You are on page 1of 2

,Обработка на лектирата

„Сказна за детето Вилен“


од Глигор Поповски

Белешка за писателот:
Глигор Поповски е роден 1928 година, во   селото Будинарци. Се школувал во
родното село, во  Берово и во Струмица, а во  Скопје  завршил учителска
школа.  Својата прва книга „Сказна за Вилен“ Поповски ја објавил
во 1953 година. Потоа напишал над 30 книги за деца, неколку сликовници,
две телевизиски серии за деца и повеќе радио-драми за деца

Вид на литературно дело: сказна

Редослед на настани:

-Верувајќи му на стариот Сезнаел, Вилен го напушта домот и тргнува да фати


вода од виножитното поило на Големата Река

-Патот на Вилен кон Големата Река.

-Вилен паѓа под ропство на лошиот Баул и тука останува до првата можност за
бегство заедно со воденичаревиот син Ладе.

-Храбар и снаодлив, Вилен со Ладе успева да побегне од Бауловото царство

-Трагајќи по винижитното поило, изморен Вилен паѓа крај реката и тука го


наоѓа стариот рибар

- Ловејќи риба и продавајќи ја со стариот рибар, Вилен доаѓа до сознание дека


само со напорна работа може да ги оствари своите соништа

-По неколку години лутање и работа, Вилен се враќа во своето село, купувајќи
коњ кој уште како дете го посакувал

Ликови: доброто дете Вилен старецот Сезнаел, добриот рибар и лошиот Баул

Време на настанот: неодредено

Место на настанот: селото на Вилен и покрај Големата Река

Тема: Патот на Вилен до остварување на своите соништа

Идеја : Вредностите во животот не се постигнуваат по волшебен пат, туку


само преку труд и работа.

Најдобра мисла: Среќата и богатството се спечалуваат само со труд.

You might also like