You are on page 1of 1

Итар Пејо

Итар Пејо — еден од најпознатите ликови во


македонските народни приказни, кој е многу
омилен меѓу младите читатели. Итар Пејо, некаде
познат и како Итроман Пејо или Итар Пејо -
Мариоец е обичен сиромашен македонски селанец
од Мариово кој се одликува со извонредна итрина,
снаодливост и воедно е претставник на
македонската шегобијна мудрост. Во приказните за
него тој секогаш на итар начин им се оддолжува на
тие што сакаат да му наштетат (обично турските
големци), а неговите постапки често изнудуваат
смеа и почит кај читателите. Нема историски
потврди за неговото постоење и веројатно се
појавил како противтежа на османлискиот
итроманец и шегаџија Насредин Оџа во духовниот
отпор на македонскиот народ против османлиското
угнетување. Според некои кажувања, личноста Итар
Пејо навистина постоела и била од мариовското
село Градешница. Во многу македонски народни
приказни со шеговити или сатирични мотиви и
фабули, тој токму него редовно го надмудрува. Итар
Пејо често ги насамарува и лакомите селски попови.

You might also like