You are on page 1of 2

ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ

Деловна способност е важно својство на субјективитет на физичкото лице и преку неа тој ја
изразува својата личност во правниот промет.
За разлика од правната способност, која е стекната со раѓање и која е можност за лицето да
биде носител на граѓански права и обврски, деловната способност е стекната освен под
претпоставка за правна способност – со исполнување услови врз основа на кои ќе може
правната способност конкретно да ја реализира во прометот. Затоа во цивилната теорија
деловната способност е определена како “Реализација на правната способност – способност да
се изрази својата воља релевантна за влегување во граѓанскоправни односи”. Ова е изразено
во нашиот Закон за облигациони односи во членот 45-б кој вели “деловно способното лице
самостојно изјавува правно релевантна воља”.
Деловната способност има 2 функции во рамките на субјективитетот на физичките лица:
-со помош на изразена правнорелевантна воља на физичкото лице во прометот доаѓа до израз
основниот принцип на граѓанскоправниот метод на уредувањето – слободната иницијатива и
-преку изјавување правнорелевантна волја која е резултат на психофизичко созревање на
физичките лица, тие може да влегуваат во граѓанскоправни односи и други интереси.
Услови за стекнување деловна способност - За да може да се изрази правно релевантна волја
физичкото лице треба да исполни 2 услова, возраст и психичко здравје.
Правото на нашата земја стекнувањето деловна способност го врзува со навршувањето возраст
од 18 години, кога доаѓа до израз свеста на лицето за преземените дејствија во прометот и
нивните последици. Законот не прави разлика меѓу помлади и постари малолетници. Според
закон за облогациони односи, лица со 14 години дозволено е да изразат правно релеватна
волја и да стапат во граѓанскоправни односи кога е тоа согласно со законот, а лица со 15 години
со одредби од Законот за семејството можат да изразат правно релевантна волја во одредени
случаи.
Вториот услов односно психичкото здравје на физичкото лице значи дека тоа треба да има
развој кој одговара на просечна индивидуа во општеството. Доколку не е така, тоа треба да
биде под надзор на законски застапник кој во негово име ќе изразува правно релевантна волја.
Постојат две класификации за видовите на деловна способност.
Првата, според правната способност на физичкото лице, може да е општа, посебна и
ограничена. Општата се поклопува со целосната деловна способност бидејќи општо способно
лице може да изрази правно релевантна волја за сите правни дела во прометот. Посебна е
претпоставка за посебна деловна способност. Носителот на истата бидејќи може да извршува
одредена дејност доколку изјавува волја – има посебна деловна способност. Пример за ова се
адвокати, нотари, извршители итн. Ова е посебна способност бидејќи за разлика од општата, ја
имаат само лица кои исполнуваат одредени услови и дозволеност за вршење на дејноста.
Ограничена е кога на пример странците немаат апстрактна можност да изразуваат
правнорелевантна волја за склучување договори за сопственост на земјиште во Македонија –
таа е недозволена и тоа правно дело е ништовно.
Втората класификација дели според интензитет на волјата на физичкото лице и може да е
потполна деловна способност, делумна деловна способност и потполна деловна неспособност.
Потполна способност, како што наведовме, е кога полнолетните или еманципираните лица
може самостојно да склучуваат правни дела.
Според проф. Групче оваа поделба е многу поважна одколку првата класификација бидејќи се
работи за степен на самостојност. Делумна способност пак, имаат и деца над 14 години и оние
полнолетни лица со делумно одземена правна способност. Малолетните деца се ограничени
од родителското право или старателите, и единствено може во правниот промет да истапуваат
со нивна дозвола, а се останато е неважечко и рушливо. Има некои отстапки (120 стр). За
разлика од малолетните, на полнолетните физички лица со делумна правна способност им е
дозволено да ги склучуваат сите правни дела – освен оние за кои имаат забрана од судот.
Потполно неспособните лица се оние кои немаат сеуште 14 години и оние на кои им е
одземена деловната способност согласно законот за вонпарнична постапка. Тоа значи дека
неможе да изразат правно релевантна волја освен даровни правни дела и секојдневни
договори.
Престанување на деловна способност:
Стекнатата деловна способност со полнолетство и психичко здравје е превземање на сите
правни дела и односи во прометот. Таа може да се изгуби на неколку начини: со чинот на
смртта, со губење на стручно-техницчките услови/дозволеност или со нејзино потполно или
делумно одземање.
Потполно и делумно одземање на деловна способност се врши со Постапка за одземање на
деловна способност и враќање на деловна способност (посебна вонпарнична постапка).
Причини може да се душевно заболување, слабоумност, употреба на супстанци и слично
поради кои лицето неможе да се грижи за своите права и интереси. Надлежен за спроведба на
оваа постапка е судот каде лицето против кое се води истата престојува. Врз основа на преглед
од лица специјализирани за душевни болести и надзор на судија, судот носи решение со кое се
одзема правната способност – делумно или потполно. Лицето со потполна деловна
неспособност ќе ги има правата и должностите на малолетно лице без наполнети 15 години,
додека во случај на делумно одземање ќе има права на малолетно лице со наполнети 15
години.

You might also like