You are on page 1of 2

1 група

1.КАРАКТЕРИСТИКИ НА СТВАРНИТЕ ПРАВА И ОБЈАСНИЈА ЈА ЈАВНОСТА.

Карактеристики на стварните права се: стварноправноста, апсолутноста и законската


определеност како и специјалноста, јавноста, трајноста и правото на првенство.

Јавноста или публицитетот означува одбележување на припаѓање на стварите на некој субјект. Кај
движните ствари јавноста ја има во владението како фактичка власт врз стварите, а кај недвижните
во запишувањето во јавните книги за запишување на правата на недвижностите.

2. ОСНОВНИ ОБЛИЦИ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ И ДА СЕ ОБЈАСНИ ДРЖАВНАТА


СОПСТВЕНОСТ.

Во РСМ постојат 3 облици и тоа приватна сопственост, државна сопственост и сопственост на


единиците на локалната самоуправа.

Во државната сопственост спаѓаат општествените средства директен наследник е државата,


природните богатства на државата кои можат да се дадат на користење на други субјекти под
концесија, јавните претпријатија, стварите кои ги користат и со кои располагаат државните органи
во РСМ. Државната сопственост ја опфаќа сопственоста на локалната самоуправа. Државната
соственост може да се реализира и тоа: државата има право на користење на стварите во
државната сопственост, државата има право на располагање, стварите во државна сопственост
кои РСМ не ги набавила може да се дадат на користење на други државни органи, да се продадат,
да се разменат или да се дадат во закуп. Тоа право го има Владата на РСМ по пат на јавно
наддавање, државата има право на размена на недвижни ствари, има право да даде во закуп
недвижни ствари што не се користат, да издаде во закуп и недвижни ствари. На стварите во
државна сопственост се води евиденција. Недвижните ствари се евидентираат во Евидентна книга
за недвижни ствари во Државниот завод за геодетски работи. За недвижните ствари за кои не се
знае основата за стекнување на правото на сопственост се евидентираат во Катастарот.
Запишувањето на правата и интересите на државните органи го врши Државниот правобранител
на РСМ. За движните ствари се води сметководствена евиденција.

3.ПОДБОЛИЦИ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ (наброј) И ОБЈАСНИЈА ЗАЕДНИЧКАТА


СОПСТВЕНОСТ.

Подоблици се сосопственост, заедничка сопственост и етажна сопственост.

Заедничка сопственост е сопственост на повеќе лица на неопределена ствар и нивните делови не


се поделени. Тоа може да е од причини како што се природата на односите меѓу сопствениците на
стварта, од наследна заедница, последица од неделивоста на стварта и друго. Заедничката
сопственост може да се трансформира во сопственост ако нивните делови бидат како идеални
делови од едно еднинствено право. Заедничка сопственост во семејна заедница е имотот со кој
спогодбено управуваат и располагаат со заедничкиот имот, тука брачниот другар не може
самостојно да располага ниту да го товари со правно дело меѓу живите.

4.ОБЈАСНИ ГИ ПОИМИТЕ ПРИПАДОК И ПРИРАСТОК НА СТВАРТА


Според намената стварите се делат на главни и споредни ствари. Главна ствар е онаа ствар која е
економски значајна во однос на другите ствари кои служат за нејзино користење (трактор во однос
на приклучните машини, брава и клуч, наочари и футрола, компјутер и принтер). Споредна ствар е
ствар кој служи на главната ствар за остварување на нејзината цел, но е со помало економско
значење. Таа кон главната ствар може да се јави како прирасток и припадок. Прирастокот е
споредна ствар која физички поврзана со главната ствар (шумата и почвата) а припадокот исто така
е споредна но самостојна ствар, која трајно и служи на главната ствар но не е физички поврзана со
главната ствар (компјутер и печатач).

5.СТВАРИТЕ ВО ОПШТА УПОТРЕБА КАКО СТВАРИ ОД ОПШТ ИНТЕРЕС НА РСМ

Уставот на РСМ предвидува дека сите природни богатства, растителниот и животинскиот свет,
стварите од општа употреба, градежното земјиште, шумите, земјоделското земјиште, пасиштата,
водите, како и стварите и објектите од културно и историско значење определени со закон се
ствари од општ интерес на Републиката. Ствари од општ интерес можат да бидат предмет на
правото на сопственост на државата, односно на физички и правни лица а ствари во општа
употреба се ствари во државна сопственост кои ги користат сите физички и правни лица каде со
закон се уредуваат начинот и условите под кои определени ствари можат да се отстапат на
концесија, краткотраен или долготраен закуп. Државните шуми не се предмет на продажба, тие
можат да се заменат со приватна, а градежното земјиште може да биде сопственост на РСМ и на
домашни и странки физички и правни лица кое може да се оттуѓува и дава под долготраен или
краткотраен закуп со јавно наддавање, по понуда и спогодба. Стварите во општа употреба
претставуваат добра која по својата природа и намена служат за општа употреба како што се
пасиштата, улиците, јавните сообраќајни површиви, водите, парковите, гробиштата, јавните
плоштади, пристаништата и друго. За нив се грижи и со нив управува РСМ, ако поинаку не е
определено со закон.

6.ВИДОВИ ВЛАДЕНИЕ (наброј) И ОБЈАСНИ ГО СОВЕСНОТО ВЛАДЕНИЕ

Постојат непосредно, посредно, законско и совесно владение.

Совесно владение е ако држателот незнае или неможел да знае дека нема правна основа да врши
фактичка власт врз стварите. Стекнувачот е во заблуда дека тој е носител на право и не е свесен
дека постои несогласнот меѓу фактичка власт на стварта и правната состојба на работите.
Совесноста претставува во моментот кога владетелот ќе дознае дека владението не му припаѓа.
Совесноста на лице кое има законски застапник се определува според совесноста и постапувањето
на застапникот, а совесноста на владението на правно лице е според совесноста и постапувањето
на она физичко лице кое за тоа правно лице е овластено и има дејства на стекнување или
извршување на неговото владение.

You might also like