You are on page 1of 3

ТАТКОВСКА ВЛАСТ, ТАТКОВСКО И РОДИТЕЛСКО ПРАВО – PATRIA POTESTAS

Во римскиот правен поредок, родителското право не постои еднаква распределба на


одговорноста на двајцата родители. Биле воедени правни правила кои воспоставиле власт на
pater familias, спрема членовите родени во семејството – како и оние приклучени кон него како
слободни членови. Збирот од правни правила кои ја обезбедуваат власта на pater familias
спрема другите членови - alieni juris, го сочинува римското татковско право. Дури во времето на
Јустиниан ги среќаваме првите облици на родителско право.
Начини на засновање татковска власт
Patria potestas врз alieni juris може да е заснована со раѓање или со акт на воља на pater familias.
За заснивање patria potestas врз оние родени во семејството имало 2 услова:
-детето родено од жена во брак со pater familias или со машки член од неговиот domus и
- pater familias да го прифати детето како член од семејството.
Доколку еден од овие услови не бил исполнет – детето можело да биде отфрлено, осудено на
пропаст. Таа голема дискрециона власт на pater familias врз животот на децата е ублажена во
legis regiae и Законот на 12 таблици, и од тогаш врз самиот факт на раѓање во семејството
членувале сите здрави машки деца и првородената ќерка, а другите женски деца и оние
родени со дефекти сеуште можеле да бидат отфрлени.
Во класичниот период ова се менува и право на членување во семејството имаат сите деца
освен оние кои се неспособни за живот (portenta, monstra, prodigia). Оттогаш во моментот на
раѓање на дете во правовалиден римски брак, тоа станува член на семејството.
По волја на pater familias во семејството може да членуваат и лица родени надвор од него со
посвојување или позаконување.
Adoptio – посвојување на туѓо дете било често во стар Рим. Граѓаните без деца или од
економски причини посвојувале. За посвојување машко се врши тројна, а за женско една
привидна манципација. Потоа посвоителот – pater adoptans и pater familias морале со привиден
спор - in jure cession, да добијат одлука дали детето припаѓа на посвоителот. Пропишано е дека
посвоителот мора да е постар од посвоеникот најмалку 18 години и адопцијата е вршена од
императорот и потврдена со записник. Таа можела да биде adoptio plena – посвоеното лице ги
прекинува сите врски со поранешното семејство или adoptio minus plena – добивал права во
семејството на посвоителот но не ги губел правата во поранешното семејство.
Adrogatio – свечен начин на посвојување на машки лица sui juris. При овој акт извршуван пред
comitia calata, адрогираниот се откажувал од своето семејство и преоѓал во член во семејството
на посвоителот. Кога comitia calata престанале со состанување, адрогацијата е допуштена со
рескрипт на императорот и оттогаш можеле да се адрогирани и жените. За адрогацијата да е
валидна треба посвоителот да не е помлад од 60години, да нема деца, да не е посиромашен од
посвоеникот и ако посвоеникот бил малолетно лице – да му гарантира дека за тоа време нема
да го еманципира.
За време на императорот Константин воведена е legitimatio – подзаконување како нова форма
на татковска власт, што означува засновање татковска власт врз сопствени деца родени во
конкубинат. Такви деца може да се изедначат со правата на деца родени во римски брак или по
склучување на брак меѓу родителите (subsequens matrimonum), предавање на детето да служи
во курија (oblation curiae) или по милост на принцепсот (rescriptum principis).
Лична положба на лицата alieni juris
Во зачувани делови од legis regiae власта на таткото е неограничена врз синот доживотно, па тој
е допуштен да го тепа, да го принуди на работа, па и да го убие или продаде во ропство. Власта
на таткото врз своите деца и другите alieni juris вклучени во семејството била означена како
“vitae necisque potestas” – власт врз животот и смртта на alieni juris.
Patria potestas е доживотна и alieni juris немаат права спрема pater familias – од чија волја
зависеле сите домашни односи. Од тоа гледиште, меѓу alieni juris и робовите немало разлики
од правен поглед и зад затворени врати, но доаѓаат до израз надвор од семејството и во случај
на смрт на pater familias. Тогаш на слободните машки членови од домусот им се признаваат
политичките права и права на лица sui juris, како и право на наследност на имотот на pater
familias.
Личната поделба на лицата alieni juris започнува со поделба на римското семејство на
familia rustica (неопходен економски центар за животот на нејзините членови) и familia urbana
(веќе не претставува тоа). Со тоа што се губи економска важност на семејството, слабее и власта
на шефот – таткото.
Важни измени во класичното и посткласичното право е тоа што таткото веќе нема право да ги
изложува и убива своите деца односно го губи jus vitae ac necis. Доколку ја прекршел оваа
промена, освен за да убие ќерка фатена во неверство, бил строго казнет. Исто така освен во
случај на огромна беда и сиромаштија (propter nimiam paupertatem egestatemque), повеќе не
смееле да се продаваат своите деца. Таткова согласност веќе не била неопходна ни за
склучување брак, ниту еманципација. По овие промени, татковата позиција во општеството не е
само онаа која има власт, а онаа на децата само како лица со должности. Тие имале заемни
права и обврски.
