You are on page 1of 7

ВЛАДЕНИЕ (possessio) – физичка власт над стварта

-possessor - ја има стварта, без разлика како ја добил (право на сопственост,


правна работа со сопственикот, привидно валидна правна работа,
противправно дејство)
 Видови
o Природно - изведено од правна работа со сопственикот; признавање
дека не се сопственици; заштита од сопственикот
o Цивилно (интердиктно) - изведено од привидно валидна правна
работа/противправно дејство; имаат волја да ја задржат стварта; заштита
со интердикти
o Изведено (меѓу природно и цивилно) - долгорочен договор за закуп на
земјиште, договор за pignus, precarium, ususfructuѕ; заштита со
интердикти
o Формално правилно (justa) – вид на цивилно владение; со правна
причина што при редовен тек би предизвикала право на сопственост, но
сега не предизвикува поради недостаток.
o Формално неправилно (injusta) – вид на цивилно владение; на вициозен
начин со сила, потајно, насилно, одбива да ја врати на господарот.
o Possessio bonae fidei – вид на формално правилно владение; држателот
не бил свесен дека основата на здобивањето не е полноважна (не може
да се пренесе сопственост)
o Possessio malae fidei – вид на формално правилно владение; држателот
ја знаел причината поради која не можел да се здобие со право на
сопственост.
 Содржина
-природно – изразена во правната работа која претходела на
засновувањето владение; овластување да употребува, прибира плодови,
двете, само да чува и да ги прибира во туѓо име;
-possesio bonae fidei – прибирање плодови, трошење во своја полза;
сопственост на плодови при сепарација, подоцна при трошење;може да
се стекне сопственост преку одршка;
-possessio malae fidei – заштитени спрема сите лица, освен спрема
сопственикот (кој со rei vindicatio ја бара својата ствар)
 Заштита
o Интердикти – куси и условни налози издавани од римски магистрати
(наредба некој да стори или пропушти нешто)
-за заштита на владение – uti possidetis (за недвижности; барање да
престане со употреба на сила; ако налогопримачот не се покорел, бил
принуден на тоа), interdictum utrubi (за подвижни ствари; може да бараат
само ако владееле со предметот поголем дел од годината и не се
здобиле на вициозен начин)
-за враќање на владение – interdictum unde vi (земено со сила;
interdictum de vi armata-достапен за сите, interdictum de vi privata-
достапен за совесни владетели, Јустинијан ги обединил), interdictum de
precario (прекаристот не сакал да им го врати предметот во precarium)
o Причини за заштита: ред и мир; интерес на сопствениците (побрза
заштита); владеачките слоеви биле владетели на ager publicus, а не
сопственици.
 Владение врз право – се појавува со појава на долгорочни закупи на
земјиштеи признавање на интердиктна заштита на титуларите на
земјишни службености
-се сметало дека имаат лицата со волја да користат некое право во свој
интерес, кои стварно го користеле
-волјата да се служи со туѓо право одговарала на волјата за поседување
ствар, а користењето на такво право било сфатено како физичка власт врз
телесен предмет.

СТВАРНИ ПРАВА ВРЗ ТУЃИ СТВАР (jura in re aliena) – во случаи кога


сопственикот или врз основа на склучена спогодба или на било каков друг
начин предвиден со правото биле должни да трпат влијание врз своите
ствари и на несопствениците да им допуштат непречено со нив да се
ползуваат (целосно/делумно), без правна можност да го спречат тоа.

