You are on page 1of 36

Универзитет „Гоце Делчев“

Д-р Зоран Здравев

ИНФОРМАТИКА
КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОМПЈУТЕРИ

Компјутерите се класифицираат врз основа на нивната


моќ и нивната употреба. Во продолжение следува најчесто
користената класификација на компјутерските истеми:
• Персонален компјутер (PC) е дизајниран за да се
употребува само од едно лице, т.е. во исто време не е
препорачливо да работат повеќе луѓе на него. Тоа е она
што повеќето од нас го сметаат за "компјутер", бидејќи
тоа е вид на компјутерски систем што најчесто го
среќаваме. Овие персонални компјутери (PC) луѓето
најчесто ги користат дома, на работа, учениците ги
користат во училиште лаборатории и т.н
КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОМПЈУТЕРИ
• Лаптоп е компактен персонален компјутер во кој сите уреди
се намалени и сместени во во една кутија со цел да се
направи лесно пренослив. Општиот термин "уред" во
компјутерската наука се однесува на било која хардверска
компонента. Така, под лаптоп се подразбира било кој
компјутер каде што сите хардверски компоненти се стени во
една лесно пренослива кутија.
• Работна станица е исто така компјутер дизајниран за
употреба од страна на едно лице, но овој компјутер е
поврзан на мрежа - и неколку вакви работни станици
претставуваат сет на компјутери поврзани заедно за
споделување на податоци.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОМПЈУТЕРИ

• Мainframe е моќен компјутер кој се дели од страна на повеќе


корисници во исто време. Секој корисник има терминал, кој во
овој контекст се состои едноставно од тастатура и екран кои
се користат за пристап до Мainframe компјутерот. Ако на
терминалот нема ништо повеќе од екран и тастатура истиот
тогаш се вика "нем терминал“. Работната станица, исто така,
може да се користи како терминал, и во тој случај се вика
"паметни терминал“.
• Minicomputer е било кој компјутер доволно моќен за да се
користи од повеќе луѓе, но не е доволно моќен да се смета за
mainframe. Овој термин веќе излегува од употреба.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОМПЈУТЕРИ
• За суперкомпјутерие се сметаат најбрзите компјутерски
системи на светот. Бидејќи оваа класификација се базира врз
перформансите, нема компјутер може да остане во оваа
категорија засекогаш. Системите кои се сметале за
суперкомпјутери пред десет години денес се сметаат за обични
(персонални) компјутери.

• Сервер е компјутер поставен на мрежа и истиот обезбедува


услуги на други компјутери. Mainframe компјутерите често се
користат како сервери, но не секој сервер е mainframe. Дури и
персонален компјутер може да биде доволно моќен за да биде
сервер.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОМПЈУТЕРИ
o Клиент (Client) е компјутер кој користи
одредени ресурси од некој сервер. Еден пример
на клиент-сервер моделот е банкоматот. Кога
ќе побарате пари од својата сметка на
банкомат, банкоматот мора да се консултираат
со централниот компјутер во вашата банка, за
да се утврди дали на вашата сметка има
доволно пари. Банкоматот е клиентот во овој
однос, а централниот компјутер во банката е
сервер.
KОМПЈУТЕРСКА АРХИТЕКТУРА

Архитектурата на компјутери, како општ поим,


се однесува или на целата структура на
компјутерскиот и информатичкиот систем, или
се однесува само на еден дел од глобалниот
систем.
KОМПЈУТЕРСКА АРХИТЕКТУРА

На слика 1 дадени се главните компоненти на еден компјутер. За секоја од овие


компоненти ќе зборуваме детално во ова поглавје.

