You are on page 1of 6

ГП – дел од обј.

право на РМ кое врз основа на принципите на слободна иницијатива и


еднаквост ги уредува општествените односи со имотен ефект настанати меѓу ФЛ и ФЛ/ПЛ

ГП КАКО ОБЈЕКТИВНО ПРАВО – систем на правни норми за уредување на


општествени односи кои се израз на стоково-паричните односи настанати меѓу физички лица и
физички лица или правни лица (уредени со устав, закони, прописи)

 ИНСТИТУТИ – сопственост, договор и надомест на штета, тестамент


 ПОДИНСТИТУТИ– облици на сопственост (приватна, државна, сопственост на локална
самоуправа), поединечни договори (за заем, за закуп), одделни тестаменти (своерачен,
судски)
 ПРАВНИ ГРАНКИ
o Стварно право – уредува односи меѓу луѓето поради власт над стварите (статика на ГП)
- општ дел (претпоставки за настанување на стварноправен однос), посебни делови (начини
на стекнување на право на сопственост, општествени односи настанати во врска со
запишување на правата на стварите)
o Облигационо право – уредува односи во кои доверителот има право да бара од должникот
нешто да стори (динамика на ГП)
- општ дел (основи на обврски), посебни делови (договорно право-односи од имотен
карактер настанати договорно; штетно право-односи од имотен карактер настанати поради
причинета штета)
o Наследно право – уредува пренос на имотот на оставителот на наследникот, во случај на
смрт
- општ дел (кус), посебни делови (законско наследување-врз основа на закон; тестаментално
наследување-со изјава на волја)
o Општ дел на ГП – правни правила заеднички за сите гранки (ги нема во РМ; треба да се
однесуваат на предмет и метод на ГП, граѓанскоправен однос, правни факти, вршење
граѓански субјективни права (начини, застапништво, заштита), застареност на ГСП
o Заеднички карактеристики – предмет (однос меѓу физички лица и физички или правни лица
од имотен карактер), метод (врз исти принципи)

ГП КАКО НАУКА – стварноправна, облигационоправна, наследноправна научна


дисциплина (предмет-систем на граѓанскоправни норми)

 ЗАДАЧИ – да дава гледања за развојот на институтите, инкорпорирање на правото на ЕУ


во македонското ОГП, удел во изготвување законски и подзаконски текстови со граѓанска
материја, удел во оценка на усогласеноста на подзаконските одредби со генералните
граѓански закони и оценка на нивна уставност
 Даваат придонес за развој на цивилистиката – Асен Групче, Димитар Поп Георгиев,
Мирослав Лазич, Жан Карбоние, Жан Мазо
ГП КАКО СУБЈЕКТИВНО ПРАВО – овластувања признаени на субјектите од ОГП
 СТВАРНИ СУБ.ПРАВА – директна власт на стварта (целосна-сопственост; делумна-др стварни
права, овластување за користење); стварта го врзува носителот
 ОБЛИГАЦИОНИ СУБ.ПРАВА – власт признаена на 1 лице да бара нешто од 2 лице од
обј.облигационо право; облигацијата го врзува доверителот за должникот
 НАСЛЕДНИ СУБ.ПРАВА – овластувања признаени од ОГП на носителите и врз чија основа
можат да станат наследници
-временски права – траат од моментот на смрт до правосилноста на решението за
наследување
-содржински се сведуваат на суб.стварни или облигациони права (трансформација по
правосилноста на решението)
-ако содржи и стварни и облигациони наследни права, се трансформираат во суб.стварни и
облигациони права (ако има само стварни-суб.стварни; ако има само облигациони-
суб.облигациони)

ПОЗИТИВНО ГП – формални извори на ГП кои содржат ГПН за уредување на општествени


односи меѓу ФЛ и ФЛ/ПЛ, а се од имотен карактер
-РМ- содржани во устав, генерални закони, специјални закони, подзаконски прописи, акти на
Врховен/Уставен суд
-брзо се менува во земјите во транзиција (престанува да важи-ново позитивно право, старото
станува дел од обј.пишано право)
-познавање на ОГП е важно за судиите, адвокатите, обвинителите поради брзото менување на
позитивното (при случаи каде за ГП однос настанат за време на важење на еден пропис, треба да
се пресуди за време на донесен нов пропис)

ИНТЕРТЕМПОРАЛНО ГП – во ГП односи важи прописот што важел кога односот


настанал
-законот не дејствува ретроактивно (ГПН која не била на сила кога настанал односот, не смее да
се применува)
-согласно принципот на слободна иницијатива странките треба да се однесуваат според ГПН кои
важеле тогаш, поради тоа судот пресудува врз основа на правото кое важело кога настанал
односот

