутација два тиристори во едната половина на мостот
проведуваат истовремено, што резултира со куса врска помеѓу фазите за време на
комутацијата. За време на процесот на комутација, напонот на двете фази на влезот на
преобразувачот ја поприма средната вредност. Фазата која што се исклучува има напонски пик,
а новата фаза која што се вклучува има пад на напонот (сл. 10.17). Длабочината и
времетраењето на падот на напонот зависат од аголот на палење на тиристорите  и
големината на арматурната струја Ia кој треба да комутира, како и од моќноста и
оптоварувањето на еднонасочниот мотор.

Сл. 10.17. Комутациони засеци во напојниот напон кој се генерира од преобразувач

Преобрзувачот се однесува како генератор кој циклично го напојува напонот на пречка во


фазите и го изобличува напонот на влезот на преобразувачот. На потрошувачите кои се врзани
во паралела се пренесува изобличувањето на напонот на влезот на преобразувачот.
Линиската пригушница на преобразувачот која е позната како комутациона пригушница, ја

98
 
 

зголемува индуктивноста на комутационото коло и ги намалува комутационите засеци во


точката на поврзување но не ги елеминира во целост. Како додаток на комутационите засеци,
несинусната струја допринесува за понатамошно изобличување на напонот на напојување во
точката на поврзување.
Линиските пречки кои се предизвикани од преобразувачот може да доведат до
некомпатибилност со другите потрошувачи како што се:
- застои во работата на другите потрошувачи, на пр. поврзани асинхрони мотори кои не
ја достигнуваат полната моќност и имаат зголемени термички загуби;
- Неточно проработување на заштитните уреди;
- Термички претовар,како резултат на зголемени загуби во каблите;
- Интезивни напрегања на изолацијата;
- Осцилации во компензационата опрема.

Границите на резличните карактеристики се дефинирани во интернационални стандарди, пр.


EN 61000 за секој вид на јавна дистрибутивна мрежа - јавна мрежа и индустриска мрежа.
Дистирбутивните компании ги гарантираат овие гранични вредности на потрошувачите во
точката на поврзување. Дополнително, дистрибутивните компании се заинтересирани за струи
на товари кои не содржат хармоници бидејќи истите ја намалуваат можноста за оптоварување
како резултат на рекативната моќност и дополнителните загуби. Од овие причини, поврзаните
погони со голема моќност, кои можат да имаат негативен ефект на квалитетот на
напојувањето, се предмет на претходни одобрувања. Одговорната дистрибуција одлучува за
мерките кои се неопходни за да се обезбеди квалитет на напојувањето.
Како дополнување на линиската пригушница, следниве можнсти се на располагање за
намалување на линиските пречки кои се генерираат од електромоторните погони кои се
напојувани со преобразувачи:
- локална компензација на линиските пречки со користење на филтри кај секој погон со
преобразувач;
- користење на алтернативни преобразувачки кола како дванаесет импулсен исправувач;
- централна компензација на линиските пречки со користење на кондензатори, кола за
абсорбција и активни филтри.

10.4.2. Галвански пречки генерирани од преобразувачи со еднонасочно меѓуколо, и


мерки за нивно намалување

Преобразувачите со еднонасочно меѓуколо, на пр. фреквентни преобразувачи, го генерираат


напонот на напојување во две етапи:

1. Во првата етапа напонот од мрежа се исправува за да се добие еднонасочен напон


2. Во втората етапа напонот на моторот се добива од еднонасочниот напон

Еднонасочниот напон кој се добива од исправувачот се испеглува со користење на


кондензатори. Исправувачот е одговорен за пречките во линијата. Во анализата што следи
инверторот заедно со моторот се претставени како активен товар R кој постојано го
растоварува кондензаторот во еднонасочното меѓуколо. (сл. 10.18).

Сл.10.18. Поедноставено струјно коло на напојување и поврзан преобразувач

99
 
 

Кабелот од точката на поврзување на исправувачот се моделира со импеданса ZL. За време на


