You are on page 1of 24

ЕРГОНОМИЈА И

ПРОФЕСИОНАЛНИ
ЗАБОЛУВАЊА

ПРОФ. Д-Р МИЈОСКА АНЕТА

ОПШТИ ГЛЕДИШТА НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА


Ергономија во стоматологијата

Здравиот стоматолог е
една од најважните
компоненти во успешна
стоматолошка
ординација !!!
ЕРГОНОМИЈА
Меѓународната асоцијација за ергономија (IEA) ја дефинира
ергономијата како „научна дисциплина која се занимава со
разбирање на интеракциите меѓу луѓето и другите елементи на
системот, и професијата која применува теоретски принципи,
податоци и методи за дизајнирање, се со цел да се оптимизира
човечката благосостојба и севкупните перформанси на
системот“.

 За време на стоматолошки и протетички стоматолошки


интервенции, стоматологот често се наведнува над пациентот
за да постигне добра прегледност и и изведе соодветен
третман.

 Ова свиткување над пациентот често доведува до неприродно,


штетно држење кое негативно влијае на здравјето на
стоматологот.
Препорачан распоред во ординацијата
ЕРГОНОМИЈА

ЕРГОНОМИЈАТА Е ИНТЕРАКЦИЈА ПОМЕЃУ ЧОВЕКОТ


И МАШИНАТА. ЕРГОНОМИЈАТА Е СПОЈНИЦАТА
КОЈА ЈА ПОВРЗУВА ОРДИНАЦИЈАТА КОЈА ЈА САКАТЕ
СО РАБОТАТА КОЈА ЈА ИЗВРШУВАТЕ

Ергономијата не прави побрзи и поефикасни!!!


Областа на
активна,
Подобрениот работен тек – FLOW го намалува ергономски
напорот потребен за завршување на големиот број прифатлива
задачи вклучени во успешното сервисирање на област за
третман
пациентот од почетниот телефонски повик, па сè до (види сина)
завршената реставрација. е всушност
доста
ограничена.
ЕРГОНОМИЈА ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА
ергономија

РАБОТНИ
ИНСТРУМЕНТИ ОПРЕМА
ПОЗИЦИИ

Рачни Осветлување Позиција на


инструменти зголемување пациент

Вибрирачки Стол
инструменти Позиција на
(Турбина, коленик, Пациент
стоматолог
насадник) терапевт
ЕРГОНОМСКИ РИЗИЦИ

 ЕРГОНОМСКИОТ РИЗИК Е ФИЗИЧКИ ФАКТОР КАЈ


СТОМАТОЛОЗИТЕ КОЈ ДОВЕДУВА ДО ПРОБЛЕМИ СО
МУСКУЛНО-СКЕЛЕТНИОТ СИСТЕМ.

 Потенцијалните манифестации вклучуваат различни


мускулно-скелетни нарушувања (МСН) кои се карактеризираат
со присуство на непријатност, намалена способност или
постојана болка во зглобовите, мускулите, тетивите и другите
меки делови.

 Факторите на ризик се повторени движења и продолжено


нефизиолошко или присилно држење на телото.
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

 Протетичарите се изложени на висок ризик од проблеми со вратот и


грбот поради ограничената работна површина и слабата видливост во
усната шуплина.

 Овие работни ограничувања често ги предизвикуваат да заземаат


стресни позиции на телото за да се постигне добар пристап и
видливост во усната шуплина што резултира со непријатни позиции во
долги временски периоди кои пак резултираат со проблеми со грбот.

 СИМПТОМИТЕ ВКЛУЧУВААТ БОЛКИ ВО ДОЛНИОТ ДЕЛ НА


ГРБОТ, ВКОЧАНЕТОСТ И ИШИЈАС СО НЕВРОЛОШКИ
КАРАКТЕРИСТИКИ КАКО ШТО СЕ ПЕЦКАЊЕ, ПАРЕСТЕЗИЈА
И МУСКУЛНА СЛАБОСТ.
ИНСТРУМЕНТИ / РАБОТНА ПОЗИЦИЈА
Доминантна причина за нарушувања се повторливите движења на рацете (флексија и екстензија на зглобот и прстите). Најштетни
се хроничните, повторувачки движења на раката и зглобот, движења во кои зглобот отстапува од неутрално држење, работење
предолг период без одмор или промена на активните мускулите на раката и механички напрегања на нервите на прстите од
постојани фаќања на остри рабови на рачките на инструментите и продолжена употреба на вибрациони инструменти.

