You are on page 1of 1

Способности на правното лице во процесното право

Правните лица покрај тоа што можат да учествуаат во граѓанскоправните односи и да се


стекнуваат со граѓански субјективни права и обврски исто така можат да учествуаат како
субјекти во граѓанските судски постапки, односно да тужат, да бидат тужени или да
остватуваат свои права и правни интереси во тие постапки. Правните лица за да бидат субјекти
во граѓанските судски постапки треба да имаат: способност да се биде странка, парнична
способност, постулациона способност, процес на легитимација и каузална легитимација. 
а) Способноста да се биде странка претставува апстрактна правна можност определено лице
да се јави во својство на тужител или тужен во било која парнична постапка. Таа поризлегува
од одредбите на Законот за парнична постапка кој вели дека странка во постапката може да
биде секое физичко и правно лице. Цивилната докторина вели дека способноста да се биде
странка е пренесување на правната способност на теренот на процесното право. Правната
способност и способноста да се биде странка не се исти бидејќи способноста да се биде странка
има свои специфики, како на пример фактот дека таа е единствена категорија на процесното
право и може да ја стекнат и определени здружувања кои не се правни лица и ја немаат таа
способност. За разлика од правната способност која кај правните лица секогаш е ограничена по
обем, способноста да се биде странка е неограничена.
б) Парничната способност е способнот на странката самостојно, по своја волја да презема
процесни дејствија во парничната постапка. Цивилната доктороина ја смета како пренесување
на деловната способност на теренот на процесното право, но за разлика од деловната
способност, парничната пртставува единствена категорија. Парничната способност правните
лица ја стекнуваат во моментот на нивното настанување, кога ја стекнуваат и ограничената
правна и деловна способност. За разлика од нив парничната способност е неограничена.
Постои дилема дали правните лица имаат парнична способност бидејќи учестуваат преку свои
застапници, но преовладува мислењето дека имаат бидејќи преку нив тоа правно лице го
остварува својот правен субјективитет. Законот за парничната постапка дава можност на
физичките и правните лица да именуваат полномошници. 
в) Постулационата способност е способност на субјектот самостојно и непосредно да
превзема процесни дејствија во постапката. Оваа способност се смета дека ја има секој
субијект којшто има парнична способност. Во определени случаи субјектите кои имаат
парнична способност може да немаат постулациона способност. Причини за ова се правните и
фактичките пречки, во овие случаи со закон се пропишува задолжително застапување на
правните лица од страна на овластени субијекти.  
г) Процес на легитимација е постоење на материјално-правно овластување за водење на
парница или постоење на правен интерес кај тужителот да поведе определена парнична
постапка против определено лице како тужен. Таа може да биде активна, кога правното лице
е тужител и прасивна кога правното лице е тужено.
д) Стварната односно каузалната легитимација е израз на материјално-правната поврзаност
на странките во постапката со предметот на спорот одностно тужбеното барање. Правното
лице како тужител има каузална легитимација кога е носител на правото, а како тужен кога е
носител на обврската во правниот однос. Од постоењето или непостоењето на каузалната
легитимација зависи основаноста на тужбеното барање.
За способностите на учесниците во вонпарничната постапка се применуваат одредбните од
законот на парнична постапка.

You might also like