комутацијата исправувачот создава напонски пропади и се однесува како извор на пречки. Но
како комутацијата се случува во исто време како природната комутација, напонските пропади
се значително помали од оние кои се предизвикани од преобразувачот и затоа не се
разгледуваат во повеќе детали.
Како дополнување на линиските пречки, понатамошниот механизам на пречки е
резултат на напојувањето од еднонасочното меѓуколо. Ова е прикажано на сл. 10.20. Струјата
е определна од оптоварувањето на кондезатрот C во еднонасочноот меѓуколо. Ако
амплитудата на максималниот напон помеѓу проводниците е поголема од напонот на
еднонасочното коло UDC , струјата на оптоварување IDC тече низ во моментот активните диоди
во еднонасочното меѓуколо. Како резултат на тоа напонот во еднонасочното коло се зголемува
и го следи максималниот напон помеѓу проводниците. Ако максималниот напон помеѓу
проводниците падне под напонот во еднонасочното меѓуколо, тогаш линиската струја почнува
да паѓа. Како резултат на тоа кондензаторот во еднонасочното меѓуколо се празни преку
отпорноста на товарот и напонот во еднонасочното коло паѓа. Процесот се повторува циклично
со фреквенција шест пати од линиската фреквенција. Тоа резултира со пикови во струјата на
полнење. Фазната струја значително се разликува од идеална синусоида со карактеристични
пикови. Амплитудата на овие пикови е определена од капацитивноста на кондензаторот во
еднонасочното меѓуколо. Фазните струи кои течат низ импедансите ZN и ZL прават пад на напон
UZN и UZL од несинусен карактер. Како резултат на тоа, во точката на поврзување напонот
нема повеќе идеална синусна форма туку е изобличен. Оптоварувањето кое е поврзано во
паралела го гледа тој изобличен напон. Тоа значи дека напонот во еданосочното меѓуколо
содржи напон на пречка кој е повеќекрантик од линиската фреквенција и резултира со несакани
пречки во напонот на напојување кај оптоварувањата кои се поврзани на него.
Следниве мерки може да се преземат за да се намалат пречките во напојувањето кои
се генерирани од напонот во еднонасочното меѓуколо:
- товарите треба да се поврзат што поблиску до изворот на напон. При тоа треба да се
избегнуваат заеднички напојни кабли и следствено зеднички имеданси ZL.
- инсталирање на линиска пригушница пред погонот за да се намалат хармониците во
струјата (исто така и пиковите во струјата и комутационите засеци од исправувачот).
Напонот на пречка UZL се намалува како резултат на импедансата на напојната мрежа и
оптоварувањето од страна на хармониците не е толку големо. Големината на линиската
пригушница зависи од моќноста на кусата врска кај напојниот напон и моќноста на контролерот.

Сл. 10.20. Струи на полнење на кондензаторот во еднонасочното меѓуколо

U L2
S (10.9)
ZN
Каде S – моќност на кусата врска
UL- номинален напон (напон на празен од)
ZN- импеданса на напојната мрежа

Големи моќности на струјата на куса врска S укажуваат на мала импеданса на напојната мрежа
ZN. Тоа значи дека струјните хармоници се само малку пригушени од страна на импедансата на
мрежата. Ако е потребно да се поврзат контролери со големи моќности, тогаш мора да се
зголеми импедансата на напојната мрежа со додавање на дополнителна пригушница.

100
 
 

Моќноста на струјата на куса врска S за нисконапонските мрежи вообичаено е околу 1200 kVA
.
Табела 10.3 Пример: Фреквентен преобразувач
Моќност на куса врска на напојната големина на линиската пригушница
мрежа
до 40 пати номинална моќност на не е неопходно поставување на
фреквентниот преобразувач линиска пригушница
до 500 пати номиналната моќност линиска пригушница со 2% Us
на фреквентниот преобразувач
поголема од 500 пати номиналната линиска пригушница со 4% Us
моќност на фреквентниот
преoбразувач

Релативниот напон на куса врска Us го изразува напонот како процент од линискиот напон кој
кога ќе се доведе на краевите на кусо врзаната комутациона пригушница резултира со струен
еквивалент на номиналната струја која тече низ комутационата пригушница. Тоа значи кога
номинална струја тече низ комутационата пригушница, пригушницата го намалува линискиот
напон за процент од Us.
Ако се поврзани неколку фрекветни проебразувачи мора да се разгледува збирот од
моќностите на преобразувачите. Во тој случај треба да се користат специјални линиски филтри
наместо линиски пригушници за да се намалат хармониците. Потребно е исто така да се
употребуваат дванаесет пулсни исправувачи. Тоа резултира со струја на оптоварување која се
дистрибуира на неколку струјни пикови. Во половина период од напонот на напојување има
четири струјни пика и обликот на струјата бавно се доближува до идеална синусоида. За ова се
потребни и специјални трансформатори во напојниот дел. Потребно е исто така да се користат
контролери со намалена капацитивност во еднонасочното меѓуколо што резултира со помали
струи на оптоварување.

