You are on page 1of 27

Втор колоквиум ВВКН

ПРЕДАВАЊЕ 1 : СОФТВЕР

1. Софтвер е организирана збирка од компјутерски програми и податоци кои


обезбедуваат инструкции или упатства со кои компјутерот знае што и како да
направи. Овој термин е првапат употребен од John wilder Tukey во 1958 година.
2. Машинскиот јазик дефинира множество на инструкции кои се екстремно
едноставни. Тие зачувани зафаќаат само неколку бајти. Процесорот може да изврши
2 милијарди операции во секунда при што истите се однесуваат на едноставните
инструкции од машинскиот јазик.
3. Програма е секвенца од милиони едноставни инструкции во машинскиот јазик.
4. Изворен код е код на високо ниво напишан од програмери. Влез на компајлерот е
изворниот код и најчесто програмерите го задржуваат изворниот код, а корисниците
ја добиваат само извршната датотека. Секоја промена што треба да се изврши значи
промена во изворниот код.
5. Извршната датотека ни овозможува да ја стартуваме програмата. Кај
комерцијалниот софтвер изворниот код никогаш не е на располагање и е многу
поскап од самиот софтвер. Има и софтвер со отворен код т.е изворниот код е
достапен за сите и може да се прават измени кои треба да ги оставиме на располагање
на заедницата.
6. На почетокот хардверот бил премногу скап, но во седумдесеттите години од
минатиот век се проценило дека повеќе чинат програмите отколку опремата која ги
извршува самите програми. Поради високата цена на софтверот, која пак се должи
на неговата комплексност, потребата од постојано надградување па и високите плати
на програмерите, голем број корисници не се осудуваат да ја платат неговата цена
туку преземаат од различни извори со што поттикнуваат пиратерија. Според
Business Software Alliance (BSA) пиратерија е: Неовластено копирање или
дистрибуција на софтвер со авторски права. Кога ќе купите софтвер, всушност
купувате лиценца да го користите, а не самиот софтвер. Ако направите повеќе
копии отколку што дозволува лиценцата, вие пиратирате. Пресметувањето во
облак е решение за избегнување на пиратеријата. Бесплатно или за мал надомест
имаме можност да чуваме дигитални содржини на сервери што ни стојат на
располагање и да обработуваме дигитални содржини користејќи апликации што не
сме ги купиле и инсталирале на нашите уреди. Cloud computing потекнува уште
пред половина век 1960 година од научникот John McCarthy: Еден ден,
пресметувањето можеби ќе биде организирано како јавна услуга. Grid computing
т.е грид пресметување е првиот вистински чекор во таа насока. (*аналогија на
електрична мрежа во која постојано добиваме и користиме онолку компјутерска моќ
наместо електрична енергија колку што ни е потребно, независно од каде ни доаѓа.)
7. Контролни програми се програми кои управуваат со хардверот (BIOS – Basic
Input/Output System). Сместени се во ROM и нивни основни задачи се да го
тестираат и контролираат хардверот и да управуваат со сите I/O операции.
BIOS се користел во CP/M ОС 1976 од страна на Gary Kildall. Софтверот е
вграден во компјутерот и е првиот код кој се стартува при негово уклучување. Се
чува на постојан ROM чип на матична плоча. Дизајниран е да работи за секој модел
на компјутер со соодветен интерфејс за различните уреди кои го сочинуваат
комп.систем може да се пребрише без да се отстрани од матичната плоча што
овозможува лесна надградба. Преку корисничкиот интерфејс UI корисникот може
да го конфигурира хардверот, да постави системски часовник, да вклучи или исклучи
компоненти од компјутерскиот систем, да избере уред од кој ќе се вчита ОС, да се
постави лозинка итн. Прва задача на BIOS е power-on self-test. Лоцира boot
loader(софтвер кој се чува како периферен уред пр. CD, booting/bootscrapping)
8. Boot loader е мала програма која го вчитува ОС во меморијата со што
овозможува негово функционирање. Задолжен е за поставување драјвер кои се
интерфејс кон хардверот и го контролираат истиот. По извршување на сите задачи
Boot loader ја предава контролата на ОС. Device/software driver е компјутерска
програма која овозможува програми од повисоко ниво да комуницираат со
хардверските уреди. Extensible Firmware Interface EFI е поддржано од верзиите на
Microsoft Windows со GIUD Partition Table GPT, Linux kernel 2.6.1+, Mac OS X. го
заменува BIOS иако тој е уште во широка употреба.
9. ОС е колекција од софтвер кој управува со хардвер, остварува комуникација
на корисниците со хардверот, обезбедува услуги за апликативните програми и
го усогласува нивното извршување. Без него компјутерот е неупотреблив,
бидејќи: „овозможува стабилен и конзистентен начин апликативните
програми да излезат на крај со хардверот, без да знаат било какви детали за
него“.
 Real-time OS (RTOS)- се користат за контрола на машини, инструменти или
инд.с-м, ограничен кориснички интерфејс, одредена операција секогап се
извршува за точно определено време
 Single-user, single task- еден корисник може да извршува само една работа во
дадено време
 Single-user, multi-tasking- најчесто се користи кај PC, еден корисник може да
извршува повеќе задачи/операции
 Multi-user- повеќе корисници пристапуваат и ги користат ресурсите на
компјутерскиот систем (Unix, VMS)
 Distributed- управува со група од независни компјутери правејќи го крајниот
корисник да гледа еден компјутер, дистрибуирани системи
 Embedded- дизајнирани да се користат во вградени комп.системи односно на
мали машини како PDA уредите, способни се да работат со ограничен број
ресурси, многу се компактни и имаат ефикасен дизајн
 ОС за PC- Windows 7, 8, Ubuntu, Mac OS X
 ОС за серверските платформи- FreeBSD, Solaris, Windows Server 2008/2012
 ОС за за мобилните уреди- Android, iOS, BlackBerry OS, Windows Phone
Првите компјутери извршувале една задача па немале потреба од ОС, но со
појавата на IBM се појавил OS/360. Првите ОС се вчитувале од ROM и биле
познати како монитори. Еден од првите ОС кои се вчитувале од тврд диски е
CP/M- Control Program/Monitor кој се користел од 197 до средината на 80тите.
MS-DOS станал најраспространетиот ОС, во IBM PC се викал IBM DOS/PC
DOS интерфејс со командна линија. Xerox Alto е првиот сметач кој користел
графички кориснички интефејс развиен од Alan Kay во Xerox PARC (Palo Alto
Research Center). Во Xerox Star Workstation е воведен првиот комерцијален
оперативен систем со графички кориснички интерфејс.
Во 1969 Ken Thompson го создал програмскиот јазик B со кој го напишал
UNIX врз основа на неговото искуство од MULTICS проектот  B е заменет
со C со што Unix се развива со голема и комплексна фамилија на меѓусебе
поврзани оперативни системи со големо влијание врз модерните оперативни
системи. Групата на UNIX базираните оперативни системи може да се подели
на неколку подкатегории: System V, BSD (Berkeley Software Distribution) и
Linux.
 Linux – развиен од Linus Torvalds 1991, има отворен код,
јадро на ОС, има повеќе дистрибуции кои формираат
комплетен ОС, неговото јадо се користи во многу популарни
ОС како Red Hat, Debian, Ubuntu…
 Apple- наследник на Mac OS e Mac OS X кој за разлика од
Mac OS се базира на ОС разбиен врз основа на NeXT (1985).
Во јуни 2018 е претставена најновата верзија OS X 10.14
“Mojave”. Имињата се добиени по име на мачки.
 Microsoft- PC-DOS/MS-DOS, XP: подобрена стабилност и
безбедност во однос на Windows 95 & 9, до неодамна
најкористен беше 7, а тековни верзии се 8, 8.1 и 10.

