You are on page 1of 4

График и својства на f(x)=a(x-α)2+β

Овој запис на квадратна функција се нарекува каноничен облик на квадратна функција.

Најпрво се црта график на g(x) = аx2, потоа се врши транслација на параболата за α единици надесно за α > 0, односно
налево за α < 0 по х-оската и со тоа се добива графикот на функцијата h(x)=a(x-α)2 . Потоа се врши транслација на
параболата h(x) за  β  единици во позитивна насока по у-оската (“нагоре“) за β > 0, односно во негативната насока по у-
оската (“надолу“) за β < 0. Со тоа се добива графикот на f(x)= a(x-α)2+β.

Темето на параболата е точката Т(α,β) , а параболата е симетрична во однос на правата х= α (права која минува низ α и е
паралелна со у-оската)

Пример: Да се нацрта графикот и напишат својствата на: а) f(x) = (x+2)2-1 б) f(x) = -x2+4х-3

Решение:

а) f(x) = (x+2)2-1=(x-(-2))2-1 па α = - 2 , значи график на g(x) = x2, па 2 едници налево и 1 единица надолу

х -2 -1 0 1 2
g(x)=х2 4 1 0 1 4
Својства на f(x) = (x+2)2-1

1) Df = R, Vf = [-1,+)

2) Т(-2,-1) е теме на параболата

3) симетрична во однос на правата х= -2

4) НФ – К(-3,0) и М(-1,0)

5) ЕВФ – за х=-2 има min и тоа ymin= -1

6) ЗФ - f(x) > 0 за x   ,3   1,

f(x) < 0 за x   3,1

7) монотоност – за х(-,-2) функцијата


опаѓа, а за х(-2,+) таа расте
б) f(x) = -x2+4х-3 = - (x2 - 4х) - 3 = - (x2 - 22х+4 – 4) – 3= - (x2 - 22х+4) + 4 – 3= - (x-2)2+1 (квадратната функција од општ, ја
доведовме во каноничен облик) па α = 2 и β=1, значи график на g(x) = -x2, па 2 едници надесно и 1 единица нагоре

х -2 -1 0 1 2
g(x)=-х2 -4 -1 0 -1 -4

Својства на f(x) = - (x-2)2+1

1) Df = R, Vf = (-,1]

2) Т(2,1) е теме на параболата

3) симетрична во однос на правата х=2

4) НФ – А(1,0) и В(3,0)

5) ЕВФ – за х=2 има max и тоа ymax= 1

6) ЗФ - f(x) > 0 за x  1,3

f(x) < 0 за x   ,1  3,

7) монотоност – за х(-,2) функцијата


расте, а за х(2,+) таа опаѓа
ЗАДАЧИ:

1. Нацртај график на функцијата:

а) f(x) = 2(x-3)2 + 1 б) f(x) = 


1
x  22  2 и одреди ги нејзините својства.
2

You might also like