You are on page 1of 8

ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ – она што некому му припаѓа (според старо

римско право)
-долго немало поим за сопственост (секоја власт на)
-Класично право-сопственоста е полна власт над стварите; 3 групи
овластувања (jus utendi (право на употреба), just fruendi (право на
плодоуживање), jus abutendi (право да располага)); забрана за злоупотреба
на правото на сопственост
-Пандектисти-proprietas est just utendi, fruendi, abutendi re sua, quatenus juris
ratio patitur (сопственоста е право на употреба, плодоуживање, располагање
со сопствената ствар, доколку тоа го допушта правото).
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПС
Во старо римско право: сите господари на селскостопански имоти мора да
постават граница од два и пол стапки земја што не смее да се обработува и
имале право да кастрат туѓи дрвја ако на нивен имот прават сенка, оваа
оддалеченост мора да ја постават и сите господари на градски земјишта при
грдаба на згради, господарите на плодоносни дрвја чии гранки се врз туѓ
имот има право да ги собере плодовите, немаат право да менуваат природен
тек на вода, не смеат да градат зграда што ќе нанесува штета на соседот,
господарите на имот на речниот брег не смеат да попречуваат слободно
минување на другите, господарите на имот на непоправени патишта не смеат
да попречуваат минување на нивни парцели, господари на градежен
материјал не можат да бараат испорака на ствари вградении во туѓа ствар,
сопствениците на наследени имоти немаат право да располагаат неразумно.
Во класичен период: сите горе, забрана на нобилите да имаат бродови преку
300 амфори, ограничени права врз робови.
Во посткласичен период: забрана за уривање куќи поради продажба на
градежен материјал, право на рудари да отворат рудник каде ќе најдат руда,
господари на необработено земјиште под услови ја губат сопственоста во
полза на оној кој обработува, сопственост врз куќа се губи во полза на оној
кој ќе ја поправи, куријалите губеле право на промет со земјишни поседи.
ВИДОВИ НА ПС
 Според својства на носител
o Римска сопственост – утврдена во jus civile – носители се: римската
држава (како личност на јавно право-преку јавната власт; како личност
на приватно право-исти услови како други римски правни лица), римски
правни лица (колективна сопственост која припаѓала на колективно
тело), заедници (сосопственост), индивидуални римски граѓани.
o Перегринска сопственост – на жителите без status civitatis – утврдена во
автономните правни поредоци на народите.
 Според начин на здобивање
o Квиритска сопственост – во старото римско право единствено таа се
признавала, во класичното римско право се сметала за најдобра –
носители: sui juris, правни лица основани според прописи, сите жители
со целосен jus commercii); предмет: сите способни ствари (res mancipi со
свечени начини); квиритски сопственици се лица способни за
присвојување кои на соодветен начин засновале сопственичка власт врз
погоден предмет (имале право на сопственост од највисок ранг и
заштита против секој со цивилно владение врз стварта или кој му пречел
со rei vindicatio и actio negatoria).
o Бонитарна сопственост – за res mancipi без формалност станувале
обични држатели (стекнуваат квиритска сопственост по истек на 1г. за
подвижни, 2г. за недвижни ствари); до истек на рокот не може да се
спротистави на rei vindicatio и затоа се вовеле exceptio rei venditae ac
traditae (право да се спротивстави) и actio publiciana (при губење на
владение); со воведувањево се здобивале со полно право на
сопственост (преторска, бонитарна).
o Nudum jus quiritium – голо право на квиритска сопственост (право без
содржина) – поради двете нови воведени правни средства за заштита на
здобивачите, преторите направиле овластувањата на квиритскиот
сопственик да се формални; Јустинијан ги укинал разликите меѓу
бонитарна и квиритска сопственост и со тоа и голата квиритска
сопственост се укинува.
 Според место на наоѓање на земјиштата
o Провинциска сопственост – припаѓа на римскиот народ и сенатот, или
на императорот; никој од нив не ги експлоатирал земјиштата економски,
па тоа го правеле граѓани со права jus habere possidere frui licere; биле
должни да платат или на сенатот/императорот; заштитена е со
правните средства од бонитарната сопственост; разликата со другите
видови римска сопственост исчезнале кога и сопствниците на
италијански земјишта се задолжиле на данок.
o Сопственост на италијански земјишта
 Сосопственост – најпрво се појавил во конзорциумот (заедничкиот имот
припаѓал на најстарата машка генерација, секој член имал право да бара
утврдување на својот дел преку тужби, до разделувањето сечии делови
биле изразени во проценти)
-се создава која повеќе лица имаат право на сопственост врз иста ствар;
настанува случајно, по човечка волја или законски одредби
-се разрешува преку делбени тужби, деловите се изразени во проценти
-право да го подарат, продадат, дадат во мираз, под хипотека, само својот
дел под услов да не наштетат на останатите сосопственици
-потребна е согласност од сите за сѐ што би влијаело на природната,
економската,правната состојба на предметот, се јавила тешкотија бидејќи
и член со најмал процент може да спречи одлука, затоа Јустинијан вовел
начело на мнозинство (оние со повеќе од 50% удел) против кое можело
да се поднесе тужба actio de communi dividundo.

