You are on page 1of 33

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” - ШТИП

OSI референтен модел


TCP/IP модел
Протокол
 Протокол – множество од правила што треба сите компјутери на
мрежата да ги разберат, за да можат меѓусебно да комуницираат.
 Иако, повеќе протоколи може да бидат достапни на една мрежа, сепак
за да може два компјутера да комуницираат меѓусебно, потребно е тие
да имаат заеднички протокол преку кој ќе комуницираат.

Аналогија помеѓу човечки и компјутерски протокол


OSI референтен модел

 Во 1983г. Интернационалната организација за стандардизација


(International Standards Organization – ISO) дефинирал седум-
нивоовски отворен систем за интер-конекција (Open Systems
Interconnection-OSI), со цел да воспостави стандард што ќе опише
комплетно множество од протоколи, наменети за хетерогени
мрежни околини.

 Во него, целиот процес на трансфер на податоци од еден компјутер


кон друг е поделен на различни нивоа (слоеви). Секој слој врши
различна задача во овој процес и комуницира со соседните слоеви
(слоевите кои се наоѓаат директно над и под него) преку добро
дефинирани интерфејси.

 Ваквиот модел на слоевита функционалност се нарекува "склад со


протоколи" (“protocol stack” или “protocol suite”).
Зошто е потребна поделбата на
нивоа?
Поделбата на нивоа овозможува да се разбие комплексноста на
проблемот, се овозможува поделба на задачите, се олеснува
одржувањето и тестирањето, се овозможува замена на одредено ниво
со различна верзија, а постои и можност за развивање на алтернативни
слоеви.

Приказ на трислојна комуникациска


архитектура
OSI референтен модел

 OSI моделот е апстрактен модел кој ја опишува мрежата и мрежните


протоколи и сервиси. Иако е апстрактен модел, сепак тој сеуште се
изучува како референтен модел за изучување на мрежните
технологии.

 Нуди добра почетна точка за разбирање на разликите помеѓу


различни видови на опрема (мрежни адаптери, хабови, рутери...),
односно обезбедување компатибилност помеѓу нив (дури и ако се
произведени од различни производители).

 Пред појавата на OSI моделот комуникацијата на различни уреди од


различни производители беше исклучително тешка, затоа што секој
продавач имал различен механизам за комуникација. Со појавата на
OSI моделот се надминува овој проблем.
OSI референтен модел
 OSI моделот ги дели функциите во 7 нивоа (слоеви). Во OSI
моделот секое ниво извршува одредена функција и очекува
нивото под него да му обезбеди сервис, а секое ниво
обезбедува сервис на едно ниво погоре.

Приказ на слоевите кај OSI моделот


OSI референтен модел
Помеѓу два вмрежени системи, секое ниво од едниот систем комуницира со
соодветното ниво на другиот систем.
OSI референтен модел
 Податоците се создаваат од корисничката апликација и поминуваат
низ апликациското, презентациското и нивото на сесија.
 Потоа се пренесува на транспортното ниво каде што се дели во
помали делови.
 Се додава заглавје (header) за секвенционирање и проверка од
грешки. Податочната единица се нарекува сегмент.
 Потоа сегментот се предава на мрежното ниво каде што се додава
заглавје и сегментот станува пакет.
 Пакетот се предава на 2-рото (податочно) ниво и станува рамка со
додавање на заглавје и завршеток (header и trailer).

 На другата страна (на дестинацијата) податоците се движат во обратна


насока, од најниското ниво, па сѐ до апликациското ниво, кадешто со
помош на некоја апликација, му се презентираат на корисникот.
Физичко ниво
 Физичкиот слој се грижи за пренесување на изворни битови преку
комуникацискиот канал. Неговиот дизајн треба да обезбеди да
испратениот податок ’1’ биде примен како ’1’, а не како ’0’.

 Овој слој вклучува:


 компонентите за каблирање

 дизајн на конекторите односно колку пинови има мрежниот конектор

и за што се користи секој од пиновите.


 адаптерите, хабови, репетитори

 безжични компјутерски компоненти

 Дизајнот на ова ниво се бави со механичките и електричните


интерфејси, како и со физичкиот медиум за пренос (бакарни и оптички
кабли, сателитски и безжичен пренос).
Податочно ниво
 Главна задача на податочното ниво е да ги прифати изворните битови
и да ги спроведе без никакви грешки (во преносот) кон мрежното ниво.