Функции на ОС: доделува процесорско време и меморија на програмите, обезбедува


интерфејс меѓу програмите, корисниците и хардверските уреди, обезбедува софтверска
платформа врз која може да функционираат и да се извршуваат други апликации,
извршување задачи (multitasking, multithreading, multiprocessing, time-sharing, scalability).
Multithreading е форма на multitasking преку која се извршуваат повеќе задачи во рамките
на една апликација, multiprocessing е истовремено извршување на повеќе програми на разл.
процесори. time-sharing значи дека повеќе од еден корисник истовремено ги користи
ресурсите на комп.с-м, scalability е способност за справување со голем број конкурентни
корисници. Има способност за вмрежување (network capability), пристап до системски
ресурси и безбедност и управува со датотеки.
o Кеш меморија е брза меморија задолжена за складирање копии од податоците
од најчесто користени локации во главната меморија. Кешот се користи од
централната единица за процесирање за да се намали времето за пристап до главната
меморија.
o RAM е меморија со случаен пристап. Од нејзината големина зависи брзината на
вчитување, извршување и работа на апликациите, DRAM и SRAM.
o Виртуелна меморија е метод со кој тврдиот диск обезбедува дополнителна
меморија односно симулира дополнителна RAM. Swap датотека е дел од
тврдиот диск кој се користи во виртуелната меморија. Виртуелната меморија
ја комбинира RAM и меморијата на тврдиот диск со што се формира голем
опсег на последователни адреси.
o Корисничкиот интерфејс дозволува корисниците да пристапат и да управуваат со
комп.с-м
o Корисничкиот интерфејс со командна линија значи дека со текстуални наредби му
кажуваме на компјутерот кои задачи треба да ги изврши
o Графички кориснички интерфејс (GUI) преку менија и икони му кажуваме на
компјутерот што да изврши.
o Application program interface API ги поврзува апликативните програми со ОС.
o Utility software т.е софтверски алатки се програми кои ја олеснуваат работата
со сметачот. Услужните програми ја олеснуваат работата на ОЦ, ја конфигурираат
работата на сметачот и овозможуваат користење програмски јазици.
o Програмските алатки се користат за: креирање, дебагирање, одржување и
поддршка на други програми и апликации.
o Софтверот е: системски, апликативен и програмски.
o Програмските јазици се вештачки јазици кои се употребуваат за да се контролираат
машини, најчесто компјутери, претставуваат точно дефинирани системи од правила
за опишување на задачите на компјутерот напишани во форма разбирлива и за
компјутерот и за програмерот. Поделба: генерации на програмски јазици, јазици со
општа и специјална намена, декларативни и императивни јазици.
o Програмски парадигми - шаблони или шеми кои сугерираат начин или постапка за
решавање на проблеми
o Компајлер (compiler) е компјутерска програма (или множество од повеќе програми)
која го трансформира/преведува изворниот код (source code) напишан во некој
програмски јазик во друг компјутерски јазик кој најчесто има бинарна форма која се
вика object code. Cross-compailer - извршната верзија работи на компјутер со
различен процесор и/или оперативен систем од оној на кој работи компајлерот.
Програма која прави трансформација односно преведување од јазик од ниско ниво
во јазик од високо ниво се вика декомпајлер (decompiler). Програма која преведува
од еден јазик на високо ниво во друг јазик на високо ниво се вика
преведувач/конвертор (language translator/language converter). Компајлерот обично
изведува: лексичка анализа, пред-обработка, парсирање, семантичка анализа,
генерирање и оптимизација на код.

o Интерпретер (interpreter) е програма која чекор по чекор (наредба по наредба) го


преведува и извршува изворниот код.

o Линкерите (linker), link editors (линк едитори) или binders (врзувачи) се програми
што ги поврзуваат деловите на една програма во заедничка целина.

o Дебагер е програма која помага при барањето на логичките грешки


o Интегрирана околината за развој е составена од повеќе програми, кои го
олеснуваат целокупниот процес на развој на една програма
ПРЕДАВАЊЕ 2: АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР

Апликативниот софтвер им помага на корисниците да решат одредени/конкретни


проблеми, т.е тоа се програми кои вршат вистинска / видлива работа за корисникот.
Пријателски е насочен кон корисниците т.е user friendly.

Видови апликативен софтвер:

 Proprietary Application Software – решава специфичен проблем, т.е тоа е


апликација со специјална намена, тесно фокусиран софтвер. Се развива директно во
фирмата користејќи сопствени ресурси (in-house) или од страна на надворешна
софтверска компанија под одреден договор. Тој обично ги исполнува корисничките
барања, обезбедува флексибилност во правење измени и нуди голема контрола врз
резултатите. Има и свои недостатоци: скап е, развојот е долг и бара значителни
ресурси и зголемен е ризикот во однос на карактеристиките и перформансите.
 Off-the-shelf Application Software – се купува или изнајмува од софтверска
компанија и дополнително може да се прилагоди на специфични потреби на
компанијата која го купува. Има пониска почетна цена, помал ризик дека ќе
пропадне и повисок квалитет, добро е тестиран и обично е без грешки. Меѓутоа,
некогаш се плаќаат и функции кои никогаш нема да се користат, може да му
недостасуваат важни функционалности и може да не одговара на тековните процеси
на работа во компанијата.

