You are on page 1of 2

КОНТРОЛЕН ТЕСТ ЗА РИМА И СТИЛСКИ ФИГУРИ

(епитет,компарација,ономатопеја,персонификација)

Име и презиме: Датум:


-Внимателно прочитај ги прашањата,размисли добро и потоа Поени:
одговори ги!
1.Карактеристики на лириката се: 1/

2.Дефиниција за стилски фигури: 1/

3.Што е рима? 1/

4.Што е епитет? 1/

5.Што е персонификација? 1/

6.Што е ономатопеја? 1/

7.Што е компарација и кои се елементите на компарацијата? 2/

8.Пронајди ја римата: 2/
„- Или минеш по првиот ред
на страницата читана дамна,
па се чудиш: што толку си пламнат
а пак образот останал блед!
(„Портрет“ – Г. Тодоровски)

9.Пронајди која стилска фигура ја има во следниот стих: 2/


„ Лимон “
Ако можеш, намини на свежи витамини:
од сончеви падини, лимонови градини.
И здравје и понада во чаша лимонада.
Петре М. Андреевски

10. Пронајди која стилска фигура ја има во следниот стих: 2/


„Ги чував, ги чував ко очите свои.
Се радував, сестро, ко мома на цвет.
И израснаа тие ко пирински борја.“
Л. Каровски

11.„ Уште спие цветчето... 2/


Пчелка пее в час:
„Зу-зу! Зу-зу!Цветенце,
разбуди се в час!“
(Бистрица Миркуловска)
-Во овој стих ја препознавам стилската фигура:
12. „Дожд“ 2/
Дождот тапани на сите страни,
ветерот труби,
раскласуваат водите во вирчиња збрани,
а секој клас веднаш е губи.
Михо Атанасовски
-Во овие стихови е застапена стилската фигура:

13. Во следната песна поетот употребил компарација. Подвлечи 8/


ја и објасни кој е предметот што се споредува и со кој предмет
се споредува.
„Ветар“
Ветрот без торба и стап
како патник броди
тивко како мачка
нечујно тој оди.

Со приказни ко баба ми
тој преполн е пак-
ми ги шепоти тивко
штом ќе падне мрак.
(Арсен Диклиќ)

Предмет кој се споредува Предмет со кој се споредува


_____________________ како ________________________
Предмет кој се споредува Предмет со кој се споредува
_____________________ како ________________________

Предмет кој се споредува Предмет со кој се споредува


_____________________ како ________________________

2/
14.„Татковината во песна“
Листот што трепери во гората,
и денот што го носи зората,
бескрајно се блага мајковина,
и тие се нашата татковина.

- Според мотивот оваа песна е:


15. „Денови ли се — денови 2/
аргатски маки големи!“
(Денови – К. Рацин)
-Оваа строфа има .......... стиха и таа се нарекува...................!

Поени: Оцена:
27-30 Успешно
21-26 Мн.добро
15-20 Добро
9-14 Доволно
0-8 Недоволно
Наставник:Лидија Каратулкова
Родител:

You might also like