You are on page 1of 3

Призма.

Плоштина и волумен на призма

Под поимот геометриско тело подразбираме ограничен и затворен дел од


просторот. Ако површината со која е заградено едно тело е составена од
многуаголници, тогаш тоа тело се вика рабесто тело или полиедар.

 Многуаголниците што ја образуваат површината на полиедарот се викаат


ѕидови, нивните страни рабови, а нивните темиња-темиња на
полиедарот.
Призма е полиедар ограничен со два складни многуаголници што лежат на две
паралелни рамнини,а другите ѕидови се паралелограми коишто имаат по една
заедничка страна со секој од двата многуаголника.

Двата ѕида што лежат на паралелените


рамнини се викаат основи - АBCDE и
A1B1C1D1E1 (црт.1)
Паралелограмите бочни ѕидови – ABB1A1,
BCC1B1 …(црт.1) и тие ја сочинуваат
бочната површина(обвивка) на призмата.
Страните на основите се викаат основни
рабови, AB, BC, …, A1B1, B1C1…(црт.1)
а на бочните ѕидови - бочни рабови на
призмата, AA1, BB1,CC1 …(црт.1)
Црт. 1

Растојанието меѓу основите се вика висинa на призмата, OO1…(црт.1)

Отсечката чии крајни точки се две темиња на призмата кои не лежат на ист ѕид се
вика просторна дијагонала или само дијагонала на призмата, EC1…(црт.1) .

Призмата чии бочни ѕидови се нормални на основите, ја викаме права призма, а


правата призма чии основи се правилини многуаголници, ја викаме правилна
призма. Кај овие призми висината е еднаква по должина со бочниот раб.

Ако призмата се пресече со една рамнина Σ , тогаш заедничкиот дел на


рамнината и призмата е конвексен многуаголник, кој се вика пресек на призма со
рамнина и во зависност од поставеноста на таа рамнина имаме:

-паралелни пресек, ако е паралелна со основите на призмата (црт2.а).

-нормален пресек, ако е нормална на бочните рабови на призмата (црт2.б)


-дијагонален пресек, ако минува низ несоседни рабови на призмата и (црт2.в).

-кос пресек,ако ги сече сите рабови на призмата и не е паралелна со основите


(црт2.г)

Црт.2

Плоштината на призмата се пресметува со формулата: Р = 2В + М , каде В е


плоштина на основата, а М е плоштина на бочната обвивка.

Волуменот на призмата се пресметува со формулата: V = BH, каде H е висината


на призмата.

Специјални видови призми се коцката ( Р=6а2 и V = а3 )

и квадарот ( Р=2(аb+bc+ac) и V = аbc)

Пример1: Пресметај ја плоштината на права триаголна призма со основни рабови


51cm, 30cm и 27cm и бочен раб 40cm.

Решение: Основата е разностран триаголник, па користиме Херонова формула за


плоштина на триаголник

51  30  27 108
s   54
2 2
B  54  54  51  54  30  54  27  54  3  24  27  324cm 2
M  51 40  30  40  27  40  4320cm 2
P  2  324  4320  4968cm 2
Пример2: Пресметај го волуменот на правилна шестаголна призма со основен
раб 5cm, и дијагонала на бочен ѕид 13cm.

Решение: Основата е правилен шестаголник, па плоштината на основата е 6 пати


плоштина на рамностран триаголник.

a  5cm , d  13cm

a2 3 25 3 75 3 2
B  6  6  cm
4 4 2
H  d 2  a 2  132  5 2  169  25  144  12cm
75 3
V  BH   12  450 3cm 3
2

You might also like