You are on page 1of 5

МОРФОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРЕТКАТНИЦИ

Морфолошката група на преткатници (dentes praemolares) е карактеристична само


за трајната дентиција. Вакви заби не постојат во млечната дентиција. Вкупниот број на
преткатници е 8, распоредени по 4 во горната и долната вилица, по 2 во секој квадрант.
Во забната низа се наоѓаат дистално од кучешките заби, а мезијално од првите катници.
Тие припаѓаат на трансканинската регија, односно во групата латерални заби заедно со
катниците. Во секој квадрант преткатникот кој е поблизу до сагиталната медијална линија
се нарекува прв, а оној кој е подалеку од неа се нарекува втор. Латинските термини за
преткатниците се:

Dens praemolaris primus Dens praemolaris


superior-горен прв secundus superior-горен
преткатник; втор преткатник;

Dens praemolaris primus Dens praemolaris


inferior-долен прв secundus inferior-долен
преткатник; втор преткатник.

На нивната коронка за прв пат во забната низа се појавува џвакална (оклузална)


површина, на која се забележува релјеф составен од тубери, гребени, фисури и јамички.
Преткатниците претставуваат преоден облик на заби од кучешки кон катници. Тоа
произлегува од неколку факти:
 Нивната вестибуларна (букална) површина наликува на вестибуларната
(лабијалната) површина кај кучешките заби, но наместо секален раб, тие
имаат џвакална површина, која наликува на истата површина кај катниците;
 Нивната функција во актот на џвакање (masticatio) се состои во дробење и
мелење на храната, но тие исто така ги надополнуваат кучешките заби во
кинењето на храната;
 Со нивната форма и положба имаат големо влијание врз убавината на
насмевката-естетска улога исто како фронталните заби;
 Овие заби се наоѓаат во средината на еден квадрант, со приближно
еднаков број на заби медијално и дистално од нив.

Коронката на преткатниците има 4 околни страни и една џвакална површина.


Номенклатурата на страните (површините) на забната коронка на преткатниците е:
Вестибулар Орална Апроксимал Оклузална
на Палатиналн ни: Џвакална
Букална а Мезијална површина
површина Лингвална Дистална
површина површина

Коронките на горните преткатници имаат поголема дебелина (вестибуло-орален


пречник) во однос на ширина (мезио-дистален пречник), додека кај долните преткатници
таа разлика е минимална, односно незабележителна.

разлики во ширина и дебелина на коронките кај преткатниците

Сите четири преткатници имаат слични вестибуларни (букални) површини со


форма на петаголник, со приближно исти граници и испакнатост во цервико-оклузална и
мезио-дистална насока, со исклучок на горниот прв преткатник. Ова произлегува од
фактот што кај овој заб карактеристичните белези на аголот и испакнатоста се обратно
назначени. Оралната површина на сите преткатници е помала (потесна и пониска) во
споредба со вестибуларните површини и е овално-цилиндрично испакната. Кај долните
преткатници заради карактеристичниот белег на лингвална инклинација, испакнатоста на
нивните орални површини е поместена кон оклузално. Разликата во големините на
вестибуларната и оралната страна е најголема кај долниот прв преткатник, а најмала кај
долниот втор преткатник.
Апроксималните површини на сите преткатници имаат форма на издолжен
правоаголник со четири граници: цервикална, оклузална, вестибуларна и орална. Кај сите
преткатници со исклучок на горниот прв преткатник мезијалната апроксимална површина
е повисока, поширока и порамна, во споредба со дисталната апроксимална површина,
која е пониска потесна и позаоблена (посилно испакната). Апроксималните површини на
сите преткатници благо (слабо) конвергираат во вестибуло-орална насока, што е причина
за разликата во големините на вестибуларните и оралните површини на забните коронки.
Оклузалните површини имаат четири граници: вестибуларна, орална, мезијална
и дистална. Формата (обликот) на оклузалните површини е различна кај сите
преткатници. На неа се забележуваат по два тубери-вестибуларен (букален) и орален
(палатинален, лингвален). Исклучок е долниот втор преткатник кој има три тубери на
џвакалната површина. Ова се толкува како знак за моларизација, односно премин кон
наредната морфолошка група на катници (dentes molares). Бројот на туберите на
џвакалната површина го одредува нивниот втор назив-двоврвлести заби (dentes
bicuspidati). Кај сите преткатници се забележуваат разлики во големината и висината на
туберите. Имено букалните (вестибуларни) тубери се поголеми и повисоки во споредба
со оралните (палатинални, лингвални) тубери. Оваа разлика е најзабележлива кај
долниот прв преткатник, а најслабо забележлива кај горниот втор преткатник. Заради
различната положба на туберите при меѓусебен контакт на забите (при мирување или
движење) горните букални тубери се поостри од палатиналните, а кај долните
преткатници обратно. Нивните лингвални тубери се поостри во споредба со букалните.
Фисурниот систем кај горните преткатници е многу сличен, додека кај долните
преткатници фисурниот систем е целосно различен. За долните преткатници е
карактеристична појавата на crista trnsversa (crista obliqua) -трансверзален туберски
гребен кој спојува врвови на букален и лингвален тубер во буко-лингвален правец, без да
биде прекинат од централната фисура.

