You are on page 1of 10

1

1.Назив,предмет и настанување на Историјата на правото како наука?

2.Семејството бракот и сродството во првобитната заедница?

3.Примитивното право?
-Обичаите-во првобитната заедница не постоело право во право во вистинска
смисла на зборот ,како збир на норми пропишани и санкционирани од
државата,затоа што држава се уште немало и не биле создадени услови за
нејзино формирање.Подоцна со создавањето на условите за формирање на
државата и со влегување на човекот во цивилизација се создале и правните
правила,а дотогас мозе да се говори само за правила на однесување на човекот
во првобитната заедница.Тие претставувале непишани норми кои ги изразувале
интересите на целата група,се создавале низ традицијата,имале религиски
карактер и биле врзани за табуа.Злосторствата и убиствата врз поединци ги
одмаздувале членовите на родот,а световните престапи,повредата на
женидбените закони и предавничкото дружење со непријателот биле казнувани со
општа согласност.Престапите против духовите,гревовите како што биле
волшебништвото,кршење на табуата за племето биле многу поопасни од
световните злосторства.Меѓу примитивните народи таквите престапи можеле да
бидат казнети со прогонство од родот т.е од племето што било изедначено со
смртна казна.
-Правото-карактеристики на примитивното право се...1.правото регулира само дел
од опшествените односи.Првите законици биле делумни редакции на древните
традиции,закониците ги содржеле само измените на обичајното право и новите
правни норми.2.не постоела јасна систематизација на прописите ,правните
одредби од одделни гранки на правото не биле групирани на едно место,туку се
расфрале на повеќе места низ закониците.3.казуистичкиот карактерна
кодифицирани одредби.Закониците не се повикувале на правни начела,не давале
ни дефиниција на правните поими,туку содржеле одредби кои се однесувале на
конкретни случаи.4.влијанието на религијата,правото е засновано врз начелата на
божјата правда како облик на колективна свест за доброто и лошото кое имало
божествено потекло.5.објективна одговорност,значи дека старите права не воделе
сметка за субјективниот однос на сторителот спрема делото т.е за степенот на
вина.

4.Извори на правото во Месопотамија


Извори на правото во државите на Месопотамија биле...
а)Обичајното право кој бил значаен извор на правото и се засновувало врз
долговековните традиции во примена на правилата на однесување пред појавата
на цивилизацијата.
б)Судската практика или пресудите на судовите со тоа што веќе еднаш донесени
пресуди служеле како пример за решавање на другите аналогни случаи.
в)Законите биле најзначаен извор во Месопотамија.Тие делумно го кодифицирале
обичајното право,делумно го менувале и во најголем дел содржеле одредби за
регулирање на односи и случаи кои не биле регулирани со обичајното
право.Заедничко за сите нив е а)сваќањето за божественото потекло на
правото,б)сваќање дека правото не е неменливо.
2

Постоеле повеќе законици како...Законикот на Ур-Наму напишан на сумерски


јазик,Законикот на Липит-Иштар потекнува од 1930г.пр.н.е. и содржи вовед,правни
прописи и епилог,Законикот на Билалама донесен во 1720 г напишан бил на
академски јазик.Додека Хамбурабиевиот законик било најпознато правно дело кое
потекнувало од подрачјето на Стара Месопотамија.Напишан бил на камен блок на
чиј врв бил приказан Хамураби како стои пред богот на сонцето.Законикот содржи
вовед,282 члена и завршен дел.Овој законик бил пронајден во градот Суза во
Иран во 1902г.Одредбите може да се групираат на одредби за
судот,сопственоста,бракот и семејството,заштитата на личноста,трудот и
средствата на трудот.Тој е смеса на елементи од минатото и на модерни
елементи.Елементи што претставуваат остатоци од минатото се
талионот,примена на ирационални доказни средства,персонална егзекуција.Овој
законик го вовел начелото на одмазда.Модерни елементи на Хамбурабиевиот
законик се лаичкиот карактер,развиеното облигационо право,примената на
принципот на надомест на штета.
г)Наредбите и други одлики на управните органи исто така биле извори на
правото во Месопотамија,тоа биле јавни исправи коишто ги издавале
владетелите.

5.Облигационото право во Вавилон?


