You are on page 1of 16

Прирачник по Информатика 1

ВИДОВИ НА КОМПЈУТЕРИ

Супер компјутери се најбрзи и


најмоќни компјутери. Тие се користат
за решавање на тешки и сложени
задачи каде за кратко време се
пресметуваат голем број податоци. На
пример, за предвидување на
временските промени, исцртување на
временски карти, за вселенски
истражувања, предвидувања на
земјотреси, нафтени наоѓалишта и Сл.1.18. Супер компјутери
друго.

Големи или Mainframe компјутери


се користат на места каде има потреба
да се обработат големи количини на
информации, како во банки. Обично
обработката на податоци е
централизирана, стотици терминали
(тастатура со монитор), испраќаат
податоци до едно место, каде се
обработуваат.
Сл. 1.19. Големи компјутери

Мини компјутери, за работа во мали


до средни претпријатија, со можност
за приклучување на десетина работни
места на нив, кои извршуваат сложени
задачи. Со појаки перформанси од
персоналните компјутери, можност за
работа со повеќе процесори, поголема
RAM меморија.
Микро
компјутери Сл.1.20. Мини компјутери
или PC
персонални компјутери за лична употреба
на поединецот, го забрзува извршувањето
на некоја конкретна задача, како
обработка и уредување на текст, пресметки
Сл.1.21. Микро компјутери или
персонални компјутери PC на табели, уредување слики, слушање и
создавање музика, анимација,
програмирање, играње компјутерски игри...итн.
PC-јата, како скратено ги викаме персоналните компјутери,
можат да се разликуваат според: преносливост при работа,
димензиите.

1
Поделба според преносливост

Статичен - Desktop Computer чија првенствена намена е да ги


извршува задачите таму каде е поставен, најчесто на работната
маса (Desk-биро) или во негова близина. За правилно негово
функционирање-работење, не е препорачливо многу да се
придвижува, за да не дојде до изместување на компонентите
внатре во него.
Пренослив компјутер – Portable Computer првенствена
намена кај овие компјутери, е да овозможи подвижна работа со
компјутерот, каде и да оди корисникот (на работа, дома, на пат,
во странство). Тие се со помали димензии и тежат околу еден
килограм за да бидат лесно преносливи. Со различни димензии
се, па соодветно на тоа, се и различно именувани.

Поделба на преносните компјутери според димензии

Лаптоп - Laptop со димензија на помало куферче, актовка.


Работи на батерија која се полни и
овозможува повеќечасовна работа без
приклучок на струја, но може и да биде
постојано приклучен на струја.

Ноутбук- Notebook по
димензија се до големина
Сл.1.22. Лаптоп-Laptop на тетратка, бележник
(Note-белешка). По
својата функција е ист како и лаптопот, може
да работи и со постојан приклучок на струја Сл.1.23. Ноутбук-
Notebook
но и на батерија.

Палмтоп - Palmtop и Хендхелд - Handheld


преносните уреди работат на батерии, и за нив
се приспособени кориснички програми и
оперативните системи, на познатите
произведувачи на компјутерски програми.
Разликата меѓу двата е во
димензиите.
Сл.1.24. Палмтоп-
Palmtop Хендхелд уредите се со
димензии на дланка (hаnd). За нив се користи
и посебно пенкало Stylus, со кое се одбираат
опции по дисплејот, кој пак е осетлив на
допир (touchscreen). Сл.1.25. Хендхелд – Hendheld
или „кој се држи на дланка“

2
Примена на компјутерите

Врз база на

Сл.1.30. Во градежништвото
Сл. 1.26.Во банкарството

Сл. 1.27. Во идустријата Сл.1.31. Во сообраќајот

Сл. 1.28. Уреди за читање на


електронски книги e-books
Сл.1.32. Во архитектурата

информациите, луѓето
донесуваат одлуки битни за
нивното живеење, во било
која област. Компјутерите,
во моментот како
најсовремени сметачки
машини, го олеснуваат
прибирањето и обработка
на информациите, за луѓето
да можaт полесно и побрзо
да дојдат до саканата цел.
Денес е неминовно, основно
познавање на компјутерите
и програмите кои се
користат, кои се важен
елемент од општата култура
на секој поединец. Скоро и
да нема работно место, без
примена на компјутерите.
Само некои од областите,

3
каде компјутерите наоѓаат
своја примена, се:
образование, здравство,
трговија, архитектура,
комуникации,
градежништво, индустрија,
сообраќај, банкарство,
филмска индустрија,
забава..итн.

