You are on page 1of 2

10.04.

2020

IX одделение
1.Начински зависносложени реченици- Во учебникот на стр. 39 е лекцијата за
Начински зависносложени реченици.Напишете дефиниција што се начински
зависносложени реченици, кои се сврзници за овие реченици и правописот
за истите(може да прочитате од листот што го имате кај вас за сложени
реченици). За дома реши ги првата и втората вежба после лекцијата на
стр.40

2.”Македонска крвава свадба”-Војдан Чернодрински-двојна природа на


драмски текст-Во учебникот на стр.98 е лекцијата за Двојна природа на
драмски текст.Внимателно прочитајте го извадокот од драмата “Македонска
крвава свадба” од Војдан Чернодрински. За дома во тетратка препиши го
делот Запомни(стр.100) и научи го!

3.Читање на текстот по улоги и прераскажување(дијалог во раскажувачка


форма)- Читајте го текстот во улоги и во тетратка прераскажете го.

VIII одделение
1.Спротивни независносложени реченици-Во учебникот на стр. 44 е
лекцијата за Спротивни независносложени реченици.Напишете дефиниција
што се спротивни независносложени реченици, кои се сврзници за овие
реченици и правописот за истите. За дома реши ги 3те вежби после лекцијата
на стр.45

2.”Плоча на животот”-Ташко Георгиевски-Интерпретација на извадок од


дневник- Во учебникот на стр.90 е лекцијата за Дневник(научно-литературен
вид).Бнимателно прочитајте го извадокот “Плоча на животот”, а во тетратка
препишето го Запомнете!(на стр.91)и научете го!

3. Една страница од мојот дневник и на извадоците од “Дневникот на Ана


Франк”-Во учебникот на стр.92 е извадокот “Од дневникот на Ана Франк”,
порчитајте го внимателно и за дома напишете дневник за она што го
доживувате или Ви остава силен впечаток во текот на денот или неделата.

VII одделение
1.Легенди и преданија- Во учебникот на стр.55 е лекцијата за Легенди и
преданија.Прочитајте ги внимателно извадоците “Дедо Нојоја изнашол
лозата”, “Како настанало селото Галичник” како и “Предание за Александар
Велики” и “Легенда за Преспанското Езеро”. Во тетратка напишете кратко
што се легенди, а што преданија(има на срт.56) и научете го!

2. Прераскажување на легенди и преданија- За дома прераскажете некоја


легенда или предание, може да Ви помогнат и родителите.

3.Реченичен член -предмет- Во учебникот на стр. 15 е лекцијата за


Речениченчлен-предмет.Препишете ги реченицитесо црни букви, а за дома
решете ги четиритевежби на стр.115 и116(Провери го знаењето). Ако има
нешто нејасново врскасо оваа лекција, слободно пишете ми.

VI одделение
1.Лирско-епски песни-Направи анализа на песните “Мајчино воспитание” и
“Јунак и нива” (на стр. 115 и 116). Тема, идеја, строфи, анафора, епифора,
епитет,рима ( кое го има тоа го пишувате). Сеуште никој ученик не ми пратил
домашна работа за ова !

2.Творење лирско-епска песна- За дома состави лирско-епска песна, можеш


како помош да го разгледаш учебникот.

3. Анализа на домашните задачи од претходните часови- До понеделник


сите да ми ги пратите домашните работи што ги поминавме до сега, за да
формираме оценки.

You might also like