 Овозможува:
 Им овозможува на уредите пристап до мрежата со цел примање и
испраќање на пораки
 Им овозможува физичка адреса на самите уреди

 Овозможува детекција на грешка

 Типични мрежни компоненти кои функционираат во овој слој се:


 Картички на мрежниот интерфејс

 Ethernet и Token Ring switches (прекинувачи)

 Bridges (мостови)
Мрежно ниво
 Мрежното ниво ја контролира операцијата на подмрежата т.е. рутирање на
пакетите во под-мрежи и интерконекција на различни под-мрежи. Притоа
многу е важно да се одреди механизмот на рутирање и пресметувањето на
рутирачките табели (статични или динамични табели).

 Доколку во исто време повеќе пакети се присутни во подмрежата, тие ќе


формираат „тесни грла“ (bottleneck) и појава на натрупување на пакетите.
Контрола на ваквото натрупување е исто така во рацете на мрежното ниво.
Квалитетот на обезбедената услуга (одложување, време на пренос,
отстапување итн.) исто така е проблем на мрежниот слој.

 Кога еден пакет треба да патува од една мрежа до друга со цел да стигне
до својата дестинација, можат да се појават многу проблеми:
 Адресирањето кое што го користи втората мрежа може да биде различно
од првото
 Втората мрежа може воопшто да не го прими пакетот бидејќи е премногу
голем
 Протоколите може да се разликуваат

Задачата на мрежниот слој е да ги надмине сите овие проблеми со цел да


дозволи меѓусебно поврзување на хетерогени мрежи.
Транспортно ниво
 Нуди крај-до-крај комуникација помеѓу крајните уреди во
мрежа. Во зависност од апликацијата, транспортниот слој нуди или
сигурна-конекциски ориентирана комуникација или несигурна-
безконекциска комуникација.

 Ова ниво треба да ги прифати податоците, да ги подели на помали


единици, доколку е потребно, да ги пренесе до мрежниот слој и да се
осигура дека единиците ќе пристигнат точно на другиот крај.

 Транспортниот слој исто така определува каков вид на услуга да


спроведе до слојот на сесијата и конечно до корисниците на мрежата.
Значи, тој е одговорен за отворање и затворање на мрежните врски.
Ниво на сесија
 Слојот на сесијата им овозможува на корисниците на различни машини
да воспостават сесии помеѓу нив.

 Сесиите нудат различни услуги, вклучувајќи:


 контрола на дијалогот (следење на оние на кои што им е ред да

пренесуваат)
 управување со токени (заштитување на двете страни од обидот за

иста критичка операција во исто време)


 синхронизација (обележување на точка при долги преноси за да се

овозможи продолжување од иста позиции по испадот на мрежата)


Презентациско ниво
 Презентациониот слој се грижи за синтаксата и семантиката на
пренесената информација, односно како информацијата ке биде
презентирана.

 За да можат компјутерите кои ги претставуваат податоците на


различен начин меѓусебно да комуницираат, структурите на податоци
кои се пренесуваат може да се дефинираат на апстрактен начин и
стандардно да се кодираат. Презентациониот слој управува со овие
апстрактни структури на податоци и овозможува дефинирање и
промена на структури на податоци на повисоко ниво.

 Вообичаено, овој слој, може да ги конвертира, форматира, криптира и


компресира податоците.
Апликациско ниво
 Апликациското ниво е најблиску до крајниот корисник, што значи дека и
двајцата (апликациското ниво и крајниот корисник) директно
комуницираат со софтверската апликација.

 Апликациското ниво содржи множество од протоколи кои што се


користат од страна на корисниците.

 Најшироко употребуван апликациски протокол е HTTP, кој што е


основата за WWW (World Wide Web).

 Кога пребарувачот има потреба од Web страна, го испраќа името на


страната која што му е потребна до серверот користејќи HTTP. Тогаш
серверот ја праќа страната назад.

 Останати протоколи кои спаѓаат во ова ниво се користат за трансфер


на датотеки, електронска пошта и новински групи.
TCP/IP модел
 TCP/IP мрежниот модел го
добил своето име од двата
примарни протоколи што се
употребуваат на Интернет: TCP
и IP.

 TCP/IP мрежниот модел се


состои од 4 нивоа и тоа:
апликативно, транспортно,
интернет ниво и ниво за пристап
кон мрежата.

OSI модел TCP/IP модел


TCP/IP модел
 И кај овој модел слоевите коишто се наоѓаат до врвот логички се
поблиску до корисничката апликација, додека оние што се наоѓаат на
дното логички се поблиску до физички пренос на податоци.
 Податоците испратени од апликацијата се пренесуваат преку слоевите
на TCP моделот кон мрежата, и обратно податоците добиени од
мрежата се пренесуваат кон апликацијата.