Развојот на обигационото право во античка Месопотамија бил обусловен од
развојот на пазарното стопанство.Градовите-држави а подоцна и империите
создавани на ова подрачје,биле земјоделски заедници во кој основна стопанска
гранка било земјоделството.Имотното раслојување и создавање на побогат слој
со растечки потреби давале поттик за развојот на уметностите и
занаетчиството.Во времето на процутот на Вавилон кој бил велеград цутеле
занаетчиството и трговијата и се плаќало со парчиња сребро кои имале
жиг.Правото во вавилон познавало облигациони правни договори како што биле
купопродажбата,закупот,наемот,заемот,оставата,ортаклакот и др.
Договорот за купопродажба е регулиран со повеќе членови на Хамурабиевиот
законик.Во договорот се наведувале предметот на купопродажба,цената и
странките како и имињата на сведоците и на писарот што го составил
договорот.Предмет на купопродажба биле подвижни ствари,недвижни
ствари,робовите како и сопствените деца.Предмет на купопродажба не можел да
биде миразот кој што таткото и го дал на својата ќерка,како и миразот на
вдовицата и стварите што ги добила како подарок од мажот.
Договорот за закуп со кој што едно лице (закуподавачач)му дава на друго
(закупопримач)определена ствар на користење на определено време со обврска
за тоа да му плаќа надомест е регулиран во одредбите од Хамурабиевиот
законик.Договорите за закуп на земја и стан биле склучувани на 1 година додека
договорт за закуп на бавча се склучувал и на 5г.
Договорот за наем е регулиран во низа членови на Хамбурабиевиот
законик.Предмет на овој договор можеле да бидат вол,магаре,кола,брод,роб.Со
законикот била утврдена висината на наемнината со што наемодавачот се
заштитувал во случај на несовесно оштетување на предметот на наемот.
Договорот за личен наем бил склучуван со слободни луѓе.
3

Договорот за заем бил регулиран со повеќе одредби чија основна цел била да се
спречи масовното осиромашување и масовно претворање на должниците во
должнички робови.Предмет на договорот за заем биле житото и парите,односно
среброто.
Договорот за остава,претставувал договор за чување на туѓа ствар за определен
надомест.За да има важност овој договор се барало да склучен во писмена
форма и со сведоци.
Договорот за налог е договор меѓу трговецот на големо и трговецот на мало за
продажба на доверената стока или за извршување на друга трговска дејност.
Договорот за ортаклак е предвиден во чл.98 на Хамбурабиевиот законик.

6.Статусното право и правото на сопственост во Египет?

7.Кривичното и мегународното право во Египет?


Казните во правото во Египет биле сурови и за цел ја имале одмаздата и
застрашувањето.Најчесто применувани биле смртната казна,казните на телесно
сакатење и тепање,тешка принудна работа,затвор и парични казни.Смртната
казна се применувала кај кривичните дела против дрзавата и религијата како и во
случаите на лажна заклетва,убиство и лажно обвинување.Телесните казни биле
чести кај измамата,кражбата,фалсификување на печат,пари.Прељубата се
казнувала со отсекување на носот на жената,а нејзиниот соучесник бил
кастриран.Иста казна се применувала и кај силувањето.Судството во Египет низ
цела негова историја останало во надлежност на административните органи.На
чело на судската хиерархија се наоѓал фараонот.Тој ја имал највисоката судска
власт и одлучувал во прв степен за делата по негов избор,или по втор степен по
жалба против одлуките на пониските судови.Постапката се одвивала во две фази
по жалба на оштетениот.Во првата фаза се утврдувала фактичката состојба,за
што се составувал записник.Како доказни средства се применувале
сведоци,исправи,увид,заклетва на сведокот и тужителот.Втората фаза била
фазата на донесувањето на пресудата од страна на судскиот колегиум на којшто
му претседавал везирот или фараонот.
Египетската правна историја ги дава и првите елементи на меѓународното
право.Тука е мировниот договор меѓу Рамзес и Хатишула.Со него била извршена
поделба поделба на сфери меѓу хетитската држава и Египет и се регулирало
прашањето за екстрадирањена виновниците.Египќаните не успеале да стигнат до
општите правни поими.Нивното право се засновало на традицијата и на религиско
моралниот поим.Тие верувале дека правото е волја на боговите,фараонот како
бог имал право да го создава и да го менува.

8.Извори на правото и статусното право во Атина?


