You are on page 1of 1

ОСНОВИ НА ПРОГРАМИРАЊЕ

Вовед

За правилна и корисна работа на компјутерот потребно е:


 машинска дел (hardware),
Заедно го сочинуваат компјутерскиот систем
 програмска дел (software)

Програмскиот дел на компјутерот е збир на програми кои можат да се извршат на компјутерот.


Секој од нив извршува одредена функција.

Програма е низа на наредби кои се изведуваат точно по одреден редослед и со точно одредена цел
за решавање на одреден проблем со компјутер.
 Системските програми управуваат со работата на компјутерот(Windows,Linux,MAC
OS,UNIX..)
 Апликативните програми се наменети за извршување на конкретна обработка на
податоците со компјутер кои уште се викаат апликации.(Word, Excel,Paint,Power Point,
Windows Movie Maker..)

Наредба е темелен елемент на една програма. Со наредбите точно се опишува што компјутерот
треба да работи и како да го изведе.

Преку програмата корисникот може да управува со компјутерот ако знае правилно да ги користи.

Компјутерските програми ги креират(пишуваат) стручни лица кои се викаат програмери.

При тоа користат некој од програмските јазици кои ги разбира компјутерот и програмските
наредби кои компјутерот може да ги изврши.

Постапката на создавање на програмата се вика програмирање.

Компјутерско програмирање се дефинира како процес на создавање на компјутерска програма


со користење на програмски јазик.

Проф.Младенка Никова
ООУ Браќа Миладиновци-Пробиштип

You might also like