СЛУЖБЕНОСТИ – самостојни, трајни, безусловни, пасивни и бесплатни


задолженија на сопственикот кој или бил лишуван од овластување да го
спречува титуларот на службеноста во целосно/делумно користење на
стварта или бил должен да не ползува некоја ствар на одреден начин.
-го овластува титуларот бесплатно, целосно/делумно, доживотно, наследно
да користи туѓа ствар
 Нужни претпоставки – трајност (објективно-трајна потреба за користење
на стварта за подобра експлоатација на своето земјиште; субјективно-
траењето на животот на титуларот), пасивност на сопственикот (освен кај
потребни поправки на послужен ѕид), се користи само за одредените
цели, неотуѓиво право.
 Видови
o Земјишни – стварни права врз туѓи земјишта засновани во полза на
сопственикот на повластеното земјиште; потребно е економското
оправдување-за подобро искористување на земјиштето; неделиво
право
 Селски (jura praediorum rusticorum) – за подобрyвање на
селскостопаанското производство на повластениот имот
-службеност на пат-обезбедување непречен пристап за сопственикот
на земјиштето (iter-пеш да помине, actus-со коњ, via-со кола)
-службеност на вода-обезбедување непречено снабдување со вода од
имотот (aquae ductus-снабдување преку имот, aquae haustus-
снабдување од имот, pecoris ad aquam adpulsus-напојување добиток од
имот)
-servitus harenae fodiendae (вадење песок од туѓ имот), servitus pascendi
(истерување добиток).
 Градски (jura praediorum urbanorum) – за подобрување на состојбата
на градежните парцели и постојните градби
-службеност на потпирање-употреба на туѓ ѕид/зграда за потпирање на
зградата на своето земјиште
-службеност на простор-протегнување делови од зградата во туѓ
воздушен простор
-службеност на видик-да не попречи осветлување на зградите на
повластениот имот, да не гради згради што би го расипале погледот
-службеност на истекување-одведување собрани течности преку
повластениот имот.
o Лични – стварни права врз туѓи ствари во полза на индивидуални лица;
доживотни; на товар на сопственикот; предмет-сѐ in comercio и in
patrimonio
 Плодоуживање (ususfructus) – бесплатна и доживотна употреба на туѓа
ствар и собирање нејзини плодови
-по завршување, стварта се враќа на сопственикот суштински
неоштетена
-плодоуживање врз непотрошни ствари-сопственост врз плодовите при
перцепција; строго лична природа-најдоцна важи до смрт; може да
овласти трето лице да го користи; обврски: зачувување суштина,
трошоци за одржување, гаранција за реституција, реституција
-плодоуживање врз потрошни ствари (quasiususfructus)-сопственост на
предметот; по истек, имал обврска да врати исто количество истородни
ствари или нивната имотна вредност; за ова положувал кауција
ususfructuaria.
 Употреба (usus) – бесплатна и доживотна употреба на туѓа ствар и
собирање онолку плодови колку што се потребни за задоволување на
своите потреби и на потребите на потесното семејство; должен е што
помалку да пречи на сопственикот; не смее да овластува трето лице на
употреба.
 Право на стан (habitatio) – бесплатна и доживотна употреба на туѓ стан
за лични и семејни потреби; има право да го издаде под наем (тогаш
задржува наемнина); најчесто настаната со тетамент или легат,
универзалните наследници имаат сопственост на зградите, а
сингуларните наследници имаат право на доживотно живеење во нив.
 Operae servorum vel animalium – бесплатно и доживотно ползување со
работна сила на туѓи робови и туѓ работен добиток; може да ги дава
под наем.

ДОЛГОРОЧНИ ЗАКУПИ НА ЗЕМЈИШТЕ – изведено владение врз закупениот


имот и овластување трајно да го искористува, да ги собира неговите плодови
и да го пренесува ова право под услов да плаќа закупнина
 Jus in agro vectigali - користење туѓо земјиште во свој интерес со обврска
да плати vectigal (наследно, преносливо); заштита со actio vectigalis и
посесорни интердикти против секој вознемирувач (дури и сопственикот)
 Емфитеуза – за земјиште со променета култура или досега необработено;
емфитеутот извесно време не плаќал ништо, а потоа canon (помалку од
vectigal); заштита со rei vindicatio/посесорни интердикти; во време на
Јустинијан закуподавецот имал право на првенствено купување, ако не го
искористел добивал 2% од цената, право на уредно плаќање данок,
одржување во добра состојба; правата на емфитеузата се гаселе ако 3г не
плати закупнина/данок.
 Superficies - право да подигне зграда врз туѓо земјиште и да ги употребува
додека плаќа solarium; заштита со rei vindicatio utilis и interdictum de
superficiebus; настанато поради потреба сопственоста на градежното
земјиште да остане кај дотогашните сопственици, а градбата и употребата
на тоа земјиште да може да се пренесе на други лица.