Софтверски пакет е група основни софтверски апликации дизајнирани да работат заедно.


Цената на пакетот е помала во однос на купување на индивидуалните апликации.

Интегрираните апликации имаат лимитирана функционалност во однос на индивидуалните,


имаат пониска цена од софтверскиот пакет и во една апликација се интегрирани повеќе
апликации.

Уредници на текстови (Bean, LibreOffice Writer, Apple Pages, Microsoft Word, LaTeX,
WordPerfect, OpenOffice.org Writer, Lotus Word Pro, WordPad) се алатки за креирање,
промена, форматирање и печатење документи. Тие може да прават проверка на правопис,
да се зачува документот, а и да може подоцна да се искористи и да се печати истиот. Со
појавата на персоналните компјутери текст процесорите станале сериска опрема на секој
PC. Вистинска револуција била појавата на WYSIWYG (What You See Is What You Get)
текст процесорот MacWrite.

Фонтовите значително влијаат врз изгледот на текстот. Може да бидат серифни или
сансерифни. Серифните фонтови се понакитени и се користат за пишување текстови
наменети за печатење, или за пишување наслови при екранскиот приказ на текстот.
Сансерифните фонтови се попрегледни и се посоодветни за екрански приказ. Кај
пропорционалните фонтови знаците се прикажуваат со широчина што е пропорционална на
секој знак пооделно. Непропорционалните се фонтови со фиксна широчина,
еднопропорционални и секој знак има иста широчина која се совпаѓа со широчината на
најшироките знаци.

Spreadsheets прават организација, анализа и визуелизација на нумерички податоци.


Дизајнирани се за лесна манипулација со броеви и пресметки. Пример: Microsoft Excel,
Corel Quattro Pro, Lotus 1-2-3.

Database Management Systems – DBMS прават организација на поврзани податоци.


Функционалности: Складирање, ажурирање, пребарување, сортирање, анализа и извештаи.
Може да бидар рамни, релациски, хиерархиски, мрежни, објектно-ориентирани. SQL служи
за креирање сложени и софистицирани апликации.

Софтверот за презентации служи за создавање и прикажување мултимедијални


презентации. Може да се прикажуваат текст и слики, да се вметне аудио и визуелни записи,
графикони, табели и анимации. Првата програма за презентации е наречена VCN
ExecuVision 1982 од Visual Communications Network, Inc.

Со помош на софтвер може да се продуцира уметност и за тоа најчесто се користени Adobe


Illustrator, Adobe Photoshop, GIMP (GNU Image Manipulation).

Првата комерцијална компјутерска програма за персонално издаваштво била создадена во


1983 од James Bessen. Во 1985 година се појавил Pagemaker, денес сопственост на Adobe. За
IBM компатибилните компјутери во 1986 била создадена Ventura, денес сопственост на
Corel.
Комуникацискиот софтвер овозможува далечински пристап до системи, размена на
датотеки и дигитални пораки и електронска пошта(сервис првпат употребен 1962 на MIT
со помош на CCTS- Compatible Time-Sharing System).

Во мултимедијален софтвер спаѓаат едитори на слики, видео, аудио, музички плеери,


програми за забава, видео игри.

Апликативниот софтвер за работни групи поддржува тимска работа, помага на групи да


работат заедно за да се оствари некоја цел, лесно се споделуваат и следат заедничките
информации.

Од апликативниот софтвер за фирми и компании корист имаат фирми, корпорации,


организации. ERP Enterprise Resource Planning е збир на интегрирани програми ки
управуваат со бизнис опрации од витално значење за целата компанија односно нејзината
глобална организација.

Програмите за извршување научни пресметки или анализи имаат рудиментиран


кориснички интерфејс, програми за извршување научни пресметки, статистички
пресметувања, визуелизација на податоци, машинско учење и податочно рударење.

CAD – Computer-aided design – компјутерски потпомогнат дизајн

CAM – Computer-aided manufacturing – компјутерски потпомогнато производство


ПРЕДАВАЊЕ 3: ЗЛОНАМЕРЕН СОФТВЕР

Злонамерен програм (malware) или малициозен софтвер е софтвер направен со цел да


се наруши некоја компјутерска операција, да се соберат чувствителни информации
или да се добие неовластен пристап до компјутерски системи. Тие се шират од машина
на машина без согласност на корисникот. Неговата таксономија може да се подели во две
категории : независни и оние на кои им треба домаќин програма. Друга поделба може да се
направи врз основа на можноста и потребата за репликација. Првиот ваков софтвер е
создаден за да се покажат недостатоците во софтверот. Според статистиките на McAfee во
2012 надминат е бројот од 80 милиони компјутерски злонамерни програми. Во вториот
квартал на 2018 достигнува и до 800 милиони, а мобилните малвери од 25 до 30 милиони.
Ваков софтвер се пишува во: ANSI COBOL, C, C++, Pascal, VBA, Unix Shell Scripts,
JavaScript…

