You are on page 1of 8

Петар Пан

AВТОР НА ЛЕКТИРАТА „ПЕТАР ПАН“ Е ЏЕЈМС


МЕТЈУ БАРИ

 Тој е роден на 9 Мај 1860 во Кириемуир


(Обединето Кралство), а починал на 19 Јуни
1937 година во Лондон (Обединето Кралство);
 Петар Пан е лик создаден од шкотскиот
романописец и драматург Џејмс Метју Бари;
Главен лик во лектирата е Петар Пан е палаво момче кое може да лета и
магично одбива да расте.Тој е надмено,вообразено и безгрижно момче.Тој е
брз во укашувањето на тоа колку е одличен,дури и кога таквите тврдења се
сомнителни(како си честита себеси за успешното прилепување на неговата
сенка од страна на Венди).Петар пан има лежерно ,на-кому-му-е-грижа
однесување,и е бестрашно самоуверен кога станува збор за запаѓање во
неволја.Петар Пан е чувствителен кога станува збор за „растење“ (кога е
соочен од капетан Кука дека Венди некогаш ќе порасне ,ќе се омажи и на
крајот дури и ќе му го „затвори прозорецот“ на Петар,тој станува многу
депресивен и конечно ја губи волјата за борба).
Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во
авантури на малиот остров Недојдија(никогаш
никогаш достижна земја,земјата во која возрасните
ама баш никогаш не можат да стигнат) како лидер на
неговата банда Изгубените момчиња, заедно со
сирени,Индијанци,самовили и пирати и одвреме-
навреме сретнувајќи необични деца од
надворешниот свет.
Петар Пан (Вечното дете во нас) – детето кое
никогаш не израснува – е детето кое секој од нас сака
да го задржи постојано во себе.И што има поубаво од
тоа: соништата кои ги носиме во себе понекогаш да
се исполнат, или пак најчудните авантури кои сме ги
сакале да ги преживееме да ни се случат и од вербата
во тоа дека доброто секогаш го победува злото!
Барајќи ја својата сенка,тој слетува во домот
на Дарлингови.Се спријателува со Венди,Џон
и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на
самовилската прашина).
Петар Пан и Ѕвончица ги носат децата во
земјата Недојдија,каде што среќаваат
Индијанци,изгубени момчиња,пирати и
лошиот капетан Кука....
ДОМАШНА РАБОТА
ОДЕБЕРИ ГО НАЈИНТЕРЕСНИОТ ДЕЛ ОД
ЛЕКТИРАТА, РАСКАЖИ ГО во домашната
тетратка.

You might also like