Тубер претставува издигнување со облик на четворострана пирамида со заоблен врв.


Од врвот на туберот се протега сагитален туберски гребен во мезио-дистален правец и
трансверзален туберски гребен во вестибуло-орален правец. Врвот на туберот се наоѓа
на местото каде се вкрстуваат овие два гребени .

Сагитален туберски гребен претставува туберско-гребенска


гранична линија со која се одделува надворешниот од
внатрешниот дел на џвакалната површина. Како резултат на ова
разграничување на туберите се разликуваат надворешни и
внатрешни наклони (косини). Надворешните наклони (косини) се
спојуваат со вестибуларната, односно оралната површина во
цервикална насока.
трансверзален, 2-
сагитален

Внатрешните наклони (косини) се протегаат кон централната


фисура на оклузалната површина.

Трансверзалниот туберски гребен се протега во вестибуло-


орална насока и го сече сагиталниот туберски гребен односно
туберо-гребенската гранична линија. Тоа значи дека овој
гребен се протега и во надворешниот и во внатрешниот дел
на џвакалната површина. Транверзалниот гребен кој поаѓа од
врвот на туберот кон внатрешниот дел од џвакалната
површина (кон централната фисура) формира внатрешен
триангуларен гребен. Кога истиот гребен поаѓа од врвот на
туберот кон надворешниот дел на џвакалната површина
формира надворешен триангуларен гребен.
Триангуларните гребени се испакнати (конвексни) и во Внатрешни косини на
букален тубер: 1-
сагитален и во трансверзален правец. Најиспакнатиот дел на мезијална, 2-дистална
триангуларните гребени ги разграничува мезијалната од
дисталната косина (наклон).

1. Надворешен триангуларен гребен на букалната страна


2. Внатрешен триангуларен гребен на букален тубер
3. Внатрешен триангуларен гребен на палатинален тубер
4. Надворешен триангуларен гребен на палатиналната страна.

Секој од гребените има две косини (наклони)-мезијална и дистална.

Сагиталниот туберски гребен на вестибуларниот и оралниот тубер се споени со


маргинален гребен (crista marginalis). На тој начин се формира една кружна гранична
линија која го одделува внатрешниот од надворешниот дел на џвакалната површина. И
кај маргиналниот гребен се забележуваат две косини (наклони) - надворешна и
внатрешна, кои се конвексни (испакнати). Надворешната косина учествува во изградба на
ѕид на интердентален простор, а внатрешната косина има триаголен облик со врв
насочен кон крајот на централната фисура.

Кружна гребенска Маргинален гребен: 1-


Внатрешен дел на внатрешна косина, 2-
гранична линија џвакална површина
составена од:1- надворешна косина
трансверзален, 2-
сагитален, 3-
маргинален гребен
1.Надворешна косина на маргинален гребен
2.Внатрешна косина на маргинален гребен
Фисурен комплекс. Во него се вбројуваат бразди (fisurae)
и јами (fossae). Фисурите претставуваат вдлабнување. Тие можат
да бидат главни и споредни. Главната фисура се протега во
мезио-дистален правец (fissura centralis s. logitudinalis) и ги
одделува вестибуларните од оралните тубери. Мезијално и
дистално во близина на внатрешната косина на маргиналниот
гребен заврвшува си јамичка (fossa triangularis). Од таму се дели
на две странични вдлабнатини кои се протегаат кон
вестибуларно, односно орално . За моларите е карактеристична и
трансверзална фисура, која се одвојува од централната фисура
во пределот на централната јама (fossa centralis) и се протега кон
вестибуларно и орално, раздвојувајќи ги мезијалните од Фисурен систем: 1-
дисталните тубери. Во близина на сагиталниот туберски гребен fissura centralis
оваа фисура ја сече туберо-гребенската гранична линија и
излегува на вестибуларната или оралната површина најчесто
завршувајќи во средната третина со раздвојувања (гранчиња) или без нив.
На џвакалните површини се забележува централна и триангуларна јама како и јамички.
Централната јама (fossa centralis) е длабока депресија во средината на внатрешниот дел
од џвакалната површина. Триангуларната јама е плитка депресија која се наоѓа во
внатрешниот дел на џвакалната површина во близина на мезијалниот и дсталниот
маргинален гребен. Јамичка (fossula) е плитка вдлабнатина која се забележува на
местото каде се вкрстуваат фисурите или на местото каде тие завршуваат.

You might also like