Слика 1
На десната страна на сликата можеме да ги видиме влезните и излезните уреди
(тастатура, глувче, монитор, принтер, тврд диск, CD-ROM и така натаму. CPU
(централна процесорска единица), примарната меморија и сите други уреди
меѓусебно се поврзани по електронски пат кој се нарекува BUS (автобус).
KОМПЈУТЕРСКА АРХИТЕКТУРА
Исто како градските автобуси и овој BUS ги поврзува и разделува
ресурсите на еден компјутерски систем. Ако влезете во градски автобус на
една станица и сакате да стигнете до последната станица на таа линија,
мора да застанете на сите попатни станици. Исто така и компјутерскиот
BUS се грижи за сообраќајот помеѓу сите делови поврзани во компјутерот.
Воглавно тоа се податоци кои патуваат од и до централната процесорска
единица, но во некој случаи податоците патуваат директно од еден уред до
друг без вклучување на процесорот. Сета оваа активност значи дека
автобусот може да биде преполнет со што се намалуваат перформансите на
истиот.
Поради ова компјутерот има повеќе автобуси и на овој начин се олеснува
метежот. На пример, од причина што централната процесорска единица и
примарната меморија треба да комуницираат многу често, има почесто
автобус само помеѓу нив.
KОМПЈУТЕРСКА АРХИТЕКТУРА
o Примарна меморија
Примарната меморија (главната меморија) се состои од
RAM меморија, која е дополнета со виртуелна
меморија.
o RAM меморија

Во принцип кога зборуваме за главната меморија во


комплутерот всушност мислиме за RAM меморија.
Нејзиното име е кратенка од зборовите Random Access
Memory (Меморија за случаен пристап), што значи дека
до неа податоците можат да пристапуваат без некој ред
или закономерност.
KОМПЈУТЕРСКА АРХИТЕКТУРА
o RAM меморијата е направена од кондензатори, и овие
кондензатори чуваат мали количини на електрични
полнежи. Секој кондензатор чува еден бит. Ако
кондензаторот е полн тогаш тоа е состојба на бит 1, а ако е
празен тогаш е состојба на бит 0.

o RAM е поделена на мемориски ќелии наречени зборови,


кои можат да бидат еден бајт (осум бита) или повеќе бајти.
Локацијата на секој збор во RAM меморијата е утврдена
со уникатна адреса, и истата претставува цел број кој
започнува со 0.
КОМПЈУТЕРСКА ОПЕРАЦИЈА

Кога корисникот бара извршување на одредена


програма, компјутерот ја носи програмата од местото
каде што е зачувана (обично на тврдиот диск) во
главната меморија. Потребно е зачувувањето на
програми и податоци во примарната меморија ,
бидејки тврдиот диск како уред е многу бавен и
комуникацијата со CPU ќе биде тешка и спора.
Главната меморија делува како привремена "нулта
рампа", каде што моментално се активни програмите
и податоците и истите се чуваат за брз пристап.
БУТИРАЊЕ (ПОДИГНУВАЊЕ)

Во предходниот дел зборувавме за веќе покренат (стартуван)


оперативен систем, и ние како корисници можеме да ја
стартуваме било која програма. Но што е тоа што го покренува
(стартува) оперативниот систем? Од прва ова ни изгледа како
проблемот со кокошката и јајцето (што е постаро?). Ако
оперативниот систем му кажува на компјутерот која програма
треба да се изврши следна, а знаеме дека самиот оперативен
систем е програма, тогаш што му кажува на компјутерот која
програма треба да се изврши кога истиот прв пат се вклучува?
Процесот со кој се стартува и извршува оперативниот систем се
нарекува booting. Тајната состојка се нарекува BIOS што е
кратенка од Basic Input/Output System.
БУТИРАЊЕ (ПОДИГНУВАЊЕ)
BIOS е збир од повеќе мали програми кои се наоѓаат во ROM
меморијата. Кога го вклучуваме компјутерот BIOS от има функција
на будилник на системот. Тој ги иницира сите уреди во системот да
вршат еден вид на авто-дијагностички тестови. Тогаш тој ја врши
најважната работа т.е. вчитување на оеративниот систем.
Во пракса кога го вклучуваме компјутерот, во првите неколку
секунди гледаме наизглед само обочен текст на темна позадина. За
ова време BIOS от работи. Неколку секунди подоцна на екранот се
појавува логото на оперативниот систем (како "Windows XP"). Тоа е
програмата од boot секторот. Конечно целосно оперативниот
систем е вчитан и може да започнете со стартување на други
програми.
CPU (ЦЕНТРАЛНА ПРОЦЕСОРСКА ЕДИНИЦА)
CPU е срцето на еден компјутер, затоа заслужува да го разгледаме одблизу.
Процесорот има три основни компоненти: ALU, регистри, и CU, како што е
прикажано на Слика 2.

