You are on page 1of 3

КАРАКТЕРИСТИКИ НА 3Д ФОРМИ

Ѕидовите на некои геометриски тела се многуаголници.Ваквото геометриско тело


го нарекуваме полиедар.
Полиедрите имаат ѕидови, рабови и темиња.

Еве неколку примери.


Коцка (ѕидовите на коцката се квадрати)
Коцката има - 6 ѕида.
- 8 темиња.
- 12 раба.

Квадар (ѕидовите на квадар се правоаголници)

Квадарот има - 6 ѕида.


- 8 темиња.
- 12 раба.

Призма е геометриско тело што има еднакви напречни пресеци по целата своја
должина.

Квадар е правоаголна призма.


Постојат и други видови призми, а имињата ги добиваат по видот на основата.

Изработила:Марија Панова ООУ„Никола Вапцаров„,Струмица


Овде се дадени некои призми.
Одреди го видот на призмата како
и бројот на ѕидовите,
рабовите и темињата на дадените
призми. И пополни ја табелата.

Геометриско Темиња Ѕидови Рабови


тело
1. Четириаголна 8 6 12
призма
2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

Нека со ѕ го означиме бројот на ѕидови, со t бројот на темиња и со r бројот на


рабови. За секое тело од табелата одреди ја вредноста на изразот s + t – r.

Изработила:Марија Панова ООУ„Никола Вапцаров„,Струмица


Пирамида e полиедар. Во зависност од основата имаме различни видиви
пирамиди.

четириаголна триаголна шестоаголна


пирамида пирамида пирамида

Колку ѕидови, рабови и темиња имаат зададените пирамиди?

Цилиндар

Колку криви ѕидови има цилиндарот?


Колку прави ѕидови има цилиндарот?
Каква форма имаат рабовите?

Конус
Колку криви ѕидови има конусот?
Колку рамни ѕидови има конусот?
Колку темиња има конусот?
Каква форма има работ?

Сфера има облик на топка.

Изработила:Марија Панова ООУ„Никола Вапцаров„,Струмица

You might also like