10.4.3. Галвански пречки генерирани од инвертор и мерки за нивно намалување

Фреквентните преобразувачи за трифазни мотори се состојат од исправувач,


еднонасочно меѓуколо и инвертор. Инверторот го генерира излезниот напон како секвенца од
напонски импулси. За да се постигне ова, излезните проводници се периодично поврзани за
позитивната и негативната собирница на еднонасочниот напон. Типичните прекинувачки
фреквенции се во распон над 1 kHz. Енергетски транзистори се користат во електронските
вентили. Модерните енергетски транзистори се карактеризираат со големи прекинувачки
брзини. Тоа значи дека порастот и падот на напонот во транзисторите се одвива во многу
кратко време. Карактеристика на прекинувачката брзина е напонскиот градиент. Тој е неколку
kV/s. Со такви скоковити порасти и паѓања на напонот, паразитските капацитивности не може
повеќе да се занемарат. Тоа резултира со значителни струи на оптоварување и растоварување
кои може да предизвикаат пречки во погнот и останатите потрошувачи.
Слика 10.21 прикажува кои капацитивности треба да се земаат во предвид. Постојат
паразитни капацитивности помеѓу каблите на моторот како и помеѓу проводниците и
потенцијалот на маса. Во основа има слични паразитни капацитивности и во самиот мотор. За
да се поедностави, тие се земени во предвид заедно со капацитивностите на проводниците.

Сл. 10.21. Струен диjаграм на напојувањето поврзано на трифазен мотор

101
 
 

Со секоја комутација во инверторот електричниот потенцијал во фазата се менува. Како


резултат на паразитските капацитивности помеѓу проводниците, се јавуваат струи на
оптоварување и растоварување кои течат во инверторот. Струјната патека може да се
моделира со користење на сериско резонантно коло кое се состои од импедансата на кабелот
на моторот и капацитивноста помеѓу проводниците. Во зависност од карактеристиката на
индивидуалната променлива, обликот на струјата го има повеќе или помалку
карактеристичниот транзиентен одзив.

Големината и времетраењето на струјата на оптоварување и растоварување (види сл.


10.22) е определена од:
- големината на капацитивноста помеѓу проводниците и
- еквивалентната импеданса на кабелот за моторот и за инверторот
Паразитините капацитивности помеѓу проводниците ги имаат следниве негативни ефекти:
- загубите во каблите на моторот и во инверторот се зголемени;
- големите струјни пикови може да резултираат со оштетување на инверторот;
- екситациите во форма на импулси во кабелот на моторот може да резултираат со
електрични бранови. Како резултат на тоа напонот што го гледа моторот е значително
поголем од напонот на еднонасочното меѓуколо (повеќе од двојно) што може да
резултира со оштетување на изолацијата. Ова е особено значајно кога постари мотори
кои служат како замена со слаба изолација треба да се поврзат на фреквентниот
преобразувач.

Сл.10.22. Струјата на моторот во инверторот

Галванската врска која е резултат на паразитините капацитивности кои постојат помеѓу


проводниците најмногу има влијание врз електромоторниот погон. Ова е случај на внатрешни
пречки во системот. Бидејќи сите компоненти во системот како што се моторот, каблите за
моторот, контролерот за погонот не се комбинираат заедно сè додека машината и пратечката
опрема не се произведени, проблемот не може да биде само на страна на производителот на
погонот. Производителот може само да даде соодветни насоки и препораки кои мора доследно
да се имплементираат од страна на корисникот. Некои од тие мерки се следните:
- користење на кратки кабли за моторите со што се намалува паразитската
капацитивност помеѓу проводниците. Малите вредности на капацитивноста
допринесуваат за мали струи на оптоварување и растоварување.
- Со инсталирање на излезна пригушница големината на струјата на оптоварување и
растоварување е ограничена. Пиковите во струјата исто така се намалени. Струјата на
оптоварување и на растоварување има поголема временска константа. Но мора да се
има во предвид дека излезните пригушници резултираат со намалена динамика во
однос на управувањето на погонот и често не се ставаат кај електромоторни погони со
серво мотори.
- Со инсталирање на du/dt филтер на излезот од инверторот, градиентот на краевите на
напонските импулси е ограничен, што резултира со намалување на струите на
оптоварување и на растоварување. Кај електромоторните погони со серво мотори не е
дозволено корстење на du/dt филтри.
- Со инсталирање на филтри за синусен бранов облик на излезот од инверторот , се
потиснуваат вишите хармоници. Напонот на излез од филтерот не е повеќе серија од
напонски импулси и има скоро синусна форма. На овој начин се избегнува
оптоварувањето и растоварувањето на паразитните капацитивности. Филтрите за
синусен бранов облик исто содржат кондензатори кои мора да се оптоваруваат и
растоваруваат. Филтрите за синусен бранов облик дополнително го оптоваруваат

102
 
 

инверторот со струи на оптоварување и растоварување и затоа ова треба да биде


земено во предвид во тек на процесот на планирање на електромоторниот погон.
Користењето на филтри за синусен бранов облик го спречува појавувањето на
електрични бранови. Со тоа изолацијата на намотката е заштитена. Но не е дозволена
употреба на филтрите за синусен бранов облик кај електромоторни погони со серво
мотори.