1. Backdoors – тешко се блокира од страна на ОС, резултат се на одредени слабости во


ОС, огнениот ѕид или антивирусот, преку нив најчесто се инсталираат вируси, црви
или тројански коњи. За оние кои знаат каде може да биде, можно е избегнување на
вообичаената безбедносна процедура
 Litebot – му овозможува на далечинскиот напаѓач да преземе и изврши произволни
датотеки од Интернет. Паразитот ја намалува целокупната безбедност на системот
со промена на стандардните Windows Firewall поставувања. Имаат случајни имиња
и тешко се откриваат.
 Remote Connection или уште познат како RedNeck – има контрола на
исклучување, рестартирање, инсталација, стартување програми... Дава одредена
контрола на напаѓачот на заразениот систем.
 Tixanbot – му дава целосна контрола на напаѓачот на заразениот систем. Може да
управува со целиот датотечен систем, да презема и инсталира произволни
апликации, се ажурира, напаѓа далечински сервери и добива системски информации,
прекинува значајни системски сервиси, брише записи од регистрите поврзани со
антивирусите и анти-шпионскиот софтвер за да го спречи нивното стартување при
стартувањето на ОС, ја менува стандардната страница на Internet Explorer.
 Logic Bomb – еден од најстарите злонамерни софтвери, кодот е вметнат во
легитимна програма, се активира кога се исполнети одредени услови пример
одреден датум/време и кога се активира обично предизвикува штета на системот,
брише датотеки и слично.
 Тројански коњ – тоа се програми кои се претпоставува дека вршат една функција,
но всушност вршат друга. Модерните ТК личат на програма што корисникот сака да
ја стартува пример игра. Често се користи за да се пропагира вирус, црв или
инсталација на Backdoor или да уништи некои податоци. Кога работи му овозможува
на напаѓачот индиректно да добие пристап.
 Зомби – програма која тајно презема мрежен комојутер, а потоа индиректно го
користи за да генерира напади. Користи познати недостатоци кај мрежните системи.
Често се користи за генерирањее дистрибуиран denial of service DDoS напад
2. Шпионски софтвер е тип на злонамерен софтвер инсталиран на компјутерите
со цел да собира информации за корисниците без нивно значење. Обично е
скриен од корисникот и тешко е да се открие. Шпионските програми може да соберат
лични информации, но може да биде инсталиран дополнителен софтвер кој може да
прави пренасочување на Веб прилистувачките активност. Може да предизвикаат
бавна врска, губење на Интернет врската, функционалност на други програми итн.
 Internet Optimizer – страниците со грешка на пребарувачот Internet Explorer ги
пренасочува на страници со реклами.
 Hot as Hell – постојано го бомбардира компјутерот со досадни pop-up реклами во
обид да украде приватни информации најчесто кредитна картичка.
 Gator – ја следи работата на корисникот на Интернет и за возврат прикажува банер
реклами кои би можеле да бидат интересни за корисникот.
 CoolWebSearch – целосно ја презема контролата врз прелистувачот и додека е
преплавен со пренасочувања CoolWebSearch ги пронаоѓа безбедносните дупки.
3. Рекламен софтвер е секој софтверски пакет кој автоматски прикажува или
симнува реклами на компјутер. Тие може да бидат поставени и во корисничкиот
интерфејс на софтверот или да му бидат прикажани на корисникот при инсталација
на конкретен програм.
4. Вирус е парче код кое влегува во компјутерот домаќин, вклучувајќи ги и ОС со
цел истиот да се шири. Не може да се извршува самостојно. Вирусите бараат
валидни целни датотеки, вметнуваат копија во целните датотеки, се шират кога
датотеките се пренесуваат од компјутер на компјутер. Кога на компјутерот има
вирус, тој работи побавно, не се стартува, екранот трепка, звучникот периодично
бипка, системот паѓа без причнина, некои датотеки исчезнуваат, Denial of Service
DoS. Повеќе од 87% од вирусите се шират преку интернет. Имаат неколку фази и тоа
на хибернација (се чека извршување на некоја програма), на ширење (репликација
на вирусот и негово копирање), активирање (вирусот се активира за да ја изврши
својата функција), извршување (вирусот се извршува). Имаат две основни
компоненти: само-копирање и барање на нов домаќин. Порано вирусите се
пренесувале преку некој преносен медиум, најчесто дискета. Вирусите на системски
сектоир ги инфицираат контролните сектори на дискот, се шират едноставно, преку
инфицираната дискета, CD/USB. Вирусите придружници Companion viruses
креираат .com датотеки за секоја .exe датотека. Тие се едноставни да се пронајдат и
избришат. Вируси кластери даваат чувство дека сите програми се заразени, меѓутоа
најчесто постои само еден примерок од вирусот на дискот. Прават промена на DOS
директориумот и наместо да се стартува програма, се стартува вирусот.
Полиморфните вируси се менуваат при секоја инфекција т.е извршниот код се
менува. Преку менувањето се обидуваат да не бидат детектирани од антивирусот.
First Wild Viruses Apple I/II/III 1981, три вируси на Apple машините, boot сектор
вируси. Првиот PC вирус е Pakistani Brain од 1986 направен од Pakistani brothers со
цел да ги заштитат своите авторски права. Вирусот ги инфицирал само компјутерите
кои имале нелиценцирана копија од нивниот софтвер. Chernobyl e деструктивен
вирус дизајниран да направи штета. Кај поранливите матични плочи правел
оштетување на BIOS. Ги презапишувал првите 2К сектори на секој диск. Се верува
дека предизвикал штета од 1 милијарда американски долари. Melissa е почетокот на
макро вирусите. Прилагоден наслов Important messages from ______. Пораката
немала тело, туку посочувала директно читање на прикачената датотека.
5. Црвите имаат автономен активен код кој може да се реплицира на далечински
хост без трегерирачки настан. Се шират побрзо од вирусите. Morris Worm е
најпознат класичен црв. Пуштен од Robert Morris во 1988, а цел биле Unix
системите. SQL Slammer е компјутерски црв што предизвикал denial of service на
некои интернет корисници. На 25.1.2003 во 05:30 UTC го забавил интернет
сообраќајот. За 10 минути биле инфицирани 75 000 компјутери. ILOVEYOU се
појавил на 4 мај 2000 година како електронска порака со наслов ILOVEYOU и
прикачена датотека LOVE-LETTER-FOR-YOU.TXT.vbs. Кога ќе се отворела
датотеката, пораката се препраќала на првите 50 контакти на Outlook. Штета од 5.5
милијарди долари. Code Red е компјутерски црв забележан на 13 јули 2001 црн петок.
Биле нападнати компјутери на кои бил поставен мајкросовиот IIS веб сервер.
Најголема група инфицирани компјутери е забележана на 19.7.2001. Лошите момци
на различни начини инсталираат .ехе на компјутерот на жртвата.
6. Активацијата може да биде корисничка, активација базирана на човечка активност,
активација преку закажан процес и самоактивација.
ПРЕДАВАЊЕ 4: КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ

1. Што се компјутерски мрежи?

Дигитални телекомуникациски мрежи кои овозможуваат разнородни јазли меѓусебно да се


поврзат со цел да се споделуваат информации и ресурси.

2. Основи на вмрежувањето

Компјутерите може да бидат поврзани преку жиџа, оптички кабел или безжично (радио или
електромагнетни бранови).

