You are on page 1of 6

ПРАШАЊА – ОПШТ ДЕЛ НА ГРАЃАНСКО ПРАВО И СТВАРНО ПРАВО

ТЕСТ БРОЈ 1

1. Што претставува сосопственост


- Сосопственост е било каков физички или нематеријален ентитет што е во
сопственост на личност или група луѓе како корпорација ( лична
сопственост, приватна сопственост, јавна сопственост и интелектуална
сопственост).

2. Кои се недвижни ствари


- Недвижни ствари се оние ствари кои не можат од едно место на друго да се
движат и поместуваат, без притоа да не се оштети нивната суштина. Пример
земјиштата (земјоделски, градежни, шумски, пасишта), како и зградите.
Недвижни ствари,се : - се земјиштата, и зградите, како и инсталациите
подигнати врз нив или под нив и трајно споено со нив.

3. Кои се прости а кои сложени ствари


- Прости се стварите ако се составени од една иста или од различни материи и
претставуваат единствена неделива физичка целина.
- Сложени се стварите кога се составени од различни физички делови
соединети во една физичка целина, како и од повеќе самостојни ствари кои
ја сочинуваат целината. Стварите се сложени и кога се составени од повеќе
ствари кои самостојно претставуваат објект на правото на сопственост.

4. Што претставува граѓанското право


- Граѓанско право е збир на правни норми со кои се уредуваат имотно –
правните односи, односно оние односи кои што се од имотно правен
карактер. Него го сочинуваат три правни гранки
стварно право ( ги уредува облици на власта врз стварите)
облигационо право ( ги уредува оние односи кои настануваат по повод
изразената волја за склучување на одредено правно дело-договор)
наследно право ( по повод смртта на едно лице и преминувањето на правата
и односи на неговите наследници).

5. Што претставува деловната способност и кога се стекнува ( кај физичките


и правни лица)
Физичко лице со деловна способност се стекнува со навршување на
годините на полнолетство и во други случаи предвидени со закон. Видови на
деловна способност: потполна деловна способност, делумна деловна
способност и потполна деловна неспособност Полнолетството се стекнува
со наполнување 18 години од живот кога полнолетното лице се здобива со
деловна способност.
Физичко лице се стекнува со правна способност во моментот на неговото
раѓање , а правното лице во моментот на неговото настанување уредено со
закон. Детето треба да е родено живо, наследник може да биде само лице кое
е живо во моментот на отварање на наследството.
6. Што претставува застој на рокот на застареност
- Застареност претставува протекување на законски определен рок , во кој
носителот на граѓанското субјективно право затоа што не го вршел, а можел
тоа да го прави го губи правото на правна заштита, под услов должникот да
истакне приговор на застареност.Застој на рокот на застареност претставува
нетечење на рокот на застареност поради причини предвидени во Законот ,
така што рокот на застареност не може да почне да тече или започнатиот рок
на застареност престанува да тече. Постојат три вида на и тоа:
1. застој на застареноста помеѓу лица кои се во определен меѓусебен однос
2. застој на застареноста за побарувањата на определени лица
3. застој на застареноста поради несовладливи пречки.

7. Што е непосредно и посредно владение


- Непосредно владение е она што го означува непосреден однос меѓу
владетелот и стварта, закупецот е непосреден владетел, додека
закуподавачот е посреден владетел, тој ја изразува својата фактичка власт
врз стварта преку закупец. Непосредно- го означува директното вршење на
фактичката власт на стварта, директниот однос помегу владетелот и стварта

- Посредно владение фактичката власт ја врши преку некое друго лице,


предавајќи му ја стварта во непосредно владение врз основа на некое правно
дело.. Посредно- може да постои и во случај кога непосредниот владетел од
договорениот однос стварта ке му ја даде на трето лице во подзакуп доколку
е дозволено.

8. Што претставува правна способност и кој видови кога се стекнуваат


физичките лица
Правната способност најчесто се дефинира како способност ф.л. да биде
носител на права и обврски. Правната способност може да биде: општа посебна
и ограничена.
ТЕСТ БРОЈ 2

1. Што претставува заедничка сопственост

2. Кои се недвижни ствари

3. Што претставува главна, а што споредна ствар


Деловите на една сложена ствар во однос на својата намена можат да бидат главни и
споредни.
Стварноправната наука смета дека „под главна ствар се подразбира физичка целина на
составни делови која како таква има примарна улога во однос на една подвижна ствар
со која функционално поврзана.
Споредни ствари се оние ствари кои и служат на главната ствар и се јавуваат како
припадоци и прирастоци.
Носителот на правото на сопственост на индивидуално определена ствар има право на
сопственост и на сите нејзини припадоци и прирастоци ако со закон или правно дело
поинаку не е определено.

4. Што претставува етажна сопственост


- Настанува врз основа на закон.- Права и должности на сопствениците на
посебните делови од зградата во однос на тие делови. Права и должности на
сопствениците на посебните делови од зградата во однос на заедничките
делови, на зградата како целина .,Права и должности на сопствениците на
посебните делови на зградата во однос на земјиштето.

