You are on page 1of 1

ИЗЛЕЗНИ ПЕРИФЕРНИ УРЕДИ

1. Кои хардверски уреди се излезни периферни уреди?

Уредите преку кои добиените информации по обработката од


компјутерот се прикажуваат за корисникот се викаат излезни
периферни уреди.
 Вообичаени излезни уреди се: монитор, печатар,звучници и
слично.

1. МОНИТОР
 Мониторот е излезен уред кој прикажува слики и текстови.

Видови монитори
 CRT (Cathode Ray Tube) монитори – со катодна цевка.
 LCD (Liquid Crystal Display) монитори -со течни кристали.
 Монитори со екран осетлив на допир (touch screen)

 Големината на екранот се мери дијагонално и се изразува во


единица мерка инч (inch – ’’) 1’’=2.54 см.
 Големината на екранот може да се движи од 15’’ до 30’’.
Вообичаени големини се 17’’ или 19’’.

 Пиксел е најмалата точка на екранот

 Резолуција на екранот е бројот на точки (пиксели) вертикално и


хоризонтално со кои е исцртана сликата.

2. ПЕЧАТАР
 Печатар е уред за прикажување на податоците од компјутерот на
хартија или фолија.

Видови печатари
 Печатарите според начинот на печатење најчесто се иглични,
инкџет и ласерски.
 Карактеристики на печатарите се:брзина на
печатење(ppm),квалитет на отпечатено,потрошен материјал,
бучност

3. ЗВУЧНИЦИ
 Звучниците се уреди за пренос на звучните податоци до
корисникот.

You might also like