Сл. 10.23. Струен дијаграм на напојувањето и поврзан трифазен електромоторен погон со


филтер за синусен бранов облик

Треба да се зебележи дека:


- излезните пригушници, du/dt филтрите, и филтрите за синусен бранов облик
овозможуваат должините на каблите за моторите да се продолжат и ја намалуваат
бучавата кај погоните.
- du/dt филтрите и филтрите за синусен бранов облик се нагодени точно на излезната
импулсна фреквенција на фреквентниот преобразувач. Тие вообичаено треба да се
земаат од еден ист производител.
- du/dt филтрите и филтрите за синусен бранов облик може да се користат заедно во
мрежите кои не се заземјени.
Како дополнување на капацитивностите помеѓу проводниците, паразитните капацитивности
помеѓу проводниците и маса исто така резултираат со несакани струи на оптоварување и
растоварување. Секоја комутација во инверторот резултира со промена на електричниот
потенцијал помеѓу фаза во мотор и потенцијалот на земја. Во случај на заземјени мрежи , тоа
резултира со струи на оптоварување и растоварување кои течат преку паразитиските
капацитивности помеѓу проводниците и земјата од неутралната точка на трансформаторот за
напојување преку напојните кабли и исправувачот назад до еднонасочното меѓуколо. (сл.
10.24)

Сл.10.24. Струја на оптоварување и растоварување кај капацитивности помеѓу каблите и земја

Големината и времетраењето на струите на оптоварување и растоварување е определно од:


- големината на капацитивноста помеѓу проводниците и земјата
- вкупната импеданса на трансформаторот на напојување, напојните кабли, каблите на
моторот и контролерот.

103
 
 

Во целина, паразитните капацитивности помеѓу проводниците и земја ги предизвикуваат


следните несакани ефекти:
- загубите се зголемуваат;
- големите струјни пикови може да предизвикаат оштетување на исправувачот и
инверторот;
- екситацијата во каблите на моторот која е во форма на импулси може да предизивика
електрични бранови и деградација на изолацијата на моторот;
- како резултат на импедансата на мрежата ZN, струите на оптоварување и на
растоварување предизвикуваат падови на напон , што резултира со изобличување на
напонот на напојување за другите товари кои се поврзани и можни пречки.
Хармониците со повисока фреквенција се во распон на импулсната фреквенција на
инверторот и над неа. Тоа се напони кои предизивикуваат радиофреквентни пречки.
Напоните кои предизвикуваат радио фреквентни пречки и полињата на пречки кои ги
предизвикуваат се дефинирани со интернационални стандарди и препораки на пр. EN
61000, EN 55022, EN 61800. Во зависност од местото на инсталација различни се
граничните нивоа на овие напони. Постоењето на усогласеност со граничните
вредности е оновен предулсов за CE декларацијата за усогласеност.
Инсталатерот на опремата, кој ги кобинира компонентите на системот како што се: мотор,
кабли за мотор и самиот контролер во еден електромоторен погон мора да превземе
соодветни мерки за намалување на пречките. Производителот на електромоторниот погон
е обврзан да понуди соодветни компоненти и да обезбеди препораки за да се достигнат
соодветните гранични вредности. Некои од тие препораки се:
- Користење на кратки кабли за поврзување на моторот, со што паразитините
капацитивности помеѓу проводниците и маса се држат на ниско ниво. Малите
капацитивности резултираат со помали струи на оптоварување и растоварување.
Користењето на оклопени моторни кабли води до значителни паразитни
капацитивности помеѓу проводниците и земја, дури и во случај на кабли со мали
должини. Како и да е, оклопените кабли се неопходни за потиснување на емисијата на
електромагнентно зрачење. Сепак треба да се преземат дополнителни мерки за да се
намалат радиофреквентните пречки.
- Основните мерки за намалување на пречките од еднонасочното меѓуколо резултираат
со струја на оптоварување IC која тече во дел од колото кој е паралелен со импедансата
на мрежата и кон еднонасочното меѓуколо. Тоа резултира со намалување на
хармониците како резултат на импедансата на мрежата и со помали изобличувања на
напонот на напојување. За апликации во индустриски средини, ова намалување на
хармониците е честопати доволно за да биде во согласност со специфичните гранични
вредности. Вообичаено, основното намалување на пречките е вградено во
фреквентните преобразувачи. Истото треба да биде одсрането кога погонот е поврзан
на мрежа која што не е заземјена.
- За да бидат ефикасни основните мерки за потиснување на пречките, основно е да се
има добар електричен контакт помеѓу контролерот на погонот и потенцијалот на земја.
Лош контакт може да резултира со отпорност кој би го попречувала течењето на
струјата за оптоварување/растоварување. Многу производители не се потпираат на
добар електроичен контакт за заземјување кој постои во разводниот ормар на погонот
туку обезбедуваат и дополнителна точка за заземјување.
- Со инсталирање на филтер за намалување на радиофреквентните пречки во кабелот
за напојување, струјата на оптоварување/растоварување IC тече во паралела со
импедансата на мрежата ZN. Како резултат на тоа напонот на напојување на товарите
кои се поврзани во паралела е само малку изобличен. Филтерот за радиофрекветни
пречки е димензиониран за високофрекветни пречки во распон од kHz и нагоре.
Филтерот за радио фрекветни пречки не влијае на основната линиска фреквенција.
Филтрите за радио фрекветни пречки се користат во комбинација со линиска
пригушница за да се потиснат нискофрекветните хармоници во напојувањето.