Мрежите овозможуваат размена на информации и споделување на податоци на група


корисници, едноставна и ефикасна комуникација меѓу корисниците.

Нивната класификација може да биде направена врз основа на медиумот за пренос на


податоци, географска распространетост, управувачки метод, топологија, начин на
поврзување, начин на пристап и слично.

Поделбата според медиум за пренос е врз две основни категории: насочени медиуми и
ненасочени медиуми. Типови насочени медиуми: преплетен пар, коаксијални кабли и
оптички кабли. Клучна карактеристика им е ширината на пропусниот опсег(го дефинира
капацитетот на комуникацискиот медиум за пренос на податоци). Ширината на пропусниот
опсег се мери во херци и го дефинира опсегот на фреквенции на сигнални кои можат да се
пренесат низ медиумот без изобличување.

Податочниот капацитет се изразува во b/s. Оптичките канали имаат најголем податочен


капацитет од 1Tb/s.

UTP каблите се поделени во зависност од дебелината на бакарните жици и бројот на


преплети. K1: Најмал квалитет, K2, K3: брзини до 10 Mbps, K4, K5: за брзини до 100Mbps,
K6&6A повеќе преплети од К5 со брзини до 1 Gbps, К7:1 Gbps –К категорија

Разликата меѓу STP и UTP каблите е во тоа што STP имаат метална обвивка.

Коаксијалните кабли пренесуваат сигнали со повисока фреквенција од UTP 100KHz-


500MHz. Металната обвивка служи како заштита од шум и како втор проводник кој го
затвора електричното коло.
Оптичките кабли имаат тенко флексибилно стаклено влакно со дебелина од околу 125μm.
Јадрото и обложувањето се изработени од стакло или пластика со различни индекси на
прекршување. Имаат огромен податочен капацитет од 1Tb/s. Оптичките кабли имаат висока
цена, изведбата треба да е совршена и многу лесно се уништуваат, но се отпорни на шум,
слабеењето на сигналот е помало и имаат висок пропусен опсег.

Лична мрежа (Personal Area Network - PAN) е компјутерска мрежа која се користи за
комуникација меѓу компјутер и различни информациони технолошки уреди кои се во
близина на една личност. PAN вклучува и жични и безжични уреди. Дометот на PAN се
протега до 10 метри.

LAN - Local Area Network Поврзување на 2-50 компјутери во куќа, во лабораторија,


канцеларија, кат на зграда ...

Кампус мрежата CAN или корпоративната мрежа е компјутерска мрежа составена со


меѓусебно поврзување на локалните мрежи (LAN-ови) во ограничена географска област.

Градска компјутерска мрежа (Metropolitan Area Network - MAN) е голема компјутерска


мрежа која опфаќа цел град или некој голем комплекс.

Мрежата за пошироки области – глобална мрежа (Wide Area Network - WAN) е


компјутерска мрежа што покрива голема површина (на пр. било која мрежа чии
комуникациски врски поминуваат градски, регионални или национални граници). WAN
мрежите се употребуваат за да поврзат локални (LAN) мрежи и други типови на мрежи
меѓусебе, така што корисниците и компјутерите што се наоѓаат на една локација може да
комуницираат со корисници и компјутери од други локации.

’Рбетна мрежа (network backbone) е дел од компјутерска мрежна инфраструктура која


поврзува делови на различни мрежи. ’Рбетната мрежа може да поврзе различни мрежи во
иста зграда, во различни згради од кампус околина, или во поширока област.  Капацитетот
на ’рбетната мрежа е поголем од мрежите кои таа ги поврзува.

Интернет е глобален систем на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи од целиот свет


кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество на
протоколи означени како TCP/IP. Во август 1991 година, CERN (европска организација за
нуклеарни проучувања) го претстави проектот World Wide Web, а две години потоа се
претставени и HTTP протоколот и HTML кодот. Во 1993 година беше создаден и првиот
графички пребарувач Mosaic web browser 1.0.

Интернетот е изграден врз основа TCP/IP фамилијата на комуникациски протоколи.


Податоците се испраќаат во форма на пакети. Организирани се во стек хиерархија. Слоевите
од текот го сочинуваат слободни и отворени стандарди. Обезбедуваат комуникација крај-
крај помеѓу било кои два комппјутери на интернет и специфицираат како податоците да се
поделат во пакети, да се адресираат, пренесат и примат.

Слоеви на TCP/IP :

 Податочен (Link)  Овозможува комуникација помеѓу два уреди поврзани преку


локална врска (комуникација помеѓу уреди кои припаѓаат на иста локална мрежа).
Претставници на протоколите: Етернет (802.3), WiFi (802.11), Bluetooth (802.15) .
 Интернет (Internet) : Овозможува комуникација помеѓу било кои два уреди на
Интернет (комуникација помеѓу уреди кои припаѓаат на различни мрежи), без
разлика со каков тип на технологија се поврзани. Претставници на протоколите:
IPv4, IPv6
 Транспортен : Обезбедува надежна комуникација помеѓу два хоста  Обезбедува
испраќање на пакети од различни апликации користејќи ист комуникациски канал
(иста IP адреса). Претставници на протоколите: UDP, TCP.
 Апликациски: Составен е од апликации кои ја користат мрежата за меѓусебна
комуникација. Претставници на протоколите: HTTP (за сурфање), SMTP (праќање
меил), FTP (размена на датотеки

Етернет е создаден од страна на Боб Меткалф во Xerox PARC во 1975 година. 


Најчестата форма на Етернет кабел е 100BASE-T (100 мегабит). Каблите се составени
од сноп од 4 преплетени пара жици кои се најчесѕо жолти, сини или сиви.

Контролерот за мрежниот интерфејс е хардверска компонента која го поврзува компјутерот


со компјутерската мрежа. Контролерот уште се нарекува и мрежен адаптер (мрежна
картичка) или LAN адаптер.
Компјутерите се поврзани на преклопник (switch). Составен е од порти на кои се
приклучуваат компјутерите преку RJ45 конектор. Преклопникот ја учи локацијата на
компјутерите врз основа на примените пораки (ја гледа изворната адреса на рамката и
бројот на порта на кој ја примил)

Етернет дизајн: има само еден преносен медиум кој сите го користат, не постои централна
контрола туку сите компјутери го почитуваат колаборативниот протокол, небезбеден е,
перформансите опаѓаат, но е функционален при зголемувањето на бројот на компјутери кои
го користат заедничкиот медиум, се добиваат големи перформанси со минимални
хардверски елементи.