ПРИВАТНИ НАЧИНИ НА ЗДОБИВАЊЕ СОПСТВЕНОСТ


 Mancipatio – меѓу манципант и манципатор кои мора да се римски
граѓани sui juris или барем лица со целосен jus commercii; стварта морала
да биде res mancipi во сопственост на манципантот
-форма-per aes et libram-присуство на манципатор и манципант, libripens,
5 сведоци, предмет; манципантот кажува свечена изрека и удира по вага
со бакарна паричка
-манципирање туѓа ствар-може да се врати со rei vindicatio, а потоа
манципаторот може да се вклучи во спорот; манципирање земјиште со
помала големина-заштита со actio de modo agri
-Јустинијан ја укинал и заменил со терминот традиција.
 In jure cessio – здобивање сопственост во форма на привиден спор меѓу in
jure cedens (дотогашен сопственик) и vindicans (здобивач).
-еднакви услови во однос на странките со манципација; предмет може да
е секоја ствар in commercio
-форма-присуство на странките и овластен државен орган; vindicans
кажува свечена изрека и органот бара потврда од in jure cedens
-vindicans немал правна заштита ако му била цедирана туѓа ствар бидејќи
се сметало дека актот се состои од 2 дела (IJC губи секакво право врз
стварта; V го окупира тој res nullus и нема од кого да бара гаранција)
-користена при добротворни располагања (IJC не добивал еквивалент)
-во време на Јустинијан веќе не постоела.
 Одршка (usucapio) – здобивање со сопственост на лица кои владееле со
ствари што не биле нивна сопственост (со исполнување услови)
-услови: трајно владение на подвижни ствари 1г, на недвижни ствари 2г
-старо римско право: здобивање ако си sui juris со горенаведените услови;
недозволено врз украдени предмети, грабнати со сила, земјишни меѓи,
рес манципи на жена под туторство на агнати, патишта до гробишта
-класично време: предмет може да бидат сите ствари освен забранетите,
ствари добиени во precarium , провинциски земјишта, ствари на
бродоломници, подароци за провинциски магистрати; потребна била
justus titulus (правовалидна правна основа зошто го смета предметот за
свој), bona fides (при засновување на владение да не е свесен дека
основата врз која ја добил стварта содржи недостатоци; 3 исклучоци-
допуштено на граѓанин без својство на наследник, на фидуциент врз
ствари предадени на фидуцијар што тој не сакал да ги врати, при земјиште
продадено на јавна лицитација), possessio (физичко владение), tempus
(горенаведени услови)
-до прекин на одршката доаѓа со судска пресуда (новиот рок започнува од
прекинот).
 Застарување (praescriptario) – владеење од 10г (меѓу жители од иста
провинција) и 20г (меѓу жители од различни провинции);
-longi temporis praescriptio (правна установа)-одбивање на тужбата на
сопственикот ако тужениот владетел го држи земјиштето 10г/20г
(екстинктивна природа)
-посткласично време: аквизитивна природа; стопување со usucapio во
единствена установа за оддршка
-за недвижни ствари (услови од одршка, рокови од застарување), за
подвижни ствари (usucapio со рок од 3г)
-Јустинијан вовел longissimi temporis praescriptio за заштита на тие што
30г/40г владеат со туѓи имоти без правна основа.