Некои од вообичаените состојби на рацете и зглобот кај стоматолозите се:

Тендинитис/теносиновитис

DeQuervain-ова болест

Тригер фингер

Синдром на карпален тунел

Гијонов синдром.
ВИБРИРАЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

ТЕНДИНОПАТИИ И СИНДРОМ НА КАРПАЛЕН ТУНЕЛ


поврзании со повторлива (репетативна) и посилна активност
при работењето. Раката изведува многу сложени задачи, а
тетивите кои се движат внатре во обвивките на тетивите со
синовијална течност се посебно оптоварени.
компресија на n.medianus
Повторливи и силни движења и употребата на вибрирачки
алатки (турбина) ја зголемуваат акумулацијата на течности и
доведуваат до воспаление.

Симптомите може да се појават од која било активност што


предизвикува продолжено зголемување на пасивниот или
активниот притисок во карпалениот канал.
РАЧНИ ИНСТРУМЕНТИ

Во моментов не постои индустриски стандард за „ергономски“


инструмент.

Тркалезна рачка, за разлика од хексагоналната рачка, со тврди рабови


ќе го намали мускулниот стрес и дигиталната компресија на нервите.
Сепак, за мазен инструмент со тркалезна рачка потребна е поголема
сила на стискање за да не се врти рачката во раката.

Рачките со плитки, обиколни жлебови овозможуваат подобро триење


со прстите, така што сигурното фаќање бара помала сила.

Рачките на инструментите со мал дијаметар и хексагонална форма


создаваат механички стрес што може да предизвика компресија на
дигиталниот нерв
РАЧНИ ИНСТРУМЕНТИ

Забното огледало и сондата се лесни и тенки. Нивните дијаметри


обично се движат од 2 до 3 милиметри (мм). Тие природно се држaт
помеѓу палецот и показалецот и обично не водат кон напрегање на
мускулите.

Инструменти со голем дијаметар (10мм) и рачки со текстура и мала


тежина (15гр) се со најмало оптеретување на мускулатурата и сила
на стискање.

Се препорачува наизменично користење на инструменти со различен


дијаметар и тежина за да се намали времетраењето на оптеретувањето и
стискањето.
ЕРГОНОМИЈА ВО ПРОТЕТИКАТА
Протетичката работа носи многу други ризици за докторите и нивното
професионално здравје.

Во протетиката најчесто се пријавува професионален ризик од иритирачки


хемикалии, вдишување на пареа, честички прашина, повреди од голема брзина на
ротациона опрема и запаливи материјали, термички повреди од автоклави, Бунсен
горилници и печки.

Метакрилати, гумена ракавица и глутаралдехид се потенцијални алергени кои


може да доведат до уртикарија или професионална астма кај осетлив персонал.

ОПАСНОСТИТЕ ВО ПРОТЕТИКАТА МОЖЕ ДА БИДАТ КЛАСИФИЦИРАНИ КАКО:

 ИНФЕКТИВНИ (ЗАРАЗНИ),

 НЕИНФЕКТИВНИ,

 ЕРГОНОМСКИ И

 ПСИХОСОЦИЈАЛНИ.
ИНФЕКТИВНИ (ЗАРАЗНИ) ПРОФЕСИОНАЛНИ
ЗДРАВСТВЕНИ БОЛЕСТИ – биолошки ф-ори

• Директна • Индиректна • Директна

Индиректна експонираност

Директен контакт стоматолог-пациент


Директна експонираност

изложеност за изложеност изложеност за


време на работа ординација- време на работата
• Крв од случајни техника во ординацијата
посекотини или • Био-аеросоли на стоматологот и
рани • Бактериска останатиот
• Повреди од игла контаминација од помошен
• Инхалација работни модели персонал
• Контаминација од
аспиратор-сисалка
• Контаминација од
водена линија
Вектори на транспорт и контаминација

та кти
ко н
к и
к ап Други личности
Кашлање/
рефлекс на
повраќање воздух

Инфициран ае
ро
пациент/ с ол Ка
и пк
асимптоматски ии
ае
носител р ос
Работа во ол
ординација и

Стоматолошки
Контаминирани
кадар
површини/мукози/материјали
БИОЛОШКИ ОПАСНОСТИ

БАКТЕРИСКА КОНТАМИНАЦИЈА ОД ПРСКАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА АЕРОСОЛ ГЕНЕРИРАНА


ОД ИНСТРУМЕНТИ СО ГОЛЕМА БРЗИНА (ДЕНТАЛНА ТУРБИНА) ПРЕСТАВУВА ЗНАЧАЕН
РИЗИК ЗА СТОМАТОЛОШКИОТ ПЕРСОНАЛ.

Главните влезни точки на инфекција за протеичарот преставуваат епидермисот на рацете,


орален епител, назален епител, епител на горните дишни патишта, епителна бронхијални
туби, епител на алвеоли и конјунктивален епител

Освен контаминација со микроорганизми, составот на аеросолот произведен при употреба


на ротациони инструменти може да содржи и силициум диоксид честички од полнила за
леплива смола и разни нуспроизводи од материјалите кои се состружуваат.

Големините на овие честички се проценети помеѓу 2 ㎛ и 30 ㎛ , со што спаѓа во опсегот на


честички од опасен тип.