Таткото може да бара почит и дисциплина, да ги воспита и да помогне во избор на занимање,
да одреди тутор, да советува при склучување брак. Децата имаат право да бидат одгледани и
воспитувани, да добијат мираз, да бараат нивниот татко да е прогласен за расипник доколку ја
загрозува економската положба на семејството со прекумерно трошење, и да добијат
наследство во случај на смрт на таткото. Во правото на Јустиниан мајката е скоро изедначена со
таткото во односите спрема децата.
Имотна положба на alieni juris
Во старото право нивната имотна положба е сосем неповолна – немале имотна способност. Се
што стекнувале било за таткото, а во правниот сообраќај дејствуваат само по волја на таткото.
Прво имотно право признаено е она за наследување.
Кога почнал да се развива стопанскиот сообраќај, шефовите на семејствата морале одделни
делови од имотот или од стопанската активност да доверат на alieni juris или на робовите. За
обврските сепак одговарал pater familias. Со негово овластување alieni juris учествуваат во
економскиот сообраќај и тоа им признавало извесна имотна способност – filius familias ex
omnibus causis tamquam cum patre familias potest. Имотно правната способност била особено
видлива во пекулиуми – peculium, односно имот доверен на стопанисување на лицата под
patria potestas. Рater familias можел секогаш да го одземе тој имот и добивката од него.
Рeculium castrense се добра стечени од alieni juris во и по повод воена служба. Тоа е proprium
patrimonum на лицата и имаат целосно право врз нив (inter vivos и mortis causa). Во време на
император Константин, покрај peculium castrense се формира peculium quasicastrense - добра
стечени од alieni juris за време на јавна служба и добрата од него се во сопственост на alieni juris
Јустиниан одредува дека alieni juris имаат право да управуваат со сите добра доверени од татко
им, сопственост и управување врз peculium castrense и peculium quasicastrense, а само
сопственост врз bona adventicia – предметите добиени од било кој друг (на што право имал и
татко им).
Престан на татковата власт
Patria potestas можела да престане со природна или со граѓанска смрт на pater familias или на
лицата alieni juris, со еманација, со здобивање висока положба во јавната служба на лицата
alieni juris, како и со недостојност на таткото за вршење patria potestas. Физичката смрт на
лицата alieni juris секогаш ја гасела татковската власт, а физичката смрт на таткото ја гасела таа
власт само спрема лицата што со него биле во прв степен на агнатско сродство, односно што со
него биле агнатски сродници од редот sui. Агнатските сродници од подалечните степени само
го менувале pater familias: тие останувале под patria potestas на она лице преку кое биле врзани
за умрениот pater familias. Patria potestas се гасела и во случај на capitis deminutio maxima и
media, независно од тоа дали се работело за capitis deminutio на лица alieni juris или за cаpitis
deminutio на шефот на семејството. Еднакво дејство врз patria potestas имала и т.н. capitis
deminutio minima. Според правилата на римското право, capitis deminutio minima настанувала
при секоја промена на положбата во семејството: minima est capitis deminutio, cum et civitas et
libertas retinetur, sed status hominis conmutatur: quod accidit in his, qui adoptantur, item in his quae
coemptionem faciunt, et in his qui mancipio dantur quique ex mancipatione manimittantur.
 Најчест случај на гаснење на татковската власт за време на животот на pater familias и на лицата
alieni juris била еманципацијата или ослободувањето од татковската власт по волјата на
семејниот шеф. Во најстаро време еманципација та ги содржела елементите на казна, бидејќи
еманципираното лице останувало без семејна заштита и било препуштено само на себе.
Подоцна еманципацијата се претворила во бенефиција за лицата alieni juris што биле особено
способни и снаодливи. Во посткласичното време еманципацијата се вршела со rescriptum на
императорот и по пат на изјава на pater familias дадена на записник пред надлежен државен орган.
Законската еманципација или ослободување од татковската власт по силата на законот во старо
време настапувала во случај кога лицата alieni juris ќе се здобиеле со положба на свештеник на
Јупитер или свештеничка на божицата Веста. Според Јустинијан, еманципацијата настанувала и
тогаш кога лицата alieni juris ќе постигнеле високи државни положби на патриции, конзули, префекти
на преторијанците, префекти на градот и сл. И за крај patria potestas може да згасне поради
недостојност на таткото, пример недостоен е оној кој го изложил своето дете или ќерката ја
подведувал или склучил инцестуозен брак.

Положба на вонбрачни деца


Вонбрачните деца на жени sui juris (spurii, vulgo concepti, adulterine, incestuosi, liberi naturalеs) се
раѓале sui juris, но немала родителска власт врз нив. Нивното издржување долго не било
регулирано, посебно кога мајката била alieni juris, дали ќе биле дел од семејството зависело од
peter familias. Во класичното и поткласичното право положбата на вонрачните деца е само
донекаде регулирана и тие имале право на алиментација од мајката и нејзините сродници,
освен ако се работело за liberi naturals – кога можеле да бараат и алиментација од имотот на
таткото доколку немал брачно потомство. Децата родени во конкубинат можеле да бидат и
позаконети – legitimatio.

You might also like