You are on page 1of 3

ПОИМ ЗА АЛГОРИТАМ И ПРОГРАМА КАКО

ДЕЛ ОД СОФТВЕРОТ
Алгоритми
Алгоритам е низа од инструкции со кои се извршува одредена
задача.
Алгоритам претставува постапка со која се извршува некоја работа
преку задавање на општи чекори кои:

 Имаат даден „влез“ (нешто од кое почнува да се извршува


работата),
 Даваат одреден „излез“ (ја извршуваат работата).

Притоа, во таа постапка се користи конечна низа од добро


дефинирани инструкции (чекори) и правила кои еден човек би
можел да ги изврши без никакво размислување.

 Инструкциите започнуваат од некоја почетна состојба.


 Кога алгоритмот ќе заврши, задачата за која тој бил направен,

треба да биде извршена.


Примери на алгоритми од секојдневниот живот
1. Алгоритам за јавување по телефон.
Чекор 1: Дигни ја слушалката.

Чекор 2: Сврти го бројот.

Чекор 3: Почекај да се јави личноста.

Чекор 4: Зборувај со личноста.

Чекор 5: Спушти ја слушалката.


2. Алгоритам за играње на играта „не лути се човече“.
3. Рецепт за јадење со опис на подготовката.
Важно!!!
 Алгоритмите треба да се недвосмислени, јасни, прецизни –

секоја инструкција треба да е јасно определена.


 Треба прецизно да е утврден редоследот на извршувањето на

инструкциите.
 Алгоритамот треба да е разбирлив за секого, независно кој го

напишал.
Програма
Компјутерите не работат ништо без некој да им каже што да прават.
За компјутерот да направи нешто, мора да му се дадат инструкции –
чекор по чекор.

Програма претставува множество (низа, листа) од инструкции


(во некој програмски јазик) за решавање на одреден проблем
со компјутер.
 Програмата мора да биде извршена од компјутер т.е. програмите

му кажуваат на компјутерот како да реши одреден проблем.


 За да работат компјутерите потребни се програми.

 Програмите се всушност алгоритми напишани на јазици кои се

специјално дизајнирани за да бидат разбирливи за


компјутерите.
Системските програми управуваат со работата на компјутерот.
Апликативните програми се наменети за извршување на
конкретна обработка на податоците со компјутер и уште се
нарекуваат апликации.
Алгоритмите се поопшти од програмите. Еден алгоритам може да
биде решен од човек или машина, или од двете. Програмата мора да
биде извршена од компјутер.
Врската помеѓу програма, алгоритам и податоци е дадена во
формулата на NiklausWirth (автор на јазикот Pascal)

Програма = Алгоритам + Податоци

You might also like