You are on page 1of 3

РАБОТЕН ЛИСТ #5

01.11.2023
Подготовки за
натпревари
по математика
2023/2024
IX одделение

1. Нека 𝐼 е центар на впишана кружница на триаголникот 𝐴𝐵𝐶. Нека 𝐴1 е вториот


пресек на симетралата на ∠𝐵𝐴𝐶 со опишаната кружница на △ 𝐴𝐵𝐶. Докажи дека
̅̅̅̅̅
𝐴1 𝐵 = ̅̅̅̅̅
𝐴1 𝐼 = ̅̅̅̅̅
𝐴1 𝐶 .

2. Нека 𝐴𝐵𝐶 е рамнокрак триаголник таков што ̅̅̅̅ ̅̅̅̅. Нека 𝑃 е прозиволна точка
𝐴𝐶 = 𝐵𝐶
на страната 𝐴𝐶. Тангентата на опишаната кружница на 𝐴𝐵𝑃 во точката 𝑃 ја сече
опишаната кружница на 𝐵𝐶𝑃 во 𝐷. Докажи дека 𝐶𝐷 ∥ 𝐴𝐵.

3. Даден е тетивен четириаголник 𝐴𝐵𝐶𝐷. Симетралите на аглите ∠𝐴𝐵𝐶 и ∠𝐶𝐷𝐴 ја


сечат опишаната кружница во точки 𝐸 и 𝐹, соодветно. Докажи дека 𝐸𝐹 е дијаметар
на кружницата.

4. Нека 𝑂 е центар на кружницата 𝑘 и нека точките 𝐴, 𝐵, 𝐶, 𝐷 лежат на 𝑘, така што


точките 𝐵 и 𝐶 лежат на една страна од правата 𝐴𝑂, а точката 𝐷 на другата страна.
Ако ∠𝐴𝑂𝐶 = 4 ⋅ ∠𝐵𝐶𝐴, докажи дека 𝐷𝐵 е симетрала на ∠𝐴𝐷𝐶.
5. Нека 𝐻′ е сликата на ортоцентарот 𝐻 во триаголникот 𝐴𝐵𝐶 во однос на страната
𝐴𝐵. Докажи дека точката 𝐻′ лежи на опишаната кружница на триаголникот 𝐴𝐵𝐶.

6. Во триаголникот 𝐴𝐵𝐶, симетралата на аголот 𝐵𝐴𝐶 ја сече страната 𝐵𝐶 во точка 𝐷.


На правата 𝐴𝐶 е дадена точка 𝐸, така што ∠𝐶𝐷𝐸 = ∠𝐵𝐴𝐶. Докажи дека
̅̅̅̅
𝐵𝐷 = ̅̅̅̅
𝐷𝐸 . (Математископ 3, 742)

7. Нека 𝐴1 , 𝐵1 и 𝐶1 се вторите пресеци на симетралите на аглите на триаголникот


𝐴𝐵𝐶 со неговата опишана кружница. Докажи дека центарот на впишана кружница
на △ 𝐴𝐵𝐶 е ортоцентар на △ 𝐴1 𝐵1 𝐶1 .

8. Нека 𝑃 е точка на страната 𝐵𝐶 од триаголникот 𝐴𝐵𝐶. Нека 𝑝 е паралелната права


на 𝐴𝐶 низ 𝑃, а 𝑞 e тангентата на опишаната кружница околу △ 𝐴𝐵𝐶 во точката 𝐴.
Правите 𝑝 и 𝑞 се сечат во точката 𝑄. Докажи дека точките 𝐴, 𝑃, 𝐵, 𝑄 лежат на иста
кружница.

9. Две кружници се допираат одвнатре во точка 𝑇. Нека 𝐴𝐵 е тетива во поголемата


кружница која истовремено ја допира помалата кружница во 𝑃. Докажи 𝑇𝑃 е
симетрала на аголот 𝐴𝑇𝐵.

10. Нека 𝐴1 , 𝐵1 и 𝐶1 се произволни точки на страните 𝐵𝐶, 𝐶𝐴 и 𝐴𝐵, соодветно. Докажи


дека опишаните кружници на триаголниците 𝐴𝐵1 𝐶1, 𝐵𝐶1 𝐴1 и 𝐶𝐴1 𝐵1 минуваат низ иста
точка.
 Помош: Нека опишаните кружници на триаголниците 𝐵𝐶1 𝐴1 и 𝐶𝐴1 𝐵1 се сечат во
точка 𝑋. Докажи дека 𝐴𝐵1 𝐶1 𝑋 е тетивен.

