You are on page 1of 7

ПРАВНИ СУБЈЕКТИ – носители на ГСП кои се страни на ГПО (2 вида-ФЛ и ПЛ)

-СП (носител на СП/трети лица), ОП (должник/доверител, штетник/оштетен), НП


(оставител/наследници)

 СУБЈЕКТИВИТЕТ – збир на својства на правните субјекти (различни називи-правен,


граѓанскоправен); определува под кои услови може да бидат странки во ГПО
-способности (правна, деловна, деликтна), атрибути (име, живеалиште, државјанство);
дополнителни (ЕМБГ, единствен даночен број, жиро сметка)
-правен статус-се разликува од субјективитетот бидејќи индивидуализира (опфаќа личен,
семеен, државјански статус)
-правна положба-можност да биде носител на граѓански суб.права и обврски

СУБЈЕКТИВИТЕТ НА ФЛ – со граѓанските суб.права и обврски задоволува свои и


општествени потреби
-основа-во човековата биолошка реалност (сите да се еднакви), но сепак субјективитетот е
продукт на правната цивилизација која овозможува стекнување права; во неговотто
определување од обј.право кое дава граници во чии рамки ФЛ можат да бидат носители на
граѓански суб.права и обврски (преовладувачко)

 СПОСОБНОСТИ
-правна-способност да биде носител на права и обврски
-деловна-способност со самостојно истапување во прометот, да се стекне со права и обврски
-деликтна-способност да се одговара за причинета штета
 АТРИБУТИ
-име, живеалиште (престојувалиште), државјанство

ПРАВНА СПОСОБНОСТ – способност да биде носител на права и обврски


-апстрактна (претпоставка за стекнување на права и обврски) и пасивна правна категорија
пропишана од правото; лично својство-непренослива
-услови за стекнување права се утврдени во законот (пр.право на сопственост-преку наследство,
правна работа, одлука на државен орган)

ОПШТА ПРАВНА СПОСОБНОСТ – апстрактна можност да биде носител на права и


обврски (претпоставка дека сите се еднакви)

 СТЕКНУВАЊЕ – со раѓање (бидејќи е еден од најзначајните правни факти, потребни се МКР)


-формален услов-старо (пресек на папочна врвца, самостојни знаци на живот), Камбовски
(контракции)
-суштински услов-да е живо родено; Поп Георгиев (+да е човеколико, не монструм),
Гоергиевски (роден од човек), Финжгар (вклучува и монструми), Камбовски (+да е родено од
жена)
-НП-наследник е живо лице во моментот на смртта на оставителот
-исклучок: правна фикција (дете зачнато при отворање на наследството се смета за родено,
ако се роди живо; условна способност)
 ПРЕСТАНОК – со смрт
-привидна смрт (кома) – отсуство на свест, присуство на функција на мозок (бранови на
електроенцефалограм
-церебрална смрт – престанок на мозочни фунции (хоризонтален електроенцефалограм);
релевантна за трансплантација
-клиничка смрт – престанок на витални функции
-биолошка смрт – смрт на клетки и човекови органи
-според правници – престанок на сите животни фунции кои не можат да се повторат
-претпоставена смрт – исчезнато прогласено за умрено; 2 претпоставки-исчезнување, услов
(5г нема вести за живот, а има +60г; 5г нема вести, а може да се верува дека не е живо; 6м
нема вести од денот на престанок на опасноста; 1г нема вести од денот на престанок на
војната); постапка-предлог од заинтересирано лице/јавен обвинител, објава на оглас во
службен весник од суд, решение со претпоставено време на смрт; соборлива-ако се појави
лицето, решението се отповикува; комориенти-лица кои меѓусебно се наследуваат умираат
во иста незгода (се претпоставува дека умреле истовремено)
-фиктивна смрт – се смета дека смртта настапила иако лицето е живо; цивилна смрт (казна
затвор, доживотна робија, депортација; оставинска постапка,престанок на брак, смее да
прима дарови); духовна смрт (замонашени лица)

