You are on page 1of 2

Тест 6

1.На кој начин може да престане правото на сопственост

-Сопственикот го остварува своето право на сопственост во согласност со природата и


намената на стварта како и со општиот интерес утврден со закон. Забрането е вршење на
право на сопственост спротивно на целата заради која е со закон признато и установено , или
спротивно на моралот на општеството. Правото на сопственост не смее да се врши со цел на
друг да му причини штета.

2.На подрачјето на стварноправните односи, слободната иницијатива се изразува во тоа

Дали едно лице ќе прибави власт на една ствар (целосно или делумно) пришто

Слободната иницијатива му овозможува на носителот овластувањата кои ја сочинуваат

Нејзината содржина (држењето, користењето, располагањето, управувањето) да ги врши

По своја слободна волја;

3.Што претставува деловната способност и кога се стекнува ( кај физичките и правни лица)

Физичко лице со деловна способност се стекнува со навршување на годините на полнолетство


и во други случаи предвидени со закон. Видови на деловна способност: потполна деловна
способност, делумна деловна способност и потполна деловна неспособност Полнолетството се
стекнува со наполнување 18 години од живот кога полнолетното лице се здобива со деловна
способност.

Физичко лице се стекнува со правна способност во моментот на неговото раѓање , а правното


лице во моментот на неговото настанување уредено со закон. Детето треба да е родено живо,
наследник може да биде само лице кое е живо во моментот на отварање на наследството.

4.Кои се потрошни, а кои се непотрошни ствари

- Потрошни ствари се оние подвижни и заменливи ствари кои со нивната прва употреба се
трошат(животни намирници, пари, горива). Непотрошни ствари се оние подвижни и недвижни
ствари кои може продолжено да се користат(земја, згради,возила)

7.Што претставува сосопственоста

-Сосопственост е сопственост на повеќе лица кои имаат право на сопственост на неподелена


ствар на која делот на секој од нив е определен сразмерно според целината ( идеален
сосопственички дел). Кога предмет на правото на сопственост се плодносни ствари, плодовите
и другите приходи од нив се распоредуваат меѓу сопствениците сразмерно на големината на
сопственост може да се заснова и на ствар која се наоѓа во различни облици на сопственост
( мешана сопственост).

8. Определувањето на поимот на граѓанското право се правни врз основа на два


критериума и тоа:

1. определување на предметот на изучувањето на граѓанското право;

2. утврдување на методот на уредување на општествените односи кои го сочинуваат

граѓанското право, како објективно право

- Предмет на граѓанското право се пред се општествените односи кои имаат имотен

Карактер, а во кои носителите ( физичките лица од една страна и физичките и правните

Лица од друга страна), врз основа на нивниот граѓанскоправен субјективитет, се

Стекнуваат (во текот на животот или со смртта на физичко лице) со признаена непосредна

Власт на стварите како и со признаена од правото власт да бараат нешто од другата страна

Во прометот

You might also like