You are on page 1of 12

ЛИТЕРАТУРА

Видови на поезија:
- Авторска ( има свој автор, а текстот е непроменлив)
- Народна ( авторот е непознат, а текстот е променлив)
Лирска песна е онаа во која се искажуваат чувствата на авторот.
Според мотивот лирските песни можат да бидат:
- Патриотски (за љубовта кон татковината)
- Пејсажни ( за убавината на природата)
- Љубовни
- Хумористични
Мотив е основна мисла водилка која го поттикнува авторот да твори. Зборот мотив доаѓа
од латинскиот збор мотус што значи поттикнувачка причина.
Визуелни елементи во песните не поттикнуваат кон создавање на слики (пр. жолто цвеќе)
Аудитивни елементи не поттикнуваат кон создавање на звуци (пр. песната на славејот)
Лирско јас – кога поетот ги опејува своите чувства во прво лице еднина.
Еден стих- моностих, два стиха- дистих, три стиха- тристих, четири стиха- катрен
Стилски фигури:
1. Ономатопеја – стилска фигура со која се имитираат звуци од природата, гласови од
животни и слично.( пр.пили-пили, трес, мјау)
2. Компарација- стилска фигура со која се врши споредба. За да постои компарација
мора да има 3 дела: предмет на споредување, врска(зборт ко или како) и предмет
со кој се споредува (пр. вреден како мравка)
3. Метафора или скратена компарација- стилска фигура со која се споредува , но без
зборовите ко или како ( пр. на лицето имаше две сини езера)

ЈАЗИК
Дијалект е говорот со кој се служат луѓето од едно подрачје. Македонскиот јазик го
сочинуваат дијалектите од западномакедонското наречје ( тука спаѓаат:велешки,
прилепски и битолски дијалект)
Македонскиот јазик се нарекува СТАНДАРДЕН ИЛИ НОРМИРАН
Фонетика е наука која ги проучува гласовите.
Според струењето на воздухот, гласовите се делат на САМОГЛАСКИ И СОГЛАСКИ, а тие
можат да бидат звучни и безвучни.
Според начинот на образување, согласките можат да бидат:
-преградни
-теснински и
-преградно теснински
Самогласно Р:
1. Меѓу две согласки во зборот ( дрво, трча, грне, црв, црвен, крт)
2. На почеток на зборот со апостроф (‘рти, ‘рѓа, ‘рбет, ‘ржи)
3. Пред слог што завршува на согласка ( за’ржи, за‘рѓа, за‘рти)
Кога звучна согласка стои на почеток на зборот, таа добро звучи. Кога истата согласка се
наоѓа на крајот од зборот, таа звучи како нејзиниот пар. Тоа се нарекува ОБЕЗВУЧУВАЊЕ
( на пр. жар-маж, заб-брз, бел-леб)
За да не погрешиме во пишувањето на зборовите или кога се двоумиме дали некој збор
се пишува со звучна или безвучна согласка, тогаш најдобро е да го ставиме зборот во
множина или да го членуваме и така ќе откриеме.
Акцент е нагласување на еден слог во зборот. Го бележиме со еден знак над
самогласката(/).
Во македонскиот јазик акцентот е:
1.ОПРЕДЕЛЕН- се наоѓа на точно место
2.ДИНАМИЧЕН – се одликува со повишување на тонот при изговорот на зборот.
Сложенки се зборови кои се составени од два или повеќе збора( сончоглед, крстопат,
висорамнина)
Броевите до 100 се акцентираат кај сврзникот И ( дваест и три, триесет и три)
Броевите над 100 се акцентираат поединечно ( сто и дваесет, илјада и двеста)
Приближните броеви се акцентираат со еден акцент ( два-три, седум-осум)
Отстапување од правилата за третосложно акцентирање има кај: (на вториот слог паѓа)
- Глаголски прилог ( брзајќи, читајќи, пеејќи)
- Некои сложени зборови ( југоисток, северозапад, североисток)
- Временски прилози ( годинава, летово, зимава)
ИСКЛУЧОК: жолто-зелено, жолтозелено, жолто-зелените
Морфологија е наука која ги проучува формите на зборовите.
Во именската група на зборови спаѓаат: ИМЕНКИ, ПРИДАВКИ, ЗАМЕНКИ И БРОЕВИ
Именки се зборови кои означуваат имиња на суштества, предмети и појави. Можат да
бидат: ОПШТИ, СОПСТВЕНИ И ЗБИРНИ
Придавки се зборови кои стојат до именката и ја објаснуваат.(описни, бројни, односни и
заменски)
Заменки се зборови кои означуваат и посочуваат. Имаме лични, показни и лично
предметни ( кој, која, кое, што)
Броеви означуваат точна или приближна бројност или количина
Заеднички категории на именската група зборови се: РОД, БРОЈ И ОПРЕДЕЛЕНОСТ-ЧЛЕН
Именките од машки род најчесто завршуваат на согласка (маж, воз, човек)
Именките од женски род најчесто завршуваат на самогласка -А (жена, ташна, маса)
Именките од среден род завршуваат на -Е и -О ( дете, дрво, море, село)
Колебање за родот имаме кај именките (кал, жар, вар, прав)
Разликуваме три вида множина:
1. Обична – нормална множина(табла-табли, снег-снегови)
2. Избројана – означува избројано количество( три мачки, две круши)
3. Збирна – означува збир од истородни предмети, суштества( класје, ливаѓе,
планиње)