Сл.1.29. Во
образованието

Компјутерот е електронски уред составен од различни


електронски елементи комбинирани во интегрирани кола и
чипови.
Електронските компоненти, од кои е составен компјутерот,
може да бидат во една од две состојби: вклучени во струја и на
излез даваат електричен импулс(1) или кога не се вклучени,
нема импулс(0), како на Сл.1.35. Компјутерот како машина ги
разбира само тие две состојби, вклучено=1, исклучено=0.

Комбинирани повеќе електронски елементи, едни прикажувајќи


1, други 0, формираат низи од единици и нули, како на пример
00110101 од Сл. 1.35, и многу други комбинации од 1 и 0.
Токму затоа, податоците во компјутерот се запишуваат во бинарен
систем, кој има само две цифри 0 и 1.

15
во декаден броен систем
(оној што го употребуваме секојдневно)

00001111
бројот 15 запишан во бинарен броен систем
(само со 1 и 0)

Сите записи во компјутерот, без разлика дали е тоа текст,


графика, фотографија, музика, филм,...итн., се запишуваат како
некоја комбинација од 1 и 0. При тој запис има точно определен
редослед по кој се запишуваат 1 и 0.

Постапката на презентирање на текст, графика, слика, музика


или друг објект од реалната средина, во бинарен броен систем
како комбинација од 1 и 0, е позната како бинарно кодирање.
Самиот запис од единици и нули, (пример 11001101) се вика
код.

4
На секој знак му е доделен број, со
кој ќе се презентира, но запишан
во бинарен систем. За да важат
истите правила на кодирање низ
цел свет, договорена е шема на
кодирање позната како ASCII
(American Standard Code for
Information Interchange), каде
буквите се подредени по
англиската абецеда, дадена на
Сл.1.37.

Компјутерот или поточно


компјутерскиот систем, функционира како целина, составена
од влезни единици, излезни единици, централна единица,
надворешни мемории, единици за пренос на податоци, како и
програми со најразлична намена.

Хардвер – машински дел на компјутерот

Со поимот хардвер се опфатени сите машински делови на


компјутерот, без разлика каде се поставени внатре или надвор
од него. Може да бидат периферните уреди, кои од надвор, се
поврзани со компјутерот: тастатура, печатач, маус, скенер,
звучници, микрофон, дигитален апарат, разни кабли... итн.
Но, тука спаѓаат и сите компоненти – делови, кои се наоѓаат во
внатрешноста на компјутерот, како: процесор, меморија,
контролери како графичка и звучна картица, модем, магистрали
и друго.

5
Поделба кај хардверот

влезни единици, централна единица,


излезни единици, надворешни мемории.
влезно-излезни единици,
Влезните, излезните, влезно-излезните уреди, т.е. сите уреди кои се
приклучуваат од надвор на компјутерот со заедничко име се познати и
како периферни уреди.

Влезни уреди-единици
Влезни уреди, се оние преку кои, податоците од околината, се
трансформираат во дигитален запис за да може да се внесат во
компјутерот. Различни типови на податоци, како текст, слика,
музика, говор, видео, можат да се внесат со различни влезни
уреди.

Тастатура – најчесто користен влезен уред, со кој се внесуваат


текстуални записи составени од букви, бројки и специјални –
интерпункциски знаци. Се состои од 100-ина копчиња. Секое
копче има свој код т.е. секоја буква, знак или бројка,
претставени се со број, запишан во бинарен запис. Со
притиснување на тастерот, се праќа кодот во компјутер, според
табелата позната како ASCII код.

Глувче или маус (mouse)– стандардно, оптичко, безжично, кое


на ист начин се поврзува со компјутерот како и тастатурата.

6
Со појавата на графичките оперативни системи како Windows,
маусот или глувчето станува основен уред за покажување и
поместување на иконите на десктопот на екранот.
Со негово движење, по подлогата Mousepad, на екранот, се
движи покажувач или поинтер, во соодветна насока. Од долната
страна маусот има топче кое се движи по подлогата, а тоа
движење преку посебни контакти, како сигнали ги препраќа до
компјутерот. Од горната страна, најчесто има две копчиња, а
некои имаат и по три. По позиционирање (поставување) на
покажувачот на иконите, може да се одбере некоја од акциите:
единечен клик со лево копче – селекција на објектот,
двоен клик со лево копче – отворање на иконата, во
прозорец,
единечен клик со десно копче – отворање на паѓачко
мени, со избор нa oпции,
повлекување – поместување на графичките објекти на
нова позиција на екранот. Оптичкото глувче нема топка, туку
оптички елемент, кој го регистрира движењето и ги праќа
сигналите до компјутерот.