Најстариот извор на правото бил обичајот.Во микенскиот период во Грција
поединците сами ги решавале недоразбирањата со самопомош или со обраќање
кон трета страна која функционирала како судија во спорот.Најчесто тоа бил
кралот но понекогаш тоа бил и старешината на заедницата.
4

Архонгите одлучувале за сопственоста и за семејните спорови,додека кралевите


одлучувале за надлежноста на религиските спорови и суделе за убиства.Во
архаичниот период новите барања на народот биле насочени кон донесување на
пишано право кое ќе биде достапно за сите.Законите на Дракон биле сурови и ја
пропишувале смртната казна.Дракон ја направил разликата меѓу убиство со
умисла и убиство со небрежност.Во вториот случај сторителот можел да ја
одбегне смртната казна одејќи во прогонство.Се сметало дека законите што се
однесувале на кривичното дело убиство во Атина ги донел Солон.Еден од тие
закони бил правото на секој граѓанин да поднесе тужба против деликвент во
сопствено име на некоја друга жртва на злосторот.
Според својата правна положба населението во Атина се делело на два слоја на
слободно население и на робови.Слободното население се делело на
полноправни гаѓани и метеци.Полноправни граѓани во Атина биле оние чии мајка
и татко биле атински граѓани,и тие имале политички права во Атина.

9.Кривичното право и судската постапка во Атина?


Кривичното право во Атина имало остатоци од родовско-племенското
уредување.Сторителите на кривичните дела се пресудувале врз основа на тужба
на оштетениот или на трето лице.Постоеле две тужби дике и графе.Дике ја
подигало оштетеното лице или негови роднини и постапката можела да се
прекине при што тужителот бил должен да ги плати судските трошоци.Пресудата
ја извршувал тужителот.Тужбата графе можел да ја подигне било кој
граѓанин.Оваа постапка не можела да се прекине,и трошоците на постапката
паѓале на државата.Драконовите закони правеле разлика кај кривичното дело
убиство меѓу намерно убиство,ненамерно убиство при спортски натпревар и
убиство во самоодбрана.Во кривични дела против државата спаѓале
предавството,лажење на народот,навреда на боговите и др.Во кривични дела
против семејството спаѓале сурово постапување на децата со
родителите,неверството на жената и др.Во кривични дела против личноста биле
убиството,клеветата,навредата и др.Во атинското право смисленото убиство било
пропишано со смртна казна додека ненамерното убиство со прогонство од
Атина.Основно дело против имотот била кражбата.Казната се состоела во
враќање на украдената ствар и плаќање на двоен износ на вредноста на стварта
на тужителот.Доколку кражбата била тешка и ако крадецот бил фатен ана дело му
се изрекувала смртна казна.Казните не биле исти за слободните луѓе и за
робовите,робовите биле казнувани со телесни казни.Посебен вид на казна била
атимијата која претставувала одземање на некои или на сите политички права.
Судската постапка во Атина ја поведувале само полноправните граѓани.Во името
на членовите на семејството истапувал главата на семејството.за метеците
нивниот простат,а за робот неговиот господар.Постоеле два вида на тужба дике
која ја покренувал оштетениот и графе која ја покренувало трето лице.Подоцна се
јавил слој на професионални подкажувачи кои го злоупотребувале правото на
трето лице да поднесе тужба.Пресуда се донесувала со тајно гласање,доколку
гласовите биле изедначени обвинетиот се ослободувал.По изречувањето на
пресудата се гласало зз казната.Предлози давале и тужителот и тужениот.
5

На донесените судски пресуди можела да поднесе жалба до Хелиајата,и одлуките


на Хелиајата биле конечни.

10.Организација на власта и правото во Античката Македонска држава?

11.Правото во Франкската држава.