ПОСЕБНА ПРАВНА СПОСОБНОСТ – способност да бидат носители на одредени права и


обврски поради исполнување посебни својства

 СТЕКНУВАЊЕ – подоцна од општата правна способност


-стручно-технички услови за вршење определена дејност; дозвола од државата
-пр.адвокат-дипломиран правник со положен правосуден испит; упис во Именик на
адвокатска комора
 ПРЕСТАНОК – може и порано од општата правна способност
-губење на услови за нејзин настанок (пр.одземена лиценца)

ОГРАНИЧЕНА ПРАВНА СПОСОБНОСТ – ограничување на обемот на општата правна


способност поради настапување на услови предвидени со закон

 БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ
-ограничено право на сопственост на земјиште за странци, можно е само право на долготраен
стварноправен закуп (услови-реципроцитет, согласност од министер за правда, мислења од
надлежен министер и министер за финансии)
-неможност за право на сопственост на недвижност за странци
 СОЦИЈАЛНО-ЕКОНОМСКИ ПРИЧИНИ
-забрана за отуѓување одредени ствари (шуми во државна сопственост)-ограничување на
правото на сопственост на државата поради можноста на сите да ги користат
 ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – при јавен интерес; целосна (одземање), делумна (ограничување;
времено; се добива надомест)

ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ – реализација на правната способност (стекната под


претпоставка да има правна способност и да исполнува услови врз чија основа на кои ќе може да
ја реализира правната способност во прометот); способност да изрази правнорелевантна волја за
учество во правниот промет; активна
-преку неа се изразува слободна иницијатива

 СТЕКНУВАЊЕ – 18г (зрелост), психичко здравје (одговара на просечниот развој на


индивидуата во општеството)
 ОПШТА ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ – услов: 18г, психичко здравје; одговара со потполна
деловна способност и општа правна способност (може да изјави волја за сите правни дела/за
било кое правно дело)
 ПОСЕБНА ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ – услов: посебна правна способност; изјавување волја во
вршење на дејност
 ОГРАНИЧЕНА ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ – одговара на ограничената правна способност; волјата
на странците за одредените случаи ќе биде недозволена, а правното дело ништовно
 ПОТПОЛНА ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ – услов: 18г, психичко здравје; ги склучува сите правни
дела самостојно; одговара на општа деловна способност
 ДЕЛУМНА ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ – услов: малолетници над 15г/лица со делумно одземена
деловна способност; ограничена со родителското право (до 18г/брак пред 18г); ако се без
родители, се ставаат под старателство (грижење за неговиот имот; во некои случаи е
потребна согласност од ЦСР); случаи во кои можат да изјават правнорелевантна волја-
примање дар, составување тестамент, засновање работен однос, склучување брак (мислење
од здравствена установа и ЦСР; постапка-предлог, решение; ако се склучи бракот лицето
добива потполна деловна способност)
 ПОТПОЛНА ДЕЛОВНА НЕСПОСОБНОСТ – услов: малолетници под 15г/лица со целосно
одземена деловна способност; не може да изјават правнорелевантна волја за склучување
правни дела освен за даровни дела (примање дар); со неговиот имот управуваат родителите;
ако трето лице склучи договор со деловно неспособно лице, а не знаел за деловната
неспособност/бил измамен дека постои одобрение, можел да се откаже од договорот
 ПРЕСТАНОК НА ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ
-општата деловна способност со престанок на општата правна способност, посебна деловна
способност со губење услови за посебна правна способност, потполната деловна способност
со одземање од суд; одземање-лицето не е во состојба да се грижи за себе (душевно
заболување, слабоумност, алкохол); преглед од 2 лекари (1 специјалист за нервни и душевни
болести), судски преглед како вид на вештачење; донесување решение кое доведува до
потполна деловна неспособност или делумна деловна способност