Скенер - уред кој служи за


внесување на слики од книги,
списанија, каталози,
фотографии, цртежи во
компјутерот. Читањето се
Сл.1.41. Скенер - flatbed врши со осветлување на Сл.1.42. Скенер – за
документот поставен во поголеми површини

скенерот, и содржината, како дигитален запис ја


внесува во компјутер. Сликата, потоа може да се
обработува со програми за уредување
на слики, да се прати на печатач за да
Сл.1.43. Рачен скенер
се отпечати, да се види на екран, или
едноставно да се меморира на хард
дискот. Скенерите можат да бидат Сл.1.44. бар код
flatbad – за скенирање на стандардни скенер
A4 површини како на Сл.1.41., за
поголеми од површини од А4 Сл.1.42, barcod
читачи Сл.1.44., рачни Сл.1.43. и биометрички
Сл.1.45..
Биометрички скенер е уред кој преку сензори ја
Сл.1.45. Биометрички
чита шемата од линии на прст, лице, од зеница во
скенер око. Преку биометричкиот скен, се потврдува
идентификација на лицето кое бара влез во
просторија со пристап на ограничен број на луѓе. Претходно,
скениран профил како примерок, е запишан во базата во
компјутер, кој се споредува со моменталниот скен. На тој начин, се
намалува можноста за злоупотреба и влез на неовластени лица.
Микрофон – за внес на звук, музика, говор и други
звучни записи во компјутер.

7
Дигитален апарат – за внес на фотографии вo
компјутерот.
Видео камера – за внесување на
Сл.1.46.Микрофон
Сл.1.47. Дигитален филмови, видео инсерти, реклами во
апарат кoмпјутерот.
Дигитална табла за цртање – за
внес на рачно нацртани цртежи, во
компјутер, на која се црта со посебно
Stylus пенкало, и соодветни Сл.1.48. Видео
Сл.1.49. Дигитална табла камера
за цртање софтвери во компјутерот за
обработка, на цртежите.
Излезни уреди-единици
Мониторот е незаменлив излезен уред, на кој се прикажуваат
резултатите по обработката на податоци. Постојат неколку
типови на монитори: CRT (оние кои зафаќаат голем простор),
LCD (тенките) и нивната подобрена верзија TFT, и плазма.
Функција
CRT (Cathode Ray Tube) мониторите,
содржат катодна цевка, која испушта
снопови од електрони, во трите основни
бои - црвена, зелена, сина(плава).
RGB(Red, Green, Blue) е кратенка која ги
означува трите основни бои. Екранот на
мониторот, од внатрешната страна е
Сл.1.50. CRT монитор
премачкан со
фосфор. Сноповите, удираат на
екранот и во допир со фосфорот, се
ослободува светлина. Со мешање на
боите, од трите снопа на електрони,
во различен интензитет – количина,
се добиваат сите други бои и нивни
Сл.1.52. Иста слика прикажана на
нијанси. различни резолуции
Резолуцијата се претставува, како:
број на точки по хоризонтала Х број на точки по
вертикала.
Примери за различни резолуции:
640х480 1280х1024
800х600 1440х900
1024х768 1600х1200 и др.
LCD(Liquid Crystal Display) мониторите и
подобрената верзија TFT, работат на принцип на
течни кристали. За овие монитори потребен е
помал простор на работната маса. Додека, пак
плазма мониторите, работат на принцип на
гасови (како неон и ксенон), кои под одредени
услови испуштаат флуоресцентна светлина.
Сл.1.53. LCD монитор Димензијата на мониторите се мери по
дијагонала, а се изразува во инчи(’’). 1’’ (инч)
=2.54cm. Така, често се користат монитори со димензии: 17’’,

8
19’’, 21’’, 23’’,...итн. Димензија 19’’ кај LCD монитор е димензија
само на екранот, додека кај CRT се мери и пластичниот дел од
околу.
Квалитетен монитор се цени по трите главни карактеристики:
резолуција која ја поддржува,
димензија на екранот, и
растојание меѓу точките (dot pitch).
Два параметрa ја опишуваат големината на мониторот: aspect
ratio (соодносот на хоризонтална и вертикална страна) и screen
size (големината на екранот). Компјутерските екрани порано се
правеа со сооднос на страните 4:3, како и телевизорите. Кај LCD
мониторите со широк екран (widescreen), соодносот на страните
е 16:9, и тие се погодни за прикажување на повеќе документи
отворени паралелно едно до друго, гледање на филмови со
висока резолуција (HDTV), како и играње на игри.