Загриженоста за големината на овие честички се однесува на фактот дека можат да се


инхалираат и стигнат и во респираторниот систем се до алвеолите.
Контаминирани отпечатоци (извалкани со крв и друг заразен материјал) се исто можен
извор на крос-контаминирана инфекција техника – ординација. Восочни загризни
шаблони, оклузални загризи, трансферни елементи од артикулатори, образен лак и др.)
исто може да се трансфер вектор и тие треба внимателно да се дезинфицираат.

Кога гипсот се истура во контаминиран отпечаток, микроорганизмите од неговата


површина се шират во гипсот, а овој инфициран гипс се ракува во стоматолошка
лабораторија.

Бактериите и вирусите навлегуваат во гипсената прашина и од тука во респираторниот


тракт, се населуваат на облека и површини, и остануваат одржливи значително време (на
пример, Mycobacterium tuberculosis останува опасен и по неколку недели).

Staphylococcus aureus, Actinobacter baumanii, Capnocytophaga видови, Actinobacillus


видови, Viridans Streptococci и Morganella morganii се пронајдни во сите фази на работа од
Потопување на отпечатоците во
отпечаток до техника.
дезинфекционо средство
наместо прскање
Крос инфекција – крос контаминација

Следниве основни мерки на


Вкрстена контаминација е термин дефиниран претпазливост треба да бидат
како ненамерно пренесување на бактерии или превземени:
 Хигиена на рацете.
други загадувачи од една површина/супстанција
 Употреба на лична заштитна
или предмет на друг поради нехигиенско опрема.
постапување и процедури. Вкрстената  Респираторна хигиена/бонтон
за кашлица.
контаминација е ширење на микроорганизми од
 Обезбедување од остри
еден извор до друг. предмети.
 Безбедни практики за
инјектирање.
 Стерилни инструменти и уреди.
 Чисти и дезинфицирани
површини.
 Квалитет на водата во забната
единица
*Адаптерите за аспирирачките црева за вшмукување се првенствено контаминирани со P. aeruginosa и
сродни видови
*M.A. Boyle, M.J. O’Donnell, R.J. Russell, N. Galvin, J. Swan, D.C. Coleman, Overcoming the problem of residual microbial contamination in dental suction units left by conventional disinfection using novel single component suction handpieces in combination with automated flood disinfection, Journal of
Dentistry,

Други можни извори на зараза и контаминација се водните линии на столицата, насадник и коленик, аспиратор на
плунка и вшмукување, други уреди прикачени на воздушни и водни линии и опрема за радиологија.

Заканата од нив доаѓа од опортунистички и респираторни патогени како што се видовите Legionella
(предизвикувачки агенс на пневмонија, легионерска болест),видови Mycobacterium и видови Pseudomonas.

Повисоки титри на легионела антитела се забележани кај стоматолози со професионална изложеност на Legionellae.
ОСВЕТЛУВАЊЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ (лупи)

Целта на светлото над глава е да произведе


рамномерно осветлување, без сенки, со соодветна
боја, кое е концентрирано на оперативното поле.
Односот на интензитетот помеѓу осветлувањето на
устата (забното операционо светло) и осветлувањето
на амбиенталната просторија не треба да биде
поголем од 3 до 1,6.
пред после

Изворот на светлина треба да биде во средната


сагитална рамнина на пациентот; директно над и
малку зад усната шуплина на пациентот и 5° кон
главата на операторот во положба 12 часот.
Професионални заболувања во стоматологијата

Постои заблуда дека стоматологијата е релативно безбедна професија.

Меѓутоа, стоматолозите и денталните хигиеничари имаат „занимање што негативно влијае на здравјето“, на второ место според изложеност на ризик.

Изложеноста на зрачење, изложеност на болести и инфекции и времето поминато на работа во седечка положба се најистакнати негативни
здравствени ефекти на професијата.

Свеста за овие професионални ризици и како да се справуваме со нив за жал и денес останува ниска.
Ергономски интервенции за спречување на МСБ /
подобрување на работните пози кај стоматолозите

Ергономска стоматолошка столица


Лупи за зголемување
Присматски очила
Дентални инструменти
Курсеви по ергономија
Причини за предвремено пензионирање кај
стоматолозите

 Мускулно-скелетни нарушувања(29,5%)

 Кардиоваскуларни болести (21,2%)

 Невротични симптоми (16,5%)

 Тумори (7,6%)

 Болести на нервниот систем (6,1%).


РАБОТА И ФИТНЕС – ДИНАМИЧКО ЗАГРЕВАЊЕ ПРЕД ПОЧЕТОК НА РАБОТЕЊЕ
СЕКОЈА ВЕЖБА ДА СЕ ПОВТОРУВА 10-15 ПАТИ
ВИ БЛАГОДАРАМ
НА ВНИМАНИЕТО!!!

You might also like