Ова право го сочинувале...
а)Римското право кое се применувало на римското и галоримското население и
било запишано во разни компилации настанати во варварските држави.Овие
компилации се нарекувале римски закони на варварите и се применувале во
франкската држава.
б)Германското обичајно право на германските племиња кои ја населувале
франкската држава и биле запишани во збирки наречени варварски
закони.Најзначајни збирки на германското обичајно право биле Визиготскиот
закон,Бургундскиот закон,Салијскиот закон,Рипуарскиот закон.
в)Стварното право –салијскиот закон содржи одредби за заштита и за
наследување на сопственоста.Сопственоста на недвижностите во Франската
држава постоела индивидуална сопственост над земјиштето на римското и на
галоримското население.Со тек на време кај Германите се развила
индивидуалната сопственост.
г)Во облигационото право за полноважност на договорите не била потребна само
согласноста на договорните страни,туку кај некои договори морало да се изрече
свечена формула како услов за полноважноста на договорот,додека кај други се
барало предавање на стварта со тоа што често пати последното било заменувано
со симболични дејства.
д)Во семејното право власта на таткото била над жената и над неполнолетните
деца и над слугите.Ова старателство траело до 12 тата година кај машките
деца,додека над жената и на женските деца цел живот,односно додека не склучат
брак женските деца.
ѓ)Во наследното право доминирало законското наследување,тестаментот не бил
дозволен.Но подоцна се јавил еден облик на завештание-афатомија со која
оставителот можел да го измени законскиот ред на наследувањето.
е)Во кривичното право се задржале остатоци на крвната одмазда.
ж)Во процесното право постапката се подигала по правило на барање на
оштетеното лице .Доколку го признаел тужениот имотното побарување на
тужителот се донесувала пресуда,во спротивно тужителот бил должен да го
докажува своето побарување пред судот.

12.Правото во Византија-Значење и извори?


Извор на правото бил царот.Папата Агапетус го поттикнувал Јустинијан да биде
повеќе внимателен во почитувањето на законот,Лав Исавријски изјавил дека е
должност на царот да ги одржува работите како што се поставени во светото
писмо.во актите на црковните собори и во римското право.На значењето на
правото се осврнувале императорот Лав и неговиот наследник
6

Константин.Византиското право добило карактер на средновековно право како


последица на промените во опшествените односи и влијанието на црквата.
Кога се зборува за изворите на правото во Византија треба да се каже дека се
разликуваат повеќе правни акти како закони,царски
институции,новели,номоканони и повелби.Новелите биле правни акти кои ги
носеле императорите и со кои се менувале или дополнувале постоечките правни
прописи.Номоканоните биле мешани збирки на световното и на црковното право
кои што ги издавале византиските цареви и црквата.Повелбите биле
партикулирани правни акти кои содржеле правни привилегии дадени на
манастирите,на црквата.Правните акти можело да се разгледуваат во три
значајни периоди и тоа период во кој биле донесени Земјоделскиот закон и
Еклогата,период на законодавство на македонската династија кога биле донесени
збирките Прохирон,Епанагога,Василики и др. И период кога настанале две
приватни правни збирки и тоа Шестокнижието на солунскиот судија и Синтагмата
на светогорскиот монах.

13.Втор период во Византија-Законодавството на Македонската династија?


Владеењето на македонската династија започнало со доаѓањето на византискиот
престол на Василие први во 867г.Основен белег на оваа династија е тоа што го
вратила Јустинијановото право.За време на Василие биле издадени две збирки
закони Прохиронот и Епанагогата.
Прохиронот бил донесен во периодот меѓу 870 и 879 г и бил замислен како правна
збирка која требало да ја замени Еклогата во работењето на судовите.Таа
содржела 40 титули од областа на јавното и на приватното право.
Епанагогата била донесена во времето на Василие по 879г. и се потпирала на
Прохиронот.Но и покрај тоа таа содржела правни одредби.
Царските закони ги објавил како збирка на правото Лав шести 887г.и тие
претставувале натамошна обнова на Јустинијановото право.Содржеле одредби
од граѓанското од црковното и од јавното право распоредени во 60 книги.
Новелите на Лав со кој го дополнувал законодавството.Значајни биле збирката на
новели на Лав која содржела 113 одредби кои се однесувале на различни
прашања.

14.Одделни гранки на правото во Византија?


Во стварното право византиските законици ги познавале оние институции кои ги
познавало и римското право а во нив се говори за совесно и несовесно
владение,за службеностите,за наследниот закуп итн.Тука доминирала приватната
сопственост.
Облигационото право-е гранка на правото во која важело Јустинијановото
право.Тука била сочувана поделбата на облигации од договор и облигации од
деликти.
Брачното и семејното право-за склучување на полноважен брак претходело
склучување на веридба.За склучување на веридба исто така се барале истите
услови како и за склучување на полноважен брак со исклучок на возраста.
И веридбата и бракот се врчеле низ црковен обред.За полноважност на бракот се
барало навршување на определена возраст(14-12),соглсност на младите на
7