Печатач – printer
Печатачот се употребува кога е потребно резултатите да се
преснесат на хартија. Воглавно, според принципот на работа,
може да се поделат на иглични, инкџет, ласерски, термални.
Игличните се првите печатачи, кои по својот начин на работа,
многу потсетуваат на машините за пишување. Токму така и
работат, одреден број иглички (9 или 24) формираат
универзална глава од матрица на тенки, челични иглички.
Главата, се движи по лента со мастило - рибон, позади која има
поставено хартија, и удирајќи со
игличките по неа, остава отпечаток
на хартијата. Но, овие печатачи, се
бучни при работа и немаат
квалитетен отпечаток.
Многу подобри од нив се инкџет,
каде универзалната глава наместо
иглички има цевчиња од кои се
испрскува боја на хартијата. Бојата
Сл.1.54. Дескџет
во основните бои печатач - Deskjet
се чува во посебни
касети (cartridge). Принтерите најчесто
работат во две палети на бои RGB(Red, Green,
Blue) или CMYK (Cyan, Magenda, Yellow,
Black).
Сл.1.57. Плотер
Ласерските печатачи имаат сосема друг начин
на работа. Целата содржина која треба да се печати, се
поставува како матрица, на фотоосетлив цилиндер, на принцип
на наелектризирани честици. Кон него, се упатува ласерски
зрак, кој ги неутрализира честиците, за да потоа поминувајќи
низ тонерот, повторно се наелектризираат, така да кога ќе
дојдат во допир со хартија се залепува тонерот на неа, само на
оние места каде има запис. Следи, поминување на хартијата низ

9
уред на висока температура, кој го суши тонерот и излегува
како готов отпечатен примерок.
За печатење на рекламни материјали- билборди, каде е
потребна поголема работна површина се употребуваат
таканаречени печатачи - плотери.

Звучници
Најинтересниот излезен уред, многу често
употребуван и омилен кај младите
генерации, а и кај останатите. Тоа се уреди
– конвертори кои дигиталниот електричен
сигнал го претвораат во звук. Моќноста на
звучниците се изразува во вати (W). Ги има
во различна големина, јачина, како и
изведба.

Централната единица е главна, бидејќи


содржи компоненти кои ги обработуваат и
меморираат податоците. Поставена е во
куќиште-лимена кутија, кое може да биде
поставено хоризонтално(налегнато) или
вертикално (исправено). Како е поставено
така треба да ја задржи својата положба, да Сл.1.64. Вертикално и
не се менува, за да правилно функционираат- хоризонтално куќиште
работат сите делови внатре.
Централната единица е составена од:
матична плоча,
процесор,
внатрешна меморија,
магистрали,
картички-контролери, како звучна, графичка, мрежна, модем и
др

Матична плоча
Во внатрешноста на куќиштето поставена е матичната плоча
која служи како база или подлога на која потоа се приклучуваат
сите други компоненти – делови, како процесор, внатрешна
меморија, контролери-картици и сите тие се поставуваат на
точно определени места, во лежишта наречени -слотови.

Процесор или Централно Процесирачка Единица (CPU-


Central Precessing Unit) е компонента која ги обработува
податоците, но ја контролира и работата на сите компоненти во
компјутерот.

10
Најпознати и најчесто користени се процесорите на Intel и AMD,
со различни карактеристики.