Филтрите за основно потиснување и филтрите за радиофрекветни пречки се во потполност


ефективни кога струјата на оптоварување/растоварување IC се носи директно во
контролерот на погонот или филтерот. Тоа може да се постигне со користење на оклопен
кабел за моторот кој електрично е добро поврзан со контролерот на погонот, на пример
фрекветниот преобразувач и радиофрекветниот филтер (сл.10.25).

104
 
 

Сл. 10.25. Струјно коло со линиски филтер и оклопен кабел за моторот

Основното потиснување на пречките и филтрите за намалување на радиофрекветните пречки


не смеат да се користат заедно во изолирани мрежи. Дополнителните мерки за потиснување
на напоните на пречки вклучуваат:
- инсталирање на излезен филтер
- инсталирање на du/dt филтер
- инсталирање на филтер за синусен облик

на излезот од инверторот. Тие се веќе опишани како мерки за намалување на главанските


пречки кои се предизвикани од капацитивностите помеѓу проводниците.

10.4.4. Пречки кои потекнуваат од инверторот

Пречките кои се зрачат, примарно потекнуваат од полупроводничките вентили кои брзо


се вклучуваат/исклучуваат во инверторот.За време на операциите на вклучување/исклучување
потенцијалот на кабелот на моторот се менува со амплитудата на напонот во еднонасочното
меѓуколо за многу кратко време. Следствено, струја на оптоварување и на растоварување тече
низ паразитските капацитивности на кабелот на моторот. Паразитските капацитивности
постојат не само во кабелот на моторот и потенцијалот на земја, туку исто така и во соседните
сигнални кола (сл. 10.26). Овие паразитски капацитивности во комбинација со промената на
потенцијалот на кабелот на моторот резултираат со струи на преки. Ако соседното струјно коло
е сигнално коло, тогаш ова може да резултира со недозволено изобличување на сигналот. Во
пракса, ова резултира со грешки во аналогните сигнали, грешки во повратните информации од
енкодерите и прекини во комуникациите.

Сл. 10.26. Капацитивни пречки од другите кола од електромоторниот погон

105
 
 

Струите на оптоварување и растоварување како резултат на паразитните капацитивности


према земја течат од кабелот на моторот према земја. За време на
оптоварувањето/раствоарувањето, сумата на струите во каблите не е ендаква на нула. Ова
резултира со кабелот на моторот да е опкружен со магнетно поле кое не е еднакво на нула во
процесот на оптоварување и растоварување. Брановата форма на магнетното поле е
еквивалентна на струјата на оптоварување/растоварување IC и затоа се менува брзо. Брзата
промена на магнетното поле индуцира напон на пречка во соседните проводни контури. Ако
соседните контури се сигнални кола ова може да доведе до пречки (сл. 10.27).

Сл. 10.27. Влијанието на електромоторниот погон врз соседните кола

Како дополнување на кабелот за моторот, заземјувањето на сите машини и орамарот е од