ЗАЛОЖНИ ДОГОВОРИ – договори врз основа на кои должникот гарантира на


доверителот (со свои ствари) навремено исплаќање (споредни договори)
-доверителите што при кредитните работи му го одложувале на должникот
на определено реме вршењето на обврската, барале обезбедување дека по
истек на рокот, обврската ќе се изврши
-персонално обезбедување-покрај должникоти други гарантирале дека
долгот ќе се исплати
-реално обезбедување-ствари служат како гаранција дека долгот ќе се
исплати навреме
 Fiducia cum creditore - склучен со in jure cessio; должникот го пренесува
предметот во сопственост на доверителот, обврзувајќи го да му го врати
ако уредно ја исполни обврската; pactum fiduciae (спогодба) - нема
правна заштита, но после се вовела actio fiduciae (за должници спремни
да исполнат обврска да бараат враќање на предметот или надомест)
 Рачен залог (pignus) – предавање подвижна/незаменлива ствар како
гаранција
-jus distractionis (доверителот е овластен да ја продаде и со тоа да го
наплати долгот), jus possidendi (доверителот добива владение),
доверителот може да бара надомест на трошоци за одржување, ако не
може да го продаде смее да бара сопственост од државни органи;
должникот може да бара чување, неупотреба, враќање, добивање на
разликата меѓу цената за која се продала стварта и долгот;
-заштита: на доверител (посесорни интердикти, actio quasi serviana), на
должник (rei vindicatio, actio publiciana)
 Хипотека – заложен договор дека примарната обврска ќе се исполни
уредно, врз основа на кој доверителот се здобива со право по доцнењето
на должникот да бара владение врз заложената ствар, да ја продаде и да
го намири побарувањето
-настанок: со спогодба, јавни исправи (pignus publicum), приватни
исправи (имаат иста сила како јавните ако има потпис од 3 сведоци)
-видови: договорни, молкумни (преку обичаи), изрични законски (со
прописи од римски императори-хипотека на инвеститор врз предмет на
инвестирање, хипотека на државата врз имот на должник на јавни
давачки); посебни (точно определена ствар),општи (цел имот)
-предмет: класично време (само телесни), посткласично време (телесни и
бестелесни ствари);цели имотни маси, цел имот
-кумулација на хипотека (повеќе доверители врз ист предмет) – оној што
е прв е правно посилен; рангирање на хипотеките (привилегирани
генерални и изрично законски, други изрични законски, молкумни,
хипотеки со јавна исправа, хипотеки со приватна исправа, хипотеки со
спогодба); прво се исплаќале доверителите од повисок ранг;jus offrendi-
право на пониските да ги исплатат повисоките и да можат тие да го
продадат предметот
-доверителите имаат право по доцнењето да бараат владение, по што
морале да организираат јавна продажба; од добиената цена си го зема
побарувањето, а остатокот оди кај пониските, па кај доверителите без
хипотекарно право, па кај должникот
-може да се добие право на сопственост ако не може да го продаде со
решение од државен орган
-заштита: на доверител (interdictum salvianum-добивање владение, actio
serviana-ако пониски добиле владение), на должник (exceptio doli,
exceptio заснована врз plus petitio tempore, interdictum de migrando-
неоправдани барања за владение, пречки)
-престанок: исполнување обврска, продавање предмет, физичко
пропаѓање на предмет, конфузија, одрекување од хипотекарен
доверител, долго невршење, застарување.

You might also like