Intel Pentium 133-300MHz, AMD Sempron 2,7GHz,


Intel Pentium II 233-450MHz, AMD Athlon 2,7GHz,
Intel III 600-900MHz, AMD Athlon 2 dual core(2,3GHz-2,8Ghz),
Intel 4 1,3GHz-3,7GHz, AMD Athlon II(2,8GHz -3,2GHz),
Intel Celeron 1-2,7GHz, AMD Phenom 2,6GHz,
Intel Core 2 Duo 1,8GHz-3,3GHz, AMD Phenom II (2,8GHz-3,2GHz).
Intel 2 Quad(2,4Ghz-3GHz),
Intel i3 2,9GHz-3,3GHz,
Intel i5 (2,8-3,2GHz),
Intel Core i7 3,3GHz,
Две главни карактеристики, може да се забележат кај
компјутерите, по кои може да се распознаат процесорите, а по
нив и компјутерите, и тоа:
тип на процесор, како што се: Pentium II, Celeron, Core 2
Duo, Athlon, Phenom; и
б рзина на процесор, која се мери во херци и поголеми од
неа како мегахерци (MHz) и гигахерци (GHz).

Внатрешна меморија

Меморијата е сегмент-дел, кој ги чува


податоците кои треба да се обработуваат,
програмите и резултатите од обработката.
Инструкција претставува наредба или
поточно, задача која треба процесорот да ја
изврши. Програмата, пак, е низа-листа од
Сл.1.68. Внатрешна инструкции кои треба да се извршат. Тие,
меморија - RAM
обично се сместени, на некој од надворешните
мемории, но кога треба да се извршуваат, програмите се
копираат во внатрешната меморија на компјутерот. Таа треба да
е релативно голема, и денешните компјутери обично имаат
внатрешни мемории од редот на мегабајти па и гигабајти.
Постојат два вида на внатрешна меморија: RAM(Random
Access Memory) и ROM (Read Only Memory).

Една мемориска локација, која содржи вредност 1 или 0, се вика


бит, и го претставува најмалиот запис. Со комбинирање на овие
мемориски локации во група од по 8, се добиваат поголемите
мемориски сегменти (единици).

IntelBajt
8 bita =1 Pentium
(B) 133-300MHz,
1024B =1 KiloBajt II(KB)
Intel Pentium 233-450MHz,
Intel III 600-900MHz,
1024KB =1 MegaBajt (MB)
1024MB Intel 4 1,3GHz-3,7GHz,
=1 GigaBajt (GB)
Intel Celeron
1024GB =1 TeraBajt(TB)1-2,7GHz,
Intel Core 2 Duo 1,8GHz-3,3GHz,
Intel 2 Quad(2,4Ghz-3GHz),
Intel i3 2,9GHz-3,3GHz, 11
Intel i5 (2,8-3,2GHz),
Intel Core i7 3,3GHz,
1024TB = 1 PetaBajt(PB)
1024PB = 1 EksaBajt(EB)

Битот, е најмал мемориски дел во кој можеш да запишеш само 1


или 0, но за да претставиш податок и информации, се користат
поголемите мемориски единици како бајт, килобајт, мегабајт,
гигабајт, терабајт, петабајт, ексабајт, зетабајт и поголеми од
нив. Така, за основна мерка за количина на податоци се смета
бајт (B).

Контролери
Контролери или познати како картици, се електронски кола,
преку кои се остварува врската меѓу периферните уреди и
матичната плоча. Тие, од едната страна, внатре во компјутерот,
се приклучуваат на матичната плоча на лежишта-слотови, а од
другата, надворешна страна, имаат порти, преку кои се
приклучуваат периферните уреди.

Графичка картица позната како графички контролер, видео


контролер или видео картица. Основната функција и е
претворање на сликата, од процесорот, каде е запишана
дигитално со 1 и 0, во облик прифатлив за прикажување на
монитор (како слика).
Звучна картица
Современите PC компјутери имаат можност да
репродуцираат звуци на најразлични музички
инструменти, песни, говор. Обично, звучните
картици имаат приклучок за микрофон за
Сл.1.73. Звучна карта
снимање на звуци од надворешната средина.
Магистрали
Магистрали (BUS) се важни елементи во
компјутерите, бидејќи преку нив разменуваат
податоци најбитните елементи во компјутерот.
Магистралата, се претставува како одреден
број на линии, каде секоја пренесува еден бит
информација. Линиите, на секоја магистрала, се поделени во
две групи: адресни и податочни.