големо значење. Струјата на оптоварување и растоварување како резултат на паразитните
капацитивности помеѓу проводниците и земја тече преку оваа врска назад кон неутралната
точка на трансформаторот за напојување или линискиот филтер. Додека патеката на струјата
кај кабелот на моторот е геометриски дефинирана, патеките на струјата во рамки на
заземјената машина и компонентите на опремата не може лесно да се детектираат. Овие струи
ги претвараат пасивните елементи на системот како кабелските траси, разводни панели и
елементите внатре во нив, во потенцијални извори на пречки. Струите на оптоварување и
растоварување течат низ овие елементи и создаваат електромагнетно поле кое може да
предизвика напон на пречки во соседните кола. Дали ова ќе резултира со пречки и колку јаки ќе
бидат тие, зависи од геометрискиот распоред на различните струјни кола. Патеките на каблите
и нивното заземјување се значајни почетни точки ако се разгледуваат мерките за да се намалт
пречките кои се зрачат како резултат на електромагнентиот погон. Со одвојување на
сигналните и енергетските струјни кола паразитските капацитивности и индуктивности се
намалуваат. Покрај тоа треба да се запазува растојанието од најмалку 0.2 m помеѓу сигналните
и енергетските проводници. Треба да се избегнува водењето на сигналните и енергетските
кабли во иста кабелска траса. Со оклопувањето на каблите на моторите и со правењето на
завршните делови на оклопите со поголема површина може да се постигнат следниве ефекти:
- Оклопот е на потенцијал на земја. Ако се претпостави иделен проводен оклоп, тогаш
нема електрично поле над оклопот. Паразитските капацитивности кон соседните кола
исчезнуваат и пречките кои се разултат на електричните кола се потиснуваат.
Паразитните капацитивности помеѓу проводниците сега се појавуваат само во кабелот
на моторот.
- Високофрекветните магненти полиња предизивкуваат виорни струи во оклопот кои го
пригушуваат магнетното поле. Дополнително, оклопот служи како повратен проводник
за струјата на оптоварување/растоварување IC. Kako резултат на тоа, збирот на струите
во кабелот на моторот е нула и на некое растојание од кабелот на моторот магнетните
полиња од индивидуалните струи приближно се компензираат. Оклопот има два
механизма за да го пригуши ширењето на магнетните полиња , што резултира во
пригушување на пречките.
- Врска со мала импеданса помеѓу оклопот и контролерот на моторот како и врска со
мала импеданса помеѓу контролерот и филтерот за радиофрекветни пречки

106
 
 

обезбедува да капацитивната струја IC тече низ контролерот до филтерот. Ова


обезбедува дефинирана патека на протекување на струјата и нема протекување на
струи према земјата. Пречките кои се резултат на овие струи се елиминирани.

Иако користењето на оклопени кабли резултира со зголемување на паразитните


капацитивности помеѓу проводниците и земја, предностите кои се резултат на оклопувањето го
компензираат овој недостаток. Но треба да се има во предиви дека дозволените должини на
оклопените кабли се помали од оние на неоклопените. Ограничувањето во должината на
кабелот е со цел да се ограничи струјата Ic и да се заштити контролерот од преоптоварување.

10.4.5. Пречки кои се зрачат од дигитално управувани електромоторни погони

Модерните електромоторни погони се опремени со микропроцесори чија сатна


фреквенција е во ранг на MHz. Модерните магистрали за пренос на податоци имаат распон од
ред Mbit/s.Како резултат на погоренаведеното, присутни се високофреквентни сигнали како во
електромоторниот погон така и во неговата периферија кои на растојание од 0.5 m може да
предизвикаат пречки. Овие сигнали може да предизвикаат пречки од индуктивен и капацитивен
тип во соседните кола. Иако овие сигнали имаат мала моќност, сепак не смее да се потцени
нивната способност да предизвикаат пречки.
Производителите на електромоторните погони мора да водат сметка да дозволените
граници на емисија не се надминат, и со ставањето на CE ознака декалрираат дека уредите се
во согласност со EMC директивата. Често овие EMC мерки се целосно интегрирани во дизајнот
на уредите иако на прв поглед не може да се препознаат. Заради таа причина, погоните а
особено погоните управувани со контролери, мора да се инсталираат и експлоатираат на
начин кој е препорачан од страна на производителот. Особено треба да се внимава да:
- не се отстрануваат делови од куќиштето или да се затваррат сите капаци
- не треба да се отстрануваат внатрешни или надворешни заземјувања

10.5. Електромоторните погони како уреди подложни на пречки

Електромоторните погони се опремени со обемна сигнална електорника која често е


подложна на пречки. Затоа таа како и другите уреди од автоматиката треба да се разгледува
како опрема која е подложна на пречки. Следниве примери важат не само за електромоторните
погони, туку и за другите електрични уреди.
Ако се претпостави дека сите куќишта на уредот се затворени, тогаш пречката доаѓа
воглавно преку различната сигнална електроника и нејзините поврзувања (сл. 10.28).
Повторно, мора да се прави разлика помеѓу галванска, индуктивна и капапоцитивна патека на
пречките како и пречки кои се резултат на електромагнетно зрачење. Мерките кои се
применуваат за да се намалат индуктивните и капацитивните пречки вообичаено се доволни за
да обезбедат заштита и од електромагнетни пречки.

10.5.1 Галвански пречки, мерки за нивно намалување

Галвански пречки се случуваат помеѓу уредите кои имаат заедничко струјно коло. Во
случај на електромоторни погони, сигналната електроника често има заеднички кола во точката
на поврзување со напојувањето. Потребно е надворешно напојување со уреди од енергетска
електроника, кога треба да се одржува комуникација помеѓу уредите, дури и кога главното
напојување е исклучено.
Кога се вклучени поголеми оптоварувања, може да дојде до недозволиво големи
падови на напони во зедничките напојни кабли, што резултира со грешки во работата на
сигналната електроника на погонот. Таму каде што тоа е можно треба да се избегнуваат
заеднички кабли за напојување и заедничко заземјување (сл.10.29). Но доколку се потребни,
тогаш заедничките проводници треба да имаат големи напречни пресеци и самите места на
поврзување треба да имаат добра електрична спроводност.