Слика 2
ALU, или аритметички логичка единица, врши математички пресметки и
логички операции. На ALU, се чуваат голем број на податоци (се чуваат
како бинарни). Еден пример на ALU математичка операција е множење на
два броја или споредување на два броја за да се утврди кој е поголем.
CPU (ЦЕНТРАЛНА ПРОЦЕСОРСКА ЕДИНИЦА)
Регистри се места за привремено чување на податоци.
Различни процесори имаат различен број на регистри.
Додека компјутерите повеќето од нивните активни
податоци ги чуваат во RAM меморија, директен да пристап
до регистрите има само аритметичко логичка единица.
Така, се смета дека е голема предност ако процесорот има
поголем број на регистри.
CU, или контролна единица, го контролира движењето на
податоците внатре во процесорот. Оваа единица може да се
смета за регулатор на сообраќајот во процесорот. Самата
CU е контролирана од страна на инструкциите кои се дел
од програмата во фаза на извршување во процесорот.
ПЕРИФЕРНИ УРЕДИ
Терминот периферија се користи за сите влезни, излезни и
уреди за складирање на податоци.Тие се дел од
компјутерскиот систем но не и од процесорот (CPU).
Дали сите овие уреди се Online т.е. Дали можат да се
уредуваат на мрежа.

Online уреди
Физички разделени од CPU, но електронски поврзани и
контролирани од него
Offline уреди
Физички разделени од CPU, и не се контролирани од него
БРЗИНА НА КОМПЈУТЕРСКИ ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ

oРана компјутеризација
Milliseconds (илјада во секунда)
Microseconds (милион во секунда)

o Сегашни компјутери
Nanoseconds (билиони во секунда)
Picoseconds (трилиони во секунда)

oБрзина на инструкциско процесирање


Megahertz (милиони циклуси во секунда)
Gigahertz (билиони циклуси во секунда)
БРЗИНА НА КОМПЈУТЕРСКИ ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ

o Брзината зависи од…


• Број на кружни патеки (buses) кои ги поврзуваат
компонентите на процесорот.
• Бројот и капацитетот на регистрите
• Користење на многу брза примарна меморија
MOORE’S LAW

o Дуплирање на бројот на транзистори по


интегрално коло на секој 18 до 24 месеци
o Овој став (закон) е изнесен во 1965, а важи и

ден денес
o Заеднички последица на Законот на Мур ...…

 Цените на компјутерите ќе бидат намалени за


половина на секои 18 до 24 месеци
 Се однесува и на трошоците за складирање
МУРОВ ЗАКОН
ПРИФЕРНИ УРЕДИ
Влезни уреди
o Keyboard –(тастатура) се уште најчесто користен уред

o Графички кориснички интерфес(GUI) – икони, менија,

прозорци, копчиња .....


o Електронско глувче- Нај популарен покажувачки уред; Со

притискање на копчињата на глувчето извршуваме одреден


акција врз некој графички елемент
o Trackball – Статичен уред сличен на глувчето со тоа што кога

го вртиме топчето се движи поткажувачот на мониторот


o Pointing Stick – Мала гумичка сместена на тастатурата и со

притискање на истата во одреден правец се иницира движење


на поткажувачот на мониторот
ВЛЕЗНИ УРЕДИ
o Touchpad (површина осетлива на допир)
o Мала правоаголна површина осетлива на допир
o Најчесто се наоѓа на тастатурата
o Движењето на курсорот е во правец на движењето на прстот
o Touch Screen (екран осетлив на допир)
o Компјутерите со touching screen емитуваат мрежа од
инфрацрвена светлина, звучни бранови или електрична
струја
o Кога го допираме овој екран ја прекинуваме таа мрежа
и со тоа вршиме одредена акција на екранот
ВЛЕЗНИ УРЕДИ
o Компјутери базирани на допир со
пенкало
o Се користи во Tablet PCs и PDAs
o Под ЛЦД мониторот постои слој осетлив на допир
исто како кај touch screen
o Постои софтвер кој што го дигитализира нашиот
ракопис т.е. го следи врвот на пенкалото со кое
пишуваме
ВЛЕЗНИ УРЕДИ
o Систем за препознавање на говор
o Овој систем преставува иднина во внесувањето на податоци
o Најлесен и најприроден начин на комуникација кај човекот
o Обрасци за препознавање на говор
o Потребна е дискретна пауза зад секој збор
o Софтвер за препознавање на континуиран говор (CSR) софтвер

што препознава говор кој се врши со одредено темпо


o Дигитализација, анализа и класификација на обрасци за говор и звук
кај системите за препознавање на говор
o Споредување на звукот со базата на податоци во нивните