Надворешни мемории

За трајно складирање, т.е. меморирање (чување) на податоците,


се користат уреди кои ja претставуваат надворешната
меморија. Еднаш запишаните податоци, остануваат трајно
запишани, без опасност дека ќе бидат избришани со
исклучување на компјутерот. Се отстрануваат кога ние ќе
решиме да ги избришеме.
HDD (Hard DiskDrive) хард диск - уред чија
основна намена е да ги складира, меморира

12
податоците во компјутерот. Ги има со различен капацитет, кој
се мери во GB(Гигабајти): …80GB,… 160GB, …250GB...640GB…
1TB …итн.
Хард дискот, може да биде интерен поставен внатре во
куќиштето на компјутерот, или екстерен кој е надвор, и се
приклучува со USB кабел во компјутерот.
Сл.1.81. Екстерен хард Дискети или floppy, служат
Сл.1.78. Хард диск
диск за пренос на податоци од еден
на друг компјутер, но се со помал
капацитет од 1,44MB.
Компакт диск CD(Compact Disk), е преносен медиум, кој се
користи, првенствено за пренос на податоци, меѓу компјутерите.
Може да се постави 80 минутен некомпресиран музички запис,
или 700 MB податоци од секаков тип.
DVD диск (Digital Versаtile Disk), сличен на компакт
дисковите, само со можност за запис на
поголем број податоци до 4,7GB, ако е
еднослојно и 18GB за двослојно DVD.
HD(High Definition) се однесува на видео со
многу поголема резолуција од стандардните
телевизиски системи. Има еден до два милиони пиксели и
емитувањето може да е аналогно или дигитално. Сл.1.85. Blu Ray диск
BD (Blu-ray Disc) е оптички диск со плав ласер,
првенствено наменет за запис на HD видео, видео
игри, Play Station 3, и други податоци до 25GB за
еднослојните и 50GB за двослојните дискови.
USB се мемориски стикови со можност за запис од Сл.1.86. USB
1GB, 2GB, 4GB, 8GB, 16GB,…кој се многу практични за мемориски стик
пренос на податоци, поради малите димензии и
можноста да се носат во џеб. Mоже да се најдат и во различни
„уметнички“ изведби.
Читач на мемориски картици е уред со можност за пристап и
читање на податоци од различни типови на мемориски картици,
како Compact Flash(CF), Secure Digital(SD), MultiMediaCard(MMC).
Овие уреди, немаат вградена меморија, туку се способни да
прифатат повеќе типови на мемориски картици, од мобилен,
дигитален апарат, видео камера. Повеќето уреди за читање на
картици се користат за комуникација со повеќе од еден тип на
мемориска флеш картица. Бројот на различни мемориски
картици кој може да ги поддржи читачот, се изразува како x-in-
1, пример 9-in-1, означува дека тој уред може да чита 9
различни типови на картици.
Модем е уред кој ги трансформира податоците од компјутерот за
да се препратат преку телефонска линија, преку која пак, се
пренесуваат на далечина. Податоците во компјутерот се дигитални,
запишани како 1 и 0, додека пак низ телефонските жици, се
пренесуваат аналогни сигнали. Модемот ги претвора од дигитални
(кој ги разбира компјутерот-1и0), во аналогни сигнали
(телефонски импулси) за да може да се пренесат низ телефонските

13
жици. На другата страна модемот, кој ги прифаќа, врши обратна
постапка од аналогни сигнали ги враќа во дигитални. Преносот на
податоци на далечина, освен преку телефонска линија, може да
биде и безжичен, и сателитски преку сателитски антена и
модем.

ПРОГРАМСКИ ДЕЛ – СОФТВЕР


Откако ќе се склопи компјутерот со потребните делови, за да
изврши било која од задачите, треба да се внесат програми. Во
спротивно, без програми, тој би бил само обична машина како и
секоја друга, која неможе ни да се вклучи без програма.
Внесувањето на програмите и нивно поставување на соодветно
место во компјутерот, се вика инсталирање на програмите.
Сите програми, со заедничко име, познати се како
софтвер. За секоја акција, дејство на компјутерот, има
соодветни програми, кои генерално се поделени на:
Системски софтвер
Апликативен софтвер,
Системскиот софтвер, го сочинуваат програми, неопходни за
работа и контрола на компјутерот и програмите во него. Во
системскиот софтвер спаѓаат: оперативни системи, контролни
програми и услужни програми.