 Секој слој во TCP моделот додава контролни информации со кои се


обезбедува правилна испорака. Овие информации се наоѓаат во
предниот дел (во заглавието - header) на податоците коишто треба да
бидат пренесени. Секој слој ги третира информациите што ги добива
од слојот над него како податоци и додава свое заглавие пред таа
информација. Ваквиот начин на додавање на контролни информации
се нарекува енкапсулација на податоците.
TCP/IP модел

Енкапсулација на податоците
Ниво за пристап кон мрежата
(The host-network layer)
 Единствената функција на ова ниво е да му овозможи на
хостот (компјутерот) да се поврзи на мрежата преку некој
протокол за да ги испрати пакетите.
Интернет ниво
 Неговата работа е да им овозможи на изворните компјутери да
пренесуваат пакети во мрежата кои ќе патуваат независно од
дестинацијата (потенцијално на различна мрежа). Тие може да
пристигнат во различен редослед отколку кога биле испратени,
но за нивна реорганизација се грижи повисокото ниво.

 Интернет нивото дефинира официјален пакет формат и


протокол кој се нарекува IP (Internet Protocol). Интернет нивото
треба да овозможи IP пакетите да стигнат до саканата
дестинација, значи треба да води сметка за механизмот на
рутирањето и контролата на натрупувањето.
Транспортно ниво
 Дизајнирано е да им овозможи на изворот и одредиштето да
воспостават комуникација, исто како транспортното ниво во OSI
моделот.

 Тука се дефинирани два „крај-до-крај“ (end-to-end) транспортни


протоколи:
 TCP (Transmission Control Protocol)

 UDP (User Datagram Protocol)


Транспортно ниво
 TCP (Transmission Control Protocol) е конекциски
ориентиран (connection-oriented) протокол кој има за
задача да обезбеди гарантиран пренос на пораките до
дестинацијата.

 Пред да започне трансферот на податоци од еден


апликациски процес кон друг, мора прво да се
воспостави конекција.
Транспортно ниво
 UDP (User Datagram Protocol) е без-конекциски (connectionless)
протокол каде што трансферот на податоци се врши без
претходно да се воспостави конекција. Што значи дека не
знаеме дали испратениот пакет ќе стигне до крајниот хост. Не
постои механизам за добивање на информација која ќе потврди
дека податокот е примен од одредишниот хост или не.

 Апликациите кои пренесуваат аудио или видео го користат UDP


протоколот. Тие можат да доживеат губење на пакети и
работат на ниво прифатливо за корисникот.
Апликациско ниво
 Како и кај ISO-OSI моделот, и тука, апликациското ниво е ниво каде
егзистираат софтверските апликации коишто ги користи корисникот.

 Апликациското ниво ги содржи сите високо слојни протоколи, како што


се:
 виртуелниот терминал (TELNET)

 преносот на податоци (FTP)

 електронската пошта (SMTP, POP3)

 Подоцна на овој протокол биле додадени многу други протоколи, како


на пример:
 DNS за мапирање на имињата на домаќините во нивните мрежни

адреси
 NNTP протокол за превземање на пораки од новински сервери

 HTTP протокол за преземање на страници за World Wide Web

 Ова ниво го поддржува и TCP и UDP протоколот.


Споредба на OSI и TCP/IP моделот
 OSI и TCP/IP моделот имаат многу заеднички особини. Базирани се на
концептот на низа од независни протоколи.
На пример: во двата модели нивоата, вклучувајќи го и транспортното
ниво, обезбедуваат крај-до-крај, мрежен-независен транспортен
сервис на процесите кои сакаат да комуницираат. Овие нивоа
формираат транспортен провајдер.

 Повторно во двата модели, нивоата над транспортното се апликациски


ориентирани кон корисници на транспортниот сервис.

 Разлики:
 OSI моделот прави јасна разлика помеѓу 3 главните концепти:
сервиси, интерфејси, протоколи.

 TCP/IP моделот не прави јасна разлика меѓу овие концепти, и покрај


напорите на дизајнерите да го донесат овој модел поблиску до OSI
моделот. Ова се должи на фактот што кај TCP/IP моделот прво се
појавија протоколите, потоа моделот. (Тој бил само опис на
постоечките протоколи. Моделот е теоретско оправдување на
протоколи, без да ги прави независни едни од други.)
Споредба на OSI и TCP/IP моделот

 Протоколите во OSI моделот се подобро сокриени отколку во


TCP/IP моделот и може да се заменат релативно лесно.

 Очигледната разлика меѓу двата модела е бројот на нивоа: OSI


моделот има 7 нивоа додека TCP/IP има 4.