Wi-Fi (802.11) е стандард за безжични LAN мрежи.

IP (Internet Protocol) е најзастапен протокол кој овозможува поврзување помеѓу било кои
две станици на Internet. Пораките во IP протоколот се нарекуваат пакети. IP заглавието е
составено од (меѓу другите), одредишна и изворна IP адреса, TTL (Time to Live) - број на
насочувачи кои може да ги помине пред да биде отфрлен (со цел да се оневозможат
бесконечни јамки), код за детекција на грешка на податоците во заглавието. IP протоколот
на одредишната станица го отстранува IP заглавието на пакетот добиен од податочното
ниво, а потоа го испраќа на транспортното ниво. Секој компјутер на Интернет има
единствена IP адреса што го идентификува. IP адресата е широка 4 бајти (32 бита)

IP адресата е составена од

 адреса на мрежа дефинирана со првите битови


 адреса на домаќин (host) дефинирана со сите останати битови
 Големината на секој од овие делови е дефинирана со т.н. мрежна маска која се
конфигурира на самиот компјутер

Компјутерите се поврзуваат на Интернет преку мрежен насочувач (router). Мрежниот


насочувач претставува „мрежен компјутер“ и содржи порти (мрежни интерфејси) преку кои
се поврзува со други мрежни насочувачи кои се дел од Интернет.
Системот на доменски имиња DNS (Domain Name System) го пресликува (мапира) името на
доменот во IP адреса. Кога се користи име на домен, всушност се бара IP адреса за да се
пратат сите пакети.

IP адресата на мрежната картичка на компјутерот, мрежната маска, IP адресата на


предефинираниот излез, IP адресата на DNS серверот се основни мрежни параметри кои
треба да се постават за да може да се поврземе на интернет. Овие параметри се доделуваат
рачно или автоматски преку DHCP (Dynamic Host Configuration Protocol)

Со IP се овозможува само врска помеѓу два домаќина било каде низ светот, но нема
гаранција дека испратените пакети ќе стигнат до дестинацијата, не може да се разликува за
која од многуте апликации се наменети пакетите на одредишната станица, не постои
можност за усогласување на брзини на пренос помеѓу испраќачот и приемникот.

TCP е конекциски ориентиран протокол. За да се оствари комуникација меѓу две станици


треба да се отвори конекција, а по завршувањето на комуникацијата, конекцијата се затвора.
За да се воспостави конекција е потребно одредено време.

TCP протоколот на станицата која испраќа ги презема податоците од апликацискиот слој,


додава заглавие и ги испраќа на Internet слојот (пример IP протоколот). Пораките кај TCP
протоколот се наречени сегменти. TCP ги воведува следните функционалности: надежен
пренос, контрола на брзина на проток, контрола на закрчување на сообраќајот на некој
сегмент од врската, мултиплексирање. Надежен пренос е ако некој пакет не стигне до
одредиштето ТСР организира негово препраќање. Контрола на брзина на проток е ако
приемникот не може да прими поголема количина на податоци, испраќачит ја намалува
брзината на испраќање или ако приемникот може да прими поголема количина податоци,
испраќачот ја зголемува брзината на испраќање. Контролата на закрчување на сообраќајот
на некој сегмент од врската е ако се детектира губење поради закрчување се намалува
брзината на пренос. Мултиплексирање е ако повеќе апликации можат да разменуваат
пораки преку ист канал.. ТСР воведува адреси кои се познати како порти. Неговото заглавие
содржи изворна порта и одредишна порта, секвентен број на сегмент, број на потврден
сегмент, код за проверка на грешка... TCP е алчен протокол: тежнее максимално да го
искористи расположливиот капацитет на врската и кога ќе го достигне, го намалува
протокот. Познати порти: HTTP – порта 80; Телнет – порта 20; SMTP - порта 25; FTP -
порта 21 и 22.

UDP User Datagram Protocol е многу едноставен, ефикасен и брз и овозможува несигурен
сервис. Исто така е и протокол на транспортно ниво: обезбедува адресирање и
мултиплексирање, пораките се нарекуваат датаграми, адресите се нарекуваат порти и
заглавието содржи само порти и код за проверка на грешка. Се користи кај апликации кај
кои може да се дозволи губење на пакети или нередоследни пакети, но времето е од
суштинско значење.

Апликацискиот слој го сочинуваат најразлични протоколи кои ги користат апликациите за


размена на податоци и ги користат протоколите од UTP и TCP.

E-mail протоколи:

 SMTP Simple Mail Transfer Protocol - дефакто стандард за испраќање email преку
интернет
 POP3 Post Office Protocol version 3 - преземање електронска пошта од оддалечен
сервер преку интернет, особено погоден при dial-up поврзување
 IMAP Internet Message Access Protocol – посовремен, помоќен, не ја презема поштата,
туку манипулира со неа на самиот сервер, соодветен кога различни клиенти од
различни места треба да пристапат кон исто поштенско сандаче.

TELNET (TELecommunication NETwork) е мрежен протокол кој се користи на интернет


и LAN за текстуален пристап до командниот интерпретер на оддалечен компјутер.
Претставува стандардизиран начин за комуникација на терминалите со хост компјутерите
независно од производителот. Главната цел на Telnet протоколот е да понуди генерална,
двонасочна, бајт ориентирана комуникација. Клиент-сервер протокол базиран на TCP, чии
клиенти вообичаено се поврзуваат на port 23 на серверот.

FTP (File Transfer Protocol) е софтверски стандард за пренесување на датотеки помеѓу


системи со драстично различни оперативни системи. Клиент-сервер трансакциски протокол
базиран на TCP, способен да работи со било кој вид на датотеки. Има исклучително голема
латентност. Неопходна е релативно долга login процедура.
TFTP (Trivial FTP) – нуди минимално подмножество на FTP команди (функционалност)
преку UDP протокол (конфигурација на рутери). SFTP (Secure FTP) – енкриптирана
размена на лозинка и датотеки.