МЕЃУНАРОДНО ГП – продукт на развојот на компаративното право кое ги приближува


правните системина различни држави и создава унифицирани ГПН за односите со странски
елемент
-унификацијата се врши преку договори, конвенции со што оние земји што ги потпишале ги
вклучуваат во своето позитивно ГП (РМ-меѓународните ГПН се дел од позитивното ГП, според
уставот)
-пр. Виенска конвенција за договорите во меѓународната продажба на стоки

НАЗИВ ГП – традиционален назив (ius civile) преземен од кодификациите од ХIX век


-во РМ некои користат ГП (упатува на уставот-предвидува граѓанска држава, права и слободи,
сопственоста е темелна вредност), некои користат имотно право (уредува имотни односи; се
смета како наметнато од социјалистичка Македонија, но се превидува фактот дека се негирало
постоењето на „имот“; имотни односи регулираат и др.правни гранки, но со посебен метод на
субординација односно нерамноправност на државата и др.странка)
-„ГП“ е назив на трудов бидејќи уредува имотни односи меѓу ФЛ и ФЛ/ПЛ; користен од земји во
транзиција

КРИТЕРИУМИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОИМОТ ГП


-предмет на изучување на ГП, метод на уредување на општествените односи

ПРЕДМЕТ – општествени односи од имотен карактер во кои носителите, врз основа на


граѓанскиот субјективитет, се стекнуваат со признаена непосредна власт на ствари и со правно
признаена власт да бараат нешто од др.странка
-овие односи се движење на вредности во два правци (изразливи во пари)
-предмет се и некои односи кои се изразливи во пари, но не се движење на вредности во два
правци

 ВО 2 ПРАВЦИ – пренесување права од еден субјект на друг


-за да можат да пренесуваат мора да имаат субјективитет (способност, атрибути) и ствар
(стока)
-СП-неопходна е директна власт над стварта; стварни суб.права-облици на правна власт врз
ствари; се вршат подолг период; статика на ГП
-ОП-се вршат краток период (со вршењена обврската и остварување на правото); динамика
на ГП
-НП-неопходна е смрт на оставителот (правен момент-делација); преминуваат правата на
наследниците
 ВО 1 ПРАВЕЦ – сепак се сметаат за промет
-подарување (мотивирано од благодарност, љубов), стекнување без основ (мора да се врати;
циркулација на стоки), работодаввство без налог (неповикано вршење туѓи работи;
извршувачот може да бара надомест), наоѓање туѓа ствар (право на награда), причинета
штета, лични вредности (право на сатисфакција при повреда)
МЕТОД – збир на принципи врз кои се градат ГПН; ГП метод-метод на координација
(составен од наредните 4 принципи)

