You are on page 1of 22

ПРАВОТО НА

СОПСТВЕНОСТ ВО
ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА

Ментор: Игор Камбовски Кандидат: Павлинка


Петрова, број на индекс 072251
● Правото на сопственост е универзално човеково право на кое му се дава големо
значење во меѓународните конвенции.

● На меѓународно ниво правото на сопственост е гарантирано со Универзалната


декларација за човекови права (чл.17) и Повелбата на основните права на Европската
Унија (чл.17).

● Во правниот систем на Република Северна Македонија правото на сопственост е


регулирано со:
-Уставот на Република Северна Македонија,
-Законот за сопственост и други стварни права (општ закон), и
- други специјални закони кои уредуваат определени прашања на сопственоста.
Уставни гаранции на правото на сопственост

Меѓу другите основни темелни вредности на уставниот поредок на РМ е и правната заштита


на сопственоста.

Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста создава права и обврски и


треба да служи за добро на поединецот и на заедницата. Никому не можат да му бидат одземени или
ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес
утврден со закон. Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на
сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност .

Странско лице во Република Македонија може да стекнува право на сопственост


под услови утврдени со закон.

На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно


изнесување на вложениот капитал и добивката. Правата стекнати врз
основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон
или друг пропис.
Правото на сопственост според Законот за сопственост и други
стварни права

Во Законот за сопственост и други стварни права се


разработени основите на правото на сопственост, неговото
стекнување, неговата заштита и неговите ограничувања.

Правото на сопственост е главно


стварно право.

,,Сопственикот има право својата ствар да ја држи,


целосно да ја користи и да располага со неа по своја
волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на
некое право на друго лице” – чл. 8, ЗСДСП
Правото на сопственост во својата правна содржина се состои од
три елементи:
►Овластување за држење на стварта

►Овластување да се користи стварта

►Овластување за располагање со стварта


Карактеристики на правото на сопственост

Апсолутност Единственост Трајност

Исклучивост Рекадентност
,,Секој е должен да се воздржува од повреди на правото на сопственост на друго лице’’

ERGA OMNES

- Општи ограничувања - Посебни ограничувања


Објект на правото на сопственост

,,Ствар, е дел од материјалната природа што може да биде во власт на човекот и што
може да се индивидуализира.”

подвижни и прости и сложени


недвижни ствари ствари главна и споредна
ствар

ствари од општ интерес за


Република Македонија
Основни облици на правото на сопственост

Државна сопственост
Приватна сопственост

Сопственост на единиците на
локалната самоуправа
Подоблици на правото на сопственост

- Повеќе носители на правото на сопственост

Сосопственост Етажна сопственост

Заедничка
сопственост
Сосопственост

● Сосопственост е сопственост на повеќе лица кои имаат


право на сопственост на неподелена ствар на која делот на
секој од нив е определен сразмерно според целината
(идеален, сосопственички дел).

- Секој сосопственик има идеален, замислен дел

- Право на првенствено купување


- Право на управување

- Право на делба
Заедничка сопственост

● Заедничка сопственост постои кога повеќе лица имаат право на сопственост врз неподолена
ствар така што нивните делови се определиви, но не се однапред определени.

- Заедничка сопственост во брачна заедница

- Заедничка сопственост во вонбрачна заедница

- Заедничка сопственост во наследничка заедница

- Заедничка сопственост во семејна заедница


Етажна сопственост

● Етажната сопственост претставува право на сопственост врз


посебните делови од згради.

,,Станови, деловни простории, визби, гаражи и други посебни


делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе
станови, односно деловни простории и други посебни делови
можат да бидат во сопственост на различни физички или правни
лица (етажна сопственост). “
Стекнување на правото на сопственост

►Оригинерно стекнување

►Деривативно стекнување

Правни основи за стекнување на правото на сопственост :


-законот,
-правна работа (правно дело),
-наследување, и
–одлука на државен орган.
Стекнување право на
сопственост врз основа на
закон
○ Со создавање нова ствар ○ Со стекнување сопственост од несопственик

○ Со мешање и спојување ○ Со припојување и таложење

○ Со градење на земјиште ○ Со окупација

○ Со одржувачка ○ Со промена на коритото на водотек и со создавање остров

○ Со одвојување на плодовите
Стекнување сопственост врз
основа на правно дело
○ Врз основа на допуштено правно дело чија цел е стекнување сопственост , сопственоста
преоѓа од дотогашниот сопственик на стекнувачот, на начин определен со закон.

○ Правните дела со кои се стекнува сопственост на недвижност, покрај суштествените


елементи кои треба да ги содржат, тие мора да бидат склучени во писмена форма .
Стекнување сопственост со
наследување
○ Правото на сопственост на ствар се стекнува со наследување во моментот на отворање на
наследството на имотот на умрениот, ако со закон поинаку не е определено.

○ По правосилноста на решението за наследување, наследникот има право да побара


запишување на правото на сопственост на недвижност во јавна книга.
Стекнување сопственост со
одлука на државен орган
○ Со одлука на суд или на друг орган се стекнува сопственост во случаите и
под условите определени со закон

○ Правото на сопственост кое се стекнува на овој начин се стекнува во


моментот на правосилноста на судската одлука, односно конечноста на одлуката
на друг орган.
Заштита на правото на сопственост

● Сопственичка тужба за поврат на стварта – Actio rei vindicatio

● Тужба на претпоставениот сопственик – Actio Publiciana

● Тужба поради вознемирување на сопственоста – Actio negatoria

● Тужба за заштита на сосопственоста, односно заедничка сопственост

● Деклараторна тужба

● Излачна тужба
Престанок на правото на сопственост

Пропаѓање на стварта
Апсолутен престанок
Напуштање на стварта

Релативен престанок ,,Правото на сопственост што определено лице го има врз


определена ствар, престанува (за него) кога друго лице ќе го
стекне тоа право”
Заклучок
● Правото на сопственост е многу значајно како во меѓународните
инструменти за заштита на човековите права, така и во домашното
законодавство.

● Основно право од корпусот на социо-економски права

● За разлика од другите стварни права, содржи најшироки


овластувања на носителот на правото врз стварта како објект на
ова право.

● Заштитата на правото на сопственост главно се обезбедува


со сопственички тужби
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

You might also like