You are on page 1of 6

Домашна работа

Прашања од страна 19 од 11 до 24 прашање

11. Кои видови на RAM меморија постојат? Објасни ги!

 RAM може да биде статичка (SRAM) и динамичка


(DRAM). Податоците запишани
во статичката меморија се стабилни и не мора да се
освежуваат. Статичката
меморија технички е посложена од динамичката, па
е поскапа и со помали
капацитети. Затоа таа се користи за брзи кеш
мемории.

12. Што мислиш, зошто податоците зачувани во ROM


меморија се заштитени од бришење и од менување?
 ROM се користи за трајно чувањена податоци и на
инструкции кои произведувачот ги запишува во неа.
Обично тоа се програми кои го проверуваат
хардверот секогаш кога компјутерот ќе се вклучи во
струја. Содржината на ROM
меморијата не може да се избрише ниту да се
менува.
13. Која е улога на влезните, излезните и влезно-излезните
единици во компјутерот?

 Влезните единици се користат за внесување на


податоци и на инструкции во компјутерот.
 Излазните единици се користат за приказ на
податоци кои претставуваат резултат
на обработка на компјутерот.
 Влезно-излезните единици служат за влез, меѓутоа и
за излез на податоци.
14. Наброј неколку влезни единици! Опиши ги тастатурата
и глувчето!

 Тастатурата е неопходна влезна единица со


помош на која се внесуваат букви, специјални знаци
и броеви во компјутерот.
 Со помош на глувчето се означуваат објекти на
екранот и се праќаат наредби до компјутерот.
 Други влезни единици се скенер, микрофон,
електронски молив, оптички читач, сензори.

15. Наброј неколку излезни единици! Опиши ги мониторот


и печатачот!
 Неопходна излезна единица е монитор, а освен него
се користат печатач, цртач,проектор, звучници итн.
 На екранот на мониторот се прикажуваат знаци,
слики и цртежи. Мониторот со компјутерот се
поврзува преку графичка картичка која обезбедува
соодветна графичка резолуција.
 Печатачот се користи за претставување податоци на
хартија или на фолија каде тие можат трајно да се
чуваат.

16. Што е графичка резолуција и кој хардверски елемент


определува колкава ќе биде таа?
 Графичката резолуција се претставува со бројот на
точките на екранот. Графичката картица одредува
колкава ќе биде таа.

17. Опиши ги модемот и звучната картичка!

 Модемот служи за пренесување на податоци од еден


до друг компјутер, најчесто преку телефонската врска.
Модемот прво претвора бинарни информации во
звучни сигнали (модулација), а модемот кој се наоѓа на
другиот крај на врската овие звучни сигнали ги
претвара во бинарни.
 Kомпјутерот денес претставува и мултимедијален
уред па е неопходно да се обезбедат звучни ефекти,
музика и говор. За тоа се задолжени звучните картички.

18. Каква е улогата на надворешните мемории во


компјутерот?

 Надворешните мемории се користат за трајно чување


на податоци. Податоците и програмите кои се чуваат
на надворешните мемории се пренесуваат во
внатрешната меморија и се користат во процесот на
обработка.

19. Наброј неколку надворешни мемории! Опиши го хард


дискот!
Денес како единици на надворешни мемории се користат:
 магнетен или хард диск
 оптички или компакт диск
 полупроводнички мемории во кои спаѓаат USB F1ash
мемории и мемориски картички.

 Хард дискот (HD — Hard Disc) се користи за чување


податоци и програми кои се користат во секојдневната
работа. Хард дискот може да биде внатрешен или
надворешен и има капацитет од неколку стотини
гигабајти (GB). Kај дискот за чување податоци се
користат метални плочи кои се премачкани со
магнетен слој.

20. Што се подразбира под конфигурација на компјутер?

 Основна карактеристика на еден компјутерски систем е


неговата конфигурација, т.е. кој процесор, која
внатрешна меморија и какви периферни единици тој
содржи.

21. Кои технички карактеристики ги има следнава RAM


меморија: PQ1 DDR111 512MB PC1066 CL7?

 Капацитет - 512 MB
 Брзина – 1066 MHz
 Тип – DDR 1

22. Кои технички карактеристики ги има следниов


процесор: 1nte1 Core i7-920 2.66 GHz?
 Брзина - 2.66 GHz
 Тип - Core i7-920
 Произведувач - Intel

23. Прочитај ги следниве конфигурации: Која


конфигурација е најдобра?

Најдобра е конфигурацијата под б).

ИЗРАБОТИЛ: Никита Митевски 

You might also like