нивните родители или на старателите,непостоење на полна брачна врска на


младите и непостоење на крвно или сродство по сватоство.
Наследното право-наследувањето се вршело по законски пат и со
тестамент.Законски наследувале децата ,ако немал потомци наследувале
предците а ако немал ни предци наследувале роднини по странична линија.За
полноважност на тестаментот било потребно оставителот да е при чиста свест и
да е способен да ја изјави својата слободна волја.
Кривичното право-казните биле различни за едно кривично дело во зависност од
сталешката припадност на сторителот.Малолетните деца до 7г. и душевно
болните не се сметале одговорни за стореното дело.Постоеле повеќе видови на
кривични дела:
а)Кривични дела против државата (заверата против царот,побуната и
предавството кои се казнувале со смртна казна)
б)Кривични дела против религијата(напуштање на верата,расколот,отворање на
гробовите и пљачкање на умрените)
в)Кривични дела против имотот(кражбата,разбојништвото)
г)Кривични дела против моралот и семејството(насилниот
брак,бигамијата,прељубата,заведувањето)
д)Кривични дела против личноста(убистово кое било казнувано со отсекување на
главата,тепачката и тортурата,телесна повреда)
Видови на казни биле...Смртна казна(отсекување на главата,бесење,спалување и
набивање на колец),Телесна казна(сечење на некој дел од телото,со
ослепување,кастација,камшикување),Парична казна,Конфискација на имотот.

15.Извори на Шеријатското право со објаснување?


Како извор на шеријатското право се јавил коранот.Коранот бил основна света
книга на исламското учење,која според исламот ги содржи објавите коишто Алах
со посредство не мелекот Џабраил му ги испраќал на пророкот Мухамед и тој им
ги изложувал на луѓето.Коранот и како света книга и како извор на правото имал
највисоко значење.Тој бил составен од 114 сури(поглавја)кои се составени од
ајети(искази).Во содржината на коранот се разликувале три дела првиот дава на
визионерски јазик слики насликани со нагласени бои за крајот на светот и за
последниот суд,вториот ја изложувал судбината на старите народи и нивното
однесување кон пророците кои им биле пратени,и третиот го содржи Корановото
законодавство.
Друг извор на шеријатското право е Суната која се преведувала како обичај,начин
на живеење,пропис,одредба.
Иџма и Кијас се исто така извори на шеријатското право.Иџма е согласување во
врска со нешто и е еден од четирите основи од коишто се изведува исламската
вера.Таа се дефинира како согласност на оние кои што имаат право,потпирајќи се
на своето знаење да донесуваат сопствени судови по смртта на Мухамед,за сите
времиња и за сите прашања на верата.
Кијасот е тесно поврзан со поимот иџтихад,кој што значи да се работи до највисок
степен за да се достигне некоја цел,а во техничка смисла да се работи за да се
формулира некое мислење во некој случај или во врска со некое правило на
8

законот што се постигнувало со примена на аналогија-кијас на Коранот и на


Суната.

16.Промени во односите мегу Долниот и Горниот дом во Англија?

17.Декларација за независност на САД?


Декларацијата за независност е најзначајниот документ на американската
револуција.Таа претставувала инструмент за одвојување на американските
колонии од англиската круна.Декларацијата била донесена на 4 јули 1776г.од
страна на вториот континентален конгрес одржан во Филаделфија.Била напишана
од страна на Томас Џеферсон кој подоцна бил избран за потпрецедател и
прецедател на САД.Во почетокот на декларацијата било јасно дека таа била
пишувана под силно влијание на школата на природното право,и биле вградени
дел од основните начела на оваа школа како правото на еднаквост,правото за
живот,слобода и потрага по среќа,правото на побуна итн.Во Вториот најдолг дел
на декларацијата биле наведени 30 злоупотреби извршени од страна на
англискиот крал Џорџ против правата и интересите на американските колонии.Во
третиот и завршен дел од декларацијата било објавено раскинувањето на
политичките врски меѓу колониите и Англија како резултат на извршените
неправди и се прокламирало правото на обединетите колонии да бидат слободни
и независни.И од тој момен колониите ќе имаат целосен капацитет да објавуваат
војна,склучуваат мир,основаат сојузи,да воспоставуваат трговски односи,и да ги
извршуваат сите други надзежности како која било независна држава.Со
потпишувањето на овој документ дошол крајот на англиската власт во
колониите.По донесувањето на Декларацијата аскалирала војната меѓу
американските сили и англиската војска.Како резултат на неподготвеноста на
американските сили ,англиската војска имала големи успеси на
почетокот.Американските сили биле консолидарни што во голема мерка се
должело на военото искуство на Џорџ Вашингтон со судирите со индијанците како
и на воената помош која почнала да пристигнува од европскиот континент.За
време на војната за независност САД добиле воена помош од старите противници
на Британската Империја во Европа-Франција и Шпанија.Русија имала неутрален
став.Сите прогресивни елементи во Европа ја поддржувале Американската
револуција.Тоа имао големо влијание на конечната победа на американската
војска.Американската војна за независност завршила со потпишувањето на
Договорот за мир меѓу САД и Англија во Версај 9 септември 1783г.Со овов
договор Англија ја признала независноста на САД,територијата на Флорида и
била вратена на Шпанија,а Англија ги задржала териториите кои ги контролирала
во Канада.