Глаголи се зборови кои означуваат дејство или состојба. Има два вида на глаголи:
- СВРШЕНИ -дејството им е завршено
- НЕСВРШЕНИ – дејството сеуште трае и не е завршено
- ПОВТОРЛИВИ глаголи се подгрупа на несвршените глаголи кои покажуват дејство
кое се прекинува или повторува( на пр. потпевнува, седнува). Се образуваат со -
УВА
Глаголите разликуваат категорија:
1. ЛИЦЕ- 1 лице- говорителот, 2лице- соговорникот, 3 лице- лице за кое се зборува
2. БРОЈ- еднина и множина
3. ВРЕМЕ – сегашност, минатост и идност
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРО ПОЛУГОДИЕ

Рима – е гласовно совпаѓање по звучност на крајните зборови во стиховите. Видови рима:

- Машка рима ( кога римуваните зборови се создадени од 1 слог)


- Женска рима (кога римуваните зборови се создадени од 2 слога)
- Дактилска (кога римуваните зборови се создадени од 3 или повеќе слога)

Локализација е одредување на местото и времето на одвивање на дејството во некој текст.

Раскажуваме настани во кои сме биле директни учесници. Раскажуваме во 1 лице еднина.

Прераскажуваме настани во кои не сме директни учесници и прераскажуваме во 3 лице


еднина.

Хронолошко раскажување е раскажување на настани според редоследот како што се


случувале.

Ретроспективно раскажување е раскажување на настани со навраќање кои некогаш се


случиле.

Елемени на прозен текст

Низата на настани кој авторот ги раскажал и ги подредил по редослед како што се случувале
се вика Фабула.

Предметот на обработка во епска творба се вика ТЕМА

Темите во епските творби можат да бидат:

- Настани
- Појави
- Ликови
- И различни проблеми

ДИРЕКТЕН И ИНДИРЕКТЕН ГОВОР

Директен говор е говорот во кој точно ги наведуваме тугите мисли.

Индиретен говор е говорот со кој ги прераскажуваме тугите мисли.

Интерпункциски знаци за директен говор се:

- Црта (се пишува кога директниот говор започнува во нов ред)


- Точка
- Запирка
- Наводници (се ставаат пред почетокот и на крајот кога директниот говор не почнува во нов
ред)
Придавки
Придавки се зборови кој искажуваат карактеристики на некого или нешто.
Тие се делат на:
- Описни(Црвен .бел голем,дебел,слаб)
- Односни 1. Присвојни (градски парк,селски живот )
2. Материjални( златен часовник , стаклено шише
- Бројни( прв, втор )
- заменски 1.присвојни (мој наше ваше )
2. Прашални ( каков)
3.Количевствени ( Колкав)

4. квалитативни (онаков таков )

5. неопределени ( некаков)

6 општи

Степенување на
придавките

-Описните придавки разликуваат степен односно степенување на придавкте.

