You are on page 1of 3

ГОРЕН ПРВ ПРЕТКАТНИК

Горниот прв преткатник е четврти заб во еден квадрант, поаѓајќи од сагиталната


медијална линија. Од мезијалната страна е во контакт со горниот кучешки заб, а од
дисталната страна со горниот втор преткатник.
Неговата коронка е пониска од коронките на фронталните заби и од оклузална
перспектива има бубреговидна форма. Тоа е последица на едно вдлабнување кое се
забележува на мезијалната апроксимална површина.
Букалната површина на овој заб наликува на лабијалната површина на горниот
кучешки заб, но од спротивната страна на забната низа, поради обратно назначените
карактеристични белези на аголот и испакнатоста. Букалната површина има петаголна
форма и кај неа се опишуваат четири граници: цервикална,
мезијална, дистална и оклузална (наместо инцизална).
Површината е во целина испакната. Во цервико-оклузална
насока најголемата испакнатост се забележува во
цервикалната и делумно во средната третина, а во мезио-
дистална насока најголемата испакнатост се забележува во
дисталната половина на букалната површина (заради
обратната назначеност на карактеристичниот белег на
испакнатоста). Од врвот на
букалниот тубер, кој е поместен кон
дистално, поаѓа еден слабо изразен
гребен што се протега по букалната
површина сѐ до испакнатоста на
цервикалната третина. Тој ја дели
Граници на букалната површината на две нееднакви
површина
косини (наклони), од кои мезијалната
косина е поширока, пониска и послабо испакната, а дисталната
косина е потесна, повисока и поиспакната. Во оклузалната
третина на букалната површина, мезијално и дистално од
букалниот гребен се забележуваат две плитки вдлабнатини
(таканаречени развојни депресии).
Мезијална и
дистална косина на
букалната површина
Палатиналната површина е потесна и пониска,
односно во целост помала од букалната површина. Ограничена е
со четири граници, исто како и букалната површина. Сите
граници претставуваат благо испакнати лаци кон соодветните страни (мезијалната
граница е испакната кон мезијално, оклузалната кон оклузално итн.). Во мезио-дистална
насока, палатиналната површина е речиси рамномерно испакната (слабо поиспакната
или истуркана кон мезијално), а во цервико-оклузална насока испакнатоста се наоѓа во
средната и на почетокот на оклузалната третина.

Апроксималните површини имаат форма на издолжен правоаголник со четири


граници. Цервикалната граница претставува лак слабо испакнат кон оклузално, а
оклузалната граница, пак, претставува лак испакнат кон цервикално. Букалната граница е
најиспакната во цервикалната и на почетокот на средната третина, а потоа благо се
извива кон оклузално. Палатиналната граница е најиспакната во средната и на почетокот
на оклузалната третина. Поради обратната назначеност на карактеристичните белези на
аголот и испакнатоста, кај овој заб мезијалната апроксимална површина е потесна и
пониска од дисталната површина. Таа истовремено е и благо конкавна (вдлабната),
почнувајќи од вратот па сѐ до оклузалната површина. Таанавдлабнатина
Граници е причина за
мезијална апроксимална
бубреговидната форма на забната коронка. површина
Апроксималните површини преоѓаат во палатиналната површина без остри
гребени, односно преодите се заоблени. За разлика од ова, нивниот преод кон букалната
површина е со поизразени гребени. Притоа се забележува поостар преод на дисталната
кон букалната површина, во споредба со преодот на мезијалната кон букалната
површина.

Оклузалната (џвакалната) површина на


горниот прв преткатник има форма на бубрег.
Нејзините граници се исти како и кај другите
преткатници (претходно опишани во делот за
морфолошки карактеристики на преткатници). На
оклузалната површина се забележуваат два тубери:
букален (вестибуларен) и палатинален (орален). За
нив важат општите карактеристики за тубери на
преткатници, во однос на висината, големината и
формата (обликот). Букалниот тубер со својот врв е
поместен кон дистално и од него поаѓаат 4 гребени.
Тие се дел од сагиталниот и трансверзалниот
туберски гребен. Имињата на гребените
произлегуваат од насоките на нивното протегање.
Започнувајќи од врвот на букалниот тубер, гребените
се означуваат како:
Слика 3.5.6 Граници на
оклузална површина

Ако се анализира букалниот тубер и неговите гребени, може да се констатира дека на


него се забележуваат четири косини (наклони).
Букален туберски гребен ‒ се
Палатиналниот туберпо
протега собукалната
својот заоблен врв е поместен
површина
кон мезијално, што укажува на фактот дека двата тубери
не се во иста трансверзална линија. Инаку, и тој има ист
број на гребени кои поаѓаат од неговиот врв и четири
косини. Разликата е во тоа што букомезијалната и
букодисталната косина на палатиналниот тубер
Мезијален Дистален
припаѓаат
туберски на внатрешниот
гребен ‒ Врв
дел на
од џвакалната површина,
туберски гребен ‒
асепалатомезијалната
протега кон ибукален
палатодисталната секосина
протегана
кон
буко-мезијалниот буко-дисталниот
надворешниот
агол тубер површина. Паралелно
дел од џвакалната агол
со мезијалната и дисталната граница на џвакалната
површина се протегаат истоимени маргинални гребени,
од кои мезијалниот гребен е пократок и во средината
честопати вдлабнат.
Палатинален туберски гребен ‒ се
протега по оклузалната површина
Гребени на оклузалната кон централната фисура
површина
Во средината на внатрешниот дел од џвакалната
површина се забележува централната фисура која се
протега во мезио-дистална насока. Во близина на
мезијалниот и дисталниот маргинален гребен,
централната фисура се разгранува во букална и
палатинална гранка. Тие во својот пат се насочуваат кон
соодветните агли: буко-мезијален, буко-дистален, односно
палато-мезијален и палато-дистален агол. Ваквата
положба на централната фисура и нејзините гранки
потсетува на буква „Н“ со прекршени краци (сл. 3.5.9).

Вратот (cervix, collum) на горниот прв преткатник


е многу сличен на вратот на фронталните заби. Тој
претставува затворена крива линија којашто не лежи во Фисурен систем
една рамнина. Составена е од четири лаци кои
вестибуларно и орално се испакнати во апикална насока,
а мезијално и дистално се испакнати во оклузална насока.
Горниот прв преткатник е двокорен заб. Има букален и палатинален корен кои се
тенки и грацилни.

You might also like