18.Претседател на САД.

19.Кривичното право во Франција.


Во декларацијата во сверата на кривичното право биле прокламирани наредните
принципи ,,Законот е овластен да ги забрани само дејствата кои што се штетни за
9

опшеството,се што не е забрането со закон е дозволено; ,,Законот е израз на


општата волја.Тој мора да биде еднаков за сите и тогаш кога заштитува и тогаш
кога казнува,, ; ,,Законот мора да пропишува само строго и неопходни казни,никој
не може да биде казнет поинаку отколку врз основа на законот пропишан и
објавен пред извршување на кривично дело,,
Во сферата на Казненото-процесно право било прокламирано наредното ,,Никој
не моше да биде обвинет,задржан или затворен освен во случаите пропишани со
закони според пропишаните форми.
Сите овие принципи нашле израз во Францускиот законик од 1791г.Во однос на
структурата тој бил поделен на општ и посебен дел.За општиот дел било
карактеристично спроведување на принципот на пропорционалноста меѓу
тежината на казната и тежината на кривичното дело.Додека посебниот дел
извршувал поделба на сите кривични дела на кривични дела против јавниот
поредок и на кривични дел апротив приватни лица.Пример на кривичен законик од
либералниот период бил Наполеоновиот кривичен законико од 1810г. и во
сферата на кривичното процесно право Законикот за кривична постапка од 1808г.
кои и ден денес се во сила со одредени измени и дополнувања.
Наполеоновиот кривичен законик ги потврдил основните принципи на
Револуцијата санкционирани во Декларацијата,во областа на кривичното право и
ги доразвил принципите изразени во Кривичниот законик од 1791г.
Законот за кривична постапка се засновал на идеите на еднаквоста и слободата
во процесната сфера.Обвинетиот добил положба на субјект во постапката и
активен учесник којшто се брани и се спротиставува како странка на другата
странка во постапката-обвинителот.

20.Вајмарскиот Устав во Германија.

21.Обичајното право во раниот Среден век во Македонија?


Обичајното право се јавува како еден од основните извори на правото во
Македонија во средниот век.Пишани зборници од обичајното право немало така
што податоците со коишто располагале се однесувале на словенскотоо обичајно
право како база за регулирањето на односите на словенското население во
Македонија во овој период,со тоа што византиските извори давале определено
податоци за начинот на живеење и обичаите на Словените во време на
населување на Балканскиот полуостров.Кај сите народи кога станува збор за
обичајното право карактеристично е персоналниот принцип на примената којшто
значи дека на поединецот му се суди според неговото племенско обичајно
право.Другата карактеристика се однесува на правната и деловната способност
при што полот имал голема улога во словенското обичајно право.Кога се зборува
за правната положба на странците,Словените спрема странците биле љубезни и
со добра волја ги пренесувале од едно место до друго каде требало,а ако се
случи со невниманието на домаќинот на настрада странецот,напаѓа на домаќинот
оној што му го предал,по должниот обичај да го освети странецот.
Словените ја познавале и установата на ропство со тоа што положбата на робот
била дефинирана со нискиот степен на развој на средствата на
трудот.Карактеристика на обичајното право е и начелото на колективизмот.Тоа
10

значи дека поединецот имал некакво значење само како член на определена
крвнороднинска заедница-семејство или род,која истовремено била и економска и
правна единица.Како карактеристика на обичајното право се јавува и неговиот
земјоделски карактер,така што главно населението се занимавало со
земјоделство а помалку со занаетчиство и тговија.

You might also like