5. Што претставува деловна сопственост и кога се стекнува (кај физички и правни


лица)
6. Што претставува застој на рокот на застареност
7. Што е непосредно и посредно владение
8. Што претставува деликтна способност и кој видови кога се стекнуваат кај
физичките лица
- Способност на ф.л. (штетник) да го сфати значењето на неговото дејствие од
аспект дали тоа е спротивно на правото и дали со него се причинува штета
на на друго лице (оштетен)
Деликтна способност претставива способност на физичкото лице да го свати
значењето од неговото дејствие, дали тоа е спротивно на правото и дали со
него се причинува штета на друго лице. Во правото на Р.Македонија
малолетник до 14 години нема деликтна способност т.е. не одговара за
штетата што ќе ја причини, освен ако се докаже дека при причинување на
штетата бил способен да го свати значењето на последиците од дејството.
ТЕСТ БРОЈ 3

1. Што претставува стварноправност ( непосредност) на стварните


права
Постоење на директен непосреден однос помеѓу титуларот на стварното
право и стварта

2. Кои се деливи а кои се неделиви ствари


- Деливи ствари се оние ствари кои можат да се поделат на помали
делови а при тоа стварта да не изгуби од својата економска намена а со
тоа и од нејзината вредност.
-Неделиви ствари се оние ствари кои воопшто не можат да се делат на
делови бидејќи со тоа делење ќе изгубат од својата намена и вредност
(уметничка слика).

3. Кој може да биде застапник кај физичките и правните лица, објасни

4. Кои видовни на полномоштво постојат и објасни ги

Полномошно е овластување за застапување кое властодавецот му го дава


на полномошникот. Правната работа по кое се дава полномоштвото може
да биде договор склучен помеѓу властодавецот и полномошникот или
може да биде еднострана изјава на волја на властодавецот дадена на
полномошникот или трето лице.

5. Како се стекнува и како престанува владението


-Стекнување на владение битно е актот на стекнување да биде таков
физички однос меѓу стварта и владетелот што ќе овозможи фактичко
располагање со неа, поточно остварување на економска корист од
нејзината употреба.
-Престанок кога стварта ќе пропадне, кога ќе се загуби и кога е
очигледно дека нема да биде вратена и кога владетелот по своја волја ќе
ја напушти- апсолутен престанок.

6. Што претставува застој, а што прекин на рокот на застареност

Нетечење на рокот на застареност поради причини предвидени со закон такашто


рокот на застареност не може да почне да тече или започнатиот рок на
застареност престанува да тече. Сподед Законот, прекин на рокот на застареност
може да биде резултат на: дејствие преземено од страна на должникот, дејствие
преземено од страна на доверителот.

7. На кој начин можат да управуваат со стварта сосопствениците


Кога некој сосопственик презема дејствија врз сосопственичката ствар
без согласност потребна од другите сосопственици, се применуваат
правилата за работоводство без налог.

8. Кои се напуштени ствари


За напуштено се смета припитомено животно ако само од себе изостане
42 дена, а ројот пчели е напуштен ако сопственикот не го видел два дена.

ТЕСТ БРОЈ 4

1. Што претставува апсолутноста на стварните права


-Изразот стварно право означува 3 различни но меѓусебно поврзани
поими: стварно право како објективно право, стварно право како
субјективно право, и стварно право како наука ( нучна дисциплина).
Стварното право како објективно право претставува дел од објективно
граѓанско право, е систем на норми што уредуваат одредени имотно
правни односи.
2. Што претставува деликтна способност и кој видови кога се
стекнуваат
-Деликтна способност еспособност на лицето да ја сноси одговорноста за
штетата предизвикана од неговото незаконско дело( акција и
неактивност). Се изразува во способност на субјектот , самостојно да го
признае неговото дело и неговите штетни резултати , да одговори на
неговите погрешни дела и да носи законска одговорност на нив.

3. На кој начин може да престане правото на сопственост


-Сопственикот го остварува своето право на сопственост во согласност
со природата и намената на стварта како и со општиот интерес утврден
со закон. Забрането е вршење на право на сопственост спротивно на
целата заради која е со закон признато и установено , или спротивно на
моралот на општеството. Правото на сопственост не смее да се врши со
цел на друг да му причини штета.

4. Кои се потрошни, а кои се непотрошни ствари


- Потрошни ствари се оние подвижни и заменливи ствари кои со нивната
прва употреба се трошат(животни намирници, пари, горива).
Непотрошни ствари се оние подвижни и недвижни ствари кои може
продолжено да се користат(земја, згради,возила)

5. Што е оригинерно, а што е извредено владение


Оригинерно е она владение кое се стекнува со востановување на
фактичката власт(едностран чин) на стварта, која не зависи од волјата на
претходниот владетел.Изведено е она владение кое се стекнува со
изјава ан волја (договор) од претходниот владетел.

6. Што претставува самопомошта на граѓанските субјективни права и кои


услови треба да се исполнат за да е допуштена

7. Што претставува сосопственоста


-Сосопственост е сопственост на повеќе лица кои имаат право на
сопственост на неподелена ствар на која делот на секој од нив е
определен сразмерно според целината ( идеален сосопственички дел).
Кога предмет на правото на сопственост се плодносни ствари, плодовите
и другите приходи од нив се распоредуваат меѓу сопствениците
сразмерно на големината на сопственост може да се заснова и на ствар
која се наоѓа во различни облици на сопственост ( мешана сопственост).

8. На кој начин брачните другари управуваат и располагаат со заедничкиот


имот

You might also like