 СЛОБОДНА ИНИЦИЈАТИВА – поради ова основна карактеристика на современото ОГП е


дипозитивноста на ГПН
-тн.автономија на волја-слобода на субјектот да одлучи дали, со кој и под кои услови ќе влезе
во ГПО
-СП-дали ќе прибави власт на ствар, ако прибави слободно располага, користи (целосна-
сопственик, делумна-др.СП)
-ОП-слобода на договарање (уредување облигациони односи)
-НП-слобода на тестирање (одредување наследници во тестамент)
-заштита на стварни права-зависи од носителите на суб.СП дали ќе бараат заштита
-отстапувања: СП (граници-намена на ствар, општ интерес, целта утврдена со закон,
општествен морал, забрана за злоупотреба на суб.СП, туѓи права), ОП (забрана за
злоупотреба на право, забрана за создавање монополска положба, право на првенствено
купување, надомест на штета, обл.однос настанат без волја на обврзаниот), НП („нужен дел“-
тестаторот мора да почитува законски наследници), заштита на права (при заинтересирани
трети лица)
 ИМОТНА САНКЦИЈА – при повреда на ГПО санкцијата е насочена кон имотот (воспоставување
рамнотежа)
-ако не може да се изврши парична казна, ќе се замени со казна затвор според правилата во
казненото право
-правци-прогласување некое дело за неважечко, задолжување да се изврши обврска,
надомест на штета, реституција-престанок со понатамошно пречење)
 ЕДНАКВОСТ НА СТРАНКИ – во примена на правилата на ГП и на правата и обврските
произлезени од ГПО
-СП-право стварта да ја држат по своја волја; рамноправен третман при примена на правила
на ГП; почит кон туѓо СП; правата и обврските во СПО не се еднакви
-ОП-еднаквост во ОПО (рамноправни при спогодба), еднаквост на взаемни давања (не може
1 да има само права, 2 само обврски; еднакви волји)
-НП-луѓе од ист наследен ред се еднакви во наследување
-еднаквост при заштита и остварување на права
-отстапувања: СП (приоритет во права-првенство на наплата на заложниот доверител кој прв
се запишал во книгата за запишување на правата на недвижностите), ОП (даровни договори;
правичност-благ вид на вина, осиромашување, намален надомест не е товар за оштетениот),
НП (правичност-намалување/зголемување наследен дел)
 ПРЕНОСЛИВОСТ НА ГСП – својствена за односите во прометот (движење на вредности)
-СП-стварта да е во власт на човекот и да е стока, за да може да се пренесе
-ОП-договорната обврска да биде возможна, дозволена и определена, за да не биде
дговорот ништовен
-НП-наследување права и ствари што оставителот можел да ги пренесе на трети лица; право
на претставување-преминување на оставината на порано умрено дете на неговите деца и
внуци)
-отстапување: СП (лични службености не се пренесуваат/наследуваат ако не е изрично
утврдено), ОП (лични обврски-непреносливо со смрт на налогопримачот; лично право на
надомест на штета-непреносливо ако е поради смрт на близок/повреда на тело), НП (забрана
за непреносливост на наследни права)
 ЕДИНСТВО НА ГП МЕТОД – кумулација на овие 4 принципи е неопходна бидејќи некои се
наоѓаат и во др.правни гранки (пр.слободна иницијатива кај семејно право)
-само преносливост ја нема кај други правни гранки; потребни се сите за класифицирање на
ГПО (можни се отстапувања, но не ако ја променуваат правната природа на ГПО)

ДРУГИ ПРИНЦИПИ – корекција на основните 4 принципи


 ПРАВИЧНОСТ – отстапување од еднакво третирање на субјектите во ГПО
-цел-потсигнување општествена релативна еднаквост (намалување нееднаквост на
учесниците во ГПО)
-Групче (неутрализира имотни разлики на учесниците), Галев (не смее да се преминат
границите на позитивното ГП)
-правна категорија со социјално-економска содржина која треба да се користи само како
коректив
-СП-доделување на објектот (изграден на туѓо земјиште) и земјиштето на совесниот градител,
при совесност и на градителот и на сопственикот на земјиштето, и еднаквост меѓу вредноста
на објектот и земјиштето
-ОП-надомест на штета сторена од малолетник ќе ја плати родителот
-НП-целосно наследство на родителите, ако еднаква распределба би ги осиромашила
(исклучување на брачен другар)
 ПРАВНА СИГУРНОСТ – овозможува нормално одвивање на прометот (огледување на 2
начина)
-преку постоен правен систем кој треба да е релативно непроменлив (забрана за
ретроактивност; интертемпорално право); тешко во РМ-конкуренција на закони кои
уредуваат иста материја
-преку почитување на обврските настанати преку договори или закон
-СП-носителот на послужната ствар мора да се воздржи од дејства кои на неа ги врши
носителот на привилегираната ствар
-ОП-договорите треба да се почитуваат така како што се склучени (мора да извршат обврска)
-НП-наследниците ќе гарантираат за скриените недостатоци во делот на секој наследник
-правна заштита-облик на правна сигурност при доброволно вршење на обврските;
застареност-губење на ова право поради пропуштен рок, дејствува превентивно, ја нема во
СП (исклучок-ако сопственикот не се грижи за стварта, оди кај трето лице кое совесно ја држи
стварта)
-отстапување: ако околности по склучениот договор отежнуваат исполнување обврски, тој ќе
се измени/раскине
-средства-форма на договор (утврдува каков е договорот), принцип на јавност (пр.присуство
на сведоци при склучување), јавно регистрирање (во јавни книги)
 СОВЕСНОСТ И ЧЕСНОСТ – субјективна состојба за тоа дали субјектот е свесен за правната
положба во која се наоѓа
-несовесност-сака да ја одржи ситуацијата во која се наоѓа која не е во согласност со ОГП
-СП-совесниот градител на туѓо земјиште стекнува право на сопственост на земјиштето и
градбата, при несовесен сопственик на земјиштето
-ОП-несовесниот кој е виновен за склучување ништовен договор му одговара на совесниот
договарач за ништовноста
-НП-нечесност води кон недостојност за наследство (пр.лишување оставител од живот,
присилување тестамент, криење тестамент, не го издржувач/не дал нужна помош на
оставителот); сонаследниците одговараат ако трето лице намали нечиј дел

You might also like