Постојат три форми на степен:

1. позитив ( добар )
2. компаратив ( подобар )
3. суперлатив ( најдобар )

претставките по и нај се пишуваат споено со придавката


Почнав со најлесна вежба
Документарен филм

Документарец е научно-образовен филм сниман за образовни цели.

Документарни филмови се снимаат на лице место и може да се предвиди текот на настанот и тие
се вистинити.

Овие филмови најчесто го обработуваат теми од историјата,науката и спортот и др.

Со гледање на документарец ги збогатуваме нашите сознанија од сите области на животот.

Анимирани филмови

Филмовите во кој се оживуваат предметите, боите, цртежите се виккат анимирани филмови

Во зависност од тоа која техника се употребува во анимираниот филм тој може да биде:

1. Цртан

2. Куклен

3. Со силуети

4. Со предмети

3.Цртаниот филм го усовршил Волд Дизни негови најпознати цртани се:

1. Мики маус

2. Снежана и седуме џуџиња

МИТ

Мит е кратка епска творба. Тоа е некоја претпоставка на која народот гледал со восхит, ги
преувеличувале работите, фантазирале.

Секој народ си има своја митологија. Се создавале митови за богови, самовили, змејови.
Најпознат е митот за Прометеј зашто тој ги научил луѓето како да го користат огнот.
Легенда

Зборот легенда потекнува од латинскиот јазик и значи „нешто што треба да се чита“.

Легенди се епски творби во кои се раскажува за животот,природата,создавањето на светот , за


настанување на местата на фантастичен начин.

Предание е кратка епска творба во која се раскажува за историски настани, за минатото што се
пренесуваат од колено до колено

БРОЕВИ

Броеви се зборови кои означуваат количевство на предметите.Броевите означуваат точна


или приближна бројност.Броевите еден и два имаат форми за трите рода(еден една едно)
(два две две

Броевите разликуваат граматичка категорија член.

Бројните форми за лица од машки род се образувачот само од простите броеви три-
тројца,петмината

Приближна бројност се образува на 2 начини:

 Со поврзување на 2 броја со цртка седум-осум


 Со додавање на наставката ина: десетина, стотина

Опис на лик и личност

Ликовите се носители на фабулата. Тие можат да бидат опишани надворешно(физички особини) и


внатрешно(карактерни особини).

Надворешните особини ги согледуваме од описите на авторот,а внатрешните од авторот и од


постапките на ликовоте.

Описите ги сретнуваме во епските и во лирските творби.

При опишувањето користиме аудитивни и визуелни елементи.

Може да опишуваме: ликови, предмети, природни појави, пејсажи и др.


СИНТАКСА

Синтакса е дел од науката за јазикот која ја проучува реченицата.

Реченица е говорна целина составена од поврзани зборови.

Главни реченични членови се ПОДМЕТ И ПРИРОК.

Подмет е вршител на дејството, а прирокот е основен создавачки член на реченицата. Без прирок
нема реченица.

Глаголса именка= глагол+ње/ние играње, спиење

Глаголски прилог= глагол+ЈЌИ јадејќи

Глаголска придавка= глагол+ Н/Т паднат, спиен

Глаголска л-форма= глагол+Л јадел, пиел, учел

ПРЕДМЕТ

Во речениците покрај подмет и прирок имаме и НЕОПХОДНИ реченични членови. Тоа се:

-предмет - Членот во реченицата врз кој преминува глаголското дејство се вика ПРЕДМЕТ.

-прилошки определби ( за начин, време и место)- како, кога и каде?

. Прилошки определби

Прилошките определби се додатоци на прирокот и ни покажуваат кога се вршело дејството, каде


се вршело дејството, на каков начин се вршело и во колкав степен се извршило дејството.

- Прилог за време (кога)


- Прилог за место ( каде)
- Прилог за начин (како)
- Прилог за количина ( колку и во колкав степен)

Драма се прикажува на сцена.

Секоја драма има конфликт кој треба да се реши. Драмско дејство има 5 етапи:

1. Експозиција- кога поетот сака да не запознава со проблемот.


