You are on page 1of 14

Процес на изработка на една

програма.
 Програмските јазици обично се делат на
виши и нижи програмски јазици.
 Програмерите своите програми ги
пишуваат во некој од вишите програмски
јазици, меѓутоа, компјутерот може да
изврши само програма напишана на
машински јазик.
 Нижите програмски јазици се машински
ориентирани, бидејќи зависат од
машината на која се изведуваат, а тоа
значи дека ако таа програма се напише на
еден процесор може да не функционира
на друг процесор. Затоа, програмирањето
во машински код е особено тешко, бидејќи
треба добро да се познава структурата и
градбата на компјутерот.
 Вишите програмски јазици сѐ почесто се
употребуваат, бидејќи не зависат од
машината на која се изведуваат, а тоа
значи дека можат да се изведуваат на
компјутери со различни процесори.
 Најчесто употребувани виши програмски
јазици се: C, C++, Fortran, Basic, Pascal,
Java и други.
Процесот на пишување на програмата е сложен
процес кој се состои од четири фази:

 1.Пишување на изворен код.


 2.Преведување на изворен код.
 3.Поврзување во извршен код.
 4.Тестирање на програма.
Креирање на извршна програна

 Програмата напишана на некој од вишите програмски јазици се


нарекува изворна програма или изворен код (source cod)
 Програма која ја извршува компјутерот се нарекува извршна
програма или извршен код (executable code).
 Претварање на изворниот код во извршен код се врши во два
чекора со помош на посебни систематски програми наречени
преведувачи и поврзувачи.
Пишување на изворен код

 Првата фаза е пишување на изворен код или кодирање.


 Откако ќе се заврши пишувањето на изворниот код, тој се
зачувува во датотека на изворниот код на дискот.
 На оваа датотека обично и се дава некое описно име и се додава
соодветна наставка .cpp на пример sobiranje.cpp
Преведување на изворен код

 Втората фаза е преведување на изворниот код со помош на


програмите преведувачи или компајлери (compilers).
 Преведувачот ја проверува синтаксата на изворниот код и во
случај на грешки испишува соодветни пораки за грешките
(синтаксни грешки или грешки при преведување), (compiletime
errors).
 Синтаксни грешки - се однесуваат на неправилно напишани
напишани зборови од програмскиот јазик неправилно користени
или испуштени интерпункциски знаци.
 Со преведување на изворниот код се добива датотека од објектен
код (object code) и има наставка .o или .obj .
Поврзување во извршен код
 По преведувањето следува третата фаза поврзување на објектни
кодови во извршен код со помош на програмите поврзувачи
(linkers).
 Објективниот код треба да се поврзе со постоечките датотеки во
кои се наоѓаат веќе преведени мали програми кои често се
користат во програмите, овие датотеки се нарекуваат библиотеки
(libraries).
 Ако кодот неможе да се поврзе со потребните библиотеки ќе се
појави грешка и извршниот код нема да се креира.
 Овие грешки се нарекуваат грешки при поврзување (link-time
errors).
 Програмерот мора да ги исправи овие грешки и повторно да се
обиде да изврши преведување и поврзување.Со успешно
поврзување се добива извршен код, односно датотека која и се
доделува наставка .exe .
Поврзување на извршен код.
Тестирање на програма

 Последна фаза:
 Добивање на извршна датотека сеуште не е гаранција дека програмата
ќе работи онака како што е замислена.
 Затоа се изведува и последната фаза и тестирање на програмата.
 Грешки откриени на овој начин се нарекуваат грешки при изведување
(run time errors) или логички грешки.
 Овие грешки се последица на погрешно изработен алгоритам и
компјутерот неможе да ги открие, затоа програмерот треба да ја
тестира програмата.
 По исправање на грешките целата постапка треба да се повтори од
почеток:
 Поправање на изворниот код-Преведување-Поврзување-Тестирање.
Тестирање на програма
Запознавање со основните елементи на
интегрирана околина за програмирање

 Интегрираната околина за
програмирање (IDE – Integrated
Development Environment) претставува
софтверски пакет кој ги содржи основните
алатки потребни за пишување и
тестирање софтвер.
 Интегрирана околина за програмирање е
софтверски пакет кој ги содржи алатките
кои се потребни за креирање програма.
Такви алатки се: едитор на изворен код,
библиотеки за кодови, компајлери и
платформи за тестирање.

You might also like