НАЧИНИ СПОРЕД JUS GENTIUM


 Traditio (предавање на ствар) – здобивање квиритска сопственост врз res
nec mancipi, бонитарна сопственост врз res mancipi
-само со исполнување услови следела транслативна традиција: 2 субјекта
(tradens-оттуѓувач, accipiens-здобивач), волја (да оттуѓи/да земе), titulus
(правна основа која задолжува/овластува; ако нема тогаш се стекнува
само владение), предмет (сите телесни ствари in commercii во сопственост
на tradens), предавање (во старо римско право преку тело и допир,
земјиштата преку обиколување на сите делови од земјата, а подоцна само
стапнување на неа, потоа не било потребно физичко преземање и со тоа
се јавиле видовите традиција)
-traditio brevi manu (дотогшниот држател се здобива со правото и
понатаму да ја држи како сопствена поради транслативна причина),
traditio longa manu (предавање симбол од стварта или преку симболично
движење), constitutum possessorum (дотогашниот ја губел сопственоста но
по спогодба со здобивачот задржува владение; двојна традиција-од
дотогашен на здобивач, од здобивач на дотогашен)
-во време на Јустинијан станува единствен деривативен начин на
здобивање со приватна сопственост.
 Оccupatio – присвојување предмети без господар и оние чии господари
немале сопственичка заштита
-предмет: диви животни, птици, риби, скапоцени камења, острови на
морска шир, ствари на непријатели итн.); се врши од лице способно за
окупација со волја стварта да ја прибави за себе, кое физички завладеало
со предметот.
 Тhesaurus (скриено богатство) – вредносни предмети скриени одамна од
неутврдени лица
-припаѓа целосно ако го пронашол на свое земјиште или случајно на res
sacra/religiosa; се дели на еднакви делови ако го најде на туѓо земјиште
случајно; ако намерно пребарувал на туѓо земјиште не учествува во
распределбата.
 Прираснување (accesio) – при цврсто споени ствари составени од делови
кои припаѓале на различни сопственици пред спојувањето
-сопственоста преминувала на сопственикот на главната ствар, престанала
за сопствениците на споредните ствари (определено од случај до случај)
-спојување недвижни ствари: alluvio (речен нанос-постепено и трајно
зголемување на земјиште со честици однесени од туѓо земјиште;
сопственоста е на сопственикот на земјиштето до чии граници реката го
нанела), avulsio (одронување на земјиште-откинување и пренесување
цели делови; сопственоста е на сопственикот на земјиштето до чии
граници биле донесени кога растенијата ќе пуштеле корен), insula in
flumine nata (островче во матицата на реката-сопственоста е на
господарите на соседните имоти), alveus derelictus (напуштено речно
корито-сопственоста е на господарите на соседните имоти)
-спојување подвижни со недвижни: inaedificatio (секоја подигната зграда
врз едно земјиште припаѓа врз сопственикот на земјиштето), implantatio
(садење на туѓо земјиште од совесни лица; сопствениците може да се
задолжат да платат за трудот и семето)
-спојување подвижни ствари: scriptura (употреба на туѓ материјал за
пишување; во полза на господарот на материјалот), pictura (употреба на
туѓо платно; поделени мислења; Јустинијан одредил дека сопственоста е
на сликарот), tinctura (боење ткаенина со туѓа боја; главна ствар е
ткаенината), textura (вткајување туѓ конец во свое платно; главна ствар е
платното), ferruminatio (заварување туѓ материјал во своја ствар).
 Specificatio (преработка) – соединување на туѓ предмет со работните
способности на преработувачот; различни мислења за чија е
сопственоста; Јустинијан одредил дека ако преработената ствар може да
биде вратена во поранешната состојба, припаѓа на сопственикот на
предметот, ако не може да се врати во поранешната состојба, припаѓа на
преработувачот.
 Смешување на ствари – ако настанува по волја на господарот доаѓа до
засновување на сосопственички односи; ако настанува случајно или по
волја на господарот на дел од предметот, од држателот се бара враќање
на дел од материјата
-comixtio (смешување тврди ствари), confusio (смешување течни ствари)
 Присвојување на плодови – плодоносната ствар припаѓа на сопственикот
кога е во негово владение; може и да го пренел правото на собирање
плодови преку долгорочен закуп на земјиште (сопственост на закупецот
во момент на сепарација), лични службености/закуп/антихреза
(сопственост во момент на собирање; ако меѓу сепарацијата и собирањето
минало долго време, сопственоста е на сопственикот на стварта); ако е
лишен од можноста да ги користи плодовите доаѓало до владение bona
fide (совесно држење; сопственост во момент на трошење, вишокот го
враќаат) и владение mala fide (несовесно држење; без право да присвојат,
одговараат за собраните и пропуштените плодови).