11. Нека 𝐴1 , 𝐵1 и 𝐶1 се вторите пресеци на висините од 𝐴, 𝐵 и 𝐶, соодветно, со


опишаната кружница на △ 𝐴𝐵𝐶. Докажи дека ортоцентарот на △ 𝐴𝐵𝐶 е центар на
впишана кружница на △ 𝐴1 𝐵1 𝐶1 .

Д1. Нека 𝐴𝐵𝐶𝐷 е тетивен четириаголник со заемно нормални дијагонали. Нека 𝑆 e


пресекот на дијагоналите, а 𝑀 - средина на отсечката 𝐴𝐵. Нека 𝑃 е пресекот на
правите 𝑀𝑆 и 𝐶𝐷. Докажи дека ∠𝑆𝑃𝐷 = 90°. (Brahmagupta Theorem)

Д2. Нека 𝑂 и 𝐻 се центарот на опишана кружница и ортоцентарот, соодветно, во


△ 𝐴𝐵𝐶. Докажи дека ∠𝐴𝐶𝐻 = ∠𝐵𝐶𝑂.

Д3. Нека 𝐴1 , 𝐵1 и 𝐶1 се средини на страните 𝐵𝐶, 𝐶𝐴 и 𝐴𝐵 во триаголникот 𝐴𝐵𝐶,


соодветно. Нека 𝐷 е подножје на висината од 𝐴 до 𝐵𝐶. Докажи дека 𝐷 лежи на
опишаната кружница на 𝐴1 𝐵1 𝐶1.
Д4. Две кружници се сечат во точките 𝐴 и 𝐵. Една од нивните заеднички тангенти ги
допира во точки 𝑃 и 𝑄. Нека 𝐴1 е сликата на 𝐴 при осна симетрија во однос на
правата 𝑃𝑄. Докажи дека 𝐴1 𝑃𝐵𝑄 е тетивен четириаголник.

Д5. Даден е триаголник 𝐴𝐵𝐶 (𝐶𝐴 ̅̅̅̅ < 𝐶𝐵


̅̅̅̅). Симетралата на страната 𝐴𝐵 ја сече
страната 𝐵𝐶 во 𝐷. Тангентите на опишаната кружница на △ 𝐴𝐵𝐶 во точките 𝐴 и 𝐶 се
сечат во 𝐸. Докажи дека 𝐴𝐷𝐶𝐸 е тетивен четириаголник.

Д6. Даден е четириаголник 𝐴𝐵𝐶𝐷, така што полуправите 𝐴𝐵 и 𝐷𝐶 се сечат во 𝑃, а


полуправите 𝐴𝐷 и 𝐵𝐶 се сечат во 𝑄. Докажи дека опишаните кружници на 𝑃𝐴𝐷, 𝑃𝐵𝐶,
𝑄𝐴𝐵 и 𝑄𝐶𝐷 минуваат низ иста точка.
 Помош: Нека опишаните кружници на 𝑃𝐵𝐶 и 𝑄𝐶𝐷 се сечат по втор пат во 𝑀.
Докажи дека 𝑀𝑃𝐴𝐷 и 𝑀𝑄𝐴𝐵 се тетивни четириаголници.

Д7. Нека 𝐷 е подножје на висината од темето 𝐶 во триаголникот 𝐴𝐵𝐶. Нека 𝑃 и 𝑄 се


подножја на нормалите од 𝐷 кон 𝐵𝐶 и 𝐶𝐴, соодветно. Докажи дека 𝐴𝐵𝑃𝑄 е тетивен
четириаголник.

Д8*. Нека 𝐴1 , 𝐵1 и 𝐶1 се подножјата на висините од темињата 𝐴, 𝐵 и 𝐶, соодветно, во


триаголникот 𝐴𝐵𝐶. Докажи дека ортоцентарот на 𝐴𝐵𝐶 е центар на впишана
кружница на 𝐴1 𝐵1 𝐶1 .

Стефан Лозановски

You might also like