107
 
 

Сл. 10.28. Сигнална електорника кај електромоторен погон кој е подложен на пречки

Сл. 10.29. Идеално напојување и заземјување на електромоторен погон

10.6. Капацитивни пречки, мерки за нивно намалување

Капацитините пречки кај електромоторните погони, вообичаено се појавуваат помеѓу


галвански изолираните електрични кола (сл. 10.29). Овие кола се поврзани меѓусебно преку
паразитни капацитивности на врските. Промените во потенцијалот во колото кое е извор на
пречки резултира со несакани струи на оптоварување и растоварување во колото кое е
подложно на пречки.

108
 
 

Сл. 10.29. Еквивалентно електрично коло за капацитивни пречки помеѓу електричните кола

За да се намалат овие пречки, треба да се применат следниве мерки:


намалување на капацитвностите на врските со користење на
- кабли со мали должини
Каблите треба да се водат по најкратка можна патека. Каблите треба да се со должина
која одговара на потребите, и да се избегнува правење на непотребни струјни контури.
- поставуавње на електрични кола со различни проводници
ако е можно, потребно е да се користат посебни проводници за одвоените електрични
кола. Ова го зголемува разделувањето помеѓу електричните кола
- поголемо раздвојување помеѓу проводниците
Капацитивностите на врските се намалуваат со зголемување на растојанието помеѓу
проводниците.
- да не се водат/инсталираат проводници во паралела
колку растојанијата на кои проводниците се водат во паралела се пократки , толку се
помали капацитивностите на врските помеѓу проводниицте.
- оклопување на проводниците/паровите проводници
оклоп со добра електрична спроводливост го спречува ширењето на електричното
поле. Како резултат на тоа, паразитни капацитивности на врските помеѓу проводниците
кои проведуваат сигнали скоро и да не се појавуваат. Оклопот завршува заедно со
проводникот од соодветното коло. Ова исто така ги зголемува и внатрешните
капацитивности C12 и C34 и го стаблизира сигналниот напон на влезната отпорност Ri.
- ако не е можно да се намалат паразитиските капацитивности, или може да се намалат
само дел од нив, тогаш со балансирање на капацитивностите на врските можно е
пречките да се компензираат. Следново равенство е валидно за симетрични
капацитивности на врските:
C13 C14
 (10.10)
C 23 C 24

Ефектот на балансирање станува уште појасен кога електричното коло е аналогно на


колото од сл. 10.30.

Сл. 10.30. Еквивалентно струјно коло за капацитивни пречки помеѓу електричните кола, ефект
на избалансирани капацитивности

109
 
 

Капацитивностите на врските може да се избалансираат со


- користење на геометриски симетрични проводници во кабелот и
- упредување на проводниците 1-2 и 3-4.

10.7. Индуктивни пречки и мерки за нивно намалување

Индуктивните пречки во електромоторните погони вообичаено се појавуваат помеѓу галванско


изолираните кола. Тие кола се поврзани едно со друго преку паразитски магнетни полиња како
што е прикажано на сл. 10.31. Промената на струјата во колото кое емитира пречки (извор на
пречки) индуцира напон на пречки во колото кое ги прима пречките (коло подложно на пречки).
За да се намали оваа подложност на пречки, треба да се имплементираат следниве
мерки:
- да се намалат индуктивностите на врските
тоа се постигнува со водење на каблите по патеки со најмала должина. Каблите
треба да се сечат во согласност со потребната должина и треба да се избегнува
правење на долги струјни патеки.
- мали раздвојувања помеѓу проводниците h
проводниците кои ја проведуваат струјата напред и назад треба да бидат во рамки
на истиот кабел.
- големи растојанија на раздвојување помеѓу проводниците d
ако е можно треба да се користат различни проводници за различните кола и тие
треба да се постават со растојание помеѓу нив. Растојанието треба да биде
најмалку 0.2 m, особено од енергетските кабел.
- не треба да се поставуваат проводниците во паралела
колку се помали водењата на проводниците во паралела, толку се помали
индуктивните врски помеѓу нив.
- оклопување на проводниците/ паровите проводници
оклопот ја спречува радијацијата на електромагнетното поле. Феромагнетниот
оклоп го потиснува нискофрекветното магнетно поле, додека електропроводниот
оклоп ги потиснува магнентните полиња со високи фреквенции. Колку оклопот е
потенок и колку е поголема електричната проводност на материјалот за оклопот,
токлу подобар ефект од оклопувањето се постигнува. Заземјените метални
прегради помеѓу проводниците или заземјени метални цевки, во кои се водат
проводници имаат сличен ефект како и оклопот.