HTTP (HyperText Transfer Protocol) е примарниот протокол на World Wide Web (WWW).
Кога веб пребарувач се поврзува со веб сервер, истиот го користи HTTP за да го постави
барањето за соодветната веб страна. Специфицира кои пораки клиентите може да ги
испратат кон серверите и какви одговори можат да добијат за возврат

Сервер – споделува ресурси на мрежата и услужува други компјутерски системи.


Вообичаено има поголема процесирачка моќ и складишен капацитет во споредба со
останатите компјутери.

Клиент – компјутер кој ги користи услугите и ресурсите дадени од серверот.

Барање-одговор – клиентот бара информација; серверот одговара со давање на таа


информација Клиент-сервер врска – клиентот генерира барање до серверот и серверот
одговара со враќање на бараните податоци

Точка-до-точка (Peer-to-peer) – компјутери делат и бараат ресурси еден од друг

Peer-to-Peer вмрежување: точки (Peers) без централизиран контрола на делените ресурси.


Можат да делат ресурси со било кој друг компјутер од мрежата. Едноставни се за
инсталација и конфигурирање, нема доделен сервер, корисниците ги контролираат
заедничките ресурси, евтини, немаат дополнителни уреди, ниту софтвер, нема доделени
администратори, работи најдобро до 10 или помалку корисници. Секоја машина е посебен
ресурс, безбедноста се воспоставува на еден единствен ресурс во даден момент, мсшините
кои делат ресурси можат да имаат намалени перформанси, нема централизирана
организациска шема за лоцирање или контрола на пристап на податоци.

Сервер базирани мрежи: серверот одговара на клиентските барања. Овозможува


централизирана контрола на ресурсите. Серверите бараат побрзи процесори, повеќе
меморија, поголем диск простор. Може да бидат доделени, одговараат само на барањата на
конкретни клиенти. Едноставни се за ширење, може да се справат со илјадници корисници.
Се поедноставува мрежната администрација, централицирани кориснички сметки,
бесбедност, контрола на пристап, моќна опрема, поефикасен пристап на мрежните ресурси.
Можно е паѓање на серверот, поскапи се, потребен е високо квалификуван кадар за
справување со комплексниот серверски софтвер, бара соодветен хардвер и спацијализиран
софтвер.

Поимот топологија се однесува на начинот на кој мрежните уреди се поврзани во мрежата


Конфигурација која е формирана во рамки на една локална мрежа или меѓу две или
повеќе локални мрежи. Постојат три мрежни топологии, без да се земат предвид нивните
варијации:

 Магистрална - наједноставен начин за поврзување повеќе клиенти, податоците се


поврзуваат истовремено, секој компјутер е поврзан со главен кавел преку кој се
пренесуваат податоците. Имплементацијата и проширувањето се одноставни, лесно
се инсталираат, добро се приспособени за мали или привремени мрежи кои не ни
бараат големи брзини, евтини за разлика од други топологии, потребен е еден кабел,
откажувањето на еден компјутер не предизвикува проблем. Имаат ограничена
должина на кабелот и ограничен број компјутери, при проблем со кабелот целата
мрежа не работи, перформансите се влошуваат поради додавање други компјутери,
работи најдобро со ограничен број јазли, поспор трансфер, само еден пакет може да
остане на магистралата во текот на еден такт на часовникот.
 Ѕвезда - Сите машини во ѕвезда топологијата се поврзани до еден централен уред
кој се нарекува разводник (може да биде и преклопник). Разводникот овозможува
заеднички приклучок до сите компјутери во мрежата. Додавањето на нов компјутер
во поставената инфраструктура е едноставно. Ако кабелот е прекинат, од мрежата
единствено е исклучен комјутерот кој е поврзан со тој кабел. Ова ја елиминира
можноста за единствена слаба точка како во случајот на магистралната мрежа.
(Освен ако разводникот не откаже). Ѕвезда топологиите обично се имплементираат
со преплетен пар кабли, поточно незаштитен преплетен пар кабел (UTP). Оваа
топологија е една од најчесто користените денес. Лесно се додаваат нови
компјутери, едноставна за мониторирање и откривање на настанат проблем.
Откажувањето на раководникот предизвикува паѓање на мрежата, потребно е да има
повеќе од еден кабел што е поскапа варијанта. Најчесто користена кај локалните
мрежи.
 Прстен – компјутериѕте се поврзани со кружен облик, секој уред е поврзан со два
други и кога ќе прими сигнал кој не е за него, го препраќа до другиот уред. Има улуга
на засилувач. Може да бидат прекинати поради нефункционирање на само еден
линк. Fiber Distributed Data Interface (FDDI) мрежите ја надминуваат оваа ранливост
со испраќање на податоци во правец на стрелките на часовникот и обратно од
стрелките на часовникот во прстенот. Многу е организирана мрежата каде секој уред
има можност да пренесува, има подобри перформанси од магистралата и кога
мрежата е преоптеретена, не бара мрежен сервер заз да прави конекција меѓу
компјутерите. Една нефункционална машина може да предизвика проблем,
поместувањето, додавањето и менувањето може да влијае врз целата мрежа,
мрежните картици се поскапи, поспори од етернет. Се користи за поврзувања на
уредите во ‘рбетните мрежи преку оптички врски.

Приватни мрежи се мрежи поставени во рамките на компаниите. Пристапот до тие


мреѓи е овозможен од овластени компјутери.

Јавна мрежа е мрежа која не е приватна. Најдобар пример е Интернет.

VPN - Virtual Private Network. VPN користи јавна мрежна инфраструктура,


обезбедувајќи приватност. Од корисничка гледна точка, VPN изгледа како безбедна
приватна мрежа. Виртуелните приватни мрежи овозможуваат безбедна мрежа на
далечински поврзани компјутери без користење на посебни, приватни канали за
воспоставување на физичката врска. Клучна придобивка на виртуелните приватни
мрежи во однос на конвенционалните приватни мрежи е пониската цена
ПРЕДАВАЊЕ 5: НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ

Дигитален компјутер е било кој уред способен да реши некој проблем, применувајќи
обработка на информациите прикажани во дискретна форма. Сите податоци се
поставени бинарно.

Аналогните сметачи ги користат и ги обработуваат сигналите. Сигнали се временски или


просторно зависни физички величини кои математички се претставуваат со помош на
непрекинатите функции.

