You are on page 1of 4

Лирика

Литературен род во кој се искажуваат чувства.

Особености:

 Искажување чувтсва и мисли


 Субјективност
 Кратко литературно дело во стихови
 Се пишуваат во 1л. Еднина (лирско јас-гласот кој е присутен во лирската песна)

Стих- поетска целина во еден ред

Стихот според бројот на слоговите кои ги содржи може да биде: четверец, петерец,
шестерец...

А според ритмичките особености може да биде:

Силабичен , силаботонски, тонски , слободен и скалест.

Строфа- поетска целина од најмалку два стиха

Според бројот на стихови строфите можат да бидат: катрен, пентина, секстина, септима,
октава...

Ритам- рамномерно повторување на определен број елементи од стиховите и строфите.

Особини:

 Ритмичка стапка ( збир од нагласени и ненагласени слогови): јамб, амфибрах,дактил,


трохеј...
 Цезура (интонациска пауза во средината на стихот
 Рима- повторување и звучно совпаѓање на слоговите на крајот од најмалку 2 стиха.
 Паралелна рима, вкрстена и обрглена

Стилски фигури
Секојдневниот говор и поетскиот јазик се разликуваат по начинот на изразување. Тој начин на
изразување се нарекува стил.

Стилистика-наука за стилот.

Јазичните средства имаат преносно значење со кое се гради поетскиот стил се викаат стилски
фигури или тропи.

Основна карактеристика на стилските фигури е тоа што тие можат да бидат


звучни( ономатопеја, епифора, анафора, симплоха...) и сликовити.( симбол, метафора,
алегорија,...)
Лирски видови
Љлубовна лирика- лирскиот субјект ги искажува своите чувства кон саканата личност.

Социјална лирика- мисли и чувства за неправдата на угнетените и социјалната нееднаквост.

Патриотска лирика- љубов, почит и приврзаност кон татковината.

Религиозни песни- темите и мотивите се религиозни.

Рефлексивна лирика/ мисловна лирика- мисли и ставови за определени вистини за светот.

Пејзажна лирика- поетот ги искажува своите чувства предизвикани од појавите од природата.

Сатирична лирика- имаат сатирично-хумористично изразување на чувства, мисли и ставови.

Ода- лирска песна со возвишени чувства.

Химна- свечена пофалбена песна со која се слави некое божество, херој,народ...

Дитирамб- лиркса песа во чест на богот Дионис со обреден карактер. Се опева страста,
среќата, занесот...

Елегија- лирска песна со силно изразена тага. Поетот тагува и жали за нешто.

Епиграм-куса лирска песна со неучекувано зајадлив крај во која на саркастичен начин се


жигосуваат моралните недостатоци.

Епитаф- лирска песна во функција на надгробен натпис. Се изнесуваат податоци за покојниот


на сериозен и хумористичен начин.

Поетска проза-лирска творба во прозна форма.

1. Сатирична лирика: 3. Елегиска лирика:

хумористична песна; тажачка песна;

сатирична песна; елегија;

епиграм епитаф.

2. Возвишена лирика:
ода
4. субјективна лирика:
химна;
интимна;
дитирамб.
љубовна;

пејзажна;

патриотска; социјални

You might also like