You are on page 1of 7

Фон-Нојманова

компјутерска
архитектура
Основни функции на
хардверските
компоненти
1. Компјутерска
архитектура(деф)
Фон Нојманов модел на компјутер

Американскиот математичар Џон фон Нојман во 1945 година го


објавил нацрт-извештајот во кој тој ја презентирал идејата за
конструкција на компјутер кој би можел да вчита и да меморира
програма составена од низа конкретни операции и да ја изврши на
барање на корисникот.
Џон фон Нојман овој компјутер го нарекол EDVAC (Electronic Descrete
Variable Automatic Computer ). Иако неговата идеја никогаш не ја
поминала фазата на нацрт, архитектурата на компјутери која ја
предложил го добила името " фон Нојманова архитектура" .
Фон Нојмановата архитектура е основа за многу генерации на
компјутери кои следеа.
Основните принципи на фон Нојмановата
архитектура се:

1. Бидејќи таквиот уред е првенствено компјутер, тој ќе треба доста


често да ги извршува основните аритметички операции . Овие
операции се собирање, одземање, множење и делење. Затоа е
разбирливо дека треба да содржи специјализирани органи кои ги
вршат овие операции ... Ова значи дека е неопходно да постои
централен аритметички орган на компјутерот.
2. Логичката контрола на уредот, односно редоследот на можни
операции, многу поефикасно може да ги изврши централниот орган
за управување. Треба да постои централна контрола..
3. Било кој уред кој извршува долга и комплицирана низа од
операции, посебно пресметувања, мора да има соодветна меморија.
Наредбата со која се извршува одредена операција може да содржи и
соодветни податоци. Овие податоци, истотака треба да се запомнат.
Во секој случај, вкупната меморија го сочинува третиот дел на
компјутерот.
4. Уредот мора да поддржува влез и излез на податоци преку контакт
со некој специфичен медиум од тој тип. Овој медиум е наведен како
медиум за надворешно снимање.
Од текстот може да се заклучи дека фон Нојмановата архитектура е
дизајнирана по аналогија на човековиот нервен систем. Повеќето од
денешните компјутери се дизајнирани врз основа на фон Нојмановата
машини чија генерална структура е прикажана на сликата.
Современ модел на
персонален компјутер
• Управувачка единица
Аритметичко логичка единица
• Влезни единици
• Излезни единици
• Внатрешна или оперативна меморија
• Единици на надворешни мемории
• Магистрали
Корисни линкови
https://www.youtube.com/watch?v=-SADbPS8UgA
https://www.youtube.com/watch?v=ckDb_W72__c

You might also like