You are on page 1of 9

ИМЕНКИ

ИМЕНКИ

Именки се зборови кои


означуваат имиња на суштества,
предмети, чувства, појави и
нешто друго.

Именките можат да бидат


општи и сопствени.
Општи именки
 Општи именки означуваат имиња на предмети
или суштества од кои има многу во светот (стол,
табла, креда, човек, мачка, теле, град, река)
 го означуваат материјалот или составот
(материјални) (железо, вода, сол, шеќер)
 означуваат множество еднородни предмети кои
претставуваат целина (збирни). Иако означуваат
множина тие се во еднинска форма (народ,
население, мебел)
Сопствени именки
 означуваат имиња на луѓе и животни (Јана, Драгица,
Матеј, Арес),
 географски имиња (Вардар, Водно, Скопје),
 имиња на празници (Митровден, Осми март, Божиќ),
 имиња на институции (Средно градежно-гимназиско
училиште „Здравко Цветковски“),
 имиња на уметнички дела, весници, емисии итн.
(„Крпен живот“, „Вечер“, „Ексклузив“),
 имиња на објекти (Камен мост, Кале, Соравија,
Ресторан „Букет“).

Сопствените именки се пишуваат со голема буква.


Според тоа, дали можеме да ги допреме
предметите, односно појавите,
разликуваме:

1. Конкретни именки
- означуваат материјални предмети (маса,
камен, дете, планина, чаша, вода итн.)

2. Апстрактни именки
- означуваат неметеријални предмети
(љубов, воздух, среќа, тага, омраза, ден,
вторник, лето итн.)
Конкретни именки
именуваат нешто конкретно, нешто што можеш
да го видиш, допреш, да го опишеш

Лука
шеќер

дожд
мачка

трева
чаша

Маја село пченица


куќа
Апстрактни именкиозначуваат име на
нешто што неможе да се види, допре, туку само
се чувствува или замислува.

тага радост
мисла

среќа наука живот


БРОЈ КАЈ ИМЕНКИТЕ
 Кај именките разликуваме два броја: еднина и множина.
 Со еднина се означува еден предмет (суштество, појава), а со
множина - повеќе од именуваните предмети.
 Најчесто, именките (општите конкретни и дел од апстрактните)
имаат и еднина и множина.
 Но, има именки што се јавуваат само во еднинска форма и такви
што се јавуваат само во множинска.
 Само во еднина ги среќаваме:
- сопствените именки (Михаил, СГГУ „Здравко Цветковски“, Водно),
- збирните именки (народ, мебел)
- материјалните именки (железо, сол, брашно)
- дел од апстрактните именки (небо, ренесанса).

 Само во множина ги среќаваме именките: панталони, очила, гаќи,


ножици итн.
РОД КАЈ ИМЕНКИТЕ
 Секоја именка во македонскиот јазик си има свој
род: машки, женски или среден.
 Родот е содржан во именката и тој не може да се
промени.
 На пр.: човек - машки род; жена - женски род;
дете - среден род.
 Родот го има само во еднинската форма на
именката.
 На пр.: клупа (именка од женски род - таа
клупа), но: клупи (не може да го определиме
родот, па затоа го определуваме според
еднинската форма).

You might also like