You are on page 1of 1

Лектира бр 4

Итар Пејо
Од Стале Попов
Белешка за авторот:
Стале Попов е познат македонски писател, роден 1902 год. во село Мелница,
Мариово. Тој обработил голем број народни приказни, меѓу кои се и
приказните за Итар Пејо. Најпознати негови дела се: „Крпен живот“, „ Калеш
Анѓа“, „Толе Паша“, и др. Темата во неговите книги е најчесто животот на
македонскиот народ во минатото. Умрел 1965 год. Во Скопје.

Вид на литературно дело: Збирка раскази за деца

Главен лик: Итар Пејо


Итар Пејо е најпознатиот лик од македонските приказни, насекаде познат
како Итроман Пејо или пак Итар Пејо Мариовецот. Тој е обичен сиромашен
селанец кој живее во прилепското село Мариово. Итрината и снаодливоста
се главните особини кои го красат. Со својата шегобијна мудрост, успешно им
враќа мило за драго на сите оние кои сакаат да му наштетат или пак да го
воведат во некоја неволја. Итар Пејо е вистински пример за тоа како со итрина
можат да се решат многу проблеми.

Содржината на сите раскази за Итар Пејо е: смеа, лукавост, надитрување,


исмејување на глупавоста, народни обичаи, одмаздољубивост и сл.

Време и место на настаните – во минатото, за време на турското ропство, во


Мариово

You might also like