You are on page 1of 2

Полуправа е правата која има почеток и може да се продолжува, има

почеток но нема крај.

Права е бескрајно долга права линија, која нема почеток ниту крај.

Точка е точна положба или локација на објект.

Отсечка е права линија која е ограничена со две точки, има почеток и крај.

Агол е фигурата која се состои од две полуправи со заедничка точка и дел


од рамнината меѓу нив .

Полуправите од еден агол се нарекуваат краци на аголот.

Заедниката точка на двете полуправи се нарекува теме на аголот.

Елементи на аголот се краците и темето.

Мерна единица за мерење на агол се нарекува степен.

Прав агол е аголот од 90, остар агол е помал од 90, тап агол е поголем од
90.

Многуаголник е 2Д форма составена од надворешни отсечки, каде што


почетната точка на првата отсечка и последната отсечка се совпаѓаат.

Тријаголниците според аглите се делат на: правоаголен, остроаголен,


тапоаголен.

Правилни многуаголници се многуаголници на кои сите страни им се со


иста должина и сите агли им се со иста големина.

Неправилен многуаголник се многуаголници чии должини на страните и


големини на агли се разликуваат.

Тријаголниците според страните се делат на: рамнокрак, рамностран,


разностран.

3Д формите се викаат геометриски тела.

3Д формите имаат 3 димензии (должина, висина, ширина)

3Д формите имаат рамни и криви површини.


Постојат 2 вида 3Д форми: валчести и рабести

Рабести тела се телата кои имаат само рамни поввршини.

Валчести тела се телата кои имаат рамни и криви површини или само
криви површни.

Теме се вика точката во која се соединуваат три раба.

Заедничката отсечка на два ѕида се вика раб.

Рамната површина на 3Д формата се вика ѕид.

Мрежа е нацртана рамна форма која со превиткување може да се добие


геометриско тело.

Кога две половини од некоја 2д форма, слика, шара или шаблон се


поклопуваат (пресликуваат) како во огледало тогаш таа фигура е
симетрична. А испрекинатата линија на таквиот цртеж се вика оска на
симетрија.

You might also like