 Друга разлика е во видот на комуникација. И двата поддржуваат


без-конекциската и конекциски-ориентирана комуникација, но во
различни нивоа. OSI моделот подржува и без-конекциска и
конекциски-ориентирана комуникација во мрежното ниво, но само
конекциски-ориентирана комуникација во транспортното ниво.
Додека TCP/IP моделот има само еден начин во интернет ниво
(безконекциски), но ги подржува и двата начина во транспортното
ниво, давајќи им на корисниците избор.
Заклучок (OSI и TCP/IP модел)

 Ниту OSI моделот со неговите протоколи, ниту пак TCP/IP


моделот и неговите протоколи се совршени.

 OSI моделот скоро и да не се применува, ја изгуби битката со


TCP/IP. Но сепак поради добро дефинираните нивоа, тој
останува да се употребува како референтен модел.
Порти и сокети
 Транспортниот протокол е посредник помеѓу апликациските процеси и
интернет протоколот кој обезбедува транспорт на податоци низ
мрежата.

 За одредување на хостовите во рамките на една мрежа се


употребуваат IP адреси.
 За да се одреди која информација што стигнала до хостот, за која
апликација е наменета, се употребуваат портите.

 Портите обезбедуваат крајни точки на конекција помеѓу апликациите.


Тие се нумерирани од 0 – 65 535.
Порти (Ports)

 Портите од 0-1023 се т.н. резервирани порти (Well-known) кои ги употребуваат


стандардните сервери (пр: Telnet серверот ја употребува портата 23; FTP
серверот употребува две порти: 20 и 21). Резервирани порти ги доделува
организацијата IANA (Internet Assigned Number Authority).

 Портите од 1024 – 49151 се т.н. регистрирани порти (Registered ports). Кај


повеќето системи тие можат да се користат од страна на обичните кориснички
процеси или програми кои ги извршуваат корисниците.

 Портите од 49 152 - 65 535 се случајно генерирани порти (Ephemeral). На секој


клиентски процес динамички му се доделува бројот на порта од хостот на кој
што работи, и тоа во моментот кога се воспоставува врска со другиот хост.
Сокети (Sockets)
 Сокетот е крајна точка од двонасочната комуникациска врска меѓу две
програми кои работат на мрежата. Тие им дозволуваат на апликациите
да комуницираат употребувајќи ги стандардните механизми кои се
изградени врз мрежниот хардвер и оперативниот систем.

 Сокетите се бидирекционални, што значи дека и двете страни на


конекцијата можат и да испраќаат и да примаат податоци.

 Сокетот е “врзан” со број на порта така што TCP


слојот може да ја идентификува апликација за која се наменети
податоците кои се испраќаат.
Сокети (Sockets)
 Адресата на сокетот изгледа вака:
<protocol, local-address, local port>

 При воспоставување на TCP сесија двата хоста мора да се сложат за


воспоставување на конекцијата. Притоа карактеристични се две
ситуации:
 Хостот кој има улога на сервер може да понуди пасивна конекција,

која укажува на оперативен систем во кој портата за апликацијата е


секогаш спремна за примање на конекцијата. Со други зборови,
апликацијата ги “слуша” на одредена порта барањата за конекција.
 Кога клиентот бара доделување на порта ако сака да се обрати до

серверската апликација. Ова е т.н. активна конекција.


Употреба на портите и сокетите
 Возможно е еден хост да оствари повеќе конекции со различни клиенти на иста
порта.

192.168.5.2

192.168.5.2:1031
172.16.2.1:25
172.16.2.1

10.235.14.76:1031 172.16.2.1:25

10.235.14.76

 Клиентот со IP адреса 192.168.5.2 користи TCP протокол за да испрати е-маил до маил


серверот со адреса 172.16.2.1. Во истиот момент клиентот со IP адреса 10.235.14.76 исто
така се поврзува со маил серверот со исто барање (барање за испраќање на порака). И
двата клиенти користат порта 1031 на клиентска страна.
Употреба на портите и сокетите
Прашање: како серверот знае на кој клиент која порака и припаѓа?
Одговор: серверот тоа го постигнува употребувајќи ја сокетската адреса.

Сокет адресата за едниот клиент од сликата е: 192.168.5.2:1031 која


претставува една крајна точка од конекцијата, додека другата точка е
172.16.2.1:25.
Другиот клиент ја има следнава сокет адреса: 10.235.14.76:1031 која
представува една крајна точка од конекцијата, додека другата точка е
172.16.2.1:25.

Пораките не можат да се измешаат затоа што TCP ги користи двете крајни точки
во конекцијата при идентификација на информацијата.

Комуникацијата меѓу крајните точки на конекциите со помош на сокетските


адреси се нарекува витруелно коло (virtual circuit).

You might also like