ДЕЛИКТНА СПОСОБНОСТ – способност ФЛ да може да ги оценува своите псотапки


со оглед на тоа дали се спротивни на правото и дали со нив се причинува штета на друг;
способност да се одговара за штетата
-под 7г немаат деликтна способност; 7-14г немаат освен ако не се докаже дека е способно да го
сфати значењето на дејството; над 14г има деликтна способност
-штета од лице кое нема деликтна способност – надоместува оној кој е должен да врши надзор
врз него

 ГРАЃАНСКОПРАВЕН ДЕЛИКТ – правен факт; елементи-противправно дејство, вина, штета,


причинска врска меѓу дејствието и штетата

ЛИЧНО ИМЕ – заведено во МКР – гарантирано со меѓународниот пакт за граѓанските и


политичките права
-назив за идентификување на ФЛ во приватни и јавни односи; обезбедува принцип на правна
сигурност
-право на сопственост на свое име, има дејство спрема сите (Карбоние); личното име може да го
носат повеќе лица, нема дејство спрема сите (Планиол, Риперт); лично право и обврска
(современо)

 ПРАВНА РЕГУЛАТИВА ВО РМ – Закон за лично име – лично право, се стои од име и презиме,
да не навредува јавен морал
-определување - родители спогодбено, презиме на еден или двата родитела-може и друго,
ако нема родители/непознати се/не се спогодат-одлучува органот за старателство или
старател со согласност од органот; посвоен-од посвоители, освен ако со посвојувачкиот акт не
е поинаку определено
-промена - либерален однос кон името; малолетник со барање од родител/старател, ако е
над 10г потребна е и негова согласност; забрана за лице против кое се води кривична
постапка за кривично дело кое се гони по службена должност/осудено за такво дело за кое
ќе се утврди дека сака да одбегне законски обврски
-обврска – мора да се служи со името запишано во МКР, ако не следува парична казна
ЖИВЕАЛИШТЕ – место во кое граѓанинот се населил со намера во него постојано да
живее и во кое има обезбедено стан за живеење – Закон за пријавување на живеалиштето и
престојувалиштето на граѓаните – гарантирано со меѓународни акти и уставот на РМ
-примена – пријавување во рок од 8 дена; за малолетници пријавуваат родителите; лица над 15г
кои се вработени или во брак лично пријавуваат

ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ – место во кое граѓанинот привремено престојува


-пријавување – при престојување подолго од 30 дена пријавува во рок 3 дена;
угостителство/домови/интернати-пријавувањето го врши давателот на услугата во рок од 48ч; во
МВР-се добива потврда
-одење во странство – пријавува кај надлежен орган ако престојува од 3до 1г, или работи повеќе
од 1г, а враќањето се пријавува 3 дена претходно; се пријавуваат и малолетници
-ограничување – само кога е потребно заради заштита на безбедноста на РМ, здравјето на
луѓето,при кривична постапка

 МАТЕРИЈАЛНОПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ – ЗОО предвидува резервна диспозитивна норма за


исполнување на непаричната обврска и тоа во местото во кое должникот, во време на
настанување на обврската, имал свое живеалиште, а во недостиг, свое престојувалиште;
доколку обврската се состои во пари, тогаш се исполнува во местото во кое доверителот имал
свое Ж/П
 ПРОЦЕСНОПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ – ЗПП определува надлежност на оној суд што е општо месно
надлежен за тужениот (судот на чие подрачје има Ж/П; ако покрај Ж има и П, и судот на тоа
подрачје е надлежен)