2. Заплет - кога дејството почнува да се одвива
3. Кулминација – дејството го достигнува врвот на својот развиток
4. Перипетија- пресврт на настанот. Промена на добро или лошо.
5. Расплет- разрешување на проблемот

Видови на драма:

- Современа драма е драма со која се прикажува современ настан од секојдневниот живот.


- Радиодрама е драма која се прикажува на радио
- Трагедија е драма која предизвикува тага, жалење или страв
- Комедија е драма со која се прикажуваат весели и смешни настани
РАДИОДРАМА

Радиодрамата е уметничка форма во која се изведуваат приказни или драмски текстови што се
емитуваат на радио.

Овие дела немаат визуелен аспект, односно не ги слушаме и целосно се потпираат на дијалозите,
музиката и звучните ефекти.

Радиодрамите ја поттикнуваат фантазијата кај децата.( ги замислуваат сцените, ликовите,


настаните)

ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ- ЏИНОТ

Роден е во Велес во 1821 година во сиромашно семејство. Честопати бил затваран и неможел
слободно да работи како учител. Бил наклеветен дека е српски шпиун и прогонет во Мала Азија на
101 година затвор.

По патот до таму бил малтретиран и турските војници му го извадиле едното око. Неговите
роднини успеале да соберат пари и да го откупат.

Освен со учителска дејност, Џинот пишувал и драмски текстови, пишувал учебници,собирал


народни умотворби, го напишал првиот буквар „Таблица перваја“ и др.

Џинот ја започнува театарската традиција во Македонија.Првиот човек кој пишувал драмски


текстови за да им ја крене вољата, моралот на луѓето, бидејќи тие имале тежок живот.

ЛЕКСИКОЛОГИЈА

Зборовите имаат 2 значења: граматичко и лексичко

Лексичко значење го прикажува односот на зборовите со предметите или појавите

Синоними-зборови со различна форма и со слично значење (куќа-дом)

Антоними- зборови со спротивно значење ( ден-ноќ, добар-лош)

Пароними-зборови блиски по изговор но со различно значење ( словенски-словенечки)

Хомоними-зборови кој имаат иста форма но различно значење( мила-Мила, коса-коса)


МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 8 ОДД

Во 19 век започнува културната преродба во Македонија. Тогаш започнал и да се употребува


народниот јазик наместо црковно- словенскиот јазик. Во ова време се појавиле и првите автори
Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ. Тие печателе црковни книги на народен јазик и така го
ширеле христијанството.

Кирл Пејчиновиќ е првиот учител и просветител во Македонија за овој период. Станал монах Во
Марковиот манастир во Скопје, а потоа отишол во манастирот во Лешок. Има напишано две
книги: „Огледало“ и „Утешение грешним“. Тој го напишал и првиот епитаф. Пишувал на народен
тетовски говор.

Во средината на 19 век се појавува граѓанската литература наспроти црковната. Во македонија


растел интересот за народната литература. Во тој период најзначајни се браќата Димитар и
Константин Миладинови. Тие направиле „Голем зборник со македонски народни песни“ кој го
објавиле во Загреб во 1861 година.

Во 19 век се појавиле 2 гледишта за оформување на македонскиот стандарден( литературен)


јазик:

1. Дека јазикот е оформен врз основа на западномакедонските говори


2. Дека јазикот е оформен врз основа на дијалектите

Македонски учебникари

Партенија Зографски е роден во Галичник као Павле Тризловски. Откако се замонашува го добива
името Партенија, а Зографски од манастирот Зограф на Света Гора. Тој е еден од првите
преведувачи и го преведува житието на Свети Климент на народен јазик. Тој бил и првиот
митрополит (владика, епископ) чие што седиште било во црквата Св.Илија во Дојран.

Ѓоргија Пулевски е роден во Галичник. Бил доброволец во Руско-турската војна и добил орден за
храброст. Тој напишал Граматика на македонскиот јазик и Речникот на 3 јазици (македонски,
турски и албански).

ФОНЕТИКА

Фонетика е дел од науката за јазикот која ги проучува гласовите.

Кога 2 или повеќе збора се изговараат со еден акцент се нарекува АКЦЕНТСКА ЦЕЛОСТ.

Акцентските целости се изговараат со еден акцент( еден збор е носител на акцентот), а акцентот
паѓа на 3 слог од крајот на зборот.

