You are on page 1of 2

ТЕМА: ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА

КОНУС. ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА КОНУС

Точката Т почнува да се движи по кружницата, а полуправата SX да се „лизга” по кружницата. На тој начин


подвижната полуправа опишува една површина – тоа е конусна површина.
За полуправата SX се вели дека е генератриса (изводница), за кружницата директриса (водилка), а точката
S е врв.
Кругот што го отсекува конусната површина од рамнината и делот од површината од кај врвот, заградуваат
дел од просторот т.е. образуваат геометриско тело што се вика прав кружен конус или само конус.

Конус е геометриско тело чии контури можат да се добијат и ако еден правоаголен триаголник се врти
околу една од своите страни што го образуваат правиот агол.

Кругот е основа на конусот, а конусната површина е


бочна површина на конусот. Радиусот на основата е
радиус на конусот. Отсечката SО што го поврзува
центарот на основата со врвот се вика оска на конусот и
таа е негова висина.
Отсечка чии крајни точки се врвот на конусот S и било
која точка од периферијата на основата Т се вика
генератриса и се означува со ѕ.

Пресекот на конусот со рамнина која минува низ


неговата оска е рамнокрак триаголник и се вика осен пресек на конусот. Ако s=2R, тогаш пресекот е
рамностран триаголник, па конусот се вика рамностран конус.

++\r 2

Ако конусот се пресече по една негова генератриса и по


периферијата на основата, може да се види дека мрежата на
конусот е составена од еден круг – основата и еден кружен
исечок – бочната површина.

Пример 1: Одреди го радиусот r на основата на конус кој има висина H=8cm и генератриса
s=10cm
Решение:
2 2 2
s = H +r
r2 = 102 – 82 = 100 – 64 = 36
r=6 cm
ПЛОШТИНА И ВОЛУМЕН НА КОНУС

Плоштината на конус е еднаква на збирот од плоштината на основата В и обвивката М, т.е.


Р = В + М, односно B= R2 π M=R π s Р = R2π + Rπs = πR (R + s)
(R-радиус на основата, ѕ-генератриса).

Волуменот на кој било конус е еднаков на третина од производот на


плоштината на основата и неговата висина, т.е.
2
B∗H R πH 1 2
V= = = ∗R πH
3 3 3

Пример 2: Пресметај плоштина и волумен на конус со радиус на основата 3cm и висина 4cm.

Решение: P=B+M,
𝟑
R=3cm, H=4cm
Основата е круг, значи B=R2·=32=9 cm2
M=R··s, значи недостига s
s2 = H2+R2 = 42+32 = 16+9=25, s=5cm
M=R··s=3··5=15· cm2
P=B+M=9+15=24 cm2

V=(B*H)/3 =9 π *4/3=3 π *4=12 π cm3

P=24 cm2, V=12 cm3

Задачи:
1. Пресметај плоштина и волумен на конус со радиус 5 см и генератриса 13 см.
2. Пресметај плоштина и волумен на конус со дијаметар на основата 12cm и висина на
конусот 14 cm.

3. Пресметај бочна плоштина на конус со радиус 42 см и генератриса 45 см.


4. Рамностран конус има плоштина 243 cm2. Пресметај го радиусот на конусот.(s=2R)

You might also like