ДРЖАВЈАНСТВО – правна врска меѓу лицата и државата (прокламирано во ДзПнЧиГ,


Пакт за граѓански и политички права)
-Закон за државјанство – граѓаните на РМ имаат нејзино државјанство; не може да биде
одземено, да биде протеран или предаден; може да има државјанство и на друга држава при
што се смета исклучително за државјанин на РМ, освен ако со меѓународен договор не е поинаку
определено
-стекнување – потекло, раѓање на територија на РМ, природување, врз основа на меѓународен
договор
-престанок – отпуст, според меѓународни договори
-надлежен орган – МВР-евиденција за државјаните на РМ и странски државјани родени на
територија на РМ
-атрибут – бидејќи има реперкусии на субјективитетот (странци-неограничено право на
сопственост врз подвижни ствари, ограничено врз недвижни; за станбен и деловен простор-
потребен реципроцитет со неговата земја; за земјишта-наследно/долготраен закуп со согласност
на министер за правда, за финансии и ресорниот министер)
ЛИЧНА КАРТА – средство за идентификација на ФЛ, докажува идентитет, државјанство,
Ж/П; јавна исправа
-со наполнети 18г личната карта е должност, а може да се земе и со 15г; барање (за промена на
било каков податок; губење-МВР дава нова за 15 дена, а ако се најде се носи во МВР)
-образец – содржина („лична карта“, „РМ“ и грб, место за фотографија), се запишува (име и
презиме, дата на раѓање, пол, државјанство, адреса, ЕМБГ, регистарски број, рок на важење,
потпис)
-при државјанство престанато со отпуст, личната карта мора да се врати

МАТИЧЕН БРОЈ – единствена ознака за идентификациските податоци на граѓанинот


-13 цифри – 6 групи – ден, месец, година, број на регистар, комбинација на пол со реден број на
родени на ист ден, контролен број
-го определува МВР според местото на запишување на новороденчето во МКР, а ако е родено во
странство според живеалиштето на родителите
-определувањето и евиденцијата се автоматизирани; не се менува при промена на Ж
-најверодостојно го определува идентитетот бидејќи ги содржи сите атрибути
-странци со законски престој добиваат посебен матичен број за странци

МАТИЧНИ КНИГИ – за запишување на основните правни факти од групата настани; се


водат во МВР; уредени со Закон за матичната евиденција
- раѓање – појава на нов субјект предизвикува правна способност, менува наследен ред; значење
изразено и во меѓународните акти; со 18г се стекнува со деловна способност
- венчавка – предизвикува заедничка сопственост меѓу брачните другари, раѓање нови субјекти,
менување наследен ред
- смрт – престанува правна, деловна, деликтна способност; предизвикува оставинска постапка
-државјанин на РМ во странство – податоци во МК водени во дипломатските конзуларни
претставништва или МК во РМ
-право на увид – лице на кое се однесува, заинтересиран, лице со законски утврден правен
интерес

 МКР – податоци за раѓањето (име и презиме, пол, дата, час, место на раѓање, државјанство,
ЕМБГ), податоци за родителите, податоци за признавање
татковство/посвојување/старателство/промени на лично име на родител/промена на
државјанство/склучување, престанок или поништување на брак/смрт или прогласување на
лице за исчезнато
-се пријавува писмено или усно (со записник) кај матичарот од матичното подрачје на кое се
родило во рок од 15 дена (ако е мртво во рок од 24ч)
-непознати родители – решение од орган за старателство во МКР каде е најдено;
пријавување лично име во рок од 2м
 МКВ – податоци за склучување брак (име и презиме, презиме пред брак, пол, дата и место на
раѓање, ЕМБГм државјанство, националност, адреса, дата и место на склучување, изјави за
презиме); име и презиме на родителите, службено лице, матичар, сведоци (+Ж);
престанок/поништување на брак; име, презиме и Ж на полномошник; промена на презиме
 МКУ – податоци за смртта (име и презиме, презиме пред брак, пол, дата, час и место на смрт,
брачна состојба, државјанство, адреса, националност); податоци за брачен другар (име и
презиме, презиме пред брак, име и презиме на родителите на умрениот, име и презиме на
тој што ја пријавил смртта); податоци за прогласување на исчезнато лице за умрено и податок
за смртта докажан во судска постапка
-се пријавува писмено или усно кај матичарот од матичното подрачје каде настапила смртта
или каде е најден во рок од 3 дена; пријавување со потврда од здравствена организација или
изјава од 2 сведоци; при најден труп-со записник за наоѓање труп

You might also like