Муровиот закон е клучен закон на дигиталните сметачи. Брзината на процесорите и


процесорската моќ се удвојува на секои две години. Бројот на транзисторите ќе се удвојува
на секои 18 години. Со алтернативната технологија идејата да се сместат 19*1012
транзистори на чип ќе стане реалност.

Најмали транзистори:

 2010: транзистор изграден од 7 фосфорни атоми и голем 4nm


 2012: транзистор изграден од 1 фосфорен атом
 2018: еден атом во цврст електролит
 Новиот транзистор е направен од метал и не користи полупроводници

5*1010 транзистори, човечкиот мозок има 1011 неврони. Мозокот е мултипроцесорски


систем и содржи 1014 синапси.

Сингуларноста е можно создавање суперинтелигентни машини и според Реј Курцваил ќе


настапи околу 2045. Суперинтелигенцијата ќе има капацитет што ќе ги надминува
човековите способности.

Нанотехнологија е технологија која создава уреди со субатомски димензии кои се мерат


во нанометри. Создава микроскопски уреди на атомско ниво и нови молекули на
соединенија со исклучителни својства.

Нано материјали:
 Нано честички – нано објекти со сите три димензии
 Јаглеродни нано цевки – алотропска модификација на јагленот со цилиндрична
наноструктура
 Нано кристали – поликристален материјал со минијатурни кристалчиња помали од
100 нано метри
 Нанокомпозити – повеќефазни цврсти материјали
 Графен – алотропска модификација на јагленот организиран како хексагонална
решетка

Графенски наноленти GNR – графен на обланда од силикон карбид, секоја нанолента


има широчина од десетина нанометри, имаат полупроводнички својства и можат да
работат паралелно.

Јаглеродните наноцевки се полупродници кои содржат долги ланци јаглеродни атоми


кои исклучително брзо го спроведуваат и контролираат електрицитетот. Направени во
септември 2013 на универзитетот Стенфорд. Целта е да се создаде компјутер со 178
CNFET/CNTFET(транзистор кој користи електрично поле од јаглеродни наноцевки.

Новите 3D компјутерски чипови се создадени на МIT и Stanford во 2017 и обединуваат


повеќе од 1 милион RRAМ клетки и 2 милиони јаглеродни наноцевки на транзистори со
ефект на поле.

ДНК информатика е област на биомолекуларната информатика и паралелното


пресметување што ги користи ДНК молекулите. ДНК компјутерите се градат од
полимерите на киселините што се носители на генетските информации. Во 2002 НАСА
во соработка со CalTech нуди решение на дотогаш нерешен логички проблем. Во 2011
ДНК компјутер бил способен да ги пресмета квадратните корени на целите броеви до
15. Во 2013 се создадени ДНК логички порти. Во 2017 е направен нацрт за прв ДНК
компјутер.

ДНК меморијата ќе биде решение за преголемото количество информации. ДНК


молекули се честички злато и протеински топчиња кои спонтано се реорганизираат.
Квантните компјутери ги користат квантните битови или кјубитите. Кјубитите се
дводимензионални елементи составени од 1 и 0. Квантната состојба на два објекта е
резултат на нивното заемно дејствување.

Google Quantum A.I.Lab се базира врз поврзување на честичките без вистинската


физичка поврзаност. Наменети за препознавање говор, пребарување на интернет и
превиткување на протеините.

D-Wave Two е суперпроводнички чип со 512 кјубити сместен во криоген систем во


заштитена просторија од 10m2.

IonQ е најновиот успех на квантните компјутери од декември 2018, создаден во College


Park, Maryland, процесорот има 79, а меморијата 160 кјубити, квантен компјутер со
заробени јони.

Оптичките компјутери се создадени на Berkeley. Целта на истражувачите була да го


скротат својството на неделивост на честичките на светлината со цел да пренесат многу
повеќе податоци од електричните сигнали.

Првиот оптички микрочип е создаден во декември 2018, широк 1.5cm, долг 5cm,
висок 0.5cm. се прави на Australion National University. Направен е првиот од трите
основни чекори кон оптичките квантни компјутери: генерирање квантни состојби на
светлината, брза манипулација со квантните состојби, детекција на квантните состојби.

DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency ) ги истражува веројатносните


чипови за пресметување. Истражувањата се дел од проектот UPSIDE

UPSIDE = Unconventional Processing of Signals for Intelligent Data Exploitation -


Пресметува комплексни функции од користејќи ја физиката на уредите.
Традиционалната полупроводничка CMOS електроника ќе се замени со UPSIDE редови
за предвидување направени од физички уреди (на пример, наноосцилатори).
ПРЕДАВАЊЕ 6: ИЗБОР НА КОМПЈУТЕР

Intel процесори: терминот генерација се користи од Intel за да се означи значаен напредок


во архитектурата на процесорот и неговите функционалности. Втора (Sandy Bridge), трета
(Ivy Bridge), четврта (Haswell) генерација на процесори

 i3 - Основно ниво на процесори, релативно ефтини, без посебни додатоци и


карактеристики
 i5 - Средно ниво на процесори а со тоа и поскапи, имаат дополнителни
функционалности (како на пример hyper threading)
 i7 - Највисоки перформанси, повеќе јадра, повеќе L3 кеш, повисоки фреквенција,
хардверска виртуелизација
 i9 - Најбрзи, подобрена мемориска поддршка, барем 10 јадра

Intel Xeon процесорите се наменети за серверски платформи и работни станици поради


нивната исклучителна процесорска моќ. Карактеристики на E7 Family - серверска класа
(постојат Е3 и Е5 верзии со помали перформанси): 6/10 јадра (до 12/20 threads), кеш 18 -
30MB, фреквенција од 1.73 до 2.4 GHz, моќност од 105W до 139W

RAM (DRAM/SRAM)

DRAM&SRAM се непостојани и нивната состојба се губи по исклучување на системот.

SRAM е поскап за производство, но е побрз со помала потрошувачка на елек.енергија. се


користи како кеш меморија во централната единица за процесирање. Состојбите на
битовите се чуваат преку состојбите на flip-flop.

DRAM е релативно поевтин, најчесто се користи како главна меморија во компјутерските


системи. Состојбите се чуваат со пар од транзистор и кондензатор кои заедно градат една
мемориска клетка
Диск: HDD Hard Disk Drive – брзина на запишување од 50 до 120 MB/s и SSD Solid State
Disk брзина на запишување од 200 до 500 MB/s

You might also like