речници
o Трансфер на препознати зборови во апликативен софтвер

o Обично е потребна обука за препознавање на глас


ВЛЕЗНИ УРЕДИ
o Оптичко скенирање
o Уреди кој го читаат текстот или графиката и ја конвертираат во
дигитална форма разбирлива за компјутерите
o Овозможува директен внес на податоци од оригиналниот

документ
o Библиотечен систем за управување со документи
o Скенира документи и истите ги организира и складира и

спремајќи ги за едноставно пребарување


o Скенери
o Компактни десктоп модели, евтини и лесни за употреба
o Големи скапи скенери со големи брзини на скенирање, висока

резолуција
ВЛЕЗНИ УРЕДИ
o Магнетна лента
o Ја чита магнетната лента на кредитните картички
o Smart картички
o Имаат микро мемориски чип и меморија на кредитната картичка

o Се користи повеќе во Европа отколку во САД


o Дигитални фотоапарати
o Можат да сликаат, снимаат и симнуваат фотографии или да

снимаат видео клипови со аудио поддршка


o Подоцна сликите и видеата можат да се обработуваат
o Магнетни мастила за препознавање
o Се користи во банките за магнетни читање на депозитите

o Мастилото е изработено од компонента на железен оксид


o Напишаниот документ со ова мастило подоцна се чита со помош

на специјален Читач - Сортер


ИЗЛЕЗНИ УРЕДИ
o Видео дисплеи
o Технологија со катодни цевки(CRT)

o Технологија со течни сигнали(LCDs)

o Плазма дисплеи

o Се користат кај големи телевизори со рамни

екрани
o Печатен Излез
o Inkjet принтери шприцаат мастило на хартија

o Ласерските принтери користат електростатички

процес исто како кај машините за фотокопирање


БИТ И БАЈТ
o Бит
o Кратенка за бинарна цифра

o Најмал елемент од податокот

o Може да биде 0 или 1

o Бајт
o Група од осум битови кој функционираат како една

единица
o Преставува еден карактер или еден број
ПРЕСТАВУВАЊЕ НА КАРАКТЕРИТЕ ВО БИТОВИ
МЕРЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА МЕМОРИЈАТА

o Kilobyte (KB): илјада бајти


o Megabyte (MB): милион бајти
o Gigabyte (GB): милијарда бајти
o Terabyte (TB): трилион bytes
o Petabyte (PB): квадрилион bytes
ПОЛУСПРОВОДНИЧКА МЕМОРИЈА

o Микроелектроника полуспроводничка чип меморија


кој се користат за примарно складирање
o Предности: мала големина, голема брзина,

отпорна на шок и на температура.


o Недостатоци: непостојаност, мора перманентно

да се снабдува со електрична енергија во


спротивно ја губи меморијата
ТИПОВИ НА ПОЛУСПРОВОДНИЧКА МЕМОРИЈА

o Random Access Memory (RAM)


o Најчесто користена примарна меморија

o Непостојана меморија
o Чита/Пишува меморија

o Read-Only Memory (ROM)


o Постојана меморија (трајно запишување на

податоци во меморијата)
o Може да се чита но не може да се препокрие
o Се нарекува firmware
МАГНЕТНИ ДИСКОВИ
o Се користат за секундарно складирање
o Брз пристап и голем капацитет

o Разумна цена

o Типови на магнетни дискови


o Floppy Disks (дискети)

o Магнетен диск во пластична обвивка

o Hard Disk Drives (тврд диск)


o Магнетен диск и глава за читање и пишување запечатени во
модул за стабилно окружување
o Фиксен или подвижен
o Капацитетот се движи од неколку стотини мегабајти па до
неколку стотини гигабајти
RAID СКЛАДИРАЊЕ

o Редундантни низи од независни дискови


o Низи од тврди дискови

o Обезбедуваат виртуелен неограничен простор за

складирање
o Комбинација од 6 до над 100 мали дискови во една

единица
o Пристапот до податоците во истовремено преку

повеќе патишта од повеќе дискови


o Редундантно складирање на податоците на неколку

диска дозволува толерантност


МАГНЕТНИ ЛЕНТИ

o Секундарно складирање
o Трака на барабани, касети, кертриџ касети
o Се користи во роботиката и автоматиката
o Архивско и backup складирање
o Најевтин начин на складирање

You might also like