ЗАШТИТА НА СОПСТВЕНОСТ – при вознемирување (одземено владение,


узурпирање права)
 Средства на квиритски сопственик
o Rei vindicatio – петиторна тужба за враќање на предметот во негово
владение
- активна легитимација има квиритскиот сопственик со одземено
владение, пасивна има владетелот на тој предмет кој може да избедне
спор со препуштање владение
-форма: во старо римско право со покренување actio per sacramentum in
rem, потоа со per sponsionem, потоа со formula petitoria
-тужителот мора да докаже: дека тужениот е пасивно легитимиран, дека
предметот е во негова квиритска сопственост (начин на здобивање
сопственост за себе и сите претходници-тешко); тужениот можел: да
врати, да именува претходник, да молчи, да се брани непрописно, да
тврди дека нему му припаѓа.
-пресуда: се одлучувало за сите побарувања по повод спорниот
предмет; тужен mala fide – враќа предмет и вредноста на сите собрани и
пропуштени плодови; тужен bona fide - враќа предмет и вредноста на
сите собрани и пропуштени плодови во моментот на litis contestatio (по
завршување на in jure)
o Actio negatoria – служи при попречено вршење на сопственички права;
најчесто за одбивање узурпации на право на службеност
-тужителот морал да докаже право на сопственост и нарушување на
сопственичките права, а тужениот докажува основа за да влијае врз
предметот
-ако тужениот не докажал, надоместува штета и положува кауција дека
нема веќе да пречи
 Средства на бонитарен сопственик
o Exceptio rei venditae ac traditae – средство за тие што се здобиле со res
mancipi преку обична традиција против rei vindicatio на квиритскиот
сопственик; мое да се употреби само ако на поранешниот сопственик
му дале/гарантирале еквивалент; ако неговото тврдење било точно,
преку одршка станува квиритски сопственик.
o Actio publiciana – фиктивна тужба при губење владение (фикцијата е во
тоа што претпоставува дека поминал рокот за одршка)
-дејство против оттуѓувачот и секое трето лице што не можело да
докаже сопственост, а предметот го примило порано од тој оттуѓувач
-ако ниедна странка не докаже сопственост, стварта останува кај
владетелот
-во време на Јустинијан се користела за заштита на совесни држатели,
носители на права од лични службености, права од долгорочни
договори за закуп на земјиште.

ПРЕСТАН НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ


-со природен настан-пропаѓање на предметот, ослободување диви животни,
бегство на роб од Рим
-по волја на сопственикот-уништување ствар, вбројување на ствар во ,
дереликција, пренесување сопственост преку правни работи
-одлука на државен орган-експропријација, конфискација, национализација
-деликтни/квазиделиктни дејства на трети лица-уништување

You might also like