You are on page 1of 2

Час бр: 39 Вовед во програмирање

Картко повторување од првата тема (софтвер)


Програма претставува множество (низа, листа) од инструкции за решавање на одреден
проблем со компјутер. Програмите се алгоритми напишани на јазици кои се специјално
дизајнирани за да бидат разбирливи за компјутерите. Програмите во компјутерот го
претставуваат софтверот, без кои компјутерот не може да работи.

Програмите на компјутерот се делат на: систамски и кориснички (апликативни).


Системските програми се поделени на: оперативни системи; услужни програми и
контролни програми, и без нив компјутерот не би можел да работи. Апликативните
програми се поделени на: програми за уредување на текст; табеларни пресметувања;
компјутерска графика; комуникации; мултимедија и др, односно овие програми ги
инсталира корисникот за своите потреби. Системските програми управуваат со работата
на компјутерот. Апликативните програми се наменети за извршување на конкретна
обработка на податоците со компјутер кои уште се нарекуваат апликации.
Програмирањето е процес на пишување програма, а луѓето кои пишуваат програми се
нарекуваат програмери, а јазикот на кој се пишуваат програмите се вика програмски
јазик. Програмирањето е дел од процесот на решавање некоја задача на компјутер. На тој
начин софтверот претставува врска помеѓукорисникот и компјутерот.

Слика 1: Улогата на софтверот како врска помеѓу корисникот и компјутерот

Програмите му кажуваат на компјутерот како да реши одреден проблем. Всушност,


задача на програмите е да му кажат на компјутерот како да ги прифати влезните
податоци, да оперира со нив и да врати излезни податоци.
Програмите не се користат само во работата со компјутер. ТВ - уредите, музичките
системи, клима уредите можат да се програмираат и со нив да се управува од одредено
растојание. Тоа значи дека овие уреди користат програми кои се вградени. Пример:
телевизорот за да може да ги разбере влезните команди што ги испраќа корисникот преку
далечинскиот управувач мора да има вградено програма. Врз основа на добиената
команда, чипот во кој е испрограмирана логиката на телевизорот иницира одредена
активност, т.е. поттикнува други електронски компоненти
Поголем дел од корисниците на компјутерите користат веќе готови програми кои
се инсталирани во компјутерот.

1
Час бр: 39 Вовед во програмирање

Разликата помеѓу алгоритам и програма е тоа што алгоритамот може да биде решен од
страна на човекот и компјутерот, додека програмата може да биде извршена само од
компјутерот. Врската помеѓу програма, алгоритам и податоци е дадена во формулата:
Програма = Алгоритам + Податоци
Со креирање на алгоритам се добиваат прецизни и недвосмислени инструкции за
решавање на некоја задача. Сега е потребно тие инструкции да се пренесат на
компјутерот на начин на кој тој може да ги разбере, односно потребно е да се напише
програма според која компјутерот ќе ја изврши дадената задача. Процесот на пишување
на програмата е сложен процес кој се состои од четири фази:
1. Пишување на изворен код,
2. Преведување на изворен код,
3. Поврзување на извршен код,
4. Тестирање на програмата

Програмата напишана на некој од програмските јазици се нарекува изворна програма


или изворен код (source code). Програмата која ја извршува компјутерот се нарекува
извршна програма или извршен код (executable code). Претворањето на изворниот код
во извршен код се врши во два чекори со помош на посебни систмски програми наречени
преведувачи и поврзувачи.

You might also like