Сл.10. 31. Еквивалентно коло при индуктивни пречки помеѓу електричните кола

110
 
 

Сл. 10.32. Компензација на индуктивното влијание со упредување на проводниците

Ако паразитски индуктивности на врските може само делумно да се намалат, тогаш со


балансирање на парцијалните индуктивности пречките може меѓусебно да се компензираат.
Балансирањето се постигнува со упредувањето на проводниците (Сл. 10.31).

10.8. Препораки за електромагнетна компатибилност

Многу од овде дадените препораки се веќе опишани во претходниот текст. Листата во прилог
претставува збир на најзначајните препораки со цел да се обезбеди електромагнетна
компатибилност.
‐ Користење на пригушници и линиски филтри (филтри за радиофреквентни пречки);
‐ Користење на излезни пригушници, dV/dt филтри и филтри за синусен облик;
‐ Користење на оклопени кабли за напојување на моторите и обезбедување на добра
контактна површина и на двата краја на кабелот;
‐ Да не се прекинува оклопт на кабелот и истиот да биде воден до самиот
преобразувач. Преобразувачот и филтерот треба да се монтираат на заедничка,
добро проводна подлога;
‐ Да се користат индивидуални напојувања за електромоторните погони;
‐ Да не се отстрануваат, заштитните куќишта на уредите.
‐ Да се водат и пресекуваат каблите адекватно на потребните должини;
‐ Сигналните кабли треба да се оклопени, и оклопот треба да завршува така што ќе
обезбедува добар контакт преку целата контактна површина;
‐ Оклопите на каблите кои проведуваат аналогни сигнали треба да имаат кабелска
завршница на двата краја;
‐ Оклопите на каблите кои проведуваат дигитални сигнали треба да имаат
завршница на двата краја;
‐ Проводниците кои припаѓаат на исто струјно коло треба да бидат упредени;
‐ Контакторите и релеите треба да имаат пригушувачки кола;
‐ Сите компоненти и куќишта треба да имаат добар електричен контакт едни со други
преку голема допирна површина (оклопување од електрични полиња);
‐ Да не се поврзуваат едни со други обоените површини.
‐ Вратата на ќелијата треба да е поврзана со рамката со користење на кратки врски
за заземјување;
‐ Ако е можно треба сите сигнали кабли да се водат на една страна на панелот и
влезот на каблите да е само од едно место;
‐ Шината за завршниците на каблите и линискиот филтер треба да се на влезот во
панелот при што шината за кабелските завршници треба да е во добар електричен
контакт со рамката на панелот преку поголема контактна површина;
‐ Изворите на големи електромагненти пречки како на пример енергетските
преобразувачи треба да се поставени што е можно подалеку од уредите кои се
често подложни на пречки како на пример контролерите;
‐ Раздвојување на сигналните и енергетските кабли (минимум растојание 0.2 m) при
што сигналните и енергетските кабли не треба да се водат во ист канал;
‐ Каблите треба да се водат во близина на заземјувањето на панелот или деловите
од панелот кои се заземјени.

111
 
 

ЛИТЕРАТУРА

1. Karl-Heinz Gonschorek, Ralf Vick: “Electromagnetic Compatibility for Device Design and System
Integration”, Springer-Verlag Berlin Heidelberg 2009.

2. V.Prasad Kodali: “Engineering Electromangentic Compatibility”, IEEE Press, 1996.

3. Jens Weidauer, Richard Messer: “Electrical Drives-priciples, planning, application solution”,


Publicis Publishing, 2014.

4.D.Galzina:“Harmonici u visokonaponskoj mrezi”,


https://www.fer.unizg.hr/_download/repository/Galzina,KDI.pdf

5. http://www.fer.hr/_download/repository/EMCPredavanje20070615.pdf

6. David A. Weston: “Electromagnetic compatbility-principles and application”, Marcel Dekker Inc,


2001.

7. T. Rybak, M. Steffka: “Automotive Electromagnetic Compatibility”, Kluwer Academic Publishers,


2004.

112
 
 

БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

Василија Шарац е родена во Скопје, каде што и


завршува Електротехнички факултет. Магистрира во 1990 на
Електротехничкиот факултет во Скопје, и на истиот факултет
докторира во 2005 год. Од декември 2009 е вработена на
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и е задолжена за
изведување на настава по група предмети од област
електротехника. Автор е на поголем број на научни и стручни
трудови во меѓународни часописи и учесник во неколку
научно-истржувачки и стручно-апликативни проекти.

113
ISBN 978-608-244-377-5

You might also like