You are on page 1of 2

Лектира МАРТА

Горјан Петревски - Човекот кој најдобро знае да ги одгатне детските тајни, да


раскаже за кревките чувства во младоста и да ве наврати во детството ако
веќе сте станале дел од светот на возрасните.

Нашиот живот е миговна игра, игра во која ние сме показателите на патот. Но
какви и да сме, не мораме никому и со ништо да покажуваме кои сме. Тие
сме што сме, совршен израз на единството на животот. Талкајќи по среќата,
се сопнуваме на места навидум лесни за помин, а всушност тешки за
совладување. Вистинскиот приказ на животот можеме да го видиме токму во
овој роман. Роман кој е огледало во кое секој од нас се гледа, се препознава.

Марта. Која е таа Марта? Израз на детско срце со премногу болка во својата
душа, премногу мечти и тага за такво девојче со анѓелско лице. Срце во кое
за секој има место, срце на кое не му е потребно ништо друго, освен
татковска љубов за да биде цело.

Таа е девојче во кое има надеж, девојче кое знае што е добро а што не, но
девојче кое од преголема желба се заплеткува во стапицата од животот. Како
брод кој е среде морската шир, изгубен во целата таа еднолична глетка, така
и Марта ќе го изгуби својот правец, ќе ја изгуби насоката по која треба да се
движи.
Изгубена во своите чувства не ќе може да сфати што прави и дали е тоа она
вистинското. Испреплетена во пајаковата мрежа на животот, таа се бара
себеси и својот живот во животот на другите. Можеби овој роман е дел од
програмата по македонски јазик за седмо одделение, но ниту малку не е
роман кој покажува несериозност, лежерност...

Напротив, тоа е роман кој има своја длабочина, онаа која е осудена да ги
чека своите нуркачи, оние кои ќе го пронајдат најскапоцениот бисер, меѓу
купот школки.

You might also like