Видови на акцентски целости:

1. Придавка + именка= акцентот паѓа на придавката ( кисело млеко, втора вечер)


2. Број+именка= акцентот паѓа на бројот ( пет дена, три часа, шест тона)
3. Броевите до 100 се акцентираат на сврзникот И (дваесет и три, шеесет и осум)
4. Прашални зборови и двосложни именки ( Кои луѓе? Што рече? Што мајка?)
5. Именки кои означуваат сродство +кратките заменски форми ( мајка ми, вујко ми, баба ти)
6. Глаголски прилог со кратка заменска форма ( чекајќи го, зборувајќи им) Тука акцентот
секогаш паѓа на вториот слог од глаголскиот прилог.

Во потврдни реченици акцентот паѓа на глаголот. ( му ги зеле, за да оди)

Во прашални и одречни реченици акцентот паѓа на третиот слог од позади. ( не му рече, не ги


зеде, Кој го виде?

Социјални песни се лирски песни во кои се искажуваат мислите и чувстава на поетот в врска со
тешкиот живот, сиромаштијата, тешкиот живот на работниците, неправдата и др. Вакви песни
пишувале: Коле Неделковски, Кочо Рацин, Константин Миладинов и други.

Балада е лирско-епска песна во која со многу чувства се опева некој настан кој најчесто има
трагичен крај. Лирски се зашто искажуваат чувства, а епски зашто раскажуваат некој настан.

Таа се појавила во Италија и на почетокот била весела песна придружувана со музика и игра.

Балади пишувале: Кочо Рацин, Ацо Шопов, Блаже Конески и др.

Елегија е лирска песна во која се опеани тажни чувства. Тажните чувства можат да бидат поради
изгубена слобода, состојбите во земјата и др. Елегии пишувале: Кочо Рацин, Ацо Шопов.

Романса е лирско-епска песна која може да биде народна или уметничка и често е хумористична.
Темата во романсите е љубовта која се остварува и имаат среќен крај.

Кочо Рацин е роден во Велес во сиромашно семејство. Бидејќи бил сиромашен, по завршување на
1 клас, тој го напушта школувањето и работи како грнчар. Тој многу сакал да чита и навечер на
свеќа читал по цели ноќи. Презимето Рацин е псевдоним кој тој си го ставил зашто бил заљубен во
девојката Раца. Инаку се презива Коста Солев.

Ја објавил најпознатата збирка на песни Бели Мугри на македонски јазик.

МОРФОЛОГИЈА

Морфологија е наука која ги проучува формите на зборовите.

Лични глаголски форми= глаголски форми кои имаат промени по лица

Нелични глаголски форми= глаголски форми кои не разликуваат лице

Безлични глаголски форми= не го означуваат лицето( подметот) и секогаш се во 3 лице еднина.

Безлични глаголи се глаголи кои означуваат дејства што не се поврзани со вршител на дејството.
Овие глаголи означуваат:
1. Природни појави: грми, врне, снежи, сека, дува, зазори, се стемни, заврна
2. Душевни состојби: ми се стемни, ми се ложи, ми се јаде, ми се спие, ме исплаши

Нелични глаголи се оние кои не се менуваат по лица и такви се:

1. Глаголска л-форма = имаат род и број и се образува од свршени и несвршени глаголи


( скокал, јадела, спиело, вежбале)
2. Глаголски прилог =неменлива глаголска форма и се образува од несвршени глаголи со
наставката -ЈЌИ ( спиејќи, работејќи)
3. Глаголска именка = се образуваат од несвршени глаголи со наставката -ЊЕ/-НИЕ. Таа
секогаш е во среден род и има еднина и множина и се членува ( смеењето, пеење, учење,
соопштение)
4. Глаголска придавка = Има форми за 3 рода, и 2 броја и може да се членува. Се образува со
-Н/-Т
( паднат, станата, слушан, слушната)

Прости глаголски форми се составени од само еден глаголски збор. (одам, јадам)

Сложени глаголски форми се составени од честичка( ќе, би) или помошен глагол ( сум, има) и
проста глаголска форма ( ќе одам, имам отидено, би одел)

You might also like