Оперативен систем
Задачи на оперативниот систем
-Ја поставува работната околина-средина во компјутерот,
-Ги поставува апликативните програми, од надворешните
мемории во внатрешната меморија на компјутерот, за да се
работи со нив во моментот,
-Ги преведува програмите напишани од програмски -
симболички јазик (со зборови), до степен на машински јазик (со
1 и 0) за да ги разбере компјутерот како машина,

Услужни програми

Услужните програми се користат за поставување на работни


параметри на компјутерот, за негово тестирање, правење на резервни
копии од документи, компресија на податоци. Со својата намена повеќе
му „служат“ на корисникот, и го олеснуваат извршувањето на
секојдневните обврски. Познати се и како програмски алатки (tools).
Еве некои од нив: Norton Commander, Winzip, Caspersky Antivirus,
Backup, Disk Defragmenter, Character Мap.

Контролни програми

Контролните програми управуваат со хардверот. Тие ги


тестираат хардверските компоненти, ги контролираат при работа
и управуваат со него при влезно-излезните задачи. Тоа се

14
програми сместени во BIOS -от, и многуте управувачи со
периферните уреди т.н. драјвери (drivers).

Апликативен софтвер

Апликативните програми или апликации, се користат за извршување на


конкретни задачи, дејствија и секоја од нив има точно определена
намена. Можат да бидат изработени од светски познатите софтверски
куќи, но може и по порачка да се изработуваат од програмери. Со
различна намена се, за пишување и уредување на текст, уредување
слики, цртање, изработување на табели, графикони, слушање на
музика, гледање на филмови, пребарување по Интернет, снимање на
цедиња и многу други намени.
OpenOffice.org Word Processor, MS Word, - програма за
уредување на текстови,
OpenOffice.org Calc, MS Excel- програма за пресметки на
функции и формули во табели и креирање на графикони,
Open Office.org Base, MS Access - за креирање на бази на
податоци,
Open Office.org Presentation, MS Power Point - за презентации,
Inkscape Vector Graphics Editor, Corel Draw - векторска графика,
т.е. за цртање и поставување на ефекти на цртежите,
Gimp Image Editor, Adobe Photoshop -за уредување на слики,
фотографии,
Scribus, Quark Xpress, - за уредување на списанија, книги,
рекламен материјал;
Ритамбокс-пуштач на музика,
Пуштач на филмови- за гледање филмови.

MS Word – апликација за креирање на документи

Повеќе програми ни овозможуваат обработка на текстови, и


најчесто користен е MS Word, кој работи под оперативниот
систем, MS Windows. Но, има и многу други, со кои подеднакво
квалитетно се изработуваат текстуални датотеки. Под
оперативниот систем Edubuntu, пакетот за канцелариско
работење, Open Office.org, ја содржи програмата Open

15
Office.org Word Processor, текст процесор, или апликација за
уредување на текстови.
Споменавме дека, датотеките кои се креирани во некоја од
апликациите за одредена намена, познати се, како документи.
Датотеките напишани во апликациите за уредување на текст, за
основен елемент, ја имаат страницата(Page), на која, потоа се
внесуваат текст, слики, табели и други објекти, со кои се
уредува-форматира, датотеката. Па така Датотеката,
напишана во Open Office.org Word Processor, може да содржи
една, или повеќе страници, кои формираат документ.
Алфанумеричките знаци со кои се внесува текстот, имаат
одредена форма-дизајн, кој е познат како фонт (font) на
буквите. Фонтот има различна големина и стил на фонтот-
задебелен, закосен, подвлечен. Еден пасус-дел од текст, кој при
пишување, завршува со Enter, претставува параграф.
Покажувачот на глувчето, кога е на површината на страницата,
се менува, и од бела стрелка, преминува во вертикална линија,
која трепка-курсор и го обележува местото каде се вметнува
текст. А тој, се поставува, на саканото место за внесување на
текст, со едноставен клик, на левото копче на глувчето.
Опцијата за отворање на нов документ, се наоѓа во менито File,
па се избира New, па потоа во десниот прозорец се отвора
Blank Document, за сите опции, скратено ќе пишуваме
File/New/Document. Да, разгледаме сега, како се креира
документ.

MS Word – апликација за уредување на текстови


Некои побитни опции за креирање и уредување на документи се:

File/Save As…- за прво снимање (зачувување) на документот и за


снимање на нова локација или под ново име,
File/New- за отворање на нов документот,
File/Open- за отворање на документ кој постои веќе во компјутерот,
Insert/Symbol- за внесување на симболи во документот,
Insert/Picture/Clipart- за внесување на слики од понудените во
компјутерот,
File/Save- за снимање на документот, после било каква промена.

16

You might also like