You are on page 1of 6

Хемијата е експериментална наука која се заснова на истражување и

екпериментирање.
За да се изведе хемиски експеримент во лабораторија потребно е да се има
соодветен лабораториски прибор

СТАКЛЕНИ САДОВИ
1. Епрувети
Епруветите се стаклени садови кои служат за изведување хемиски реакции со
помали количества супстанции
• Лабораториска чаша
Стаклени чаши со различна големина и волумен, со специјален раб со дел за
излевање. Служат за споведување хемиски реакции, декантирање, загревање
на супстанците, растворање, филтрирање
• Лабораториска инка
Ги има во различни големини и служат за дотурање и пренесување
(претурање) течности од еден во друг сад и служат за филтрирање
• Ерленмаер
Тоа е стаклен сад со конусен облик и рамно дно.
Служи за изведување хемиски реакции, за собирање и чување течности
• Мензура
Тоа е сад со цилиндричен облик кој служи за грубо одмерување на определен
волумен на течност – одмерен сад.
• Одмерни тиквички – колби со рамно дно
Одмерни садови што најчесто служат за приготвување и чување на определен
волумен раствор
• Колба со округло дно
Служат за изведување на хемиски реакции, загревање, дестилација
• Лабораториско шише
Тоа се шишиња за реагенси и служат за чување на течни и цврсти супстанци
• Саатно стакло
Служи за испарување „до суво“, за покривање на лабораториски чаши и за
мерење маса на цврсти супстанци на вага
• Пипета
Служи за прецизно одмерување на волумен на течности (капка по капка)

ПОРЦЕЛАНСКИ САДОВИ
• Аван со толчник
Дебел порцелански сад со дебели ѕидови кој служи за дробење и ситнење на
цврстите супстанции

ЛАБОРАТОРИСКИ ПРИБОР
• Метална лажичка и шпатула
Служат за земање цврсти супстанци (за секоја супстанца посебна лажичка)
• Спиртна ламба
Ламбата и другите пламеници се користат за загревање при изведување на
хемиски експерименти. Може да биде од стакло или метал и има фитил
потопен во шпиритус (алкохол)
• Бунзенов пламеник (бренер)
Се користи за загревање, жарење и стерилизација. Пламенот настанува со
горење на гасовите пропан/бутан
• Триножник со азбестна мрежа
Се користи за загревање така што над него се става садот а под него
спиртната ламба
• Дрвена штипка
Таа се користи за држење на епрувети при краткотрајно загревање на отворен
пламен
• Сталак (држач) за епрувети
Служи за држење на епруветите во исправена состојба. Може да биде
изработена од дрво или метал
• Статив
Се користи за монтирање на лабораториски садови и прибор при изведување
на експерименти. Изработен е од метал со тешка основа каде вертикалната
шипка се прицврстува со држачи (муфи) и стеги (клеми)
Ова се само дел од лабораториските садови и прибор кои се користат во
хемиските лаборатории.
БЕЗБЕДНА РАБОТА ВО ЛАБОРАТОРИЈА

• Основни правила за безопасна работа во хемиска лабораторија се:


- познавање на својствата на супстанците со кои се работи
- Почитување на мерките за претпазливост
- Почитување на симболите за предупредување и опасност

Хемиските експерименти се изведуваат во хемиска лабораторија.

Хемиската лабораторија е безбедно место за работа се додека се


почитуваат безбедносните правила:
1. Користете ги предвидените заштитни средства (очила)
2. Внимавајте на знаците за предупредување
3. Супстанците не ги фаќај со рака и не пробувај какви се по вкус
4. При загревање, отворот на епруветата сврти го кон страната каде
нема никој
5. На работната маса каде се изведува експериментот потребно е да
нема ништо друго освен прибор и хемикалии
6. Кога гори спиртната ламба не треба да се поместува
7. За секоја цврста супстанца да се користи посебно лажиче
8. Позавршената работа употребените садови и прибор се мијат, а
хемикалиите се враќаат на определено место

СИМБОЛИ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И ОПАСНОСТ


• Симбол за опасност од иритант или општ симбол за потенцијално
штетна хемикалија
Лесно запалива супстанца – имаат ниска температура на запалување

Симбол за оксидациони супстанци во својот состав содржат кислород


што лесно може да го ослободат, поради што овозможуваат бурно горење
и без атмосферски кислород

• Симбол за корозивни супстанци – имаат способност да разоруваат


материјали (метални, дрвени или стаклени предмети, биолошки
ткива)

• Симбол за опасност за токсична супстанца


• Симбол што указжува опасност со животна средина

• Симбол за опасност од радиоактивен материјал

You might also like