You are on page 1of 3

Компјутерски систем

Компјутерот е машина способна да работи автоматски, што значи дека ги извршува


потребните операции без учество на човекот. Но, човекот треба да ги обезбеди податоците
и програмите според кои ќе работи компјутерот. Затоа секој компјутер мора да има
машински дел или хардвер (hardware) и програмски дел или софтвер (software). Овие два дела
дејствуваат заедно како целина и го сочинуваат компјутерскиот систем. Компјутерски
систем = машински дел + програмски дел Машинскиот дел е сè она што можеш да го видиш
или да го допреш − од најголемите делови што веднаш ги забележуваш (како што се
куќиштето или мониторот), преку деловите вградени во куќиштето (како што е
процесорот), па сè до најситните жички и шрафчиња. Програмски дел се сите програми што
ги извршува еден компјутер − од програмите неопходни за работа на компјутерот, преку
програмите што ни се потребни за некоја работа, па сè до програмите за забава и игра.
Машинскиот дел
Компјутерот е изграден од многу физички делови. Секој од тие делови има посебна функција и
тие работат заедно за да може компјутерот да биде оперативен.  Машинскиот дел го
сочинуваат сите физички единици што можеме да ги допреме и видиме.
Основната градба на персоналниот компјутер
Персоналниот компјутер најчесто се состои од: куќиште (централна единица), монитор,
тастатура и глувче, кои ја сочинуваат основната компјутерска конфигурација.
Овие делови можеш да ги видиш, но во куќиштето се сместени и некои делови што не можеш
да ги видиш, а се многу значајни за компјутерот, како што се: процесорот, внатрешната
меморија и хард дискот.
Машинскиот дел на компјутерот се дели на: централна единица, периферни единици и
надворешни мемории.
Централната единица се дели на: процесор и централна меморија.
Периферните единици се делат на: влезни, излезни и влезно-излезни.
Основна задача на секој компјутер е обработката на податоци. За да може да ја извршува
оваа задача, секој компјутер мора да има:
♦♦Процесор  − дел кој обработува податоци и во кој се извршуваат програмски инструкции и
операции;

♦♦Внатрешна (оперативна) меморија  − дел во кој се чуваат


податоците и програмите додека работи компјутерот;

♦♦ Влезни единици  − делови со кои внесуваме податоци и дава- ме наредби


(тастатура, глувче, скенер…);

♦♦ Излезни единици  − делови за прикажување на податоците (монитор,


печатач…);

♦♦ Надворешни мемории  − делови каде се чуваат податоците кога не работи


компјутерот (хард диск, дискети, CD…).

REPORT THIS AD
Централната или внатрешната меморија се дели на РАМ и РОМ .ROM е кратенка од
read only memory, што значи дека од неа можеме само да читаме податоци, но не и да ги
менуваме или да запишуваме нови податоци во неа. Тука се наоѓаат програмите што се
потребни за да може да работи компјутерот. Податоците кои се впишани во ROM се трајни,
односно не се бришат со исклучување на компјутерот. RAM е кратенка од random access
memory, што значи дека од неа можеме да читаме и во неа да запишуваме податоци колку
пати сакаме. Се користи за привремено чување на податоците и на програмите што се
користат во моментот, што овозможува тие брзо да бидат пронајдени и испратени до
процесоротсорот. Затоа се нарекува уште и работна меморија. Податоците во RAM не се
трајни, тие се менуваат во текот на работата и се бришaт со исклучување на компјутерот
од струја.ПРОГРАМСКИ ДЕЛ НА КОМПЈУТЕРОТКомпјутерот може да извршува различни
операции, но за да знае кои да ги извршува и по кој редослед, потребни му се програми.
Програмите управуваат со хардверот и на компјутерот му даваат инструкции за тоа што и
како да работи. Програмата е составена од наредби напишани по строго определен редослед.
Пишувањето програма се нарекува програмирање. Програмите што често ги користиме ги
чуваме на хард дискот и за нив велиме дека се инсталирани во компјутерот.  Сите програми
што ги извршува компјутерот го сочинуваат програмскиот дел или софтверот. Софтверот е
поделен на две основни групи: ♦♦системски програми, ♦♦апликативни програми.
Системските програми се пишувани за системот. Тие се: оперативен систем, контролни
програми и услужни програми.Апликативните програми се пишувани за корисникот, за
извршување на некоја работа (на пример за пишување, за цртање…)Системски
програми  Системские програми се оперативниот систем, контролните програми и
услужните програми.
Оперативен систем
Оперативен систем  (OS − Operating System) е програма без која ниту еден компјутер не може
да работи. Тој е врската меѓу компјутерот и корисникот − прима инструкции од корисникот
преку тастатурата и дава пораки преку мониторот. Оперативниот систем : одлу чува која
програма ќе се изврши и кога, колку меморија ќе им се додели на програмите, се грижи за
правилно извршување на командите дадени од корисникот и слично.  Ниту еден компјутер не
може да работи без оперативен систем.  Најпознати оперативни системи за персоналните
компјутери се Windows и Linux. Linux дистрибуција дизајнирана за образовни институции која е
инсталиран во училиштата во Република Македонија е Edubuntu.

Контролни програми
Контролните програми управуваат со хардверот. Тие ја проверуваат исправноста и ја
контролираат работата на хардверот. Најпозната контролна програма е BIOS (Basic Input
Output System).
Услужни програми
Услужните програми ни помагаат при секојдневната работа сокомпјутерот. Тоа се, на
пример: програмите за инсталирање и деинсталирање, програмите за заштита од
компјутерските вируси, програмите за местење параметри (време, датум…) и други.
Услужните програми се познати под името софтверски алатки.Апликативни
програми  Апликативните програми уште ги нарекуваме апликации и кориснички програми. Тие
се пишувани за извршување на некоја задача, на пример за пишување писмо, за цртање, за
решавање математички задачи и слично. Некои од нив ги пишуваат корисниците на
компјутерот, но постојат и готови програмски пакети. На пример, апликации се: Paint − за
цртање, Microsoft Word − за пишување, Windows Media Player − за слушање музика, Windows
Messenger − за допишување и други. И компјутерските игри се апликации. Многу од
компјутерските игри имаат едукативен карактер.

Table of Contents
Компјутерски систем.................................................................................................................................1
♦♦Внатрешна (оперативна)...........................................................................................................1
Централната или внатрешната меморија се дели на РАМ и РОМ.................................................1

You might also like