You are on page 1of 2

OСНОВНО И ПРЕНОСНО ЗНАЧЕЊЕ НА ЗБОРОВИТЕ

(да се препише презентацијата во тетратките)

*Лекцијата се наоѓа на стр. 35 во учебникот

-Литературата е уметност на зборот. Зборовите се употребуваат со нивното основно (самостојно,


конкретно ) значење, но може да се употребат и со преносно (метафорично) значење.

Пр. 1 Детето фрли со камен.

Пр.2 Ми падна камен од срцето.

Во двете реченици употребен е еден ист збор КАМЕН, но разликата е во значењето. Во првиот
пример зборот камен е употребен со неговото основно значење , а во вториот пример, зборот
камен е употребен со неговото преносно значење (Ми падна камен од срцето-ми олесна/ми
падна тежината)

ВЕЖБА: Препиши ги речениците и откриј кои од подвлечените зборови се употребени со нивното


основно значење, а кои се употребени со нивното преносно значење и објасни го преносното
значење. Според дадениот пример напиши кои реченици се со основно значење, а кои со
преносно.

Пр. На небото имаше милион ѕвезди. (основно)

На концертот пееја многу музички ѕвезди.

(преносно-познати музички пејачи)

1. Ана најде златен прстен.

Дедо Марко е златен човек.

2. Ти си моето сонце.

Меѓу обаците имаше сонце.

3. Неговото лице беше ведро.

Надвор времето беше ведро.

4. Ти си планина човек!

Денес бевме на планина.

Домашна работа во делот:

* Примени ги знаењата (последните две вежби) на стр.35

You might also like